ГЕНЕРАЛОТ АПОСТОЛСКИ НЕ ИМ ДОЗВОЛИЛ НА БУГАРИТЕ ДА ПАРАДИРААТ ВО СКОПЈЕ Не помогнале во ослободувањето, а сакале да дефилираат како победници

Како што забележал генералот Апостолски, само 5 дена после битката за Скопје, одредени бугарски историчари пробале да ја извртат историјата, пробувајќи да вметнат бугарски заслуги за ослободување на градот Скопје, за кој генералот Апостолски, како и многу други преживеани борци потврдуваат дека бугарски војници не само што не учествувале во битките за ослободување за Скопје, туку не биле вклучени во ниту еден од направените воени планови.