ФИЛИПЧЕ ОДРАБОТУВА ЗА СОФИЈА ЗАШТО ТАМУ ИМА БИЗНИС ИНТЕРЕСИ Дали знае чии се овие фирми, прашува ЗНАМ

ЗНАМ јавно го прашува Филипче дали е сопственик на фирмата POWER i8 Ltd., ЕИК 207164506, регистрирана во Петрич, со дејност поврзана со недвижности? Дали семејството Заеви е поврзано со фирмата GOMASIDRA Ltd., ЕИК 204619751, исто така регистрирана во Петрич? И дали на истата адреса во Петрич, ул. „Гоце Делчев“ бр. 12, се регистрирани и други компании поврзани со лица блиски до Заеви?