plusinfo.mk https://plusinfo.mk/ Fri, 10 Oct 2025 09:57:44 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.7.4 КУМАНОВЕЦ ОСВОИ 7,2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ За една недела исплатени 18,4 милиони денари на играчите на Видеолотарија Касинос Австрија https://plusinfo.mk/kumanovec-osvoi-7-2-milioni-denari-za-edna-nedela-isplateni-18-4-milioni-denari-na-igrachite-na-videolotari-a-kasinos-avstri-a/ Fri, 10 Oct 2025 09:57:39 +0000 https://plusinfo.mk/?p=806088

В.С. од Куманово е најновиот среќен добитник на Супер милионер џекпот вреден 7.216.779 денари. На 6 октомври 2025 година, тој ја освои најпосакуваната добивка играјќи ја среќната игра „40 брнинг хот“ на видеолотариските терминали во „Делта бет моцарт“ во Куманово. – Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува уште […]

The post КУМАНОВЕЦ ОСВОИ 7,2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ За една недела исплатени 18,4 милиони денари на играчите на Видеолотарија Касинос Австрија appeared first on plusinfo.mk.

]]>

В.С. од Куманово е најновиот среќен добитник на Супер милионер џекпот вреден 7.216.779 денари. На 6 октомври 2025 година, тој ја освои најпосакуваната добивка играјќи ја среќната игра „40 брнинг хот“ на видеолотариските терминали во „Делта бет моцарт“ во Куманово.

– Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува уште повеќе радост, исполнети соништа и незаборавни моменти! Во периодот од 29.09.2025 до 05.10.2025 Видеолотарија Касинос Австрија исплати фантастични 18.431.044 денари кон играчите на ВЛТ терминалите ширум Македонија и тоа: за 1 Супер милионер џекпот исплатени се 7.291.946 денари, 6 Милионер џекпот добивки вкупно 8.651.773 денари, а за Мини џекпот добитници исплатени се 2.487.325 денари – велат од Видеолотарија.

Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Во изминатите 11 години, на среќните ВЛТ играчи низ Македонија им се исплатени преку 3 милијарди денари – доказ за транспарентност, стабилност и лидерска позиција во областа на електронските игри на среќа, додаваат од компанијата.

 

The post КУМАНОВЕЦ ОСВОИ 7,2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ За една недела исплатени 18,4 милиони денари на играчите на Видеолотарија Касинос Австрија appeared first on plusinfo.mk.

]]>
„БЕХТЕЛ И ЕНКА“ РАБОТИ НА 6 МОСТОВИ НА АВТОПАТСКИТЕ ДЕЛНИЦИ НА КОРИДОРИТЕ 8 И 10Д Државата во август на конзорциумот му исплатила 19,5 милиони евра https://plusinfo.mk/behtel-i-enka-raboti-na-6-mostovi-na-avtopatskite-delnici-na-koridorite-8-i-10d-drzhavata-vo-avgust-na-konzorciumot-mu-isplatila-19-5-milioni-evra/ Fri, 10 Oct 2025 09:55:59 +0000 https://plusinfo.mk/?p=806075

Активно се работи на поставување столбови, темели, греди на мостови, надвозници и подвозници за делниците Тетово-Гостивар, Гостивар - Букојчани и Прилеп - Битола. 

The post „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ РАБОТИ НА 6 МОСТОВИ НА АВТОПАТСКИТЕ ДЕЛНИЦИ НА КОРИДОРИТЕ 8 И 10Д Државата во август на конзорциумот му исплатила 19,5 милиони евра appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) државава во август годинава исплатила 19,5 милиони евра на конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, 18 километри), (Гостивар-Букојчани, 30 километри) и (Прилеп-Битола, 40 километри).

Според Извештајот од надзорот за прогрес на работите, во август  изведувачот продолжил да извршува работи главно за геотехнички истражни работи, дизајн и спецификации на автопати, дизајн на експропријација, привремени работи за управување со сообраќајот, уривање и отстранување на постоечки објекти и други елементи на патот и градежни активности главно за земјени работи, дренажа и конструкции.

Активно се работи на поставување столбови, темели, греди на мостови, надвозници и подвозници за делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола.  Се работи на 6 мостови, 4 надвозници и 3 подвозници.

Во активностите, изведувачот заклучно со јули ангажирал 2.090 лица  и 1.202 градежни машини.

Како што објави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски по увидот во изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, на почетокот на месецов, на делниците 1 и 2 (Гостивар-Тетово и Гостивар-Букојчани) работат околу 1200 лица и вклучени се повеќе од 750 различни машини и механизација. Во наведните бројки вклучени се и подизведувачите.

– Во моментов 60% од снабдувачите и 90% од подизведувачите се домашни компании – изјави Трајановски.

Активности на терен согласно со Договорот со „Бехтел и Енка“ во вредност од 1,3 милијарди евра се спроведуваат од 22 април 2023 година.

Се уште нема работи за третата делница Требеништа – Ќафасан (22 километри), каде што треба да се ревидира трасата за да се зачува заштитениот статус на Охридско Езеро и регионот.

Од почетокот на годинава,  кон „Бехтел и Енка“ имаше две исплати во април, од  599.794.350 денари и од 524.972.228 денари, како и по една во мај од 681.026.665 денари во јуни од  830.336.364 денари и во јули 1.022.217.192 денари. Заклучно со минатата година, пак, беа исплатени  261 милион евра

The post „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ РАБОТИ НА 6 МОСТОВИ НА АВТОПАТСКИТЕ ДЕЛНИЦИ НА КОРИДОРИТЕ 8 И 10Д Државата во август на конзорциумот му исплатила 19,5 милиони евра appeared first on plusinfo.mk.

]]>
САНКЦИИТЕ КОН НИС НЕ ЈА ЗАСЕГААТ МАКЕДОНИЈА Од Србија увезуваме помалку од 1% од нафтата https://plusinfo.mk/sankciite-kon-nis-ne-a-zasegaat-makedoni-a-od-srbi-a-uvezuvame-pomalku-od-1-od-naftata/ Fri, 10 Oct 2025 09:49:59 +0000 https://plusinfo.mk/?p=806084

Најголем дел (скоро 86%) од нафтата која е достапна во земјава е од увоз од Грција, покажуваат извештаите на Регулаторна комисија.

The post САНКЦИИТЕ КОН НИС НЕ ЈА ЗАСЕГААТ МАКЕДОНИЈА Од Србија увезуваме помалку од 1% од нафтата appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Санкциите на САД врз НИС нема да влијаат врз пазарот на нафта во земјава, затоа што најголем дел (скоро 86%) од нафтата која е достапна во земјава е од увоз од Грција, додека од Србија се увезува помалку од 1%, одговорила Регулаторната комисија на енергетика (РКЕ) на прашање на Локално.мк.

Согласно Годишниот извештај за 2024 година трговците на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, го вршеле увозот на нафтените деривати во земјава од 11 држави, при што најмногу нафтени деривати биле увезени од соседните држави: и тоа од Грција 85,98%, од Бугарија 10,49%, Албанија 2,27%, Србија 0,96%, Црна Гора 0,15%, Романија 0,09% и мал процент на увоз од други земји“, одговориле од РКЕ.

Од вчера во сила се американските санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) поради мнозинската руска сопственост во компанијата. Компанијата објави дека во моментов се обезбедени доволни резерви на нафта за преработка, а бензинските станици се соодветно снабдени.

НИС е најголема енергетска компанија во Србија, контролира повеќе од 80 отсто од пазарот на нафтени деривати, со единствена рафинерија во Панчево и преработува сурова нафта што во најголем дел доаѓа од Русија, преку Хрватска или Унгарија.

Хрватска е директно засегната бидејќи голем дел од увозот на нафта за НИС оди преку државниот Јадрански нафтовод, поради што само до 31 декември Хрватска ќе загуби 18 милиони евра.

The post САНКЦИИТЕ КОН НИС НЕ ЈА ЗАСЕГААТ МАКЕДОНИЈА Од Србија увезуваме помалку од 1% од нафтата appeared first on plusinfo.mk.

]]>
НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР КАЈ ВЕНЕЦУЕЛСКА АКТИВИСТКА Марија Мачадо се бори за демократија, велат од Комитетот https://plusinfo.mk/nobelovata-nagrada-za-mir-ka-venecuelska-aktivistka-mari-a-machado-se-bori-za-demokrati-a-velat-od-komitetot/ Fri, 10 Oct 2025 09:45:32 +0000 https://plusinfo.mk/?p=806077

Наградата за 2025 година оди кај храбар и посветен борец за мир, кај жена што го одржува пламенот на демократијата во време на растечка темнина, се вели во образложението на Нобеловиот комитет.

The post НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР КАЈ ВЕНЕЦУЕЛСКА АКТИВИСТКА Марија Мачадо се бори за демократија, велат од Комитетот appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Нобеловиот комитет соопшти дека добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо.

„Таа ја добива Нобеловата награда за мир за својата неуморна работа во промовирањето на демократските права на народот на Венецуела и за нејзината борба за праведна и мирна транзиција од диктатура кон демократија“, се наведува во соопштението на Комитетот.

Понатаму во образложението се вели:

„Наградата за 2025 година оди кај храбар и посветен борец за мир, кај жена што го одржува пламенот на демократијата во време на растечка темнина“.

Во него се истакнува и дека „како лидерка на Демократските сили во Венецуела, Марија Корина Мачадо претставува еден од највпечатливите примери на граѓанска храброст во Латинска Америка“.

„Во последно време, госпоѓа Мачадо стана клучна обединувачка фигура во некогаш длабоко поделена политичка опозиција – опозиција што најде заедничка основа во барањето за слободни избори и претставничка власт“, се наведува во соопштението на Нобеловиот комитет.

The post НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР КАЈ ВЕНЕЦУЕЛСКА АКТИВИСТКА Марија Мачадо се бори за демократија, велат од Комитетот appeared first on plusinfo.mk.

]]>
ИМА 400 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, А СЕ ВОЗИ СО МЕТРО Том Хенкс ги воодушеви обожавателите возејќи се во метрото заедно со обичните њујорчани https://plusinfo.mk/ima-400-milioni-dolari-a-se-vozi-so-metro-tom-henks-gi-voodushevi-obozhavatelite-voze-i-se-vo-metroto-zaedno-so-obichnite-u-orchani/ Fri, 10 Oct 2025 09:39:18 +0000 https://plusinfo.mk/?p=806055

Актерот Том Хенкс се возел со њујоршкото метро и уште еднаш покажа дека е една од најприземните холивудски ѕвезди, пишува The Daily Mail.

The post ИМА 400 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, А СЕ ВОЗИ СО МЕТРО Том Хенкс ги воодушеви обожавателите возејќи се во метрото заедно со обичните њујорчани appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Том Хенкс (69) им приреди на некои њујорчани најголемо изненадување во нивниот живот кога неодамна беше забележан како се вози со метро.

И покрај неговиот статус на член на А-листата, добитникот на Оскар се покажа како една од најприземните ѕвезди во Холивуд додека користеше јавен превоз за да се движи низ градот, пишува Дејли Мејл.

Актерот, чие богатство се проценува на 400 милиони долари, бил дискретно облечен и носел маска на лицето. Сепак, иако се обидувал да остане непрепознатлив, не можел да се скрие од своите обожаватели, а набрзо неговите фотографии од метрото се прошириле на социјалните мрежи.

Хенкс изгледал целосно опуштен за време на возењето, стоејќи близу вратата и набљудувајќи ја толпата како и секој друг патник. Иако актерот сигурно има личен возач, тој се придружил на растечкиот број познати личности, како што е и актерот Харисон Форд, кои се видени како го користат метрото во последните месеци.
Јавното појавување на Хенкс доаѓа само неколку месеци откако неговата ќерка, Е. А. Хенкс, ја објави својата шокантна автобиографија, во која детално го опишува нејзиното наводно тешко детство.

Во книгата, Е. А. ги дискутира споровите меѓу нејзините родители, Хенкс и покојната актерка Саманта Луис, која почина во 2002 година по битка со ракот.

Е. А. ги поминала првите пет години од својот живот во Лос Анџелес со своите родители, сè додека не се развеле во 1987 година. Во книгата, таа се сеќава како нејзината мајка, без предупредување, одлучила да ги пресели неа и нејзиниот постар брат, Колин, од Лос Анџелес во Сакраменто. Таа, исто така, открила како емоционалното и физичкото злоставување од страна на нејзината мајка ја принудило да се врати кај својот татко.

Во мемоарите, Е. А. вели дека верува оти нејзината мајка, иако никогаш официјално не била дијагностицирана, страдала од биполарно растројство со епизоди на екстремна параноја и делузии. Во јуни, актерот ја пофали својата ќерка за нејзината искреност во справувањето со еден мрачен период во нејзиниот живот.

– Не ме изненадува што мојата ќерка имаше сила и љубопитност… да ја истражи оваа тема, што мислам дека беше неверојатно искрено – рече тој.

Хенкс се ожени со Рита Вилсон во 1988 година. Двојката е во брак 37 години и има две деца – Чет, 34, и Труман, 29.

 

The post ИМА 400 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, А СЕ ВОЗИ СО МЕТРО Том Хенкс ги воодушеви обожавателите возејќи се во метрото заедно со обичните њујорчани appeared first on plusinfo.mk.

]]>
ЗОШТО ГРАДОТ НЕ СЕ ИСЧИСТИ СЕГА, СИТУАЦИЈАТА Е АЛАРМАНТНА? Зошто се чека изборите да поминат, прашува Ацевски https://plusinfo.mk/zoshto-gradot-ne-se-ischisti-sega-situaci-ata-e-alarmantna-zoshto-se-cheka-izborite-da-pominat-prashuva-acevski/ Fri, 10 Oct 2025 09:31:52 +0000 https://plusinfo.mk/?p=806068

Што ги спречува сега ЗЕЛС и Општините во Градот Скопје да прогласат една, условно кажано, вонредна состојба, а состојбата не условно, туку де факто е вонредна со хигиената во Град Скопје – вели Костадин Ацевски, кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров.

The post ЗОШТО ГРАДОТ НЕ СЕ ИСЧИСТИ СЕГА, СИТУАЦИЈАТА Е АЛАРМАНТНА? Зошто се чека изборите да поминат, прашува Ацевски appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Зошто Христијан Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат изборите да поминат за да го исчистат градот, праша кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, во гостување во Вистинска телевизија.

Тој оцени дека ситуациајта со хигиената во градот е алармантна и порача и дека централната власт, ако сака, има начин да ја подобри.

– Самиот премиер излегува со Орце Ѓорѓиевски и вели дека ќе го исчистат Градот Скопје за 72 часа ако победи нивниот кандидат. Зошто сега не го исчистат за 72 часа? Кандидатот за градоначалник на Град Скопје е претседател на ЗЕЛС. Управниот одбор и претседател на УО во ЈП Комунална хигиена се кадри на ВМРО-ДПМНЕ, Владата е предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Што ги спречува сега ЗЕЛС и Општините во Градот Скопје да прогласат една, условно кажано, вонредна состојба, а состојбата не условно, де факто е вонредна со хигиената во Град Скопје, да назначат повереници во ЈП Комунална хигиена, ако тој кадар од ДУИ или од Данела Арсовска не функционира, да му ги одземат ингеренциите, преку претседателот на ЗЕЛС градоначалниците во Град Скопје да спроведат акција. Се соочуваме со потенцијален екоцид, зошто не го исчистат градот сега? – прашува Ацевски.

The post ЗОШТО ГРАДОТ НЕ СЕ ИСЧИСТИ СЕГА, СИТУАЦИЈАТА Е АЛАРМАНТНА? Зошто се чека изборите да поминат, прашува Ацевски appeared first on plusinfo.mk.

]]>
ГЕРМАНИЈА ГО УКИНУВА ДОДАТОКОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО Се предвидуваат построги правила за државната помош https://plusinfo.mk/germani-a-go-ukinuva-dodatokot-za-drzhav-anstvo-se-predviduvaat-postrogi-pravila-za-drzhavnata-pomosh/ Fri, 10 Oct 2025 09:29:27 +0000 https://plusinfo.mk/?p=806063

Планирано е таканаречено „активното пензионирање“ со  цел да ги охрабри постарите работници да продолжат да работат. Оние што ќе го искористат тоа можат да заработат дополнителни 2.000 евра месечно без данок откако ќе ја достигнат возраста за пензионирање.

The post ГЕРМАНИЈА ГО УКИНУВА ДОДАТОКОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО Се предвидуваат построги правила за државната помош appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Укинување на додатокот за државјанство, нови бонуси за електрични автомобили, како и дополнителни три милијарди за изградба на патишта и железнички мрежи се дел од реформите за кои по долги преговори се согласија претставниците на германските партии ЦДУ, ЦСУ и СПД се согласија .

Реформите е планирано да стапат на сила од јануари следната година.

– Додатокот за државјанство е минато – рече лидерот на ХСС, Маркус Седер.

Овој додаток во иднина ќе се нарекува „основен приход“.

Правилата за државна помош ќе бидат значително построги со цел побрзо да се санкционираат оние што одбиваат.

– Значително ќе ја зајакнеме обврската за соработка, а исто така значително ќе ги зголемиме можностите за санкции – рече канцеларот Фридрих Мерц.

Планирано е таканаречено „активното пензионирање“ со  цел да ги охрабри постарите работници да продолжат да работат. Оние што ќе го искористат тоа можат да заработат дополнителни 2.000 евра месечно без данок откако ќе ја достигнат возраста за пензионирање.

Според канцеларот, кабинетот ќе го одобри ова следната среда, а мерката ќе се применува од 1 јануари 2026 година. Сепак, само работниците кои се обврзани да плаќаат придонеси за социјално осигурување ќе имаат право на ова. Зголемувањето на нето-приходот ќе биде достапно не само по поднесувањето на даночната пријава, туку и кога ќе се одбие данокот на плата, објавуваат германските медиуми.

Коалицијата CDU/CSU, исто така, одобри нов бонус за електрични автомобили (стариот беше укинат во 2023 година) за домаќинства со ниски и средни приходи. Околу 3 милијарди евра од Фондот на ЕУ за климатски промени се наменети за програмата за финансирање до 2029 година. Целта е „опипливи придобивки за потрошувачите“, според документот за договор.

Но, партнерите во владата остануваат поделени околу постепеното укинување на моторите со внатрешно согорување од 2035 година. Кога станува збор за автомобили, тие се согласуваат само за желбата да се зачуваат работните места. Сепак, коалицијата сè уште не се согласува околу тоа како да се постигне ова.

– Верувањето дека сите мотори ќе бидат електрични до 2035 година е нереално – рече Седер.

Наместо 15 милијарди евра што ги побара министерот за транспорт Патрик Шнајдер (CDU) за проширување на патната и железничката мрежа, коалицијата одобри само дополнителни 3 милијарди евра, кои ќе бидат земени од фондот.

– Веќе нема причина да не се гради – изјави министерот за финансии Ларс Клингбеил.

Буџетот вклучува 166 милијарди евра за проширување и одржување на патната и железничката мрежа за целиот законодавен период.

The post ГЕРМАНИЈА ГО УКИНУВА ДОДАТОКОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО Се предвидуваат построги правила за државната помош appeared first on plusinfo.mk.

]]>
ПОЧИНА 16-ГОДИШНИКОТ КОЈ СЕ СУДРИ СО ЏИПОТ НА ЈАНЧЕВ ОД ЛЕВИЦА Им подлегнал на тешките повреди https://plusinfo.mk/pochina-16-godishnikot-ko-se-sudri-so-ipot-na-anchev-od-levica-im-podlegnal-na-teshkite-povredi/ Fri, 10 Oct 2025 09:29:14 +0000 https://plusinfo.mk/?p=806059

Сообраќајната незгода се случи на 14 септември во раните утрински часови во селото Марино. Во неа, освен возачот на мотоциклот, беше повредена и неговата сопаничка, како и пратеникот Јанчев и неговиот сопатник. 

The post ПОЧИНА 16-ГОДИШНИКОТ КОЈ СЕ СУДРИ СО ЏИПОТ НА ЈАНЧЕВ ОД ЛЕВИЦА Им подлегнал на тешките повреди appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Почина 16-годишното момче од Идризово кое со мотоцикл се судри со џипот на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, објави синоќа Канал 5.

Сообраќајната незгода се случи на 14 септември во раните утрински часови во селото Марино. Во неа, освен возачот на мотоциклот, беше повредена и неговата сопаничка, како и пратеникот и неговиот сопатник.

Полицијата тогаш извести дека возачот е упасен.

„Во селото Марино, општина Илинден се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(36) од Гевгелија и мопед управуван од 16-годишник од село Идризово, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Додека, со телесни повреди се здобиле С.Ј. и неговиот сопатник Х.М.(25) од Вевчани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а околу 4 часот по наредба на јавен обвинител, возачот С.Ј. е лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела Загрозување на безбедноста на сообраќајот, по член 297 и Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по член 300 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, соопштитогаш полицијата.

Од партијата Левица тохаш демантираа дека пратеникот Сашко Јанчев возел под дејство на алкохол и над дозволената брзина и информираа дека мотоциклот се забил во вратата на автомобилот.

The post ПОЧИНА 16-ГОДИШНИКОТ КОЈ СЕ СУДРИ СО ЏИПОТ НА ЈАНЧЕВ ОД ЛЕВИЦА Им подлегнал на тешките повреди appeared first on plusinfo.mk.

]]>
КЛУЧНИОТ МУАБЕТ ГО ИСТУРКАЛЕ ЗЕТОТ И ПРАТЕНИКОТ НА ТРАМП Кушнер и Виткоф го убедувале Нетанјаху, ги одоброволиле Арапите https://plusinfo.mk/kluchniot-muabet-go-isturkale-zetot-i-pratenikot-na-tramp-kushner-i-vitkof-go-ubeduvale-netan-ahu-gi-odobrovolile-arapite/ Fri, 10 Oct 2025 09:22:48 +0000 https://plusinfo.mk/?p=806049

Идеите за „стоп за огнот за 72 часа, па масовни размени и постепено повлекување“, претходно ги скицирале и ги туркале зетот на американскиот претседател и специјалниот пратеник, кои како медијатори посредувале и со израелскиот премиер, но и во Шарм ел Шеик.

The post КЛУЧНИОТ МУАБЕТ ГО ИСТУРКАЛЕ ЗЕТОТ И ПРАТЕНИКОТ НА ТРАМП Кушнер и Виткоф го убедувале Нетанјаху, ги одоброволиле Арапите appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Зетот на американскиот претседател и неговиот пратеник биле клучни во „муабетот“ за планот од 20 точки за Газа, пишува „Њузвик“. Џеред Кушнер и специјалниот пратеник Стив Виткоф ја намалиле острината на формулациите за палестинска држава, а истовремено сочувале дел од палестинските приоритети, за израелскиот премиер да каже „да“ на примирјето.

Според статијата, суштината на нивниот потпис се гледа во две отстапки кои биле протолкувани како „мали, но доволни“ од двете страни, Израел и Хамас.

Прво, се вели во статијата, за државноста на Палестина бил користен поскромен јазик наместо недвосмислен повик за „две држави“. Планот вели дека по прекинот на огнот „може да се создадат услови за кредибилен пат кон самоопределување и државност“. Тоа ја одблокирало израелската страна, велат изворите на Њузвик.

Второ, Кушнер и Виткоф туркале гаранции во дека „никој нема да биде присилен да ја напушти Газа“,  сигнал кон арапските посредници дека нема трајно преселување. Ова е формулирано во самиот договор.

Но, тежината на судбоносното „да“ на Нетанјаху дошла и од темпото на повлекување кое го предвидува договорот. Имено, планот ја отвора фазата 1 – прекин на огнот, ослободување на сите преостанати заложници и почетно повлекување на израелски сили во дел од енклавата, со кратки рокови за размена на заробеници.

 

Токму таа архитектура, „стоп за огнот за 72 часа, па масовни размени и постепено повлекување“, претходно ги скицирале и ги туркале Кушнер и Виткоф, кои како медијатори посредувале и во Шарм ел Шеик.

Понатаму, разликата што ја направиле двајцата „њујоршки инвеститори“, како што ги опишува „Њузвик“, не била само во текстот, туку и во начинот на претставување. Од една страна, тие му понудиле на Нетанјаху јасен пат како да го продаде примирјето дома, со „поеластична“ формула за државност. Од друга, кон арапските гаранти пуштиле сигнали дека планот нема да предизвика ново раселување, што ја смирило нервозата во Каиро и во Ријад.

Сепак, големата слика не е целосно розова, коментира Ројтерс. Агенцијата забележува дека најтешките теми, демилитаризација на Хамас, поствоеното управување со Газа и комплетниот политички расплет,  остануваат „за после“. Тоа значи дека улогата на Кушнер и Виткоф штотуку почнува: тие ќе мора да ја претворат оваа „декларација на намера“ во траен распоред на безбедност и власт.

Уште повеќе, политичкиот кредит за динамиката оди и кај шефот на САД, Доналд Трамп, кој, според повеќе извори и сведочења, директно притискал.

– На крајот, оваа зделка не можеше да се случи без Доналд Трамп и без неговиот притисок врз Нетанјаху – истакна Мајкл Хана од Интернешнал Кризис Груп, цитиран од Њузвик.

Од друга страна, и јавните сигнали од сојузници го потврдуваат триото Трамп–Кушнер–Виткоф.

Австралиската министерка за надворешни работи Пенелоп Вонг издвои „критична“ улога на Трамп во убедувањето на Нетанјаху, додека израелски официјални канали во пренос во живо му се заблагодарија експлицитно на тимот „Стив Виткоф, Џеред Кушнер“.

Според написот, дури и критичари на Хамас во арапскиот свет дале „пропусница“ за договорот, затоа што планот ветува запирање на убивањето и пуштање хуманитарна помош, иако, како што пишува „Њузвик“, остава „дупки“ и без механизам за присила.

– Сега тоа е изјава за намера, со нејасни термини – кажал Џејмс Зогби за „Њузвик“.

Спротивно на ова, аналитички извештаи на АП и на Ројтерс подвлекуваат дека првата фаза е реална и испланирана, од моментот на стапување на прекинот на огнот, преку логистиката за заложниците и затворениците, до најавеното патување на Трамп во регионот.

Тоа ја засилува тезата дека „критичниот муабет“ на Кушнер и Виткоф не бил протокол, туку клуч што ја отвора вратата.

Сепак, според „Вашингтон пост“, политиката на моќите функционирала само кога Трамп одлучил да слуша, да делегира и да гради коалиција . Токму таму, велат, се вклопуваат Виткоф и Кушнер: оперативци што ја претвораат претседателската волја во изведлив текст и роковник.

„Лидерот успеа кога ја делеше сцената со другите“, се заклучува во анализата.

Што следува? Ако првата фаза протече без колапс, Кушнер и Виткоф ќе треба да испорачаат уште потешко: рамка за управување со Газа без Хамас, гаранции за безбедност за Израел и јасен, прифатлив пат кон политички статус на Палестинците.

The post КЛУЧНИОТ МУАБЕТ ГО ИСТУРКАЛЕ ЗЕТОТ И ПРАТЕНИКОТ НА ТРАМП Кушнер и Виткоф го убедувале Нетанјаху, ги одоброволиле Арапите appeared first on plusinfo.mk.

]]>
ФЕЈСБУК ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ПРИКАЖУВА ПОЛИТИЧКИ РЕКЛАМИ ВО ЕВРОПА Европската унија воведе нови правила за платено политичко рекламирање https://plusinfo.mk/fe-sbuk-e-prestane-da-prikazhuva-politichki-reklami-vo-evropa-evropskata-uni-a-vovede-novi-pravila-za-plateno-politichko-reklamira-e/ Fri, 10 Oct 2025 09:15:54 +0000 https://plusinfo.mk/?p=806061

Компанијата Мета, која е сопственик на Фејсбук и Инстаграм, веќе соопшти дека ќе престане да прикажува политички реклами во Европа од октомври, наведувајќи „неизводливи барања и правни неизвесности“ според правилата на ЕУ.

The post ФЕЈСБУК ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ПРИКАЖУВА ПОЛИТИЧКИ РЕКЛАМИ ВО ЕВРОПА Европската унија воведе нови правила за платено политичко рекламирање appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Европската унија воведе нови правила за платено политичко рекламирање, кои денеска стапуваат во сила, барајќи сите такви реклами јасно да бидат означени и да се открие кој платил за нив и колку, соопшти Европската комисија.

Правилата бараат информации за тоа дали рекламата е насочена кон одредена публика, и имаат за цел да се спречи странско мешање во европските избори, пренесе ДПА.

Комисијата соопшти дека регулативата ја штити и слободата на изразување и правото на јавноста на информирање, помагајќи им на граѓаните да разликуваат платена политичка содржина од уреднички материјал или лични политички мислења, и на тој начин го зајакнува интегритетот на изборите.

Комисијата во средата објави водич за спроведување на правилата, кои се однесуваат и на онлајн и на офлајн реклами.

Компанијата Мета, која е сопственик на Фејсбук и Инстаграм, веќе соопшти дека ќе престане да прикажува политички реклами во Европа од октомври, наведувајќи „неизводливи барања и правни неизвесности“ според правилата на ЕУ.

Гугл исто така ја критикуваше регулативата и во септември соопшти дека ќе дозволува само одредени политички реклами на платформи како Јутјуб, вклучувајќи содржини од официјални институции на ЕУ или национални влади.

Индивидуални партии или политичари повеќе нема да можат да поставуваат политички реклами на овие платформи.

The post ФЕЈСБУК ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА ПРИКАЖУВА ПОЛИТИЧКИ РЕКЛАМИ ВО ЕВРОПА Европската унија воведе нови правила за платено политичко рекламирање appeared first on plusinfo.mk.

]]>