ФБИ ГИ СОБРА ДОКАЗИТЕ ЗА СИНОТ НА БАЈДЕН Даночни измами, дрога, врски со фирми во Украина и во Кина…

Хантер Бајден самиот потврди дека бил под истрага за прашања поврзани со даноците во 2020 година, набргу откако неговиот татко ја освоил претседателската функција. Деловните зделки и консултантите на Хантер Бајден во Украина и во Кина, вклучително и плаќањето по 50.000 долари месечно од украинската фирма „Бурисма“, долго време ја брануваат јавноста во САД.