Европскиот пат: Уцени наместо принципи?

Процесот на интеграција во ЕУ, кој Македонија го следи со години, е обременет со контроверзии, неспроведени ветувања и со политички маневри кои изгледа дека немаат крај. Но, Владата на Република Македонија не смее да попушти под овие притисоци. Интеграцијата во ЕУ треба да биде заснована на реални вредности, на принципи и на праведност, а не на политички игри кои постојано ќе ги оспоруваат јазикот, идентитетот, историјата како и други наши препознатливости и обележја.