Европската Унија, каква што ја знаевме, повеќе не постои!

И Западот и Европската Унија, какви што ги познававме, веќе не постојат. Сега треба да покажеме дека и Македонија, каква што ја познаваше светот долги години – слаба, подложна на притисоци и на закани, сервилна кон моќните и понекогаш без ронка самопочит – повеќе не постои.