ЕВРОИНТЕГРАЦИЈАТА НЕ Е ДИКТАТ, ТУКУ ДИЈАЛОГ Среде игра во 2019 година ЕУ ни ги смени правилата со новата методологија за проширување, порача Сиљановска Давкова

Според претседателката Сиљановска Давкова, од интерес за регионалната стабилност, но и за ЕУ е да гледа на регионот како на систем на врзани садови и да направи храбар чекор како оној во 2004 година, односно да покаже иновативност во креирањето на конечни решенија за т.н. Западен Балкан, како неразделен дел од Европа.