ЕВЕ КАКО ИНВАЛИД ОД ПРВ СТЕПЕН ЗАРАБОТУВА ЗА ЕГЗИСТЕНЦИЈА Боки 13 ја има целосната поддршка од државата, па зошто да не го поддржиме и сите ние?!

Медицинските власти го прогласија осуденикот Бојан Јовановски за инвалид од прв степен и му препорачаа што повеќе активности, за да „заработи за својата егзистенција“. Која, како што може да се забележи од неговите последни јавни настапи, е сериозно загрозена. Во меѓувреме, Боки 13 се враќа во игра, свесен дека веројатно никогаш веќе нема да се врати во „Идризово“.