ЌЕРКА МИ АДРИЈАНА НЕ УМРЕ ОД РАК НА ДОЈКА, ТУКУ ОД ИМУНОТЕРАПИИТЕ Докторот Васев тврдеше дека таа терапија не ѝ пречи, сведочеше мајка на судењето за Онкологија

Кога првпат отидовме на Гастро, докторот таму ми рече „дали вие знаете каква е состојбата на вашето дете, таа не е добро, црниот дроб е оштетен и има вештачки метастази од неадекватна терапија, сведочеше Јулија Мациевска, мајка на починатата Адријана Начевска.