ЕДНО ИНТЕРВЈУ МОЖЕ ДА ЈА СМЕНИ СУДБИНАТА НА ГЕРМАНИЈА И НА ЕУ? Брисел со четири очи ќе го следи разговорот на Маск со лидерката на АфД

Што ќе се случи ако ЕУ го казни Икс по најавеното интервју на Маск и Вајлд? Тоа би предизвикало дипломатска војна со претстојната американска администрација на Доналд Трамп, на кого Маск му е близок советник. Брисел будно ќе следи дали Икс ќе го манипулира алгоритмот за емитување на преносот во корист на германската екстремна десница.