„ЌЕ ТРОШИМЕ КОЛКУ ШТО САКАМЕ, АМА ЌЕ ПЛАЌАМЕ ПО 3.000 ДЕНАРИ“ Слупчанци поднесоа 13 апсурдни барања до ЕВН

Мештаните доставиле официјално барање до ЕВН, со кое инсистираат да им се простат сите досегашни долгови кои изнесуваат по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и слични други барања кои се спротивни на законските регулативи.