ЌЕ СЕ ОТКАЖЕМЕ ОД ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ САМО АКО ВЛЕЗАТ БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ Албанските политичари му поставија услов на Мицкоски

За бришење на техничката влада е потребен консензус помеѓу сите политички партии, но да биде дел од преговорите околу уставните измени. Јас само така би прифатил и само така би гласал „за“ бришење на Пржинскиот договор, порача пратеникот Скендер Реџепи-Зејд, откако лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа изјави дека е подготвен да ја избрише техничката влада.