ЌЕ ОДОЛЕАТ ЛИ ГОРАНИТЕ НА КОСОВО ДА СЕ ПИШАТ БУГАРИ? „Многумина од Призрен одат да студираат во Софија“

Многумина, особено од Призрен, одат да студираат во Бугарија со надеж дека за време или по нивното образование можеби ќе можат да добијат бугарски пасош. Ова се причините поради кои луѓето ги пополнуваат тие формулари и сакаат да се образуваат и да добијат пасош, изјави Садик Идризи, професор на Универзитетот во Призрен.