📷 ЌЕ МОРА ДА ИМА ОДГОВОРНОСТ, НЕКОЈ УПОРНО ГО ПОТПАЛУВА ГРАДОТ Орце Ѓорѓиевски им заблагодари на пожарникарите за херојството во Пинтија

После целовечерна борба со три пожари во Скопје, утринско кафе со командирот на Противпожарната бригада, Звонко – вистински чувари на градот и наши херои! Во продолжение на неколкудневните пожари во градот, оваа ноќ во 04:00 часот беа запалени два сервиси за автомобили во Стаклара, пишува градоначалникот на Кисела Вода и најави одговорност за потпалувачите.