ЌЕ ГО ПОВЛЕЧЕ ЛИ ПЕТКОВ ВЕТОТО ПО ЦЕНА НА СОПСТВЕНАТА ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА? Бугарите стравуваат од евентуално изненадување од премиерот

Решението на бугарско-македонскиот спор ќе биде само на штета на Македонија. Не постои ни минимална шанса двете земји да постигнат договор, а Бугарија да биде оштетената страна. Ова треба да ни биде кристално јасно, особено кога веќе еднаш поминавме низ истото кога се решаваше проблемот со Грција, објаснува политичкиот аналитичар Синиша Пекевски.