Ќе биде ли проектот „калиф наместо калифот“ најважна приказна во кампањата на мудрецот од Мала Речица?

Али Ахмети ги испорача своите услови ДУИ да остане во власта – шефот на државата и заменик шеф Албанец да се избираат во парламентот, а Бугарите да влезат во Уставот. Во поттекстот, она што не се чита ама се подразбира, СДСМ да го одбраниме, Русија да ја нападнеме. Ако не, ДУИ оди во опозиција. Ма страшно! Не ми е јасно само едно, како мудрецот Ахмети не може да сфати дека оваа екипа на СДСМ се лузери. А бре Путин лично да дојде во Македонија и да им се предаде на Таче и на Славјанка, СДСМ пак ќе ги изгуби изборите. И кој тогаш ќе гласа за нови крпеници во Уставот?