ДУИ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА НЕМИРИ НА ИЗБОРИТЕ Извештајот на ОБСЕ-ОДИХР е класично предупредување, соопшти албанската опозиција

Врз основа на народната поговорка дека давеникот се фаќа за сламка, земајќи го предвид извештајот на ОДИХР кој предвидува можна нестабилност и неизвесни избори, имаме право да се сомневаме дека ДУИ е подготвена да предизвика политичка криза за да не го прифати сигурниот пораз кој доаѓа, изјави Орхан Муртезани од Вреди.