ДРАГИ МАКЕДОНЦИ, СЛОБОДНО ИЗРАЗЕТЕ ЈА ВАШАТА ЕТНИЧКА, ЈАЗИЧНА И РЕЛИГИСКА ПРИПАДНОСТ Османи им се обрати на нашинците во Албанија во пресрет на пописот

Албанија е слободна земја каде секој може слободно да го изрази и негува својот идентитет, без да се грижи за било какви последици од тоа. Со тоа вие и дополнително ќе ја потврдите вашата незаменлива улога, во градењето мостови на пријателство меѓу двете држави, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи.