КОЈ Е ПРОБЛЕМОТ СО ФРАНЦУСКИОТ ЗАКОН ЗА КРИПТОГРАФИЈА? Обвиненијата за Дуров прават нервоза кај техногигантите во ЕУ, пишува Политико

Законот, пишува Политико, е невообичаен, особено во западните демократии, каде што владините манипулации со приватната комуникација на луѓето се гледаат како пречекорување на државната моќ. Статијата вели дека законот се споредува со неодамна ревидираниот закон за шифрирање во Кина, којшто критичарите го сметаат за државен надзор кој е наложен преку законски барања.