ДОПИРАЛ 16-ГОДИШНО МОМЧЕ НА КЛУПА ВО ПАРК Приведен е 58-годишен скопјанец

Во раните утрински часови денеска, осомничениот во парк во една населба го сретнал малолетникот со кого претходно се познавале и го повикал да разговараат, по што започнал да го допира. Малолетникот успеал да се извлече и го пријавил во полиција, информираше Јавното обвинителство.