ДОГОВОРОТ СО „МИТИЛИНЕОС“ ЗА ГАСНА ЦЕНТРАЛА Е ВТОР „ЧЕБРЕН“! Никако не смее да помине во Собрание, алармираат инженерите

Експерти, енергетичари и инженери сметаат дека е недозволиво инвестиција од 290 милиони евра колку што е едногодишна рата за автопатот од коридорот 8 на конзорциумот „Бехтел и Енка“ да ја гради странска фирма. За нив е спорно и тоа што во светски рамки ваква инвестиција е дозволено да изнесува 130 милиони евра, но уште попроблематично е тоа што земјава не знае по која цена ќе ја купува струјата, а на инвеститорот му доделува и финансиска помош од близу 50 милиони евра. Според нив, овој проект од потребен се претвори во корупциска зделка.