ДОДЕКА СУМ ЈАС МИНИСТЕР, ЗГРАДИ НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Карпош и во Центар

Во општините Центар и Карпош се случуваше и се случува урбанистички хаос. Стојам на располагање да донесеме специјални закони за двете општини на ист начин како што направивме за градот Охрид, да ставиме јасни критериуми по кои ќе се развиваат и да ставиме забрана за градење да речеме во следните 20 години, порача министерот за транспорт и врски Александар Николоски.