ДОЦНА СФАТИЛ ДЕКА ПАЛЧО ИМАЛ ДВОЕН ПЛАН Манев откри дека лицето Зоран Давитков добило задача од Палчо да се ослободи од синиот ранец

Дека ранецот е кај Зоран Давитков, член на Десна, вработен како техничко лице во Народна банка, дознав кога Палевски ми се јави од турската граница и ми кажа да му се јавам на Зоран, за „пакетот“ што го зел од канцеларијата да го отстрани од кај него, да го фрли или да го уништи, да не може да се најде, рече Манев.