„ДОБРОВОЛНО ИЛИ НА СИЛА, ЌЕ МОРА ДА ЈА НАПУШТАТ КУКЛИЦА“ Градоначалникот на Кратово вели дека за Стојна и Милош судот донел времена мерка

Градоначалникот на Кратово вели дека лицата кои незаконски наплаќале влезници во Куклица ќе мора да го напуштат локалитетот и потсетува дека за нив судот издал и времена мерка за оддалечување. Ако одбијат, полицијата насилно ќе ги исфрли од кругот на објектот, вели градоначалникот за ТВ 24.