ДОБИЈА ПОКАЧУВАЊЕ ОД 78%, СЕГА ПЛАЧАТ ЗА УШТЕ 15% Платите на функционерите ќе замрзнат ама со вклученото зголемување

Според предлогот на пратениците, целта на измените на шест закони е да се спречи зголемувањето на функционерските плати, кои беа зголемени за 78 проценти во март лани, откако Уставниот суд ја укина фиксната основица. Собранието на денешната седница одлучи измените на овие закони да се носат во скратена постапка.