ДОАЃА ЛОШО ВРЕМЕ Обилен дожд во западот и југот, планините добиваат снег

Според метеоролозите, најинтензивни врнежи се очекуваат во западните и јужните региони, каде дождот може да биде и пообилен.

88

Под влијание на нова циклонска активност, од вечерните часови Македонија влегува во период на претежно облачно време, проследено со повремени локални врнежи од дожд.

Според метеоролозите, најинтензивни врнежи се очекуваат во западните и јужните региони, каде дождот може да биде и пообилен.






На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во снег, но задржување на снежната покривка не се очекува во пониските места бидејќи минималните температури ќе останат позитивни низ целата држава.

Според најавите, нестабилното време ќе продолжи и во утрешниот ден, со можност за преодни периоди на разведрување.

Поврзани содржини