До кога ќе молчат Пендаровски, Ковачевски, Агелер и Гир за средбата на која се договарало враќање на Груевски во земјата?

Би сакал да слушнам коментар, посебно од амбасадорката Агелер – во која нормална демократска земја, членка на НАТО и кандидатка за членство во Европската унија, е дозволено локални политичари, заедно со водечки амбасадори, да разговараат за спроведување на своевиден политички пуч, заради промена на Уставот и заради слабеење на опозицијата? Тоа ли се тие европски вредности кон кои се стремиме?