ДАНОЧНА ИЗМАМА ТЕШКА 22 МИЛИОНИ ЕВРА Покренато обвинение за Крмзов и за лица и фирми, ОЈО бара продолжен притвор

Стапи во сила обвинението против бизнисменот Ристо Крмзов и повеќе физички и правни лица за даночна измама. Заедно со обвинението, доставен е и предлог за одземање и конфискација на предмети, подвижен и недвижен имот што потекнува од кривично дело, а кој претходно со привремени мерки е замрзнат, како и предлог за продолжување на мерката притвор за првообвинетиот Ристо Крмзов.