ДАЛИ СМЕ ДИСКРИМИНИРАНИ ЗАТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ? На клубовите Тетекс и Љуботен не им се дозволува да ги користат тетовските стадиони

Дали Шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право да ги користи овие стадиони или се игра некоја друга игра во заднина? Апелираме до општинските власти итно да свикаат заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и итно да се изнајде решение за овој проблем. Во спротивно, ќе бидеме принудени да повикаме на протести – велат од ФК Тетекс.