ДАЛИ САМУИЛ И САМУЛИОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (2) Василиј II не бил „Бугароубиец“ кога војувал со Самуиловата држава!

Повод за фељтонот на познатиот историчар Митко Б. Пенов, објавен во „Нова Македонија“, е Беласичката битка од 29 јули 1014 година. Во три продолженија, повикувајќи се на многу аргументи и извори, авторот, редовен професор во Институтот за национална историја, ги коментира сите поважни контроверзи поврзани со Цар Самуил и ги деконструира бугарските историографски конструкти, кои сега се промовираат и со политичкиот договор и билатералните протоколи со Бугарија.