ДА СЕ НЕМАЛО НОРМАЛНА КОМУНИКАЦИЈА СО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА Директорот на „Градски паркинг“ си поднесе оставка

Поради незаинтересираноста на првиот човек на Градот за потребите на скопјани и градски паркинзи, како и поради драстично намалената поддршка на проектите кои со сопствени средства ги реалираме денес, поднесувам неотповиклива оставка од позицијата вд директор на ЈП Градски паркинг, напиша Бојан Христовски на Фејсбук.