„ЧЛЕНОВИ НА СИНОДОТ НА МПЦ-ОА СЕ ВМЕШАНИ ВО ШПИОНАЖА“ Професорот Марјан Ѓуровски предупредува за голем безбедносен ризик

Професорот Марјан Ѓуровски рече дека не тврди за вмешаност на владици во шпионски активности туку го цитира тоа што го кажале претседателот на државата Стево Пендаровски, директорот на Агенцијата за разузнавање и членови на македонската Влада кои, како што рече, „изнесоа информации дека членови на Синодот се соработници на руската разузнавачка служба врз основа на сознанија кои се строго доверливи“.