Компанијата „Неуралинк“ тврди дека оваа технологија треба да им помогне на парализираните да си ги вратат визуелните, аудиторните и моторните способности, како и да се излечат од невролошки заболувања. Парализираните ќе можат да си ги контролираат вештачките раце и нозе со помош на својот ум. Луѓето, кои не можат да зборуваат или да пишуваат, ќе контролираат виртуелен масу и тастатура или, пак, со мислите ќе праќаат пораки, ќе цртаат и ќе пишуваат. Постои опција и за третирање невролошки заболувања како Алцхајмеровата болест или Паркинсоновата болест. Ќе можат да се отчитуваат и промените на мозокот асоцирани со одредени психолошки растројства како депресијата и анксиозноста. Ќе можат да се подобрат и мисловните способности. И така, сѐ додека не се појават неврохакерите…
Copy and paste this URL into your WordPress site to embed
Copy and paste this code into your site to embed