БУЏЕТОТ ЗА ОНКОЛОГИЈА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 50 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ОВАА ГОДИНА Ќе се усовршат методите за рана детекција на рак

Во рамки на програмата за скрининг на дојка се опфаќаат жени од 40 до 69 години кои имаат можност да се пријават самостојно на интернет страницата. Сега, со оваа програма во 2025 година, ќе се овозможи и закажување скрининг преку матичниот лекар, рече заменик министерот за здравство, Јовица Андоновски, на денешната дебата во Владата по повод Светскиoт ден за борба против ракот.