Брејди против Ивана Трајчева и Вилма Русковска

Дали обвинителките се запознаени со случајот Брејди против Мериленд? Брејди бил обвинет за убиство и му се судело одвоено од лицето обвинето заедно со него. На судењето на Брејди, тој го признал учеството во злосторството, но тврдел дека со-обвинетиот го извршил самото убиство. Пред судењето, бранителот на Брејди побарал пристап до изјавите дадени од со-обвинетиот. Му биле покажани некои изјави, но обвинителството не ја дало изјавата каде што со-обвинетиот го признал убиството. По директната жалба на Брејди, тој добил пристап до оваа ослободителна изјава и ја оспорил пресудата со која бил осуден, тврдејќи дека има повреда на правичната постапка врз основа на тоа дека обвинителот ги скрил овие докази кои биле во негова корист.