БОРИС ТРАЈКОВСКИ, ТВОРЕЦ НА МЕЃУЕТНИЧКИОТ МИР ВО МАКЕДОНИЈА (2) Поделба на државата или заедништво – судирот со Љубчо Георгиевски

Претседателот Трајковски укажа дека воените и терористичките напади на ОНА и идејата за доброволна поделба на Македонија и за целосно разграничување меѓу Македонците и Албанците, во суштина, имаат иста цел и стремат кон иста или слична промена на дефиницијата на државноста и на Македонците и на Албанците.