БОРБАТА СО ПОЖАРОТ ТРАЕШЕ ЦЕЛИ 12 ЧАСА Згасна пламенот во прилепската конфекција „Тила“

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, пожарот започнал во 13:20 часот вчера, а е изгаснат 35 минути по полноќ. Во текот на целото гаснење на пожарот интервенирале вкупно 20 пожарникари со 10 противпожарни возила.