„БОМБИТЕ НА ЗАЕВ“ И „ПОТПИСОТ НА СЈО“ ГО КОМПРОМИТИРАЛЕ СУДСКИОТ СИСТЕМ Гордана Јанкулоска ја доби првата голема битка во храмот на европската правда во Стразбур

Судот во Стразбур не се впушта во оценки дали врз основа на докази добиени на незаконски начин во однос на домашното право може да се утврдува вина. Но, важно е да се утврди дали на обвинетите им е дадена можност да ги оспорат тие докази и да се спротивстават на нивната употреба. Ако обвинетите немаат таква можност, каква што немала Гордана Јанкулоска во случајот „Тенк“, голема е веројатноста Судот да утврди повреда на членот 6 од Европската конвенцијата за човекови права, или  попрецизно – кршење на принципите на контрадикторност на постапката и еднаквост на оружјата.