БОКИ-13 БАРА ДА ДОСТАВИ „БОМБИ“ Снимените разговори, фотографии и СМС пораки може да завршат само кај обвинителот Ислам Абази и кај никој друг

Поради сензитивноста на поднесеното, сериозноста и карактерот на кривичните дела, особено поради мојата моментална положба и статус, барам да бидам изведен исклучиво пред вас, бидејќи изразувам целосна недоверба кон правосудниот систем, дотолку повеќе што во пријавите се опфатени лица со реална моќ и влијание, пишува Боки-13 во писмото адресирано до шефот на ОЈО за ГОКК, Ислам Абази.