📷 БЛОКАДА НА БУЛЕВАРОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ ВО КИСЕЛА ВОДА Граѓаните имаат проблеми со околните градилишта

Градилиштата и тешката градежна механизација која поминува на тесната сервисна уличка веќе предизвика неколку инциденти, меѓу кои и скинати кабли од бандерите, срушен столб за улично осветлување и изгребани возила. Не можеме да чекаме да настрада и човек, па дури потоа да реагираме, наведуваат граѓаните кои излегоа на протест.