БЕЗ КАРМИН НИТУ НА УРГЕНТНО, НО ШТО КОГА ЗАБОРАВИ ДА ГО СТАВИ? Топла приказна на Драгица Русевска Христова за животот на убавата мама Ракитка

Со какви демони се соочуваат старателите на лицата со деменција раскажа Драгица Русевска Христова во нејзината прва книга „Кога мама заборави дека ме сака“. Книгата пренесува лично искуство и претставува еден вид водич за тоа како треба да се живее со лице со деменција.