„БЕВ ПОВИКАН ВО ПОЛИЦИЈА, НО НЕ СУМ СЕ ЗАКАНУВАЛ“ Самка Ибраимоски тврди дека само поставил прашање до уставен судија

Тоа е мое едно поставено прашање, кој ќе одговара за настанати убиства ако се случат, ништо посебно закани сум имал кон судиите. Јас лично не сум се заканил нити на Ана Павлова Данева, нити на претседателот на судот. Претседателот на судот, гласаше во првиот состав, кога се одлучуваше за овој закон. Сега во второто прегласување тој гласаше против својата самостојна одлука, вели Ибраимоски.