АВМУ ДОНИРАЛА 80.000 ЕВРА ДРЖАВНИ ПАРИ ЗА ИРЛ Предложил директорот Трајчевски, одлучувал Советот, немало јавен повик, така било законски!

Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги одлучил да му ги додели овие државни пари на медиум чиј издавач е невладина и непрофитна организација, без јавен повик, врз основа на предлог на директорот Зоран Трајчевски. Се е според законот, тврди АВМУ. Македонската асоцијација на новинари ги повика сите медиуми да упатат барања за донации од АВМУ.