📽 АВИОНИТЕ СЕ РАЗМИНАЛЕ НАД МИЛАДИНОВЦИ? Снимка од Флајтрадар24 ги покажува кобните 30 секунди од избегнатиот инцидент од 7 септември

Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина. Во овој случај, 30 секунди пред да се разминат, авионите биле на иста височина од 36.000 стапки, но потоа едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки.