Трифун Костовски, Author at plusinfo.mk

Спечалив надвор, а спечаленото го изгубив дома
Во досегашните колумни пишував за некои мои другари со кои изминатите децении другарував. Во идните рубрики „викенд колумни” ќе продолжам да пишувам за другарите кои се дел од моето секојдневие, како и за оние кои ги стекнав релативно подоцна во животот.

Животот отсекогаш ми бил полн со предизвици, од најраната младост до денешен ден предизвикот е дел од моето секојдневие.

Сѐ уште не можам да  разберам нешто, за кое можеби многумина би рекле дека е судбина, а некои, пак, умеат да кажат дека така требало да биде.

Јас роден на оваа грутка земја Македонија, школуван и образуван во неа, со стекнати животни вештини и несомнено докажан успех во полето на бизнисот, каде кон крајот на 80-те години од минатиот век заминав во белиот свет да си ја пробам среќата и да спечалам за мене, моето семејство и моите најблиски, судбината ме дотурка до врвот на кариерата и голем успех во бизнисот.

Ова се случува во период на 90-те години на минатиот век, а во првата половина на првата декада на овој милениум бев најсилниот добавувач на железна руда на полските железари, со годишни количини меѓу 3,5-4,5 милиони тони.  Но, глобализацијата се појави и утврди нов систем на функционирање на светскиот бизнис.

Имав можност да останам и работам во Полска на полето на енергетиката, имав можности да инвестирам во Австралија, во рудници од сите можни номенклатури, почнувајќи од железна руда, бакар, алуминиум, племенити метали сребро и злато, па и дијаманти.

Токму во тие моменти преовлада мојата љубов кон Македонија и со сиот спечален капитал се вратив во Македонија. Искуството во последниве две децении од моите инвестиции во Македонија е трагично.

Денес ја водам мојата битка поврзана со налудничавиот извршен стечај на Еуростандард банка. Се познавам себеси, меѓутоа дури во овие моменти разбирам дека не сосема сум го разбрал менталитетот на мојот сограѓанин. Бијам битка а-ла Дон Кихот, но за разлика од него моите непријатели се видливи.

Врз плеќите го имам организираниот криминал кој е навлезен во сите пори од нашето секојдневие,

политика, државни институции и личности со лукративни интереси на позиции во банкарскиот систем. Со носењето на Еуростандард банка во стечај се нанесе штета и на останатите правни субјекти во кои имам инвестирано.

Штетата на овие правни субјекти надвор од Еуростандард банка е скоро два пати поголема од самата штета во Еуростандард банка.

Заклучокот е: спечалив надвор, а спечаленото го изгубив во Македонија.

Во изминатите две години се појавив на социјалните мрежи со цел јавно да ги искажам моите гледишта и моите сограѓани подобро да ме запознаат, бидејќи за себе мислам дека сум човек со доблесни и хумани особини. Политиката и политиканството во Македонија се длабоко навлезени во сите пори од нашето секојдневие. Честопати водени од политички побуди добивам навреди без никакви поводи и

аргументи, меѓутоа убеден сум дека стекнав и многу пријатели меѓу граѓаните во Република Македонија.

Токму од нив ја црпам силата да издржам на овој Дон Кохотовски пат, како и од моите другари кои ме поддржуваат да истраам.

Ја користам денешнава колумна да им се заблагодарам на подршката најнапред на моите другари, на моите новостекнати пријатели на социјалните мрежи и сакам да им упатам една порака на таканаречените „непријатели” кои ги ставам под наводници бидејќи не чувствувам аргументирано непријателство, туку  неразбирање, дека и во Македонија може да си богат и достоинствен на чесен начин.

Искуството во Македонија е жално, бидејќи транзицијата ги изнесе на виделина валканите алишта на едно криминогено и корумпирано општество каде поединци сакаат нечесно да се збогатат.

Не судам ниту осудувам, барам разбирање и дистинкција. Јас не сум транзициски профитер!

The post Спечалив надвор, а спечаленото го изгубив дома appeared first on plusinfo.mk.

В понеделник ќе објавам фрапантни податоци – кои се големите играчи во банкарскиот црн бизнис?
Изминатиов период најодговорно бев посветен во потрагата по вистината поврзана со стечајот на Еуростандард банка.

Ангажирав врвни, стручни лица од светски мастраф за истрагата поврзана со стечајот на Еуростандард банка. Денот на обзнанувањето на овој извештај е најавен за 22.08.2022 година, кога со кристално јасни податоци ќе биде евидентиран и обзнаен криминалот кој скоро две децении се практикува во банкарскиот систем на Република Македонија.

Сознанијата до кои дојдов се фрапантни по самата Република Македонија, бидејќи во целиот овој синџир на организиран банкарски криминал, мојата Еуростандард банка беше вшмукана од големите играчи на овој црн бизнис и исфрлена како крпа од банкарскиот систем, со една единствена цел, а таа е да не се ремети функционирањето на организираниот криминал во банкарскиот систем.

Трагајќи по вистината за Еуростандард банка, се соочив со фактот дека токму во банкарскиот систем е вгнезден организираниот криминал.

Честопати се прашувам зошто мене ми се случи вакво нешто во мојата Македонија? Никогаш низ целиот мој живот, не сум бил поддржувач или дел од било какво криминално делување. Никогаш не сум давал директиви на мојот Управен одбор, вклучително со секторот за кредитирање да ограбуваат мои коминтенти, независно дали се работи за физичко или правно лице. Во моментот кога разбрав, како акционер, дека мојата банка е вовлечена во банкарскиот свет на незаконско работење, решив да се справам со такво зло.

Најпрво го сменив Управниот одбор и директорот за кредитирање. Именував нов Управен одбор, како милувате наречете ги, ама тој Управен одбор беше составен од лица подготвени да трагаат по „мирисот” на украдените пари. Таа личност која се нафати на оваа сизифовска задача, беше бившиот долгогодишен директор на највисоката финансова институција во државата-УЈП, Горан Трајковски, кој во себе ги имаше инкорпорирано знаењето и човечката доблест да ги најде одлеаните финансиски средства. Токму во моментот кога беше именуван господинот Трајковски за генерален директор на Еуростандард банка,  заедно со декларациите кои ги упативме кон сите наши партнери и банки со кои соработувавме, беше донесена одлуката да Еуростандард банка се фрли во стечај по секоја цена, бидејќи по трагата на парите ќе стасавме  и до крајните корисници, кои несомнено беа и сѐ уште се на многу високи позиции во Република Македонија.

Извештајот ќе биде поставен на социјалните мрежи чија достапност ќе биде транспарентна и лесно читлива  за секој поединец.

Најголемото прашање кое се поставува пред мене е како ќе реагираат најсилните институции на системот во државата, а тоа се Владата на РМ, Јавното обвинителство заедно со Финансиската полиција при Министерството за финансии, Народна банка и Собранието на РМ?

Не треба да се има сомнеж дека извештајот е веродостоен.

Најотворено се прашувам дали во погоре наведените институции кои го регулираат севкупниот живот во РМ ќе има доблесни и одговорни луѓе да отворат процес за сузбивање на организираниот криминал.

Анализирајќи ги погоре споменатите институции, сомнежот кај мене е присутен дека ќе се настојува овој настан да се забошоти.

Вообичаено во РМ гласи правилото „секое чудо за три дена”. Сакам да ги убедам институциите и одговорните во институциите погоре  наведени,  дека нема да останам мирен „чудото да  трае три дена”, туку ги убедувам дека додека сум здрав и ме служи умот оваа моја борба ќе трае сѐ до комплетно расчистување со ова општествено зло.

Чекорите кои ќе ги преземам после оваа презентација на организираниот криминал во РМ ќе биде токму Европарламентот и европратениците, од  кои неколкумина  денеска се активни на својата позиција во Стразбург, запознаени со оваа материја, ми даваат комплетан подршка и препорачуваат  овој извештај официјално да го обзнанам пред сите европратеници. Очекувам дека Европарламентот ќе ми биде вистинска поддршка во сузбивањето на општественото зло во РМ што се вика организиран криминал.

Доколку и на Европарламентот нашиот систем молчи, тогаш ќе следи арбитража која ќе се води во Париз.

Клучни луѓе во европското семејство кои се запознаени со овој извештај ми ја гарантираат својата поддршка, а меѓу нив се најеминентни адвокатски канцеларии во Париз.

Почитувани читатели и од  вас граѓаните ја барам вистинската подршка. Општественото зло наречено  организиран криминал погоди многу луѓе пред мене, а бидете убедени дека доколку не реагираме во вистински моменти, тоа зло во РМ може да му се случи секому.

The post В понеделник ќе објавам фрапантни податоци – кои се големите играчи во банкарскиот црн бизнис? appeared first on plusinfo.mk.

Мојот другар Мане
Почитувани читатели, денес мојата колумна ќе ја посветам на мојот прекрасен и уникатен другар Мане, Мане Грличков, еден од врвните ревматолози во последните 40 години во Македонија, човек посветен на професијата, семејството, пријателите, другарите и севкупното опкружување. Многу љубезен и скромен во својата комуникација, остава силен впечаток во околината кога ќе се појави меѓу нас другарите.

Позитивна енергија и харизма, од него напросто извираат. Мане не учеше во мојот клас, туку во математичката паралелка, заврши медицина и се изгради не само во врвен ревматолог, туку во доктор кој во себе ги има вградено сите елементи од Хипокритовата заклетва. Играњето фудбал и заедничките летувања се само дел од нашето континуирано дружење, кое трае повеќе од шест децении.

Сакам да истакнам една специфика типична за Мане кога  игра фудбал, а тоа е неизоставно носење капа. Се  обидуваше некако да ја  затскрие ,,разретчената” коса, а капата му беше токму таков штит. А, бре Мане,  убав си и

физички и духовно, фрли тоа капата! Тоа се тие ситни нешта, кои ние другарите си ги знаевме меѓусебе.

Мане е човек кој  што никогаш не подигнал глас, па дури и во моменти кога тоа е неиздржливо. Неговата трпеливост е безгранична, а со таква толерантност  не само меѓу нас другарите, туку и меѓу неговите пациенти, прави аура на смиреност во која се  чувствува неговиот смирувачки дух.

Таквата професионалност уште повеќе го воздига како човек, особено меѓу неговите пациенти. Молчелив, никогаш не се впушташе во теми кои не ги познава и не си дозволуваше луксуз да направи некој ,,лупинг” при нашите меѓусебни разговори, а  воопшто и во неговиот живот. Нас другарите нѐприфаќаше сите такви какви

што сме, секој  со своите мани и доблести.

Не паметам, во нашето шест децениско другарување,  Мане да се замерил со било кој од нас. Како карактер го отсликуваа, типични за него силни црти: молчеливост и трпеливост, но и одлучност за она што смета дека е праведно, корисно и потребно. Татко е на четири деца, а во моментов го  турка вториот среќен брак.

Ќерката единица, денес е еминентен доктор во Соединетите Американски Држави со категорична одлука за трајно живеалиште таму.  Трите сина со кои денес живее се малолетници, односно основци, наскоро и средношколци. Мотото за ваква неочекувана одлука на Мане да  изгради ново семејно гнездо, беше проткаено со

многу тешкотии, кои Мане машки ги издржа, не повредувајќи никого.

Мојот другар Мане денеска е активен доктор кој работи во Систина Аџи Бадем. Неговото мото гласи: ,,мора да сум здрав и морам да работам – имам многу пациенти со доверба во мене, но и  три малолетни синчиња кои треба да ги изведам на вистински пат“.

Токму поради сето ова, не само во моите очи, туку во очите на сите другари, Мане порасна како личност со високи човечки вредности. И остана Мане без прекар, што не е вообичаено за нашето друштво, но голем Мане, единствен во едноставноста, Мане без прекар, но со епитети и атрибути.

Мане другар, не само јас, туку  сите ние другарите кои сме сѐ уште со тебе и околу тебе,  ти посакуваме многу здравје и долг живот. Да се чуваш, да останеш достоен на  својата професија како и досега, им требаш на твоите пациенти, на твоето семејство, на сите нас твоите пријатели и другари. Таков човек и професионалец

ѝ треба на Македонија.

The post Мојот другар Мане appeared first on plusinfo.mk.

Земјотрес во Република Македонија
Почитувани читатели, денес повторно ќе пишувам за мојот непребол околу настаните поврзани со стечајот на Еуростандард банка.

Старата римска мудрост quo vadis денес ми е инспиративна за мојата колумна, како нешто што ја отсликува реалноста во Р. Македонија која директно се одразува на секој поединец кој ја почувствувал неправдата.

Quo vadis во превод значи „каде одиш“, јас би додал „каде одам“, „каде одиме“ и кои патишта треба да ги фатиме.

Извештајот од мојата приватна истрага е готов и ќе биде обзнанен во јавноста на 22 август. Истиот извештај, доколку сериозно биде анализиран од аудиториумот, ќе укаже на сите аномалии на начинот со кој функционира организираниот криминал во Р. Македонија.

Македонец по националност, вљубеник во мојата Македонија и почитувач на сите етнички заедници, ми даваат за право да се запрашам каде одам? Човек сум кој што спечалил надвор од Македонија, а го инвестирал сиот капитал во Р. Македонија. За жал, во најголем дел загубите ми се само во Македонија, токму од организираниот криминал, конструиран во нашето секојдневие со силна поддршка на политичките партии кои владеат со Владите на Р. Македонија и институциите на системот.

Платив голема цена да ја разберам сериозноста на вака организираниот криминал, а убеден сум дека не сум единствената жртва во Македонија.

Извештајот би требало да предизвика вистински земјотрес во Македонија, бидејќи пред фактите и доказите, барем така велат и „боговите молчат“, а во случајов токму за тоа и се работи.

Како лојален граѓанин на Македонија ги испочитував сите преземени мерки, на легален начин да одговорам на институциите кои нѐ обвинуваат мене и моето семејство. Исправно стојам и понатаму да одговорам на секое нивно обвинение со конкретни факти и докази. Институциите на системот како да сопреа со своите истраги. Чувствувам вакуум, тампон период меѓу нив како да се наоѓаат во ќорсокак. Немам пристап до стечајната собрана маса на Еуростандард банка во стечај, меѓутоа повеќе од евидентно е дека пари има на претек.

Војната што ја водам е против поединци, силно етаблирани во банкарскиот систем кои директно ги контролираат и најсилните политички партии во Македонија, а со тоа и целата Влада на Македонија со сите нејзини институции. Впрочем, организираниот криминал не е на улица, организираниот криминал е симбиоза меѓу криминогени структури и политички партии кои им служат на институциите кои се исклучиво под ингеренции на владеачките партии.

Криминалец не сум, напротив голем борец токму против организираниот криминал, рак-рана на секое општество.

Quo vadis, односно каде одам? Јас знам каде одам и знам дека на мојот пат ќе имам силен и организиран непријател, меѓутоа од мојата војна никогаш нема да се откажам. Одам по патот на правдата, најтешкиот но и единствениот пат да се остане човек.

The post Земјотрес во Република Македонија appeared first on plusinfo.mk.

Мојот другар Манчо
Манчо Митевски немаше прекар за време на гимназиските денови и цел живот го знаевме како Манчо. Исклучително мирен вообичаено не ги прифаќаше уличните игри како фанта и џамлии, меѓутоа секогаш беше дел од нашето другарување со една посебна енергија со која зрачеше на  својствен начин. Одлично играше фудбал, беше левак и израсна во едно од големите новинарски пера на печатените дневни медиуми во бившата

СФРЈ, но и по осамостојувањето на Р. Македонија, после распадот на СФРЈ.

Го красат човечките особини на доследност и умереност со вградените принципи за разбирање и сваќање на секојдневието,   сопруг и татко на две прекрасни деца. Признавам дека нашето другарувањето многу повеќе се зацврсти во подоцнежните години, кога сите ние веќе бевме етаблирани со своите стручности и занаети низ призма на  денешниот свет.

Манчо Митевски беше и сѐ уште е социјал-демократ, поточно со социјал-демократски убедувања,  иницијаторот на познатата петорка која полни две децении го водеше ,,Утрински весник”, заедно со неговите колеги  Ризаов, Тричковски, Мицковски и  Поповски. Екипа која, вклучувајќи ме и мене, остави трајни белези во македонското

новинарство. Бев единствениот сопственик на дневен весник кој не правеше никаков притисок врз уредничката политика на еден влијателен и популарен весник.

Блискоста со Манчо порасна уште повеќе со невообичаеното пријателство помеѓу мене и неговиот син

Алкесандар, кој што во музичкиот свет на самостојна Р. Македонија израсна во еден силен музички  и како композитор, аранжер, изведувач и како текстописец на многу хитови. Песната „Кометал шампионе” е исклучиво дело на Александар Митевски кое  и ден денес остана авангардно иако изминаа 20 години од неговото објавување во етерот.

Александар беше повод за мое појавување во музичкиот етер со мои музички нумери како изведувач. Првата наша објавена песна „Срце тетовирано” беше хит во Македонија пред повеќе од 20 години, а и ден денес се емитува во етерот. Генезата за појавување на оваа песна беше многу специфична. Вообичаено, на нашите заеднички летувања во Грција, во 2000 година Манчо ми кажува дека неговиот син Александар сака да снимиме

заедничка песна. Веднаш му дадов потврден одговор и од тогаш почнува мојата соработка со Александар која трае до ден денес.

Александар ја напиша и победничката химна на парламентарните избори во 2002 година на Коалицијата за промени, предводена од СДСМ, каде што  бев носител на листата во втората изборна единица. Химна која и ден денес секој ја толкува на свој сопствен начин, меѓутоа самото дело и денеска представува еден врвен производ.

Александар ја напиша и ја отпеа мојата химна при моето кандидирање за градоначалник на Град Скопје, химната за Скопје.

Оваа песна и денес е актуелна со својот текст, вокал, музика, а уште повеќе добива патина, бидејќи зборува за едно Скопје полно со романтика, љубов и сентимент. Денес, само после 17 години Скопје е видоизменето, но

песната на Александар, за мене  значење е музички запис за едно Скопје кое ние скопјаните автентично го живеевме и доживувавме во периодот по 2000 година.

Манчо и неговата сопруга Олга беа дел од нашите заеднички летувања и дочеци на Нови години повеќе од 15 години. Другарувањата со Манчо продолжија и во неговата викендица во Соње (Скопско),  каде Манчо на својствен начин ни подготвуваше скара, мезе и секако друштвени игри  како шах и карти.

Манчо е единствен од другарите кој остана конзистентен во неговото разбирање на социјал-демократијата во Р. Македонија. Ние, останатите другари не бевме до тој степен политички приврзани за одредени каузи и единственото врзно ткиво на сите мои другари, вклучително и Манчо беше да опстоиме како Македонци по националност.

Различностите за политичките случувања во Р. Македонија не беа причина во ниту еден момент  ние да не останеме другари. За мене и моите другари единствената партија или систем кој го сакавме беше и остана Македонија.

Горд сум што другарувањето со Манчо се пренесоа и на неговите деца, Александар и Дарко. Горд сум што нашите поколенија воспоставија прекрасна комуникација.

Манчо, Оле, бидете живи и здрави и вие и вашите деца!  Очекуваме да нѐ поканите на

скара во Соње.

The post Мојот другар Манчо appeared first on plusinfo.mk.

Протест или фарса?
Почитувани читатели, денеска ќе ја прескокнам мојата вообичаена колумна за стечајот на Еуростандард банка.

Денеска ќе пишувам за веќе отпочнатите протести пред Владата на РМ поради неприфаќањето на францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија за кревање на ветото и утврдување на датум за отпочнување преговори за влез во ЕУ.

Моментумот низ кој минуваме, со многу разбирлив јазик значи дека Македонија ќе отпочне преговори и ќе стане членка на ЕУ, по цена ние Македонците да дозволиме така „фино” , баш како „френч кисс” да го  изгубиме нашиот  национален идентитет, јазик, култура, историја, традиција.

Чинот за вакво „префинето” македонско разнебитување мора да го сопреме. Веќе три дена зад нас се организираат протести пред Владата на РМ, каде граѓаните, по националност Македонци, го изразуваат своето незадоволство кон актуелната Влада на РМ.

Јас како поединец и многумина како мене по националност Македонци кои не се членови на партии талкаме по информации на сите можни начини, вклучително и социјалните мрежи за да дознаеме кои се организаторите на овие протести. Чувството на таинственост кое владее во етерот и потребата да биде обзнането во јавноста е сеприсутно. Прашувам зошто? Зошто страв?

Почитувани читатели, јас го искажувам мојот личен став на сериозна загриженост поврзана со мојот национален идентитет. Политичките партии од опозицијата кои беа промотори за организација на овие протести стојат во сенка на овие настани, давајќи простор дека некои невладини организации се оганизатори на овие протести.

За многумина од нас се поставува прашањето, зошто таинственост? Под велот на невладини организации многу нешта може да се сокријат. Барам транспарентност. Дали овие протести ќе вродат со плод? Дали овие протести ќе овозможат да се замрзнат преговорите со Бугарија и ЕУ? Целта на протестите е токму тоа, да се каже НЕ на францускиот предлог и да се замрзнат преговорите со Бугарија и ЕУ, доколку се инсистира на негово прифаќање. Компромис, на моја штета како Македонец, не прифаќам.

Неопходно потребно е да се формира фронт на знајни и незнајни македонски патриоти ама запишани со име и презиме, кои ќе влезат во организационото тело на овие протести, со цел да се утврди стратегија и динамика на настаните кои следат.

Мора да се даде форма на овие протести. Организацијата на протестите мора да биде совршено компатибилна со барањата за зачувување на нашата национална посебност.

Импровизација со протестите не смее да има. Тие мора да бидат беспрекорно организирани со јасно искажани пораки кои ќе одекнат во јавноста, а посебно до челниците на актуелната влада на РМ, вклучително и опозицијата во Парламентот.

Искуството од Шарената револуција е многу свежо. Спонтаната реакција од нас граѓаните во РМ на криминалните деанија на тогашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, беше украдена од СДСМ која денеска е власт во РМ.

Неколкумина од промоторите на Шарената револуција, така наречени Невладини организации, се вселија во владините кабинети и дипломатски претставништва на РМ низ светот, додека ние граѓаните останавме измамени. Нешто се смени во местото и улогата на криминалот и корупцијата? Не, ништо не се смени. Се смени името на РМ со Преспанскиот договор, каде кој знае по кој пат ние Македонците во РМ бевме прелажани од нашите несериозни европски партнери и се прекрстивме во Северно-македонци.

Чудно со колкава леснотија, партијата СДСМ влегува во разнебитувањето на нашата македонска посебност.

Почитувани читатели, ние Македонците во сиот наш историски развој сме минувале по многу тежок пат. Ова се моменти кога треба да се сплотиме, без разлика на нашата верска припадност, образование и статус.

Имаме едно име, Македонец, ако и тоа го изгубиме, ние ќе бидеме засекогаш избришани од светската мапа на нации. Можеби ќе дојде време кога нациите и националното значење нема да имаат толкаво значење во глобалниот свет, меѓутоа денес, посебно на Балканот, ова е прашање на живот и смрт.

Мора да го обзнаниме организационото тело во полн состав на овие протести и секој од нас да не се плаши дека ќе бидe прогонуван од внатрешни и надворешни непријатели. Време е да покажеме дека имаме „кичма” и гордо да застанеме на браникот на нашата македонска посебност со јасно искажани црвени линии, ставови, а најнапред да се претставиме со име и презиме.

Време е да почнеме самите да си ја кроиме сопствената иднина. Знаењето, искуството и мудроста мора да бидат суштината на ова организационо ткиво.

Не смееме да дозволиме епилогот од протестите да заврши неуспешно. Појавете се Македонци, не се плашете!

The post Протест или фарса? appeared first on plusinfo.mk.

Мојот другар Блаже Фурна
Почитувани пријатели, денеска ќе пишувам за мојот школски другар Блашко Димов кој во гимназиските денови го носеше прекарот Фурна. Причините за овој прекар не ми се многу јасни, меѓутоа го чувствувам како наше драгоцено   наследство, останато меѓу нас другарите. Блашко од сите нас другарите беше многу понапреден на физички план,  уште во гимназиските денови делуваше како голем маж со импозантна висина и килажа. Вообичаено седеше во средниот ред во последната клупа и умееше да каже: „ова е најубавата позиција од која можам сите да ве следам”. Ментално ги имаше надминато уличните игри како фанта и џамлии и делуваше многу позрело во очите на нашите другарки од класот.

За разлика од нас, останатите другари, Блашко веќе личеше на маж. Од сите училишни настани кога е во прашање Блашко, сакам да издвојам неколку: прво важеше како главна одбранбена тупаница на нашиот клас, иако воопшто не љубеше да се тепа или пак да создава конфликти, ама со својот изглед беше физички авторитет и причина да се одбегнуваат непријатности со соседните класови. Вообичаено,  после часовите по фискултура, каде најчесто игравме фудбал,  тој беше првиот кој инсистираше кај професорите да не нѐ испрашуваат нас кои претходно игравме фудбал, со појаснување дека сме испотени, изморени и деконцентрирани за испрашување. Убаво беше чувството што сите ние во класот ја чувствуваме силата и авторитетот на Блашко, која многу ни значеше.

Трајно сеќавање ми  остави Блашко на часот по зоологија. Вообичаено за тие времиња, особено во зимските денови кога бевме попладневна смена,  снемуваше струја. Ние учениците се радувавме на тие моменти, бидејќи вообичаено беше да нѐ пуштат да си одиме дома. Тукушто вработената професорка по зоологија беше толку ревносна што сакаше својот образовен програм да го исполни и во услови кога немаше можност за тоа. На самиот почеток од часот кога снема струја, таа веднаш донесе свеќи и не задржа во класот и ни одржа предавање, нова лекција за глодарите, поточно за глувците. Ние учениците незадоволни од фактот што еве вака дадената можност да губиме часови не се реализира, реагиравме секој на сопствен начин, а во случајов нашиот другар Блашко Фурна на еден бунтовнички начин.

Во училницата имаше три свеќи, по една во секој ред. Моите соученици од првите клупи можеа да гледаат,  но тие од последните клупи беа во темница. Во тек на  предавањето мојот другар Блашко на зборовите од професорката: – „Драги ученици, глувците….”,  со  баритонот ќе шепнеше ,,да ги јадеш„. На првите реакции  професорката не реагираше, меѓутоа очигледно веќе и дојде преку глава ваква несолена шега и земајќи ја свеќата од првата клупа отиде полека кон последната клупа, каде што седеше Блашко и му кажа: -„Блашко, ти си?” Вообичаено беше професор кога  посочува со име, ученикот треба да стане од училишното столче. Сцената и ден денес ни е смешна.  Професорката со  висина од 150 центиметри и кревка фигура со свеќа враце, застанува пред Блашко кој полека станува од училишното столче со висина  над 190 центиметри, рамена широки речиси метро, со сенка разлеана по sидовите мислиш киклоп се исправа и вели: -„Не професорке, не сум јас”.

Оваа сцена се повторуваше три пати во текот на целиот час и на крајот Блашко јавно призна: -,,Да професорке јас бев, бидејќи сум лут што  држите час кога нема струја”. Професорката како вистински педагог му укажа на Блашко дека таа е тукушто примена на работа, дека своите обврски како професор многу сериозно ги сфаќа,  дури дека во својата чанта постојано има свеќи за не дај Боже ако снема струја.

За Блашко Фурна има повеќе работи во врска со  неговите остварени  и неостварени желби. Уште од гимназиски денови нумизматиката и археологијата беа главните работи кон кои покажуваше особен интерес. Тие  пасии и денеска го обликуваат како човек вљубеник во таков вид цивилизациски вредности. Но,  негова неостварена желба беше да пропее. Имаше огромна желба да пее, но немаше ни слух, ниту глас. На последната наша, нема да кажам која годишнина од матура во Хотел Парк, Блашко зема микрофон и ме замоли да направиме селфи како пее, за да го испрати на својата сопруга.

Блашко денеска е родител, дедо, столб на прекрасно воспитано семејство и посебно ми прави чест што неговиот син е најдобар пријател на мојата ќерка Олга. Нивното пријателство прераснува во кумство,  Олга е кума на синот на Дејан Африка, Блажен, кој го доби името по неговиот дедо Блашко.  Чувството дека другарувањето се пренесува и на следните генерации, во случајов меѓу мене и Блашко и меѓу неговиот Дејан и мојата Олга,  е пример кој треба да го следат идните генерации. Ние, другарите на Блашко и денеска го чувствуваме неговиот заштитнички дух и поддршка, чувство што  релаксира. Блашко  израсна на скопските улици, но важи за човек со високи морални вредности. Биди ни жив и здрав Блашко наш!

The post Мојот другар Блаже Фурна appeared first on plusinfo.mk.

Апелирам до Талат Џафери
Апелирам до Собранието на Р. Македонија и првиот човек на Собранието Талат Џафери, преку Комисијата за финансирање и буџет да отвори процес на длабинска ревизија за работењето на Народна банка. Оваа Комисија за длабока ревизија мора да биде составена од експерти во банкарското работење од земјава и странство. На овој начин, преку работењето на оваа експертска ревизија, ќе се дојде до вистината за вистинската улога на Народна банка во банкарскиот систем.

Јавноста треба да знае дали оваа институција е украдена од криминалот кој владее во Р. Македонија, а еве и зошто:

Почитувани читатели, изминаа 23 месеци од носењето на Еуростандард банка во стечај, согласно решението на гувернерот Бежоска, одлука за носење во стечај на банка со многу непознаници. Зошто токму тогаш банката требаше да биде однесена во стечај? Јас велам многу непознаници, меѓутоа за чинителите на овој чин ова било однапред пресметан чекор каде како егзекутор се појави токму Народна банка. Евидентно е дека процедурите на алатки-мерки, кои ги имаше на располагање Народна банка, главниот регулатор на банкарскиот систем, не беа употребени да превенираат со цел нејзина стабилизација, туку напротив, набрзина и несмасно веднаш по завршувањето на вонредната состојба, предизвикана од пандемијата ковид-19. За време на тие пандемиски 97 дена на банката ѝ беа забранети сите активности со физички и правни лица, а згора на тоа ѝ беше одземено правото за присилна наплата на доспеаните побарувања. Стечајот беше обзнанен после предвремените, тукушто завршени парламентарни избори при неконституирана Влада и Собрание на РМ. Идеални услови за криминални услуги и криминогено носење на банката во стечај.

Недоследностите на Народна банка, на чело со гувернерот Бежоска, во случајот со Еуростандард банка се евидентни. Не се употребени вонредни мерки и администрација, туку директно од редовни мерки се прејде кон стечај, што значи со закон затварање на правен субјект банка.

Единствена институција која е надлежна врз работењето на Народна банка е Собранието на РМ, преку Комисијата за буџет и финансирање. Истата година на есен, се одржа расправа на Комисијата каде беа повикани сите институции замешани директно или индиректно со стечајот на Еуростандард банката. Записникот од оваа комисиска расправа го имам во целост, меѓутоа сѐ уште не можам да разберам што беше целта на оваа комисија? Ако целта беше да се добиваат политички поени од членовите на сите партии кои се дел од оваа комисија, тоа е можеби разбирливо. Болно е што јас веќе две години говорам и пишувам дека се работи за организиран криминал за носењето на Еуростандард банка во стечај, само со една цел – да се сокрие трагата на одлеаните пари. Собранието на РМ преку Комисијата за буџет и финансирање има единствено право да направи ревизија за работењето на Народна банка. Првиот човек на Собранието Талат Џафери беше запознаен со овој стечај и неговиот првичен коментар беше дека процедурите не биле почитувани. Вообичаено за вакви ситуации мојата комуникацијата со актуелниот претседател Џафери требаше да остане во континуитет. За жал, после првичните две средби господинот Талат Џафери се одлучи да молчи. Не ми е јасно како може Собранието на РМ, како единствена институција одговорна за работењето на Народна банка и натаму да молчи? Нема покренато иницијатива ниту  претседателот Талат Џафери кој самиот констатираше недоследности во примената на мерки за спас на банката или просто кажано, беше свесен дека одредени мерки се прескокнати и банката се однесе во стечај од страна на Народната банка. Комисијата за буџет и финансирање после првичниот распит кој се одржа во Собранието, остана глува.

Почитувани читатели, не само за мене туку за секој нормален мој сограѓанин ова се моменти кога чувствуваме тотална несигурност во систем кој треба да ги брани интересите на граѓаните. Политичките партии кои се борат за власт ми оставаат впечаток дека воопшто не ги интересира случајот за стечај на Еуростандард банката. Логично се поставува прашањето зошто е тоа така? Дали сивата еминенција која владее во Р. Македонија ги ставила главните политички актери од позиција и опозиција под нејзина контрола? Да биде јасно, сите политички субјекти во Македонија се зависни од банкарскиот систем. Одамна се говори за кредити на големите политички партии при Комерцијална банка на Р. Македонија чии имоти се ставени како хипотека во целост. Беспарицата која ги удри самите партии, ги наведува да бидат послушници на тој што ќе им овозможи натамошно функционирање. Токму тука ја гледам и можноста за една криминална симбиоза меѓу политичките партии и главните криминалци во земјава. Екс-генералниот директор на Еуростандард банка, Николче Петкоски и натаму молчи, иако и тој ја знае целата генеза на овој криминал.

The post Апелирам до Талат Џафери appeared first on plusinfo.mk.

Кој ќе ме обесштети мене?
Почитувани читатели, од самиот наслов на денешнава колуmна, многу лесно може да се разбере суштината на мојата денешна колумна. Моите дела докажуваат за моето лице пред вас, кое сум го имал и сѐ уште го имам борејќи се транспарентно во име на вистината. Моите непријатели, сограѓани со криминогена ориентација, всушност се дезориентирани во својот проsирен обид мене да ме етикетираат со нивните манипулаторски карактеристики, поради што плаќам цена за одземениот мир.

Партијата на власт СДСМ и нејзини блиски, евидентно се дел од постапката за носењето во стечај на Еуростандард банка. Денес ќе споменам неколку работи, сериозни напади од моја страна кои ги говорам слободно без страв од каква било форма на притисок. Екс-генералниот директор на Еуростандард банка, г-динот Николче Петкоски, главниот креатор или попросто кажано петоколонашот во мојата Еуростандард банка, скоро две години по носењето на банката во стечај, денес е слободен граѓанин без никакви импликации по него. Убеден сум дека од материјалите кои ги имале на располагање Финансовата полиција и Обвинителството, недвосмислено знаат за неговите активности кои беа причина за носењето во стечај на Еуростандард банката. Господинот Петкоски, симпатизер на СДСМ, пријател со екс-претседателот на СДСМ и премиер на Владата на РМ, г-динот Зоран Заев и уште поблизок пријател со бившиот технички премиер и денес министер за внатрешни работи, г-динот Спасовски. Блискоста на контактите кои ги има Николче со двете гореспоменати личности, високи функционери на СДСМ, само по себе говори дека овие структури и денеска го штитат Николче Петкоски, што упатува на фактот дека за своето криминално работење во банката имал политичка поддршка. Општо познато е во Македонија, дека партиите без интерес не штитат никого. Николче Петкоски официјално и понатаму молчи пред јавноста. Немаме никакви информации од истражната постапка, која се води веќе две години, за неговата инволвираност во лошото работење на банката. Бидете сигурни дека АМИН од мене за ваквото негово работење ниту добил, ниту пак можел да добие, бидејќи тоа е спротивно на мојот морал и етика. Личност која што многу беше присутна во лошите пласмани на Еуростандард банка е господинот Крмзов со седиште во Струмица. Овој човек има фирми кои се занимаваат со сите можни бизниси во Република Македонија, чија бројка е над 15 посебни фирми, како посебни правни субјекти. Важи за близок пријател на Зоран Заев. Согласно информациите кои ги добивам од непроверени извори, бидејќи немам директен увид во собирањето на стечајната маса на Еуростандард банка во стечај, долгот од страна на фирмите на Крмзов кон Еуростандард банка во стечај изнесува меѓу 10 и 15 милиони евра. Упатувам порака до стечајниот управник Саздовски да го примени членот од Законот за стечај кој гласи „Побивање на правни дејствија на стечајниот должник“.

Овој член во основа му дава право на стечајниот управник да трага по парите до крајните корисници кои ги злоупотребиле и да бара нивно враќање во стечајната маса.

Почитувани читатели, повторно од неофицијални извори добив информации дека сите физички лица кои имаа заробени средства во стечајот на Еуростандард банка се обесштетени. Финансиски средства во банката има и за обесштетување на сите останати оштетени правни субјекти, ама мора да се истрае во потрагата за враќање на украдените пари.

Зулумот со Еуростандард банка е направен, банката ја однесоа во стечај луѓе со лукративни интереси потпомогнати од политичката партија на власт и институцијата Народна банка.

Најотворено прашувам, кој ќе ме обесштети мене? Кој ќе ми го врати украдениот имот во мојата Македонија? А со имотот и угледот.

Јас продолжувам во мојата борба и ќе барам обештетување од мојата држава. Сум давал на Македонија и сѐ уште давам, ама нема да простам за тоа што ми е украдено на подмолен и нечовечки начин.

Човечкиот живот е полн со предизвици. Во своето зрело доба јас сум реализиран човек во сите сфери на моето живеење. Но, не можам сѐ уште да разберам дека јас сум ограбен во мојата Македонија, држава за која нема што не би направил. Замислете, грабежот е направен со помош на институциите на системот, Народна банка и Обвинителство!

Госпоѓо Бежоска, гувернер на Народна банка, убеден сум дека немате мирен сон. Ќе биде чесно и вие да проговорите за вистината околу Еуростандард банка.

На крајот упатувам апел до истражните органи кои се занимаваат со стечајот на Еуростандард банка дека гореспоменатите имиња мора сериозно да бидат земени предвид за испитување, а тоа се Зоран Заев, Оливер Спасовки, Анета Бежоска, Николче Петкоски и Крмзов.

The post Кој ќе ме обесштети мене? appeared first on plusinfo.mk.

Руски рулет и Дон Кихот на македонски начин
Почитувани читатели, сакам со вас да го  споделам фактот дека деновиве беше обзнането, од стечајниот управник на Еуростандард банка во стечај, дека ќе се врши исплата на оштетените физички и правни лица, согласно со процедурата утврдена за распределба на средства од стечајната маса.

Од носењето во стечај на Еуростандард банка изминаа неполни 22 месеци. Целата постапка за прибирање на одлеаните пари од банката се води нетранспарентно и нејасно. Деновиве беше обзнанено од страна на стечајниот управник дека ќе се почне со исплата на оштетените правни и физички лица. Ова е чин за респект, бидејќи крајно време е, доколку има средства во стечајната маса,   да бидат обештетени правните и физички лица кои немаат никаква вина за самата стечајна постапка.

За мене, како акционер, се поставува прашањето дали во стечајната маса со која денеска располага Еуростандард банка во стечај се собрани сите одлеани средства?

Одговорот на ова прашање е  суштината зошто Еуростандард банка беше однесена во стечај. Бидете убедени дека голем дел од средствата не се прибрани во стечајната маса и се има цел на овие средства да им се прикрие трагата. Тврдам дека членот од Законот за стечај кој гласи „Побивање на правни дејствија на стечајниот должник”, не е доследно применуван. Суштината на овој закон значи доследност во прибирањето на одлеаните пари од банката до крајните корисници, независно дали се работи за правни или физички лица, активни или однесени во стечај. Периодот од 22 месеци е многу краток период за да се стигне до крајните корисници и да се наплатат одлеаните средства.

Почитувани читатели, непрактикувањето на погоре наведениот член од Законот за стечај значи забошотување и покривање на трагите на парите, само со една цел – да не се обзнанат во јавноста крајните корисници каде овие финансиски средства завршиле. Имплементирањето на овој член ќе значи посветена и долгогодишна истрага и копање по трагата на парите. Очигледно, наредбодавците за носење на Еуростандард Банка во стечај, каде егзекуторот беше актуелниот гувернер Бежоска, сакаат и настојуваат час поскоро да ги замолчат оштетените правни и физички лица од стечајот на Еуростандард банка, со цел да се замолкне вистината за овој злостор.

Присуството на оштетените штедачи во етерот беше многу силно, исто колку и моето присуство на социјалните мрежи. Се разликувавме во приодите и во погледите за и околу стечајот на Еуростандард Банка секој со своите ставови, меѓутоа јавноста беше информирана и заинтересирана за крајниот епилог.

Заклучувам дека со исплатата на оштетените штедачи на нивните побарувања од стечајната маса, јас губам силен сојузник во мојата битка, а со тоа нарачателите на овој злостор ги слабеат моите позиции, посебно во јавноста.

Општа констатација меѓу граѓаните на Република Македонија е дека организираниот криминал и корупција се влезени во сите пори на нашето секојдневие. Не смееме да дозволиме, со решавањето на проблемот за наплата на своите побарувања на одредена група  правни и физички лица,  да мислиме дека организираниот криминал и корупција се елиминирани. Ова е само потег за нивно замолчување или елиминирање од вистинската борба против ова општествено зло.

И понатаму криминалот е тука меѓу нас. Рускиот рулет во Македонија е реалност, а тој во превод значи дека злото може секому да му се случи во Република Македонија, бидејќи криминалот нема ниту нација ниту вера, туку само интерес за ограбување.

Чувствувам потреба да споделам со вас дека креаторите за стечајот на Еуростндард банка сакаа да ме стават на Дон Кихотовски испит. Разликата меѓу ликот на Сервантесовиот Дон Кихот и мене е многу симболична и јасна. Ветерниците, како илузија на измислени непријатели на Дон Кихот се имагинарни, а кај мене се многу реални и видливи. Зад ветерниците на Дон Кихот постојат илиузии, но ветерниците во мојот случај се лица со име, презиме и факти.

Почитувани читатели, во денешнава моја колумна употребив два термина кои се вдомени во светската култура за поимање на општествени зла  детерминирани од времето и просторот. Во рускиот рулет нема правила, тоа е игра без правила но со жртви, а во ликот на Дон Кихот е олицетворен витез благородник кој безуспешно се бори против општествените девијантни појави.

Јас останувам на својот пат доследен да трагам по вистината за Еуростандард банка. Мојот приватен извештај за истрагата на стечајот е завршен. Неговото обзнанување се плашам нема да биде сериозно прифатено од институциите на прогонот. Токму од тие причини се работи многу активно, за час поскоро да се обештетат правните и физички лица, како и нивно замолчување во целиот овој процес.

Како сојузници во мојава борба ве имам вас, мои читатели. Политичките партии се комплетно незаинтересирани за вистината околу стечајот на Еуростандард банка. Причините за нивната незаинтересираност даваат сомнежи дека и тие на свој  начин се соучесници во овој криминоген чин.

The post Руски рулет и Дон Кихот на македонски начин appeared first on plusinfo.mk.