Горан Стоименов, Author at plusinfo.mk

Закон за пушење vs Закон за игри на среќа
Интензивната дебата за најавениот нов Закон за пушење дополнително го подели македонското општество како со нож. Страстните пушачи, угостителите, дел од бизнис претприемачите и тутунската индустрија се на страната на потенцијални жртви, а на другата страна се родителите на малолетни деца, непушачите, поборниците за здрави животни навики, Министерството за здравство како предлагач, кои ги бранат предлозите оценувајќи ги како европски стандард кој треба веднаш да се спроведе во македонски услови. Ако смеам да забележам, во критичката јавност има навистина искрено загрижени граѓани, но и една категорија дежурни дефетисти, кои не пропуштаат да ги вовлекуваат и игрите на среќа во оваа дебата за законот за пушење, кои без соодветни аргументи и заради одредени исклучоци, целата индустрија топтан ја ставаат на врвот на општествени штетници. Токму таквите се повод за оваа моја колумна.

Како претставник на Асоцијацијата за приредување игри на среќа (АПИС), сакам да потенцирам дека поддржуваме одржлива, разумна и долгорочна иницијатива за заштита на здравјето на граѓаните од штетните последици од пушењето, особено кога станува збор за заштита на младите и превентивна борба против зголемениот број на малолетни уживатели на електронски и обични цигари. Но, подеднакво важен е начинот на кој се носат и се спроведуваат законите. Ако ова го ставиме во контекст на индустријата на игрите на среќа, постојат јасни и поучни примери од соседството. Секое ригидно и популистичко решение, донесено без дијалог со засегнатите страни, секогаш доведувало до појава на „диви“ играчници по подруми и нелегални простории каде на црно се организираат игри на среќа, без никаква контрола од државата, без заштита на играчите и без приходи во буџетот. Таму каде што државата се служи со избрзано рестриктивни мерки, сивата економија наоѓа плодна почва. Не случајно, ако Кнежевството Монако важи за симбол на европски гламур, ред и високи стандарди, секој може да провери дека во неговите светски реномирани казина постојат јасно дефинирани, соодветно уредени пушачки зони во затворен простор. Не затоа што пушењето е пожелно, туку затоа што е контролирано, регулирано и ставено во рамка што го штити и здравјето и редот.

Кога веќе дел од критичката јавност упорно сака да прави паралела за регулирање на пушењето на јавни простори, со регулирањето на легалното приредување игри на среќа, треба да се земе предвид дека актуелниот закон за игри на среќа е еден од најстрогите на Балканот. Во автомат клубовите и казината не само што е забранет влез на малолетници со енормно строги казни, туку и членките на Асоцијацијата за приредување игри на среќа АПИС, кои се светски брендови во индустријата, самите, веќе со години водат активна кампања со слоганот „Забрането за малолетни лица – 100% законски!“ преку која се подигнува јавната свест и јасно се порачува дека младината воопшто не смее ни да помисли да се обиде да влезе и не е посакуван посетител на објектите за игри на среќа. Истовремено, членките на АПИС во поединечни или групни донаторски активности во изминатите години, во општествено одговорни проекти најмногу фокусирани на развој на здрава и спортска младина, финансираа повеќе од 300 милиони денари.

Освен тоа, за легалните објекти за игри на среќа, има многу прецизна регулатива каде и колку апарати за играње може да бидат поставени во одреден простор, сите апарати се нон-стоп приклучени софтверски на УЈП која точно ги евидентира сите финансиски трансакции, има строго дефинирани правила за начинот на кој се добива лиценца за работа која ја издава државата. Во казината и во автомат клубовите има највисоки технички стандарди за вентилација, сите вработени поминуваат соодветни обуки за стекнување европски и светски критериуми за различни работни позиции. Впрочем, не е случајно што сите видови легални приредувачи на игри на среќа во Македонија се најголемиот приватен работодавец, со повеќе од 10.000 вработени. Годишниот приход во државниот буџет од игрите на среќа е околу 280 милиони евра. Уверен сум дека изнесов доволно правни аргументи за сите оние кои сакаат да прават паралели меѓу игрите на среќа и другите економски дејности кои сега се таргетирани од новите предлози за законот за заштита од пушење, а кои по актуелните услови за обавување дејност не можат никако да се споредуваат со приредувачите на игри на среќа. Со други зборови, во начинот на регулирање на легалното приредување игри на среќа, во Македонија одамна важат европски и светски стандарди.

Несомнено е дека огромното мнозинство македонски граѓани посакува европски стандарди во сите сфери на општеството, без разлика дали станува збор за јавното здравство, образованието, културата, младинскиот спорт, социјалните прашања,  сообраќајните правила, паркирањето и редица други важно егзистенцијални и секојдневни прашања. А, особено, кога станува збор за загадувањето на амбиенталниот воздух кое секоја зима е на дневен ред, без конкретни резултати од претходно најавувани ветувања за справување со овој горлив проблем.

Историјата и искуството покажуваат дека најдобар закон е оној кој се спроведува, а не оној кој уште од самата замисла е спротивен на менталитетот и навиките на нашите граѓани. Затоа, ако навистина сакаме здраво општество, мора да градиме паметни, балансирани и спроведливи решенија, а не да носиме закони кои генерално, по принципот на права линија, ќе опфаќаат различни дејности, без да се земат предвид одредени нивни специфичности.

(Авторот е претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС)

The post Закон за пушење vs Закон за игри на среќа appeared first on plusinfo.mk.

Пораката од турскиот мега скандал со нелегално обложување
Во октомври, додека во Македонија во полн ек беше кампањата за локалните избори, медиумите го отворија мега скандалот со нелегално обложување во Турција. Имено, 371 од вкупно 571 фудбалски судии имале налози за обложување, од нив 149 биле суспендирани од нивната фудбалска федерација. Истовремено, Централната банка на Турција ѝ ја одзела лиценцата за работа на најпопуларната тамошна платформа за трансфер на пари „Папара“, поради сомневања за нелегално обложување и перење пари. Оваа платформа се користела и за трансфер на пари од нелегални онлајн игри на среќа, а наводно траги од овие пари воделе и до Македонија со трансфери правени преку турски студенти.

Турција е една од државите кои имаат крајно ригидна политика за игрите на среќа, односно истите во нивниот општествен систем се целосно забранети. Со оглед на фактот дека Турција е земја со релативно цврсто уредување, сериозна нормативна традиција и силен систем за имплементација на законите, скандалот со обложувањето е невиден преседан кој ги нагризува етичките вредности и религиозни принципи кои Анкара сака да ги наметне како перцепција за себе во светот. Затоа, воопшто не е случајно што Судот во Истанбул побарал притвор за 21 лице, од кои, за 17 судии и за еден претседател на прволигашки клуб. Нивниот претседател на Турската фудбалска федерација го нарече овој скандал „морална криза“. Таму државата се труди на секој можен начин да се испере од овој, за нив голем срам, но и признание дека ниту едно општество не може со радикален пристап да обезбеди ефективна забрана за граѓаните да играат.

Каква порака за македонските политичари испраќа турскиот скандал со нелегално обложување?

Прво, уште еднаш се потврдува дека целосната забрана на игрите на среќа, секогаш, без исклучок, без разлика за кое и какво општество станува збор, создава предуслови за барање алтернативни, па дури и незаконски начини за играње. Најчест случај е отворање диви играчници по подруми, врз кои ниту една држава, без разлика колку е силна и развиена, не може да има контрола. Во такви услови младината природно станува многу лесна цел на противзаконски манипулации. Не треба да се оди многу далеку, доволно е да се потсетиме на фактите дека во октомври 2022, албанската Влада соопшти дека после четиригодишната забрана ги враќа легалните игри на среќа. Образложението на нивниот премиер Еди Рама беше дека после забраната, игрите на среќа во Албанија почнале да се одвиваат на црно и дека повторното отворање на индустријата значително ќе ѝ помогне на албанската економија. И во Грција беа забранети на игрите на среќа. Кога грчките власти видоа дека меѓу три до пет илјади Грци само во еден ден играат во Гевгелија, во 2018 поставија 36.000 апарати за игри на среќа за да спречат одлив на финансиски средства надвор од државата. Не поседувам официјални податоци, за тоа колку жители на Косово на дневна основа ја посетуваа Македонија за да играат затоа што и таму игрите на среќа се под мораториум.

Второ, во последниот период најголем број од скандалите се поврзани со онлајн игрите на среќа, кои преку интернетот и мобилните уреди се целосно и многу лесно достапни за сите, во секое време и во секој дом. Оттука, не случајно со години предупредуваме дека предлозите за воведување некаква дистанца за објектите за игри на среќа, не само што не се решение, туку станува збор за гол популизам кој во суштина не ја прави младината повеќе заштитена од игрите на среќа, туку само задоволува одредени партиски центри на моќ кои лажно сакаат да претстават некаков политички триумф врз овој економски сектор. За создавање реално ефикасна регулатива потребно е активно учество на асоцијациите на различните приредувачи на игри на среќа, како и претставниците на вработените во овој економски сектор, кои исто така се родители на малолетни деца. Нивната експертиза и практично искуство е од непроценлива важност во процесот. Единствено со таков инклузивен пристап може заеднички да дојдеме до законско решение кои ќе даде одговори за сите грижи на граѓаните.

П.С. За време на кампањата за локалните избори, за разлика од претходната, игрите на среќа не беа во прв план на политичките партии. Сепак, некој од кандидатите повторно се обиде да печали политички поени преку ветување дека ако биде избран ќе забрани рекламирање легални игри на среќа на комерцијална основа на јавни површини на Градот Скопје. Во интерес на пошироката јавност, легалните игри на среќа во Македонија обезбедуваат најмалку 280 милиони евра годишни приходи во државниот Буџет. Надвор од овој обем на финансиски средства, кои се слеваат на државната сметка, компаниите кои во Македонија претставуваат светски афирмирани брендови на игри на среќа, постојано манифестираат највисоко ниво на општествена и корпоративна одговорност и со конкретни донации и спонзорства поддржуваат различни проекти за правилен развој на младината и промоција на општествени вредности.

Различните приредувачи на игри на среќа на вкупна основа се најголемиот приватен работодавач во Македонија со преку 10.000 вработени. Немаме никаква дилема дека младината мора да биде целосно заштитена од било какво потенцијално влијание евентуално да создаваат недозволени навики за играње. Но исто така, крајно време е некои политичари да станат свесни за сопствената одговорност, особено за вокабуларот кој го користат во политичката дебата, бидејќи со таков неодговорен пристап имаат сериозно негативно влијание врз правилниот развој на младината.

(Авторот е претставник на Асоцијацијата на приредувачи игри на среќа – АПИС)

The post Пораката од турскиот мега скандал со нелегално обложување appeared first on plusinfo.mk.

Легалните игри на среќа и суровиот популизам
Стана непишано правило дека централна причина за сите девијантни појави во македонското општество се игрите на среќа. Тој, условно кажано притисок, кој се креира во континуитет, е причина за постојани најави за ревидирање на регулативата за овој економски сектор.

Во изминатиот период беа одземени лиценците на четири компании кои започнуваа со организирање онлајн игри на среќа, активна останува уште интернет платформата на Државна лотарија „Мега вин“, иако има најава и за нејзино згаснување.

Како претставник на АПИС, тука сакам да го реафирмирам ставот, дека како асоцијација постојано укажуваме дека организирањето онлајн игри на среќа е во апсолутна спротивност со предлозите на дислокација на објектите, бидејќи преку интернет и мобилните уреди тие се многу лесно достапни.

Истовремено, започна процес за одвраќање на познати спортисти да рекламираат игри на среќа. Притоа, надлежните свесно премолчуваат одредени финансиски факти дека годишниот приход во државниот Буџет од сите приредувачи на игри на среќа достигнува до 280 милиони евра, од кои 1,5 проценти директно се слеваат во Министерството за спорт, а дополнителни 1,5 проценти во Министерството за здравство. Што значи дека државата не се воздржува да ги троши значителните приливи од игрите на среќа.

Вредно е да се напомене дека пред неколку дена повеќе домашни медиуми објавија дека Врховниот суд во Шпанија ја укинал забраната за рекламирање на игрите на среќа, почитувајќи ги регулаторните правила во ЕУ. Укината е и претходната забрана за присуство на познати личности во реклами за игри на среќа, затоа што тамошниот Суд проценил дека се повредува слободата на говорот. Така тоа се одвива во земјите полноправни членки на ЕУ, во чие семејство се стремиме рамноправно да влеземе. Популизмот не може да биде посилен од правните норми.

Паралелно со политиките во Македонија продолжува приземната кампања против легалните игри на среќа. По веќе виден шаблон во критиките активно се вклучуваат и верски лица, се зборува за наводен огромен број зависници кои се споредуваат со зависници од хероин. Се наметнува перцепцијата дека општеството ни е болно и дека бројот на деловни објекти за организирање игри на среќа и светлечките реклами се главниот виновник за оваа состојба. За жал, ваквиот пристап отсуствува кога станува збор за големиот број на угостителски објекти, специјализирани продавници за алкохол и цигари, зголемениот број малолетници кои консумираат алкохол и никотин, и сѐ почесто регистрираните случаи на малолетници кои причинуваат сериозни кривични дела. Сакам да бидам јасен, не е мојата цел да ги застапувам игрите на среќа по секоја цена, туку да бидам доволно провокативен за да спречам селективност во оценувањето на одредени општествени појави.

Бидејќи нашето општество не располага со релевантни податоци за бројот на зависници од игри на среќа, принуден сум да се служам со примери од соседството.

Имено, српски „Блиц“ во февруари 2024 излезе со анализа за состојбата во соседна Србија каде статистиката покажала дека се неточни бројките за нивниот број на зависници од игрите на среќа, кои ги пласираат најрадикалните противници на овој економски сектор. Како и кај нас, така и кај нашиот северен сосед е отворена дебатата колку игрите на среќа создаваат зависност и во колкав обем. Тамошните критичари на игрите на среќа оперираат со повеќе од 100.000 зависници на 9 милиони жители во Србија, што е своевиден апсурд бидејќи излегува дека оваа бројка е поголема од вкупниот број на регистрирани играчи таму.

Врз основа на прецизните податоци на медицинските експерти и надлежните установи кои се занимаваат со третирање зависности, вкупниот број зависници не надминува 1.030. Согласно овие податоци Србија е под европскиот просек по бројот на зависници. Според статистиката на Специјалниот завод за лечење зависности во Белград, најрелевантна институција за оваа проблематика, со проблеми со зависност од игри на среќа годишно се пријавуваат за помош од 150 до 200 луѓе. Тоа е 0,02% од вкупниот број жители, а европскиот просек е 1,5%.

Се разбира, и оваа бројка, без разлика колку е мала, во Србија ја сфаќаат многу сериозно, и преку кампањи за подигнување на јавната свест ги презентираат ризиците од потенцијална зависност од игрите на среќа. Како и кај нас така и таму на малолетниците им е строго забранет пристап до објектите за игри на среќа. За онлајн игрите на среќа е предвиден систем за регистрација и верификација на играчите за да се спречи пристап на малолетници до овие платформи.

Во ноември 2023 во Србија е спроведено истражување на 1.100 испитаници од организацијата „Солидарност за децата“. Собирањето на податоците е направено преку интервјуа со децата и нивните родители, преку телефон, со целосна заштита на нивниот идентитет, со оглед на фактот дека се работи за деца како најранлив дел од популацијата. Податоците покажале дека 0,6% од малолетниците на возраст од 13 до 17 години имале контакт со игри на среќа. Но, ниту еден од нив не влегол физички во објекти за игри на среќа, туку се претпоставува дека контактот го оствариле преку интернет, злоупотребувајќи го идентитетот на полнолетни лица од нивното поблиско опкружување.

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС), која ги застапува дел од организаторите на игри на среќа во автомат клубовите и казината во Македонија, кои се всушност претставници на капитал на земја членка на ЕУ, веќе неколку години води активна кампања на интернет порталите со слоганот „100% законски – СТОП за малолетници“. Не постои записник во кој во објектите од страна на надлежните државни институции е констатирано присуство на малолетни лица. Ова е потврда дека станува збор за општествено одговорни компании кои во целост ја почитуваат домашната регулатива која ја сметаат за една од најстрогите на Балканот. Истовремено, согласно највисоките светски стандарди, во објектите е обезбедена постојана поддршка од страна на дежурен психолог за секој нивен играч кој евентуално ќе почувствува зависност од игрите на среќа, да може веднаш да го контактира.

Според истражувачки податоци на АПИС изработени од релевантни агенции за испитување на јавното мислење, во Северна Македонија само 3% од полнолетната популација посетува автомат клубови и казина, кои себеси се доживуваат како традиционални играчи кои претходно си ја пробувале среќата во западните држави, најчесто членки на ЕУ.

Може слободно да констатираме дека популизмот е најголем непријател на системските решенија. Загрижува фактот колку брзо забораваме. Игрите на среќа се стари колку и светската цивилизација. Ако не постојат легални игри на среќа, ќе никнат играчници по подруми каде ќе се игра на црно, без никаква контрола од државата, како во 90-те години, кога сите бевме сведоци и на игри со ќибритчиња на Камениот мост во Скопје. Сакам да кажам дека страсните играчи секогаш ќе најдат начин да си ја задоволат страста. Без разлика дали и колку тоа е штетно за државата и системот. Доволно е да се потсетиме на скандалот „Детонатор“ од 2011, кога на истокот на Македонија беа запленети 1.500 нелегално поставени покер апарати.

Ако наша главна определба е да станеме полноправни членки на ЕУ, тогаш треба да ја следиме таа регулатива и за игрите на среќа, ценејќи ги како економски сектор, кој во Македонија е најголем приватен работодавец.

(Авторот е претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС)

The post Легалните игри на среќа и суровиот популизам appeared first on plusinfo.mk.

Гласањето за игри на среќа на црно не носи гласови!
Живееме во предизборие. Политичките партии го мерат секој потег низ призмата дали им носи или им одзема гласови. Генерално, но најмногу во политиката како професија важи непишаното правило „нема случајности“. Оттука, воопшто не беше случајно што на 27 ноември, како гром од ведро небо, после 14 часот експресно беа закажани четири собраниски седници, за да почнат истиот ден во 15 часот. На дневен ред на една од нив се измените на Законот за игри на среќа со ЕУ знаме. Тема која долг период ја окупира јавноста.

Симптоматично, за дискусија се јавија само три опозициски пратеници, гласањето беше одложено заради немање кворум. Се очекува брзо да се закаже истата седница на која однапред ќе биде договорено гласање на законските измени во прво читање. За жал и покрај сите нашите добронамерни предупредувања и апели, очигледно е дека игрите на среќа станаа дел од предизборната кампања на политичките партии. Тоа нѐ води кон заклучокот дека и судбината на предложените законски измени се дел од политички пазарења.

Во оптек се неколку радикални предлози кои ги застапуваат различни политички актери. Едниот, веднаш да се забранат сите игри на среќа, другиот да се дислоцираат на три километри од урбаните средини, третиот да се одвиваат само во хотели со пет sвезди (инаку во Македонија нема ваков лиценциран хотел) и актуелните предложени законски измени кои предвидуваат дистанца на објектите на 500 метри од образовните институции. Заедничко за сите предлози е дека последицата е целосно затворање на легалните објекти за игри на среќа. Оправдувањето на критичарите е да ја заштитиме младината. А, погледнете ја иронијата. Додека партиите се натпреваруваат колку порадикален предлог ќе изнесат, убедени дека така печалат гласови, Владата преку Државна лотарија ја промовира платформата „Мегавин“ за организирање онлајн игри на среќа. Ова значи дека преку интернет, игрите на среќа стануваат достапни буквално на секој мобилен и статичен уред. Нема потреба да се оди до објектите, доволно е од дома да се вклучите на платформата и да играте. Апсурдно е во вакви околности да се тврди дека дистанцирањето на легалните објекти за игри на среќа се воведува за да се заштитат учениците.

Се создава впечаток дека некое мнозинство пратеници е решено да ги донесе овие законски измени по секоја цена, без разлика на штетните последици. Притоа, воопшто не им грижа што сериозни забелешки за злоупотребата на ЕУ знамето упати и евроамбасадорот Дејвид Гир и истите се нотирани во последниот Европски извештај од Европската комисија. Со игнорантскиот однос им порачуваат на 10.000 вработени во секторот игри на среќа и нивните семејства што ќе останат без работа, да си резервираат билет во еден правец и егзистенцијата да си ја бараат со иселување во западните земји. Се покажува целосна неукост со бранењето на дистанцата од 500 метри на објектите за игри на среќа од образовните институции, бидејќи истата е неизводлива на терен и тоа неминовно ќе предизвика целосно затворање на економскиот сектор. Тоа некое мнозинство пратеници треба да ѝ објасни на јавноста зошто свесно и со умисла се откажува од 280 милиони евра годишни приходи во централниот Буџет од легалните игри на среќа. На пример, тоа е повеќе од 5 проценти од приходите планирани во предлог Буџетот за 2024 година. Пратениците кои се решени да ги гласаат овие противуставни и скандалозни законски измени отворено застануваат и даваат поддршка на игрите на среќа на црно, кои ќе се одвиваат во подруми, без контрола на државата, каде младината навистина ќе биде загрозена. Доволно е да се потсетат на аферата „Детонатор“ од 2011 кога беа запленети 1.500 покер апарати поставени на црно. И тоа на среден и долг рок ќе ги чини гласови.

Ние како Асоцијација на приредувачи на игри на среќа сме сигурни дека тоа на што предупредуваме ќе се оствари. Не случајно во Албанија, тамошната Влада се откажа од четиригодишната забрана за игри на среќа поради отворање диви играчници и удар врз нивната економија. Нема држава во која се спровеле радикални чекори за затворање на легалните објекти за игри на среќа кои по автоматизам не предизвикале отворање игри на црно.

Жалиме што сме доведени во состојба на крајна нужда. Баравме средби со Владата, Министерството за финансии, Комисијата за европски прашања, сметавме дека е нормално еден ваков сериозен економски сектор да биде слушнат и преку една конструктивна дебата да дојдеме до најдобрите решенија. За жал, малку општествени чинители нѐ примија. Оние кои непосредно одлучуваат останаа глуви и неми на нашите пораки. Дилемата е кој ќе ја понесе одговорноста за тоа што следи. Тоа некое мнозинство пратеници не е свесно во што влегува и што реално ќе се случи после изгласувањето на овие законски измени. Погрешна им е политичката пресметка, гласањето за игри на црно не носи гласови.

Бидејќи институциите немаат слух за забелешките на асоцијациите, здружението на вработени и апелот на сериозните странски инвеститори во секторот игри на среќа, тогаш ние немаме друг избор освен да се служиме со сите демократски форми на делување со кои ќе им покажеме на извршната и законодавната власт дека грешат.

До крај ќе се бориме против законски решенија кои ќе предизвикаат силни општествени потреси и ќе креираат хаос во еден многу чувствителен економски сектор. Наша обврска е да ги заштитиме нашите вработени и нивното уставно загарантирано право на работен однос.

(авторот е претставник на Асоцијацијата на приредувачи игри на среќа АПИС)

The post Гласањето за игри на среќа на црно не носи гласови! appeared first on plusinfo.mk.

Предизборни игри (на среќа)!
Како непишано правило, речиси пред секои избори, се актуелизира прашањето на игрите на среќа. Постојат дежурни критичари на легалните игри на среќа, кои со наративот дека младите стекнуваат зависност од излозите и рекламите на објектите, ја потхрануваат негативната перцепција на јавноста. Да биде иронијата поголема, таквите „независни активисти“ неретко се луѓе кои имаат искуство со игри на среќа и како разочарани што не ги оствариле своите финансиски планови се најгласно против. Партиите сметајќи дека така ќе освојат повеќе гласови на изборите го држат ова прашање високо на нивните агенди. Да бидам сликовит, партиите се натпреваруваат кои ќе биде порадикален со најголемиот приватен работодавец во државата.

И така постојат засега два популистички концепта. Едниот дека игрите на среќа треба да се дистанцираат на 500 метри, 3 километри, само во хотели со 5 sвезди и другиот концепт, да се затворат целосно. Заедничко за двата концепта е што предизвикуваат иста последица, затворање на легалните игри на среќа и отворање на диви играчници, по подруми како во минатото, без никаква контрола од државата, каде профитот ќе завршува во приватни џебови. Дистанцата е параван за затворањето на објектите, бидејќи истата е неизводлива поради инфраструктурната поставеност на општините. Патем, 10 илјади луѓе ќе останат без работа, 54 илјади до 100 илјади други работни места кои индиректно печалат од игрите на среќа ќе трпат сериозни загуби, а околу 35 илјади луѓе ќе станат кандидати за иселување од Македонија. Ќе се иселат во западните земји каде повторно ќе работат во истиот сектор.

А не треба да се оди подалеку, доволно е да се види искуството со Албанија. Забраната на игрите на среќа предизвикала штети по нивниот Буџет затоа што се отвориле играчници на црно. После таквото признание премиерот Еди Рама предложи укинување на забраната. Во Грција беа ограничени игрите на среќа само во хотели. Кога забележаа дека помеѓу 3 до 5 илјади Грци во еден ден играат во казината во Гевгелија, Грчките власти за да спречат одлив на финансии надвор од нивните граници, поставија 36 илјади апарати за игри на среќа во државата.

И никој не си го поставува прашањето, на кој приредувач на игри на среќа му се потребни млади гости? За да го трошат џепарлакот од родителите? Зарем некој верува дека игрите на среќа можат или сакаат од нив економски да опстојуваат? Како што никој не ја отвора дилемата зошто нашите сограѓани (важи и за политичарите) кога ќе отидат на туристичките посети на Монако или Лас Вегас, гордо се фотографираат како гости на нивните казина? Зошто таму е „ин“ да играш игри на среќа, а во Македонија треба да биде „ерес“? Дали во Македонија постои барем еден случај каде некој е присилен, спротивно од неговата волја, да игра игри на среќа? Зошто логиката за предизвикување на зависност од објектите за игри на среќа не важи и за кафулињата, кафеаните и тобаката?

Игрите на среќа во Македонија се легален бизнис, постоечката регулатива е најстрога на Балканскиот Полуостров. Надлежните државни институции вршат перманентна контрола на сите сегменти на функционирањето на објектите. Голем дел од компаниите се претставници на странски капитал, кој доаѓа од ЕУ. За членките на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС не постои записник од надлежни органи каде е констатирано присуство на малолетници во објектите на игри на среќа. Станува збор за општествено одговорни компании кои постојано водат кампања во медиумите за елиминирање на сите евентуални ризици и влијаат за одвраќање на малолетниците од било каков контакт со игрите на среќа. Во објектите постои и дежурен психолог за секој играч кој чувствува дека развива зависност од игрите да побара и добие стручна помош. Дополнително, АПИС спроведе истражување кое утврди дека автомат клубови и казина посетува само 3 проценти од полнолетната популација. Станува збор за традиционални играчи, кои веќе си ја пробувале среќата претходно, најчесто во западните земји.

Најтрагично е што ниту една државна институција не чувствува потреба да заштити 10 илјади вработени во овој економски сектор. Едноставно, кон нив се однесуваат како да се заразни. Не е важно што меѓу нив има и мајки, најчесто на малолетни деца, на кои воопшто не им е сеедно кога слушаат обвинувања дека игрите на среќа се извориште на зло за младината. Како да се пуштени низ вода. А, нивните и судбините на нивните семејства се доведени во прашање. Апсурдот да биде поголем, во исто време кога измените го поминаа првиот Собраниски филтер на Комисијата за европски прашања, Државата носи одлука за капитално учество на Државната лотарија во 3 нови компании кои ќе организираат игри на среќа преку интернет. Е како оди дистанца на објектите заедно со интернет игри на среќа? Не е можно во исто време да се тврди дека учениците се загрозени од близината на објектите, а да се овозможува онлајн игри на среќа кои се целосно достапни од секое место преку мобилните уреди.

Крајно време е да се погледне на вистината во очи. Научно е докажано дека потенцијалната зависност не се стекнува преку очите, туку поради несакани социјални потреси, негативни домашни и семејни околности. Семејството и домашното воспитување се клучниот фактор за здрава и прогресивна младина. Бројот на отворени објекти за игри на среќа е последица на менталитетот и навиките на луѓето од овие простори да си ја искушуваат среќата. Не беше толку одамна кога секојдневно бевме сведоци на игри со ќибритчиња на поранешната калдрма на „Камен мост“ и покер апарати поставени во кафулиња и „флиперници“. Игрите на среќа постојат откако постои цивилизацијата. Само со строга државна контрола оваа економска гранка може си го оправда постоењето.

Политичките партии треба да ја ослободат оваа економска гранка од стегите на дневната политика. Пратениците се избрани меѓу другите да ги претставуваат и овие 10 илјади вработени. Нека соберат храброст и нека ги погледнат во очи. Нека го слушнат нивниот глас. Тие се обични луѓе, не се роботи. Нека се одважат да ги послушаат и да ја прекинат нивната неизвесност и голгота. Нека им кажат дека во услови на инфлација, растечка сиромаштија и ценовни шокови нема да гласаат скандалозни законски измени кои ќе предизвикаат затворање на легалните игри на среќа. Едноставно, партиите треба да стават крај на постојаната негативна кампања која се води против легалните игри на среќа. Затоа што не постои ниту една ЕУ директива која заменува легални со нелегални игри на среќа. Ако може Принцот на Лихтенштајн на референдум да ги брани игрите на среќа во Кнежевството, можат и нашите политичари!

(Авторот е претставник на АПИС)

The post Предизборни игри (на среќа)! appeared first on plusinfo.mk.

Вкупниот број на вработени во игрите на среќа е колку бројот на жители во две општини во Источна Македонија
Што ме мотивираше да ја напишам колумната? Читајќи ги вестите од економијата може да се заклучи дека последиците од глобалната економска криза предизвикана од војната во Украина допрва ќе се чувствуваат. Податоците од едно свежо истражување на перцепциите покажуваат дека инфлацијата, зголемувањето на цените најмногу ги погодило граѓаните во остварувањето на основните животни потреби. Покачувањето на цените на храната, струјата, горивата, лековите и здравствените услуги сериозно ја отежнува живеачката. Од 30 јуни нема повеќе да важи ограничувањето на трговските маржи на основните прехрамбени производи. Дали повторно ќе интервенира државата ќе зависи од светските берзански цени. Деновиве е актуелна и дебатата за потенцијалот од можно зголемување на цените на струјата заради зголемен ДДВ заради барањата на енергетските компании за зголемување на цените на струјата. Најавата за издавање граѓански обврзници со повисоки камати од депозитите потврдува дека на државата и се неопходни нови финансиски приливи. После вакви вести природно е да се наметне дилемата дали државните институции се однесуваат соодветно со најревносните плаќачи на даноци и други давачки со кои се полни државниот Буџет? Имено, да бидам директен, кому му во оди во прилог постојано да креира правно-финансиска несигурност во индустријата на игри на среќа, која и за време на ковид пандемијата и во овој период на драматични финансиски турбуленции не отпушти ниту еден вработен и со својата корпоративна општествена одговорност е силен партнер на државата. Само од годишните приходи од игрите на среќа секоја година во различни општини во Северна Македонија може да се градат десетици најмодерни градинки, училишта, болници и спортски комплекси.

Без разлика дали некому му се допаѓа или не, неспорен факт е дека игрите на среќа се сериозен двигател за македонската економија и најголем работодавач во приватниот сектор. Целата индустрија игри на среќа годишно приходува 280 милиони евра во државниот Буџет, што ако ја земеме буџетската проекција на Министерството за финансии за 2023 година, тогаш овие приходи зафаќаат 6 проценти Буџетските планирани приходи.

Индустријата игри на среќа е една од најбрзо растечките економски гранки во светот. Северна Македонија не е исклучок од ваквите трендови. Вкрстувањето на повеќе економски податоци укажува дека во приватниот сектор апсолутен лидер по бројот на вработени се компаниите кои организираат и приредуваат игри на среќа во казина, автомат клубови и обложувалници. Фактите потврдуваат дека во сите форми на приредувачи на игри на среќа се вработени речиси 10 илјади луѓе, индиректно се подржуваат меѓу 54 и 100 илјади други работни места од дејности кои остваруваат профит токму благодарение на игрите на среќа. За илустрација, бројката на вработени во игрите на среќа е еквивалентен на вкупниот број на жители во Берово и Пехчево, два цели општини во источна Македонија. Статистички погледнато овие бројки упатуваат на заклучокот дека сметано со број на членови во едно просечно семејство во државата може да се каже дека без малку 200 илјади луѓе имаат директен или индиректен бенефит од индустријата игри на среќа. Не смее да занемарува податокот дека работодавците во автомат клубовите и казината исплаќаат плати за вработените и придонеси од работен однос, со двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и работење во смени бидејќи работното време е 24 часа, 7 дена во неделата.

Групацијата Новоматик која е светски гигант во игрите на среќа е присутна на македонскиот пазар веќе 17 години и досега има инвестирано 124 милиони евра и дополнително е во процес на тековни инвестиции во вредност од 30 милиони евра. Странските инвеститори во индустријата игри на среќа кои доаѓаат од Република Австрија, Казино Фламинго во Скопје и Гевгелија, автомат клубовите Адмирал, Астра и Апекс, вкупно имаат вработено 2100 луѓе, што е повеќе од Џонсон Мети Македонија, па дури и од нафтениот гигант Макпетрол. Во оваа индустрија работат високо профилирани кадри кои поминуваат врвни обуки и сериозно се инвестира во нивната професионална надградба што ги прави конкурентни на пазарот на работна сила во ЕУ и светски рамки. Со долгорочните договори за закуп на деловни простории за автомат клубови директно се остварува позитивно влијание и во пазарот со недвижности.  Преку многубројни донации во јавното здравство, образовниот сектор, хуманитарни и донаторски активности, спонзорства на домашните спортски клубови и поединечни спортисти овие компании манифестираат висок степен на општествена одговорност . Доволно е само да се спомене дека за време на ковид пандемијата Казино Фламинго хотелот во Гевгелија беше отстапен за карантин, а целата Групација Новоматик Македонија донираше болнички кревети и други медицински средства во јавното здравство во висина од 200 илјади евра. Истовремено, постојаните маркетиншки кампањи се значителна поддршка за македонските медиуми.

Секоја Влада треба особено внимание да посвети на овој економски сектор и да прифати дека секоја интервенција во неговата регулација треба да биде резултат на сеопфатна дебата, ослободена од популизам, преку која ќе се изнајде заедничко прифатливо решение. Евентуалните радикални промени ќе доведат до застрашувачки економски последици.

(Авторот е претставник на АПИС – Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа)

The post Вкупниот број на вработени во игрите на среќа е колку бројот на жители во две општини во Источна Македонија appeared first on plusinfo.mk.

Лихтенштајн виа Тетово
Се чини дека Владата потклекнува под континуираната негативна кампања која се води против игрите на среќа во Северна Македонија. Можеби сега изгледа лесно да се избере популизам наместо аргументи, но последиците од погрешните одлуки ќе бидат големи. Предложените измени на Законот за игри на среќа и забавни игри со кои се предвидува дислоцирање на објектите на 500 метри од образовни институции се вовед во укинување на целата економска гранка поврзана со игрите на среќа. И тоа во услови на најголемата економска криза после Втората светска војна.

За жал, надлежните државни институции за оваа дејност не извлекуваат поуки од европските пракси. Крајно апсурдна изгледа информацијата дека на предложените законски измени е ставено европско знаменце за да се забрза постапката за нивно усвојување во парламентот. Ваквите ригидни политики кон игрите на среќа воопшто не се европски.

На почетокот на 2023 година привлече внимание веста дека 40.000 жители на малото Кнежевство Лихтештајн на 29 јануари ќе одлучуваат на референдум за иницијативата за затворање на казината во оваа европска земја. Главниот аргумент на иницијаторите за затворање на игрите на среќа беше дека Лихтештајн станал „Лас Вегас Алпа“. Застапникот на референдумот Гидо Мајер изјавуваше дека не сака Лихтештајн да се етаблира како казино и жариште за покер во Европа. Вицепремиерката Сабине Монуани објаснуваше дека приходот од 50 милиони швајцарски франци на годишно ниво е многу важен за буџетот на Лихтештајн и дека радикалниот пристап со затворање на казината не го решава проблемот од зависност од игрите на среќа.

На референдумот високо мнозинство од 72 проценти од жителите на Лихтештајн со гласање против ја отфрлија иницијативата за затворање на казината. Претходно и принцот Ханс Адам Втори заедно со Парламентот на Кнежевството Лихтештајн се изјасни против забраната за казината, оценувајќи дека негативно ќе влијае врз домашната економија. Во Лихтештајн до 2017 имаше забрана за игрите на среќа. После укинувањето на забраната се отворија шест казина, кои редовно се посетуваат од жители на соседните Германија, Швајцарија и Австрија.

Во Тетово има безмалку 85.000 жители. Речиси двојно повеќе од Лихтенштајн. Движењето „Антикоцкање“ чии претставници се од Тетово, со години критикуваат дека Тетово личи на Лас Вегас и се залага за целосна дислокација на објектите за игри на среќа надвор од урбаните места. Дури во декември минатата година ја промовираа идејата за локален референдум во Тетово на кој наводно ќе бараат граѓанска поддршка за нивната иницијатива. Оваа иницијатива „де факто“ е предлог за целосно гаснење на индустријата за игри на среќа. Како што секогаш бива со гласноговорниците на Антикоцкање кои се појавуваат периодично (како некој да ги контролира со далечинско), од локалниот референдум се уште нема ништо. Иако немаме ниту одговор дали и чии бизнис интереси штити Движењето „Антикоцкање“, добро би било да го кажат своето мислење за фактот дека сите ригидни иницијативи за затворање на игрите на среќа во Европа доживуваат порази.

Не треба да се гледа дури до Лихтенштајн, доволно да се погледне во соседството. Во октомври лани, албанската Влада соопшти дека после четири години откако ги забрани ги враќа игрите на среќа. Образложението на албанскиот премиер Еди Рама беше дека после забраната, игрите на среќа продолжиле да се одвиваат на црно и дека повторното легализирање на оваа дејност ќе ѝ помогне на албанската економија во време на енергетска и економска криза.

Исто како во Албанија и Лихтештајн и во Грција децении наназад беа забранети објектите за игри на среќа. Бројот на казина на целата нивна територија не надминуваше повеќе од 10, кои претежно беа насочени кон туристите. Но, тоа сепак не ги спречува Грците да играат. Податоците укажуваат дека, во одредени периоди меѓу 3.000 и 5.000 Грци само во еден ден ги посетуваат казината во Гевгелија. Локалните власти тврдат дека економскиот развој на општината веќе 15 години се темели на работењето на казината и хотелскиот бизнис. Тука треба да земе предвид дека и домашните нафтени компании, стоматолозите, трговците имаат полза. Ова ги принуди грчките власти да ја менуваат ригидната политика и со нов закон во 2018 дозволија нивната државна лотарија да отвора објекти со VLT апарати. Во Грција веќе се инсталирани 36.000 апарати за игри на среќа за да се спречи одливот на финансиски средства надвор од нивните граници.

Во објектите на сите категории игри на среќа во Северна Македонија се вработени речиси 10.000 луѓе, а индиректно се засегнати најмалку 23.000  граѓани, кои токму преку овие работни места обезбедуваат егзистенција. Дополнително оваа дејност индиректно поддржува и помага речиси 54.000 работни места, а целиот економски сектор придонесува во годишниот државен Буџет финансиски средства во износ од 280 милиони евра.

Очигледно е дека процесите во Албанија, Лихтештајн и Грција ги рушат аргументите на противниците на игрите на среќа во Северна Македонија. Никој во Европа не ја прифаќа тезата дека потенцијалната зависност од игрите на среќа се решава со затворање на казината, автомат клубовите и обложувалниците, како што ни потенцијалната зависноста од алкохол и никотин никаде не се решава со затворање на кафулињата, тобаката и продавниците на алкохол. Подигнувањето на општествената свест се прави со јавни кампањи и организиран пристап за насочување на младите генерации кон спорт и култура. Постоечката и важечка законската регулатива за игрите на среќа кај нас е најстрогата во регионот.

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС, застапена од Групацијата Новоматик и Апекс Македонија со целосно право предупредува дека евентуалните законски измени за дислокација на објектите ќе предизвика затворање на легална економска дејност и отворање на играчници на црно, на кои државата ќе нема никаква контрола.

Аргумент за тоа е аферата „Детонатор“ од 2011 кога на истокот на земјата, беа конфискувани 1.500 нелегално поставени покер апарати. Всушност, предлозите за дислокација на објектите нема да ги спречи граѓаните да играат игри на среќа и нема да ги задоволат дежурните критичари. Искушувањето на среќата е дел од човечкиот карактер, затоа игрите на среќа ги имало и ќе ги има секогаш, сѐ додека постои цивилизацијата.

Ние како асоцијација сме принудени со демократски средства да се бориме да ја докажеме праведноста и исправноста на нашите ставови. Пред сѐ имаме одговорност да ги заштитиме нашите вработени, огромните инвестиции кои ги имаме направено во Северна Македонија, но и македонската економија која ќе доживее сериозен удар ако поминат законските измени. Кога надлежните институции не сакаат да ги слушнат нашите аргументи ние имаме обврска да бидеме гласни на масовни протести. Пред целата јавност ќе покажеме дека и во оваа економска гранка работат луѓе од крв и месо, родители на малолетни деца кои чесно си ги заработуваат платите и не сакаат да бидат избркани од сопствената држава.

Горан Стоименов, претставник на АПИС

The post Лихтенштајн виа Тетово appeared first on plusinfo.mk.

Време е за демаскирање на „Антикоцкање“ од Тетово!
Периодичното појавување, служењето со закани и конструкции, дополнително ги потхрануваат сомневањата дека зад „Антикоцкање“ од Тетово се кријат политички и бизнис интереси. Додека целата економија е во неизвесност од драматичното зголемување на цените на струјата и енергенсите низ цела Европа, кога многу домашни компании се прашуваат дали ќе треба да стават клуч и да ги отпуштат вработените, ова таканаречено движење против коцкање продолжува со своето деструктивно однесување. Редно време е господата кои во името на „Антикоцкање“ ја прозиваат државата, партиите, приредувачите на игри на среќа, закуподавачите на објектите, па дури и играчите, конечно да одговорат чии интереси штитат и што е нивната крајна цел?

Постојат редица прашања зошто негативната кампања на „Антикоцкање“ од Тетово се темели на многу манипулации. Додека дејноста игри на среќа обезбедува плати за 8 000 вработени, за 23 000 обезбедува егзистенција и индиректно поддржува и помага 54 000 работни места, некој со умисла сака да ѝ нанесе штета на државата и да предизвика огромна буџетска штета. Дали целата нивна активност е всушност одработување во интерес на нечиј план и сценарио за нелегално заработка од игри на среќа кои би се организирале на црно, без никаков приход за државата? Дали зад негативната кампања се крие нов „Детонатор“, познатиот скандал од 2011, кога полицијата заплени околу 1 500 диво поставени покер апарати во нелегални коцкарници? Тоа ли е целта, да се затвори легален бизнис за некој да печали од диви играчници кои ќе работат на црно?

Надлежните државни институции треба транспарентно да им ги предочат на граѓаните вистинските ефекти од забраната на игрите на среќа во соседството. Еве ги фактите. Албанија во 2019 ги забрани и затвори спортските обложувалници и казина, дозволувајќи само „on-line“ игри на среќа. Во септември 2020 година, нивната Влада се пишмани и дозволи повторно да се организираат игри на среќа, дури и да се отвораат објекти во најстрогиот центар на Тирана. Косово со 10-годишен мораториум забрани игри на среќа, но косовските граѓани се префрлија во соседството да се занимаваат со игри на среќа. Во Грција децении наназад беа забранети објектите за игри на среќа. Бројот на казина на целата нивна територија не надминуваше повеќе од 10, кои претежно беа насочени кон туристите. Но, тоа сепак не ги спречува Грците да играат. Податоците укажуваат дека, во одредени периоди меѓу 3 000 – 5 000 Грци само во еден ден ги посетуваат казината во Гевгелија. Локалните власти тврдат дека економскиот развој на општината веќе 15 години се темели на работењето на казината и хотелскиот бизнис. Тука треба да земе предвид дека и домашните нафтени компании, стоматолозите, трговците имаат полза. Овие податоци веројатно ги принудија грчките власти да ја менуваат ригидната политика и со нов закон во 2018 дозволија нивната државна лотарија да отвора објекти со VLT апарати. Во Грција веќе се инсталирани 36 000 апарати за игри на среќа. Објаснувањето е едноставно, ниту една држава не сака нејзините граѓани да ги трошат своите пари во соседството.

За веселата математика дека организаторите на игри на среќа наводно заработуваат 1 милијарда евра годишно. Еве ги фактите во кумулативен износ преку кои државниот Буџет годишно се полни со 280 милиони евра од игрите на среќа: приредувачите на игри на среќа имаат законска обврска за плаќање посебна давачка во вкупен износ од 23%, од кои 1,5% одат за потребите на јавното здравство и 1,5% за потребите на Агенцијата за млади и спорт, а останатите 20% директно се слеваат во централниот Буџет. Казината и автомат клубовите дополнително плаќаат годишно и за секоја лиценца која на приредувачите на игри на среќа во строго дефинирана процедура им ја издава Министерството за финансии, а конечно ја одобрува Владата. Како правни лица плаќаат и годишен данок на добивка по стапка од 10%. Плус за секоја поединечно остварена добивка од играње имаат обврска да платат 15% данок на истата. Плаќаат плати за вработените и придонеси од работен однос (со двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и сменско работење, бидејќи работното време е 24/7), за 10 илјади вработени.

Државниот буџет се полни и преку оданочување на закупнини на деловни простории, ДДВ преку купување опрема, мебел, надоместоци за струја и давање угостителски услуги, со кои се поддржуваат меѓу 54 до 100 илјади други работни места надвор од секторот игри на среќа. Конечно, приредувачите на игри на среќа плаќаат огромни суми на ДДВ, но се исклучени од правото да бараат поврат на истото. Кога ќе се сумираат приходи и расходи, за нив останува 10% од кои треба да ги покријат трошоците за инвестициите и да остварат заработка што е основна цел на секој бизнис.

Односно, 1 милијарда профит од игри на среќа во Северна Македонија е нереално да се замисли, а камоли да се реализира! Единствено точно е дека „Антикоцкање“ од Тетово бара државата да се откаже од буџетски приходи од 280 милиони евра на годишно ниво, кои се обезбедуваат преку дејноста игри на среќа! Буџетските средства добиени по основ на игри на среќа се слеваат во јавното здравство и во буџетот на Агенцијата за млади и спорт, кои се трошат за поддршка, развивање и унапредување на општествената положба на младите, нивна едукација, креирање превентивни политики за сите девијантни појави, како и за вложувања и развој на индивидуалните и колективни спортови, поддршка на спортските клубови и национални спортски федерации.

Конечно, како општествено одговорни компании, претставници на реномирани корпорации од ЕУ, никогаш не одбегнуваме дополнителна регулација на овој економски сектор. Нашите правни тимови уште пред 4 години доставија предлози до Собранието на Република Северна Македонија со цел да обезбедиме поквалитетно решение.

(Авторот е претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа, АПИС)

The post Време е за демаскирање на „Антикоцкање“ од Тетово! appeared first on plusinfo.mk.