Мерсел Биљали, Author at plusinfo.mk

Македонија ќе ја нема на мапата?!
Од започнувањето на руско-украинската војна, над Западен Балкан сѐ повеќе црни облаци и силни ветришта кои постојано ги менуваат правците на политичките патокази за регионот. Врие од тензии: Србија – Косово, Северна Македонија – Бугарија, политичка нестабилност во Црна Гора, иницијативи во Санџак и Војводина, внатрешна поларизација во Албанија, хронични проблеми во БиХ.

А организирани структури на руска шпионажа има во секој дел од Балканот. Руско упатство за користење на мозок има во сите регионални држави. Регионот врие од руски штали за одгледување балкански „тројански коњи“. На Русија не ѝ требаат тенкови на Западен Балкан, туку само дополнителна тензија за регионот да стане нестабилен, велат од Американскиот институт за претприемништво во Вашингтон.

Перманентните тензии во регионот и нивното игнорирање од ЕУ претставуваа одлично гориво за руските дестабилизирачки дејствија во регионот. Брисел со години го имаше загубено патот во сопствениот двор оти со ригидни ставови кон Западен Балкан, се чини дека тие самите широм ги отвори големите врати за Русија, која изгледа „успешно“ ја пополнуваше таквата темна европска ментална празнина. А при таква темнина сите мачки се црни! Сѐ повеќе овдешната јавност почна да сфаќа дека залудно е да се пее за глуви уши.

Путин, и пред последниот конфликт со Украина, беше присутен во балканска таверна. Дури се наметнуваше во посредувачка мисија во регионот. Тој пред пет години почна со поинаква политика, односно не како бранител на Србите во регионот и противник на албанскиот, босанскиот и на црногорскиот фактор, туку како помирувач меѓу нив. Дури и како албанско-српски „помирувач“! Тој дури еднаш се сретна и со тогашниот претседател на Косово, Хашим Тачи, кој (според „Риа Новости“) го поканил Путин да ја посети Приштина!

За времето на владеење на Трамп, Западен Балкан беше крајно маргинализиран од страна на САД, кои тешко го наоѓаа регионот на географската мапа! Во тоа време, францускиот претседател Макрон јавно кажа дека нема да потроши ниту грам политички капитал за интегрирање на Западен Балкан во ЕУ. Регионот се чувствуваше како напуштена Црвенкапа, која талкајќи по шумата стаса до пештерата на лошиот волк!

Според изјавата на првиот човек на Центарот за либерална стратегија во Софија, Иван Крастев, дадена пред три години за „Њујорк тајмс“,  „Европа не треба да биде изненадена ако Русија наскоро си создаде своја мапа за нормализацијата на српско-албанскиот спор со цел нејзино поголемо присуство во регионот“. Веднаш стана јасно дека тогашната посета на Путин на Белград, не беше само заради орденот „Александар Невски“, или кучето по име „Паша“!

Во тоа време „Њујорк тајмс“ излезе со наслов „Ако ЕУ го отфрли проширувањето со земјите од Западен Балкан, регионот ќе стане опасна путинистичка арена“. Истовремено, престижната иницијатива German Marshall Fund (Германски Маршалов фонд), пред две години анализираше дека „додека ЕУ, особено Германија се противи на размената на територии во Западен Балкан, а Русија веќе преговара во тајност за тоа“. Не е случајно што Русија во овај регион во континуитет праќа првокласни дипломати, додека целиот процес е следен од моќниот „Спутник“, кој го сочинуваат голем број медиуми во регионот (Информер, Блиц, Б92, Курир, многубројни телевизии итн), кои го подготвуваат јавното мислење.

Mакедонија работи против себе!

По промената на името, Северна Македонија брзо стана полноправна членка на НАТО. Ова беше историски чекор во полза на надворешната и внатрешната стабилност на оваа земја. Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија директно значеа брзо отворање кон иднината, но последниот документ дополнително беше проблематизиран од страна на Бугарија, а со помош на проруските структури во Македонија. Тие, во име на заштитата на македонскиот идентитет, директно работеа за руските проекти за дестабилизација на регионот.

Што е најчудно, во тие тајни руски проекти за прекројување на државните граници, Македонија ја нема на мапата. Веројатно Русите мислат дека таа треба да се подели меѓу соседите! Оттука, фрлањето дрвја и камења кон Бугарија, колку и да е тоа оправдано со оглед на нејзиниот непринципиелен пристап кон македонската нација, сепак ја помага политиката на самоуништувањето. Секој што нешто разбира политика, добро знае дека во природното друштво Русија, Србија и Бугарија, Македонија може да служи само како вкусен десерт!

За жал, во ваквиот опасен проект за докрајчење на Македонија, свесно или несвесно како најголем „сојузник“ се наметнува најголемата опозициона партија. Таа партија добро знае дека за полесно да владеете со луѓето, подобро е да ги користите нивните маани отколку нивните доблести. Оти, често обичните луѓе повеќе преферираат сто радосни лаги отколку една тажна вистина! Закочите уставни измени се главен адут на кој силно се аплаудира во Москва.

Наместо отворањето на тие бугарски културни клубови кај нас да се користи за дискредитација на бугарската политика кон нашата држава, тие цело време трубат за бугаризација на македонската нација, што сама по себе е многу навредливо првенствено за сопствената нација – оти таа не поседувала доволен стабилен идентитетски капацитет! Личностите како Ванчо Михајлов и цар Борис Трети се како „кец на десетка“ во полза на паметната македонска политика. Луѓе што соработувале со нацизмот при уништување на македонските Евреи се главни адути за негирање на македонската нација! Нема поголема бугарска авто-дискредитација од тоа.

Но, наместо да го користат тоа, некои се нафатија да блокираат Бугарите да влезат во Уставот, со што прават нивната терапија да биде многу поопасна од болеста за државата!

Со одбивање на поддршката за уставни измени, ВМРО им прави дебела услуга на бугарските негатори, кои посакуваат државата да остане надвор од ЕУ, со што во блиска иднина во услови на сиромаштија, луѓето масовно би се иселиле, а државата би се поделила меѓу соседите. Оти, штом Европа не доаѓа тука, тогаш самите луѓе би отишле таму. А нивната држава ќе наликува како напуштена куќа, која ќе моли некој да ја насели.

Оттука, логично е дека таквите „патриоти“ се ептен моќно оружје за масовно уништување на сопствениот народ. Всушност, испаѓа дека тие се најмоќното руско и бугарско оружје во нивните напори да ја обезглават државата, која потоа нема да знае накај да тргне. А кога не знаете накај одите, сите патишта водат кон таму!

Руските разузнавачи кругови силно се инфилтрирани во повеќе овдешни политички и граѓански организации, дури во многубројни медиуми, па се чини дека тие контролираат добар дел од јавноста. Фронталните настапи на значајни личности од партии, академици, „независни“ интелектуалци, невладини функционери и истурени медиуми, ископуваат длабок кањон за слободен скок на милиона невини и наивни луѓе, кои предоцна ќе разбераат дека не се веќе на високо небо, туку во длабока земја. Затоа, треба што поскоро да се спречи државата да се третира како онаа глупава мачка Херкулес, која пред илузорните огледала веруваше дека е тигар!

Русија си го гледа само својот интерес!

Дека на Русија не им е ич гајле за нијзините овдешни обожаватели, тука е докажано десетина пати во последниве 50 години. Тоа најдобро го знаат Србите. Да се присетиме на изјавата на Путин дадена на 26 април годинава, кога рускиот претседател го спореди Косово со два сепаратистички региони во Украина, Доњецк и Луганск (попознати како Донбас). Тука, секако влегуваат и Крим и Јужна Осетија, кои со години се под руска окупација и анексија.

Ова беше прокоментирано како братски руски нож зад грбот на Србија. Оти, „ако Косово може, тогаш истото ќе важи и за Доњецк и Луганск“. Путин уште кажа дека „кога Косово прогласи независност, Меѓународниот суд на правдата, под притисок на западните земји, одлучи дека согласно Повелбата на ОН, кога дел од државата прогласува независност, нема потреба да бара согласност од централната власт. Тоа значи дека републиките во Донбас не мораа да бараат дозвола од Киев“.

Се раскажува дека по ваквита изјави поранешниот амбасадор на Србија во Белорусија, Среќко Ѓукиќ, пуштил солзи, бидејќи „Србија го губи Косово“. Тој во изјава за „Ал Џезира“ потсети дека Путин редовно го користи Косово за своите интереси.

Последно, пред неколку дена, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека „Москва бара „да се почитуваат сите права на Србите на Косово“, со што се докажува дека тие тамошната состојба ја третираат како релација меѓу косовска држава и српското малцинство.

Русија ќе продолжи да работи со сите свои сили за дестабилизација на Западен Балкан, со цел да го дефокусира она што и се случува како неуспех во Украина. Наскоро се очекува Украина да поврати голем дел од окупираната територија. Русите почна да бегат од Херсон. А ако Русија успее да го дестабилизира Западен Балкан, тогаш нејзе ќе ѝ биде многу полесно да ја заврши војната со Украина со подобри фавори, во споредба со сега кога таа е пред пораз.

Да се престане со хистеријата

Тука, откако памтам, за сѐ се хистеризира, без да се погледна на огледалото. Хистерија кон Грците, потоа кон „платформата“ на Рама, потоа кон Бугарите итн. Хистеријата е најлош сојузник на една народ. Наодамнa, се покрене хистерија што десетина луѓе го иsвиркаа mакедонскиот јазик, а самата вмровска кампања со месеци праќаше негативни пораки кон Албанците.

Ако садиш трњe, нема да никнат ружи. А само пред три месеци во селата со Албанци во околината на Гостивар, во повод културни манифестации на повеќе детски КУД, македонските друштва без пречекани со големи аплаузи и со македонско знаме, а тоа никој не го даде!

Хистеријата продолжува со дебилна приказна дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, ама Македонците ќе исчезнат, македонскиот јазик ќе исчезне! Македонците ќе се „бугаризираат“! А сите други кои живеат во Македонија ќе останат со своите идентитетски посебности. Поглупаво, здравје! Тоа води кон тоа Македонија да ја снема самоволно! Оти, државата можете да ја спасите од секој друг, освен од самата неа и од самото себе. Кога Милошевиќ инсталираше хистерија, загинаа повеќе стотина илјади невини луѓе.

The post Македонија ќе ја нема на мапата?! appeared first on plusinfo.mk.

МАНУ опасна по живот!
Кога САHУ во Србија ја измешаа во дневната политика, настана крвава војна и распад на Југославија. За жал, паметот сѐ уште ни се движи во спротивна насока на логиката. Некој од дневнополитички цели сака да создаде „опасна коалиција“ каде што главниот збор ќе го има ѓаволот! Структури со големи имиња, водени од голема имагинација ќе решаваат големи проблеми. Невиден аматеризам и неодговорност е да се здружат МАНУ, Православна црква и УКИМ за да донесат некој политички памфлет во полза на една политичка опција! Имагинацијата ќе ве однесе таму каде што мечтаете, ама само логиката ќе ве однесе таму каде што треба! И политички аматери, добро знаат дека во нашиве објективни околности, имагинацијата е лош сојузник. Државата може да ни излета надвор од географската карта. Оти лекот на МАНУ е поопасен од болеста на државата!

Имаме ли толку слепи научници и црковни великодостојници кои коалицирајќи за рајот, ни го носат пеколот. И со добра немера, многу лесно е државата да ја турнете во кањон. Потоа ќе се запрашаме – АКадеМиЕ умот!? Оти во политиката често пати можете да почнете како ловец, ама можете да завршите како плен!

Академиите во светот служат за демократска и развојна авангарда, за демократија и толеранција, а не дувло на опасен национализам. Црквите низ светот во голема мера биле на страната на толеранцијата, мирот, меѓусебното разбирање, а никако во служба на поттикнување омраза и раздор. Но, понекогаш и тие наместо во служба на Господа, завршија во служба на ѓаволот!

Претседателот на МАНУ, почитуваниот академик Коцарев, ги изнесе неговите ставови и аргументи во емисијата „Трилинг“ и во некои други медиуми. Кажа дека главното зло за државата се има случено посебно последниве пет години! Ме зачуди како ја заборави длабоката и заробената држава во стиропор, која владееше со огромен криминал!? Дека ЕУ не ни е единствената алтернатива, оти тука ни е и „Брикс“, „Појас и пат“, каде што главната улога ја имаат Русија и Кина! Замислете, тоа не го вели ни една Србија, во чија преговарачка рамка со ЕУ стои дека на крајот ќе треба да ја признаат косовската реалност. Напротив, со одлучни чекори брза кон Брисел. Вучиќ јавно и нас нѐ замоли возот да го поставиме во шините кон Брисел!

Академикот Коцарев исто така кажа дека „Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија се недостоинствени за граѓаните на Македонија, оти како резултат на геополитичките игри на големите сили кои ова држава ја претвораат во поле на своевиден експеримент, Македонија станува „центар за регионална дестабилизација“. Ако кон ова се додадат и домашните политички превирања, тогаш бродот Македонија полека, но сигурно тоне“. Дека „Западот (особено САД) е подготвен да жртвува еден неважен пион, Македонија, за поголем геополитички интерес, дури и ако тоа значи распаѓање на државата и обновување на регионалниот поредок“. А секој што знае букви, добро знае дека Македонија е создадена и сочувана токму од Западот (особено САД)! Да не беше така, таа одамна ќе беше поделена. Значи тој момент кога би се збогувала од САД, таа би останала без заштита, а веројатно и без себе.

Почитуваниот академик не видов дека некаде спомна дека тоа што назадуваме во регионот, а сите околни држави нѐ претекнаа, е поради нас самите што за секоја нормална реформа и промена до небо врескавме што лошотија нѐ снашла! И така загубивме многу години и декади! И еве пак продолжуваме да врескаме! Па кој прима во друштво некој што стално вреска, перманентно се жали, што секогаш нешто му пречи! Оти тогаш ние за секое нешто ќе блокиравме со вето!

Потоа од академикот беше кажано дека околните држави што се во ЕУ, постигнале мал, речиси незначителен напредок! Е па сите компаративни податоци покажуваат дека не е така. Бугарија беше 30 години зад нас, а сега е 10 години пред нас. Кој е виновен за таква огромна разлика, освен ние самите што цело време си плачеме, викаме, кукаме, пцуеме. Ние можеме да пропаднеме само поради себеси. Главните непријатели на државата и на идните генерации сме ние самите. Тешко дека некој ќе ви ја чува куќата од самите вас како сопственици! Поради погрешните политики, поради сатанизирање на исправното, поради хистеријата кон нормалното, а сега и поради посетите кај Орбан или Груевски, државата може да се доведе до колапс.

Научниците и академиците не треба да поставуваат прашања, туку да дадат одговори. Многу е лесно да ги заведете луѓето со фразите: „А зошто Бугарите не ги признаваат Македонците како малцинство во нивна територија“!? или Зошто тоа не го прави Грција?! Па, штом не се качивме во експресен воз, сега ќе се качиме на магаре. Нели да бевме паметни ние пред Бугарите ќе бевме членка на ЕУ. Тогаш проблемите ќе ги решававме како што ќе сакавме. А сега мора како што ќе можеме. Проблеми имаат сите држави, па и најсилните. Но, тие ги решаваат, не хистеризираат.

Пример, во Грција живееле голем број Албанци (Чами), кои низ времето буквално биле истерани или убиени од Грци. Имотот им бил одземен, и ден денес никому не е вратено ништо. Но, Албанија цело време продолжува да биде внимателна оти тоа може да ја чини скапо. Моментално во Грција работат околу 600.000 албански граѓани. Замислете таа да ги протера. А Грција секоја година, директно или преку меѓународни организации до небо ќе се развика за правата на грчкото малцинсто во Албанија (a таму живеат само околу 2% Грци)! Во Грција живеат и околу 200.000 Турци, кои дури не се признати ниту како етничко малцинство, туку како верска групација, но Турција постапува внимателно. Исто е и со Бугарија каде што живеат многу Турци. Познато е дека и апсурдот не е хендикеп во политиката. Утре кога ќе станете рамноправна членка тогаш ќе можете да ги изнесете сите девијации. И да успеете во тоа. Поинаку вечно ќе го чекаме Годо. Оти Господ ни подарил мозок, ама не и упатство за негова употреба!

А кај нас, ВМРО перманентно со солунски топ ја гаѓаше својата држава. Повеќе од 20 години култивираше екстремен национализам, територијални провокации, додека другата овдешна политичка опција беше зафатена со криминална приватизација. А глупавата вмровска магла правеше тоа да не се гледа! Загубивме две златни декади кога требаше да се гради сериозна држава. Потоа, пак си продолживме со кукање и хистерија, а никако да се разбере дека со гласачкото ливче не се кршат железните порти!

Свесен сум дека власта е таа која треба да понуди искрена соработка, дури и тогаш кога таа арогантно ќе биде одбиена. Тука треба многу што заедничко да се смени. Но, да се надевате дека со помош на Будимпешта ќе дојдете на власт, е исто како да се надевате дека врбата ќе роди грозје! Да отидете кај Орбан кој веќе добил епитет „нацист“ за да барате демократија е жива срамота. ВМРО наместо тензични екскурзии, требаше да понуди детална економска визија. Наместо евтин дневно-политички специјалитет изготвен од кај североисток, требаше да се науми нешто покорисно. Таков лош специјалитет не е ниту по вкусот на паметниот Вучиќ кој сега прави економски бум во Балканот. Но, тврдата глава продолжува по тврд ѕид, сакајќи да докаже дека е појак од ѕидот. И сега трча по референдум кој лесно може да му се претвори во референдум за негова смена.

Македонија нема објективи за да добие заштита и пријателство од Русија, не само поради тоа што е мала, туку поради тоа што два нејзини соседа кои би ја голтнале, се многу поважни од неа. Тоа се Србија и Бугарија. Во тоа друштво Македонија може да е присутна само како испечено јагне на маса! Башка што во таа констелација, да ѝ верувате на Москва, е исто како да верувате на волкот дека тој најдобро ќе ви ги чува овците.

Збор два за академиците Албанци!

Академиците Албанци не можат да се амнестират со изјави од типот дека не се согласуваат со таквите изјави или проекти. Тие треба да престанат јавно да се спротиставуваат или критикуваат додека комотно си седат внатре и примат убав паушал. Повлекувањето е најмалку што треба да го направат пред да кажат нешто за да им држи зборот тежина. Такви евтини популистички настапи видовме и кога беше печатена фамизната „Енциклопедија“. Па „појео вук магарца“!

МАНУ троши огромни пари за симболични резултати. Таа не само што ја храни државата со празна лажичка, туку живее со евтин популизам. Нејзиниот статус треба да се смени. Во развиените земји такви структури веќе се демоде. Обично, постојат институции кои нудат можности со проекти, па никој не добива никаков паушал, туку заслужени пари од реализирани проекти. Да добиете над 1000 евра во оваа криза, плус пензија или плата, плус хонорари, е ептен претерано. Затоа сериозно треба да се види како се работи низ нормалниот свет!?

Вака „во име на науката до џебот на граѓаните“. Таа институција се испостави дека претпочита колонизаторски статус кон народот. И сега нашите академици земаат многу повисоки паушали од хрватските академици, а просечната плата таму е над 1000 евра. Но, вашата академија продолжува да лета без навигациски систем!

The post МАНУ опасна по живот! appeared first on plusinfo.mk.

ВМРО ја прави третата стратешка грешка!?
Жан Моне е човекот кого со право го викаат „Таткото на Европа“, кој лично ги доживеал двата светски ужаси, за да констатира дека компромисот и мирот немаат цена. Автор е на историски проект – соработка наметсо војни; разбирање место поделби; зближување место оддалечување; заеднички врендости место омраза; напредок место сиромаштија. И му успеал во тоа. Знаел да каже дека токму кога проблемите не стегаат, треба да бидеме најсилни. За разлика од нас кои сомнежот кон се и сешто го сметаме за национална гордост.

Неговиот продукт – „Европската унија“, на 12 октомври 2012, за својот 60 роденден ја доби „Нобеловата награда за мир“, оти за разлика од порано кога секоја декада ќе се случуваше по некоја меѓусебна војна, сега по 77 години, не само што нема војни, туку таа е избришана во главата на луѓето држави членки на ЕУ.

А кај нас, умот како да е заробен низ векови. Ненормалноста ни стана вродедена маана. Политичка партија која 17 години била власт и уште претендира, излегува априорно со негативен став, дури без да прочита ниту една буква од последните измени на сега веќе ЕУ предлогот: „Да чинел Предлогот ќе имало зурли и тапани“! Утредента друг долгогодишен играч од таа партија укажувал за „прекршувања на седумте точки од Резолуцијата!“ Трет играч дека „тоа ти бил истиот предлог, и дека ако биде прифатен ќе станел национална катастрофа!„  И конечно, „бисер“ од екс-шефот на дипломатијата, кој не обрнувајќи на конфликт на интереси од морален аспект, кажал: „Тоа е апсолутно истиот предлог во ново пакување“!

Интересно што секогаш кога преправени националисти ја „бранеле“ државата, таа токму тогаш била најмногу утепана и загрозена. Секако дека е многу лесно егоизмот, безидејноста или кукавичлукот да ги спакувате во некаква евтина „патриотска“ амбалажа, за потоа да им удрите национален жиг и да го продадете како „национа гордост“! Потоа следи „гордото спасување“, а веќе имаме добро искуство од бројни такви „спасувања“ кога државата завршувала во респиратор. А моралниот код според кој подобро да те тепаат сто вистини отколку да те милува една лагата, одамно не живее во нечија свест.

И не е случајно што сме тука кај што сме! Сите околни држави не престигнале, не претекнале и си заминеле. А ние секогаш како некоја опустошена станица. Рака на срце, сите политички партии во државава последниве 30 години, помалку или повеќе во име на некаква национална „гордост“ имаат удел во скоро преполовењето на населението во државата. А ние пак со ист вокабулар, со исти жалопојки и со се помалку луѓе продолжуваме да ја сочуваме гордоста која најмногу од нас самите е загрозена. Џорџ Шапман ќе каже кога гордоста води, поразот задолжително ја следи.

Македонија била втора по повеќе параметри меѓу 16 држави од источна и југоисточна Европа (веднаш по Словенија). Далеку и од Полска, Чешка и Унгарија, а од Бугарија со светлосни години. Но, поради „гордоста“ сега сме последни. А токму ние требаше на Бугарите да им ставиме вето и тоа за стотина причини! Но, додека нашиот ум леташе високо во небото, реалноста наша се повеќе се закопуваше длабоко во земјата. А ние продолжуваме да сме горди! Додека се создава иднината, треба да се внимава гордаста да не стане наследна.

За жал, и по толку години независност, се уште страдаме од детски болести. Исто како што постапивме со Уставот и референдумот. Со шестнеделниот марш на студенти против Педагошкиот факултет предводен од Милошовски. ВМРО слабо се снаоѓа во круцијални моменти на државата. Не успеала да смогне сили ниту во 2008 година па го загубила патот сред ден. Удрил по антиката кал, по моравме да се извлечеме со големи жртви, каде што пак ВМРО ја немаше во спасувањето. Напротив, без трунка чувство на одговорност го уриваше референдумот. И сега продолжува да го прави истото. И да не се чудат аке еден ден од „белата палата“ избие црн чад. Оти на народот најскапо му чинат евтините политичари.

Оправдувања може да има на илјадници ама вистината е само една. Ова партија дефинитивно не поседува ниту грам државнички капацитет. Политичарите стануваат државници од тој момент која ја спасуваат државата и луѓето дозволувајќи да изгорат самите. Ама луѓето во потсвеста го регистрираат тоа. На Франклин Рузвелт. воопште не му бил лесно да му се спротивстави на целото американско изолационистичко расположение за да ги вовлече САД во војна против фажизмот, кај што изгинија милиона млади во име на мирот во светот. ДеГол морал да му даде независност на Алжир, иако два пати ризикувал живот. Садат и Бегин се согласија за тешки преговори со посредство на Џими Картер, дури првиот го загубил животот поради тоа! Вучиќ го подготвува теренот за конечно решение на косовскиот јазол. И без број примери на храбри одлуки. А ВМРО се идентификува со кукавичлук дури пре своите членови. Ниту една државничка одлука не е поврзана за оваа партија. Ниту сега кога со Бугарите ни е потешко да се договориме за темното минато отколку за светлата иднина! Бива ли државници од вакви водачи!? Оти при тешки одлуки или сте државници или сте кукавици. Трето нема. Дури бесрамно беше фрлена етикета против министерот дека работел за Албанија, а човекот токму поради таквиот етничи „хендикеп“ најмногу се трудел.

Што содржи новиот предлог?

Последниот предлог има мали измени ама со големи содржини. Првин, најважната компонента на идентитетот – јазикот, дефинитивно сега има сосема јасна формулација. Фуснотата од првичниот предлог сега е избришана, така што тука работата е докрај чиста. Според предлогот, историската комисија ќе продолжи да работи, но без рокови, и историјата нема да биде критеријум за да се оцени напредувањето. Потоа првата меѓувладина конференција почнува со полн капацитет. И конечно нема да постојат протоколи, туку годишни прегледи.

Ако ваков докрај балансиран предлог припремен со помош на нашите највлијателни подржувачи во светот нема да помине, тогаш конечно влегуваме во некој еднонасочен тунел без светлина и без излез. Ќе загубиме многу години за потоа да се согласиме со многу потечки и понеповолни позиции. Светските играчи, на кои сега им гори под нозете нема цело време да ни ги завршат работите, за кои самите треба да ги завршиме. Ако мисли Мицковски дека така ќе ги добие изборите од сега нека знае дека длабоко ќе биде разочаран. Тој не го сфаќа природниот инстикт кај луѓето во наградувањето на храброста, дури и тогаш кога не им се допаѓа нешто. Во политиката не се оди по умот на некои луѓе па дури и да се нарекуваат академици, кои мислат дека знаат се, од историја и политика до нуклеарна физика! Се виде колкумина од нив го јавеле Тројанскиот коњ по прифаќањето на Преспанскиот договор! За жал, сеуште само во Севрна Македонија и Северна Кореја, акаденик, дури без да знае за што се работи, да прогласува ,,предавници“, поим кој во нормалниот свет одамно е фрлен во канта.

Светот оди напред

Додека ние се глупираме, нормалниот свет оди напред. И дивата Африка се смени, а ние не! Денес таму се силни светски брендови – ,,Russell Company,, во склоп на ,,London Stock Exchange Group“, познатиот светски синџир ,,Walmart-Massmart“, како и гигантите „IBM“, „Bharti Airtel“, а и многу други светски економски лидери кои се модерна локомотива за една друга Африка. Нормални држави стана дури и Гана, и Боцвана, и Мозамбик, и Ангола, и Танзанија, па дури и една Етиопија, а ние вечно заробени во канџите на некаков примитивен патриотизам. Дури и во нашето непосредно соседство се случуваат силни промени. Просечната плата во Србија сега е околу 650 евра. А во 2000-та година, кога кај нас просечната плата беше околу 220 германски марки, во Србија беше само 47 марки оти мораше да се плати цената на лажниот патриотизам на Милошевиќ. Сега тие решаваат сто пати погорливи проблеми од нашите. Кој очекувал во политиката дека ќе тече само мед и млеко, веројатно требало да биде пчелар или овчар.

The post ВМРО ја прави третата стратешка грешка!? appeared first on plusinfo.mk.

Како Бугарите ни ја ставија главата во кофа
Една алчна жена од древна Индија со години го молела богот Брахма да ѝ даде големо богатство и моќ. По многу години, таа конечно слушнала глас од небото: „За да бидеш најбогата, отиди кај црвената пештера“. Жената го зела малото дете со себе и веднаш тргнала кон пештерата. Што да види?! Огромно богатство од злато и дијаманти. Веднаш почнала да полни. По некое време пак се слушна глас од небото: „Побрзајте, оти пештерата ќе треба да се затвори“. Жената занесена продолжила со полнење. Повторно гласот: „Пештерата почна да се затвора“. Но, алчната жена под еуфорија морала да зграпчи и едни блескави дијаманти. Ама таквиот блесок веднаш ѝ се затемнил, кога видела дека детето и останало внатре зад огромниот камен, кој неповратно ја затворил пештерата!

И кај нас страста за богатство направи да ги загубиме нашите најдобри деца, на кои сега насекаде им е подобро отколку во нивната татковина. Македонија сѐ уште не успева да покаже потребна виталност во функционирањето, а по осамостојувањето беше на врвот во регионот, веднаш по Словенија. Тогаш веројатно Бугарите претпоставуваа дека ЕУ се граничи со Северна Кореја на Ким Ил Сунг!

Ама ние тешко да разбереме дека ЕУ не е формирана за да гледа во минатото, туку кон иднината. И наместо кон целта, ние заглавивме во: лоша приватизација која создаде октоподи; во омраза, национализам и празен патриотизам; во економска безидејност; во самоубиствена партизација на институциите; во злоупотреба на меѓуетничките односи, итн. Тоа го распадна целото стопанство, а партизацијата го распадна целото општество. Баравме партиски конгреси во Солун, кога сите нормални таму бараа слободни царински зони!

Така, од втора држава меѓу десетиците држави во регионот, стасавме до последното место. Секоја од нив нѐ престигна, нѐ претекна и потоа нѐ условуваше! Стасавме до тоа животот на населението да ни биде сведено на случајно отсуство на физичка смрт!

Нема амнестија и амнезија за глупавите дела!

Оттука, ако се прашуваат фактите, молчењето би било злато за поранешниот премиер и претседател Бранко Црвенковски. Дури и за многу академици на МАНУ и за поранешни партиски амбасадори. Зашто Македонија стана корумпирана држава, а семето е од тогаш, со најлошата приватизација. Зашто државата е „конфронтирана и поделена“, и тоа не е баш некоја новина. Зашто се живее од кредити, тоа во сите фази е практикувано. Сега секој бара повисока плата, ама ич не му е грижа дека стопанството ги нема тие пари. Кратковидната логика „мојот џеп“ ја надминува и зоолошката логика. И така, сегашната влада, како уплашен касиер, почна сите да ги чести. А требаше да знае дека едно лудило не се лекува со друго лудило. Додека опозицијата добро го застапува едното лудило.

Потоа, сме немале закон за потеклото на секој имот. А зошто не беше донесен кога можеше полесно да се донесе? Веројтанто сега корупцијата ќе беше многуи помала. Сега скоро секој министер, пратеник или јавен функционер се плаши да изгласа таков закон. Па во тоа време ние назначивме судии (и врховни), лица на кои пријавите за кривични дела им беа чувени во фјока! Сега само вишокиот дел на админстрацијата нѐ чини плус милјарда евра годишно, а со добра програма тие ќе беа ориентирани во стопанството, каде што плус ќе создадоа нова вредност. Евтините кадри најскапо нѐ чинат. Можевме да ги видиме барем Кинезите како ја градат државата и како се борат против корупцијата. Задолжувањето исто така ни е сериозен проблем, особено ако се прави за социјален мир.

Значи, со интелигентно избрани зборови, не може да се амнестираат или амнезираат глупавите дела!

Ако се сметало на краткото паметење на луѓето, тогаш целта е погодена, оти ние сме светски шамшиони по краткото памтење. Тука прави што сакаш, ама важно потоа да си фрлиш некоја етничка или политичка чадна бомба – и сѐ исчезнува. И по 32 години ние немаме мерит систем, што е основен „буквар“ за да ни тргне напред. Неписмени ни стануваат судии, амбасадори, конзули, министри, државни секретари итн, а паметните – во странство!

Да ги правеше Црвенковски овие работи, сега сите ќе кажеа – секоја чест, Претседателе! Ама ние со години бркавме „светло“ минато, кое нѐ почести со темна иднина, па затоа сега се давиме во плитки води!

За секој проблем се однесуваме како над нас небото да се руши

А Бугарите? Па нив можеме да ги обвинуваме за повеќе тони „путинизам“ (и тука немаше да згрешиме), ама не се тие толку виновни што нашле „симнати гаќи“ па да не ја искористат приликата. Потребно е на културен начин да им се каже делка не можат да се продуктивни преговори кои за едниот се приоритет, а за другиот само опција. Врпочем и секој дијалог меѓу нормалното и ненормалното е на штета на нормалното.

Чаре? Излез!?

Многу време е загубено, важни вредности се поместени, а и менталитетот е сменет. Воопшто не е лесно да го изнајдеме вистински пат, кого цело време го обиколувавме. А да ги решававме проблемите како што требаше, веројатно во 1999 или во 2004 година ќе станевме членка на ЕУ. Тогаш Бугарите немаше да бараат љубов со сила и со силување.

По таа нивна логика, Србите би им забраниле на Хрватите, на Бошњаците и на Црногорците, нивните јазици да ги нарекуваат како што самите сакаат. Слично би постапиле и Германците со Швајцарците и со Австријците! Британците со Ирците! Русите со Украинците! Чесите со Словаците, Арапите меѓу себе, оти имаат десетина држави, а ист јазик! Нам ни требаше цели 30 години за да решиме еден спор, оти самите го надувавме држејќи ја главата над облаците! А сега Бугарите ни ја ставија во кофа.

За секој проблем се однесуваме како над нас небото да се руши. И најсилните држави имаат секакви проблеми, но ги решаваат. На пример, Кина сто години толерираше странска присутност над Хонконг и Макао, па и Тајван. Велика Британија имаше тежок проблем со Северна Ирска (десетина илјади жртви само во Белфаст!), Франција уште има проблеми со Корзика, Шпанија со Каталонија и со Баскија, Русија со Украина, Абхазија и со Јужна Осетија. Дури и САД не знаат што да праваат со Порторико! Во нашето соседство – Грција и Турција имаат проблем за Кипар, Србија со Косово, Хрватска со Словенија за Пиранскиот залив, Албанија со Грција за територијалното море, итн.

Не треба да живееме во минатото оти никому не успеало да се врати таму. Нашата клептоманија, со помош на лажниот патриотизам, лесно стасува до клептократија. Тука веќе имаме подолга традиција лажниот патриотизам да го конвертираме во пари. А таму кај што алчноста слетува, нормалното излетува. За лоши работи има илјади патишта, ама за добри работи има само еден пат. А тоа не е тоа што сме го правеле овие години.

Да се забрза процесот „Отворен Балкан“

ЕУ моментално не е за проширување и точка. Во ЕУ веќе се размислува за тоа како да се смени веќе прочитаната лага и глумењето преговори со земјите од Западен Балкан. Логиката „ние ги лажеме дека ги сакаме, а тие нѐ лажат дека ни веруваат“ е прочитана приказна. Затое ќе мора да се најде некоја земја како Бугарија за да ја заврши валканата работа.

Регионалните држави мора да сфатат дека ЕУ моментално не сака проширување. И со тие што преговараат, тоа го чинат „ради реда“. Унијата треба да остави илјадници свои проблеми за да се позанимава со преговори со држави кои и така имаат бројни нерасчистени сметки меѓу себе. А во самата ЕУ многушто гори. Недај боже војната да потрае подолг период. Надворешните ѕидови на ЕУ ќе се распукнат.

Оттука, регионалните држави треба да се координираат за една реална стратегија. Тие првин, треба да го забрзат процесот „Отворен Балкан“ и да почнат со сериозна внатрешни реформи (тука веќе оправдување нема). Исто така, треба да инсистират на поголема финансиска поддршка од ЕУ за развојни проекти, фондови и структурни реформи. А кога ЕУ ќе биде подготвена, тогаш веќе ќе имаат посилни позиции.

Да не се лажеме со некакви златници, оти децата ни исчезнаа. Треба сосема поинаку да пристапиме. За да го постигнеме невозможното, треба да го правиме неверојатното.  Со погрешни луѓе, во погрешно време и на погрешно место, само што ќе тонеме повеќе!

(Насловот и поднасловот се редакциски)

The post Како Бугарите ни ја ставија главата во кофа appeared first on plusinfo.mk.

Светот пред хаос!
Параг Кана (Parag Khana), познат геополитички стратег, автор на книгата „Иднината е Aзиjа“, вели дека сме сведоци на големи тектонски промени во глобалната моќ. Светот погоден од две нови „светски војни“ – ковид и Украина. Светот веќе се соочува со нова студена или жешка војна во која се вклучени САД, Русија и Кина, па после војната светот нема повеќе да биде ист, дури и ако Путин биде соборен од тронот.

Теоријата на хаосот, „ефектот на пеперутката“ симболизира дека мала промена во една земја може да создаде глобални трагедии. Чумата од 14 век, која предизвика стотици милиони смртни случаи низ Евроазија, ја уништи најголемата империја досегаш позната – Империјата на Монголите. Таа чума во Европа предизвика револуционерен технолошки развој што доведе до европски колонијализам.

По Првата светска војна, Версајскиот договор и големата криза го создадоа Хитлер и над 50 милиона жртви. Втората светска војна ги создаде ОН со голем авторитет и со бројни функционални институции. Падот на комунизмот доведе до распад на СССР и некои други држави и создавање на 19 нови држави. Денес во услови на густа глобална магла, можеме да очекуваме опасни збиднувања од „ефектите на пеперутката“.

Денес, бројни светски експерти веќе ја сфаќаат можноста за уривање на постоечкиот светски поредок по Ковид и Украина. Западните и европските економии од војната во Украина може да ја доживеат судбината на изгубен патник во пустината. Отпрвин, халуцинациите дека сè ќе биде лесно – дека водата и сенката на оазата се блиску, но реалноста вози во спротивна насока! Светот повеќе нема да биде како што беше пред 2019, оти со деценија го водат грешници кои се сметаат за праведници. Секој од нив поседува онолку суета колку што му недостига разум!

Се покажа дека синџирите на снабдување и пазарите на развиените земји се многу повеќе поврзани отколку што се мислел. Пазарите во земјите во развој видно се ослабнети,а тоа ја ослабува целата светска економија. Пентагон и НАТО сега веруваат дека во Украина ќе има долгорочна војна, и дека САД и нивните сојузници ќе мора подолг период да се спротивстават на руска агресија. „Долго ќе бидеме вклучени во овој конфликт, а за нас тоа ќе биде разорна војна“ – вели Стив Хол, поранешен шеф на операциите на ЦИА за Русија.

Таквата долга војна ќе биде тежок тест за единството на НАТО и ЕУ. Фактот дека 63 републикански членови на Претставничкиот дом, главно поддржувачи на Трамп, гласаа против резолуцијата за поддршка на НАТО, веќе предизвикува стравувања за тоа што би значело враќањето на поранешниот претседател во Белата куќа за НАТО. Резолуцијата го поддржува НАТО и го повикува Бајден да ја „зајакне посветеноста на таа организација“ за „одбрана на демократијата“ во Европа.

Денес светот се соочува со поопасни предизвици од кога било досега. Американскиот министер за финансии Џенет Јелен предупреди на „големите последици“ што војната во Украина ќе ги има врз глобалните резерви на храна и енергија. Високите светски цени на енергијата и храната, кои веќе се искачија на висока инфлација, може да имаат длабоки политички импликации, вклучително и за судбината на демократијата во самите САД, што може да се рефлектира во наредните избори во САД. Глобалните економски последици почнаа да ги поткопуваат постојните економии. Директорот на една од најголемите компании во светот „Blackrock“ – Лери Финк, кој управува со најголемото портфолио на средства во светот од 10 трилиони долари, предвидува прекин на економските врски што го поврзуваат светот. Пандемијата ги наруши глобалните синџири на снабдување, предизвикувајќи пораст на инфлацијата. Сега, острите санкции за руската економија нема да го казнуваат само Путин, туку ќе предизвикуваат голема негативна реакција и кај земјите што ги примениле.

Цените на енергијата нагло пораснаа бидејќи Русија сега е исклучена од поголемиот дел од светскиот пазар на нафта. Бајден го оправдува зголемувањето на цените со потреба од казнување на Путин, во обид да го релативизира незадоволството кај гласачите пред распишаните дополнителни избори во ноември. Неговото претседателство – родено од пандемска криза – сега се соочува со многу голем предизвик – Москва. Не, без причина британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, повика на преиспитување на безбедносната позиција на Западот. „Ерата на соработка со Русија заврши“, рече таа. „Потребен ни е нов пристап кон безбедноста во Европа, заснован на сила, одбрана и превенција“, рече таа во Брисел.

Ако војната продолжи, тогаш 2023 година ќе биде година на голема криза, предвидуваат аналитичарите на Пентагон. Она што сега се зборува за можното запирање на конфликтот во Украина ќе личи на „замрзнат конфликт“, како оној на Босна по Дејтон. Тогаш, дури и по 2023 година, светските цени на нафтата ќе останат над сто долари за барел, додека Европа ќе се бори да се ослободи од руската енергија со засилување на напорите за обновливи извори на енергија, вклучувајќи ги и нуклеарките.

Наредната зима може да ги принуди земјите од ЕУ да започнат со прилагодување на снабдувањето со енергија, што нужно значи рецесија. Високите цени на нафтата и сега продолжуваат да ги лутат американските и европските граѓани. Демократската партија ризикува да ја загуби контролата и врз Сенатот и во Претставничкиот дом на изборите во ноември. Затоа, се чини дека американската страна е поверојатно да се согласи со тоа, завојуваните страни да го прекинат конфликтот на неодредено време. Но, европските лидери претендираат да стават крај на економската рецесија нудејќи ѝ на Русија укинување на санкции за повлекување од Украина.

Се претпоставува дека мировните преговори предводени од Франција, Германија, Турција и Израел ќе траат долго. Москва бара гаранции дека НАТО ќе престане да носи оружје за украинските сили и да го повлече ставот од 2008 година за прием на Украина и Грузија во Алијансата. Но, САД нема да се откажат лесно од тоа, иако Зеленски вели дека сонот на Украина за членство во НАТО повеќе не е остварлив. Се чини дека Зеленски прифаќа неутралност ако петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН (САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција), плус Германија и Турција, гарантираат за безбедноста на Украина. Но, Зеленски во никој случај не е подготвен да ја признае независноста на отцепените региони на неговата земја Доњецк и Луганск. Затоа овие преговори најверојатно ќе заглават по овие точки. Вашингтон тогаш ќе ги дуплира испораките за украинските сили, додека Франција и Германија се уште се надеваат дека ќе постигнат договор со Москва. Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц предлагаат поширока мировна конференција која ќе ги ажурир разговорите за контрола на оружјето меѓу НАТО и Русија. Нивната цел е да се избегне нова Студена војна во Европа, која би ја предизвикала цела Европа. Но, Вашингтон се спротивставува на идејата за широка конференција бидејќи многу американски надворешнополитички елити мислат дека Путин не платил доволно за неговата авантура во Украина. Водечките членови на Конгресот (дури и од двете партии) го повикуваат претседателот да не ги укинува ни најблагите финансиски санкции кон Русија – потег што Макрон и Шолц веруваат дека е потребен за да се донесе мир.

Долгорочна рецесија!?

Како резултат на кризата, економскиот раст на ЕУ, по рецесијата 2022/23, се очекува да биде помал од еден процент годишно, додека САД околу два проценти, а Кина паѓа под пет проценти. Така, глобалниот раст ќе падне под четири проценти, што е сериозен знак дека светот ќе стагнира во подолг период. Сега немирите ескалираат и во делови од Африка и Блискиот Исток кои се зависни од украинскиот извоз на пченица.

Москва и Пекинг, пак, ја продлабочуваат економската и политичката соработка. Кина го проширува својот меѓубанкарски платен систем за да овозможи двете соседни земји да го заобиколат меѓународниот платен систем SWIFT. Русија и Кина вложуваат поголема трговија со дигитални јуани, намалувајќи ја потребата за долари. Кина, исто така, ги расчистува руските златни резерви, за кои се верува дека вредат околу 100 милијарди долари, претворајќи ги во јуани што Русија би можела да ги искористи за купување кинеска стока. Кинескиот претседател Си Џинпинг сега гледа придобивки од Студената војна со САД.

Но и тука нема трајно пријателство. Доколку Русија значително ослабне, може да се отвори апетитот на Кина за ненаселениот Сибир како „ветена земја“ за пренаселената Кина, кое веројатно би имала свој „амин“ од САД.

Сега во играта се уфрлува и неформален блок на земји – Индија, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Виетнам, Турција и Бразил. Повеќето од овие земји одржуваат добри односи со Русија и покрај притисокот од Западот да се изолира Москва. Зависни од трговијата со Кина, овие земји сакаат добри односи со Пекинг. Но, војните, климатските промени, заедничките економски предизвици, глобалните технолошки стандарди – ја отежна помошта за посиромашните земји. Интернетот дополнително се распаѓа бидејќи растечкото ривалство меѓу САД и Кина ги турка нив да се обидат да привлечат што е можно повеќе земји на своја страна. Сето тоа има име – деглобализација.

Од друга страна, мултинационалните структури во светот ослабнуваат. Од Обединетите нации, Светската трговска организација, Светската здравствена организација и селиот светски поредок. Би било крајно оптимистичка прогноза да се надеваме дека големите сили ќе ги унапредат мултилатералните институции за полесно да се справат со идните шокови. Иако ММФ привремено ја поврати својата важност, претпазливиот макроекономски надзор ќе го убие овој оптимизам. Светската банка сега е бавна и со недостиг на ресурси. Остануваат два можни патишта: создавање на нов светски поредок со различни функционални механизми или натамошно потопување во опасна глобална апокалипса. Затоа една нова меѓународна конференција сега изгледа како спас.

При такви околности, регионалните проблеми ќе бидат значително маргинализирани, бидејќи не се ни знае што ќе се случи утре. ЕУ ќе се соочи со големи потреси. Овдешните регионални држави ќе пловат без компас. Косово ќе го загуби вниманието, Србија ќе го загуби „големиот брат“, БиХ ќе го загуби разумот, а Црна Гора се! Сега веќе ништо не е трајно! Сите држави се плашат, оти не можат да се надеваат многу на стратешките партнери, бидејќи и на ним им гори под нозете. Сега сите сфаќаат дека мирот никогаш не умира по природен пат, туку поради тоа што е многу тешка да најдете здрав разум во болен ум!

The post Светот пред хаос! appeared first on plusinfo.mk.

Бугарите ич не се виновни!
Во епот Махабхарат (древна Индија), се опишува како некој човек по име Кхалиб, цел живот сонувал да го посети преубавиот митолошки град Мохенџо Дара.

Требало седум недели да пешачи низ пустината за да стаса до таму. Кога исцрпен се приближил до градот, бил фасциниран од неговата убавина. Но, на влезот кај главната порта, увидел бројни гробови на чии спомен-плочи пишувало страшни нешта. На едниот пишувало – „Мегхалаја Јамму – ги убил своите деца“, на другиот – „Махараш Хандихра – ги убил своите родители“! На секоја спомен-плоча пишувало за убиени блиски роднини!

Кхалиб избезумен почнал да се тресе и како полуден трчал од гроб до гроб! Солзите му течеле како чешма. Уште повеќе прснал во плач, кога видел огромен гроб со најскапа спомен-плоча и безброј орнаменти каде што пишувало – „Јхаркханд Накобхар – убил илјадници невини луѓе“. „Па со кој морал му изградиле таков скап споменик на овој крвник!?“ – извикал Кхалиб низ солзи!

Вратарот му објаснил дека овие покојни луѓе се прогласени за убијци на своите блиски, оти го помогнале алчниот Накобхар да дојде на власт, по што луѓето масовно изгиналe од глад. А кога луѓето му се спротивставиле, тој Накобхар употребил едно чудно оружје за масовно уништување наречено – Брахмаширас, и бил уништен целиот град. По три века, дури сега почнал животот тука да се враќа!

Такви алчни водачи и нас не водеа низ декади, оти самите ги заслуживме! Оти тука нормалноста тешко проаѓа, ама клептоманијата со помош на лажниот патриотизам лесно станува до клептократија.

А нормалноста одамна е избегана оттука и продолжува некаде далеку (многу повеќе од што статистиката покажува)! И тие кои сè уште се тука, живеат со комични или трагични драми. Етничка драма, економска драма, финансиска драма, криминална драма. Овде е сè драматизирано!

Станавме убијци на чесноста, вистината, правдата, достоинството и прогресот. А со тоа и на иднината како целина. Тука се драматизирашe нормалната идеја на Тупурковски за договор за заедничка држава! После многу години и трауми дојдовме до тоа! Се драматизирашe Уставот, Охридскиот договор, Преспанскиот договор, пописите и што не! Како алтернатива се нудеа бројни квази-проекти кои се продаваа како мед и млеко, а испаднаа само лук и вода!

Зошто барем еднаш не се запрашаме – зошто само нам ни се случува, пред секоја важна одлука, да се запали јавноста со цел да ја изминира истата!? Дури и да се работи за странски агентури кои посакуваат распад на државата, па со помош на нивните инсталации се лансираат бројни „одбранбено-патриотски“ работи, за да ја постигнат целта. А нивната цел е да ја блокираат и уназадуваат државата, за полесно да се распадне. И за чудо, многу луѓе паѓаат во таква замка! И неслучајно сме тука каде што сме. По распадот на СФРЈ бевме веднаш по Словенија. Хрватска беше во војна. Бугарите едвај преживуваа продавајќи кај нас сè и сешто „за една червена“! Романија беше во хаос. Да бевме барем малку паметни, ние ќе станевме членка на ЕУ во 2004 година, три години пред Бугарија, па тогаш ние ќе ја условуваме!

Втората шанса беше пропуштена во 2006 година, кога пак во име на некој лажен патриотизам, беше изгласан Груевски, па видовме до каде стасавме! А пред тоа имавме цврсто ветување од Западот и Грците дека ќе можеме да станеме членка на ЕУ во 2010 година, ама со времената референца FYROM. И тоа пропадна. Дури стасавме до „Заплакала Македонија за Путин“, „НАТО – терористичка организација“!!! А зошто барем еднаш не се запрашаме зошто сите наши добри бродови ни потонуваат во плитки води!? Зошто сите наши добри шанси перфектно ги прокоцкуваме, настојувајќи едниот ѓавол да го избркаме со помош на друг ѓавол!?

Зошто барем еднаш низ овие три декади не престанавме да се однесуваме како лути феферончиња!? A зошто некому е важно дали Бугарија има или нема расчистено со „нацифашизмот“!? Тоа е исто како да се лутите до бесвест за тоа што комшијата не ја изорал својата нива! Тоа е нивен проблем и на ЕУ како целина, особено тогаш кога формираат такви здруженија низ светот, кои нема да ги посетуваат ниту двајца без тројца!? Тие самите нека се справат со тоа. Кој е тој паметен што на противникот сака да му изнајде убаво име!? Дури некој добро информиран македонски анти-бугарин, ќе требаше да се радува на таквите бугарски будалаштини. Бугарскиот премиер во моментот е под голем притисок да се изнајде решение за Македонија, па е принуден да ја игра и таа нивна блесава бугарска егоцентрична игра, со цел да ја заврши работата со Македонија, која се гледа од Месечината дека со душа сака да ја заврши.

Нели овој народ сè уште не е уморен од евтини збиднувања и евтини политичари кои настојуваат во политиката да опстанат со евтини нешта. Па мисли ли некој дека на оваа држава и треба економија, развој, наука, образование, здравство, инфрастуктура? Мисли ли некој, дека луѓето имаат природно право на пристоен живот и тогаш кога наивно се нафаќаат во замката на квазипатриотите кои штом дојдат на власт веднаш се конвертираат во финансиски патриоти!?

Видовме што прашина се дигна по пописот, кој последното што треба да го има е етничкото. Добрите демографи велат дека во државата нема резидентно население повеќе од 1.5 милиони жители. Друго прашање е тоа што низ целата територија на државата се запишани како резидентни граѓани и една бројка која реално работи надвор од државата, за да се прикрие срамот што со декади не следи.

Тие кои се власт, барем после толку декади изгубени, конечно нека се нафатат за сериозна работа. Нешто почна да се мрда во борбата против корупцијата и криминалот, ама има и други сегменти. А тие што се опозиција, нека понудат развојни проекти и идеи, а не секој ден да свират на истраени „инструменти“ за масовно уништување!

Нашата тажна судбина не ни е по некоја случајност, туку тоа е по наш избор. А утре кога тука ќе се населат Африканци и Индијци, можеби и нам ќе ни се пишува по гробови – „Н.Н. ги истерал своите деца од државата“!

The post Бугарите ич не се виновни! appeared first on plusinfo.mk.

Србија против Русија!?
Понекогаш кога мислите дека ги знаете сите одговори, животот ги има сменето сите прашања! Вака приближно може да се опише (не)снаоѓањето на српските водачи во однос на украинската криза.

Вучиќ сѐ уште се надева дека ќе се извлече со некаков неутрален однос во однос на војната во Украина, и дека нема премногу да ги налути Москва, Брисел или Вашингтон. Но, тоа воопшто не е лесна работа и наликува на одење по опасна жица меѓу Западот и Истокот. И покрај повластените цени на „Гаспром“ за Србија, кои се дури 60 отсто под цената на светскиот пазар, сепак кризата тропа и на вратата на Србија. Економската војна меѓу ЕУ и Русија силно ја погаѓа и Србија, која е на пат да ја преполови нејзината сегашна прогноза за економски раст од пет на два до три проценти.

Вучиќ во свој стил, неодамна изјави дека државата минува низ најголемата криза од 1945 година. Власта ги замрзна цените на пченицата, пченката, брашното и на маслото за јадење – засега до крајот на април. Изгледа, убавата песна одамна е завршена, иако владините таблоиди со „дуплa диоптрија“, настојуваат лажно да го одржуват расположението на јавноста, дека во услови кога во светот владее хаос, во Србија сепак е толку нормално! Полно наслови од типот „На светот му се заканува голема глад – Србија има доволно храна“, или „Луѓето се борат за храна во Германија“, „Гладта е во сите други земји“, „Економски крај на светот, а Србија опстојува“…

Техниките на пропагандата се исти, ама зачестеноста енормно е зголемена. Целта е заплашувањето на луѓето од сиромаштијата, гладта и војната, за потоа Вучиќ по телевизиите да смирува, поентирајќи дека Србија е оаза на нормалноста, додека останатиот свет е во жив песок. Така, тамошните медиуми продолжуваат да бидат главен лост на моќта која понекогаш се мери по утринската сенка.

Рака на срцето, тие спасоносни пофалби и не се баш без никаква основа. Од 2017 година, во Србија економското производство по глава на жител е зголемено за 40 отсто, што е недостижен сон за сите други регионални држави. Во 2021 година, бруто домашниот производ порасна повеќе од 8.000 евра по глава на жител, што е речиси една петтина од германската вредност. Дури и во услови на пандемијата, во 2020 година, бруто домашниот производ во Србија се намали многу малку, вели Бранимир Јовановиќ, специјалист за Србија од Виенскиот институт за компаративни економски истражувања: Резултатот беше подобар од која било друга европска земја. Значи, економијата сепак порасна за 7,5 отсто“.

Но, времињата се менуваат, дури и тие времиња кои се толерантни за политичарите. И секој што ќе сака да гледа во иднината низ призмата на оптимизмот, а не преку песимизмот, во фиктивниот вовед на текстот ќе мора да се обиде да најде барем трошка од реалните аргументи и можности, колку и да се тие тешки, влевајќи некаква надеж дека по изборите, луѓето нема да се најдат пред вратата на пеколот. Дека сепак во Србија, во услови на светските геополитички превирања поради руската инвазија на Украина, нема да биде многу полошо, и дека Западен Балкан поинаку ќе дише. За да се случи тоа, Србија можеби ќе треба да избере меѓу повластената енергетска положба од Русија и силното европско трговско партнерство и донаторство. Без дилема, дека без тоа второто Србија тргнува кон амбис.

Тука главна улога ќе игра Европската Унија, а посебно Германија. Дури 72 отсто од 2.800 странските компании во Србија доаѓаат од ЕУ и тие обезбедуваат околу 312.000 работни места. Според германската комора за надворешна трговија, само 400 германски компании вработуваат 65.000 луѓе во Србија. Според податоците од Белград, Германија е најважен инвеститор, пред САД, Австрија и Франција. Русија и Кина се далеку пониски на листата, со само пет отсто од вкупните странски инвестиции.

Србија и регионалниот мир!

Неодамна, Вучиќ ја нарече Србија „столб на стабилноста“ на Балканот, но оваа изјава ќе биде доведена во прашање од многумина европски и американски претставници, кога тие прстот ќе го вперат кон Белград, како истурена станица на Путин во спроведувањето на деструктивната руска политика за Западен Балкан, насочено против ЕУ и НАТО, истовремено дестабилизирајќи ги Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Косово.

Но, откако изборите завршија, следи сосема друга песна. Огромен ќе биде притисокот на Западот врз Белград, за тоа и таа држава да се приклучи кон европските санкции против Русија, но и за поздрави односи со нејзините соседи. Па затоа Белград ќе треба да го врзе Додик и да му забрани и понатаму агресивно да лае. Србија веќе не ќе може да ја продолжи својата досегашна надворешна политика на седење на две столчиња. Таа, не ќе може веќе истовремено да намигува и кон ЕУ и кон Русија. Тој простор веќе целосно е затворен за Вучиќ. Тој ќе биде приморан да се сврти против Русија, што нема да биде лесно со оглед на ставовите од нејзините гласачи. Дури и коалиционирањето со Ивица Дачиќ ќе му биде голем проблем поради неговата претерана игра на про-руската карта. Тој барем ќе може да сонува дека ќе биде дел од власта, за разлика на Вулин кој дури ќе нема ни таква можност. Вучиќ веќе нема потреба од носење вода. Секако дека новата власт на Србија ќе мора да почне да заборава и на идејата за таканаречениот „српски свет“, која асоцира на промена на границите во регионот.

Новата влада на Србија „ќе мора да биде јасна во својата посветеност на стратешкиот избор на Србија за Европа“, изјави за Радио Слободен, Владимир Билчиќ, известувач на Европскиот парламент. Моментално Србија е единствената европска земја која дозволува летови до и од Русија, и која нема воведено санкции кон Русија, иако Брисел тоа го бара од земјите кандидати за влез во ЕУ. Таа, пред изборита ја поддржа Резолуцијата на ОН со која се осудува руската инвазија врз Украина, а сега и исклучувањето на Русија од Советот за човекови права на ОН, но неа воопшто не ѝ е лесно да воведе санкции.

Санкциите на двете страни во голема мера се на сила, а се најавуваат и нови. Сите 27 членки на Европската унија одобрија нови пакети за ембарго, кои вклучуваат ембарго за увоз на руски јаглен, дрва и вотка. Санкциите вклучуваат и замрзнување на средствата на неколку руски банки, а најавата е дека може да следи целосна забрана за увоз на сите фосилни горива од Русија. Се проценува дека Русија оди кон најголемата рецесија од распадот на Советскиот Сојуз. Само во претходните недели беа замрзнати повеќе од 358 милијарди долари руски пари и 30 милијарди евра имот. Американскиот претседател Џо Бајден рече дека економските санкции „веројатно ќе ги избришат последните 15 години руски напредок“. Така, додека Путин се молел патот да му го пресече некоја бела блондинка – ете црна мачка! А злосторствата направени во Буча и на други места докажуваат дека тој ти бил чудовиште во олицетворение на водач!

Неодамна, Вучиќ кажа: „Србија е на европскиот пат. Ние сме воено неутрална држава, но не сме политички неутрална држава, оти ние сме на европскиот пат.“ Додека не дознаеме точно што е тоа европски пат, преостанува човештвото уште еднаш да сфати дека евтините лидери најскапо го чинат!

The post Србија против Русија!? appeared first on plusinfo.mk.

Киев – гробот на Путин?!
„Ние не му простуваме на Путин за такви работи и јас сум апсолутно убеден дека ќе се бориме во секоја куќа, секоја улица и секое маало, во Киев, во Харков – во сите градови ќе направиме пекол за руските војници и на крајот за Путин“, рече поранешниот украински претседател Порошенко.

На Владимир Путин реално не му оди баш најдобро, иако со тешко оружје „се бори за мир“! „Блицкриг-от“ пропадна и тој сѐ повеќе заглавува во степската кал на Украина, ковчезите со телата на руските војници се веќе избројани во илјадници. Во Русија огромно незадоволство поради војната, девалвацијата, празните маркети. Бројни Руси како да сфаќаат дека треба да ја уништат војната пред таа да ги уништи нив! Тој пулс веќе го чувствува и Лукашенко (Белорусија), кој сега одбива да се вклучи во војната. Кина веќе му сврте грб на Путин, па дури не му испорачува ниту резервни делови за воени цели! Така што Путин е сосема сам. Само со сирискиот Асад!

Сите знаат дека, ако по некоја голема случајност Путин победи во Украина, несомнено дека нема да застане само таму. Во Молдавија и во Грузија веќе има територии окупирани од него. Потоа, проблемот на Литванија е Калининград, што е големо оправување за некоја нова инвазија. Кој гарантира дека НАТО нема и тогаш да се оправдува со „спас“ на светот од нуклеарна војна? Тука е и Западниот Балкан, кој не е за ништо талентиран освен за војни!

Но, тоа е веќе крајно ирационална варијанта на исходот, а реалноста изгледа се движи во друга насока. Реално, никој не можеше да замисли дека воената машинерија на Путин е толку слаба! Путин, кој пред само неколку дена се заколна дека ќе ја уништи „антируската машина создадена од Западот“, сега праќа сигнали дека е подготвен сериозно да разговара. Првин, тој го негираше украинскиот народ и држава како „творевина на Ленин“. Потоа, дека таму мора да се бори против „нацификација“. А сега „цената“ спаднала на потреба за неутрализација на Украина и враќање на Крим под свој суверенитет (и статусот за Донбас)! Битката за Киев е очаен обид за да се маскира слабата снага на руската војска. Но, се чини дека и овој владетел, кој целосно ја изгубил врската со реалноста, сега стана свесен дека овој дебакл му се заканува и нему и на неговиот режим.

За време на арапско-израелската војна во 1973 година, членките на ОПЕК воведоа ембарго на нафта за произраелските држави, што предизвика цените да се зголемат четирикратно, па затоа светот морал да се ориентира кон нуклеарките. Сега, нешто слично се очекува да се случи против руската енергија. „BP“, „Shell“ и „ExxonMobil“, трите најголеми западни енергетски компании, најавија дека ќе ги повлечат своите мултимилијардерски проекти од Русија. Исто така и француската компанија „TotalEnergies“, соопшти дека ќе ги прекине новите инвестиции таму. Тоа ќе доведе до големи финансиски загуби во Русија. Таа е трет по големина производител на нафта во светот и втор најголем производител на природен гас.

Санкциите ќе имаат долгорочни ефекти врз производството и продажбата на руската нафта. Државниот нафтен гигант „Rosneft“ предводен од блискиот соработник на Путин, Игор Сечин, го развива огромниот нафтен проект Восток на Арктикот. Овој проект се очекуваше да произведува и извезува до две милиони барели нафта дневно до 2030 година. „Rosneft“ сега веројатно ќе има потешкотии да обезбеди средства и технологија за развој на проектот „Восток“, бидејќи западните компании ја напуштаат Русија.

„Surguteneftegas“, еден од најголемите руски производители на нафта, минатата недела трипати не успеа да најде купувачи за 6,4 милиони барели нафта. Руските производители на нафта го продаваат своето производство со попуст до 17% по барел. И таа трансакција што постои тешко се одвива поради компликациите со SWIFT. Германија гледа на рускиот природен гас како на мост за нејзината енергетска транзиција од јаглен и нуклеарна енергија кон соларна и ветерна енергија. Реално, Европа брзо се движи кон диверзификација на своите енергетски извори поради загриженоста дека Русија би можела да го прекине снабдувањето со гас додека се продлабочува „економската војна“ – како што ја нарекоа некои претставници на Европската Унија. Данска веќе одобри изградба на гасовод што ќе носи норвешки гас во Полска, бидејќи дозволата за изградба на овој гасовод беше суспендирана минатата година.

Што ќе се случи со Путин?

Судбината на Путин сега стана неизвесна. Во Украина изгледа тој сега се бори и за свој политички, а можеби и свој гол живот. Нема околу него човек што ќе му ја каже вистината. Поради бруталната и лошо замислена војна во Украина, и поради личната крстоносна војна што тој самиот ја наметна, сега неговата армија делува доста депресивно, а економијата на земјата му е пред колапс. Цели 22 години тој беше единствената константа во руската политика, и тоа го доведе до рангот на Хитлер. И сега не е чудно што луѓето таму сѐ повеќе размислуваат за Русија без Путин. Но, каков ќе биде неговиот крај? Едни се плашат дека можеби тоа ќе биде и крајот на Русија во сегашните граници. Други се плашат дека со вакво осиромашување на руското население, сепаратистичките тенденции би можеле да растат во националните републики на Руската Федерација. Трети тагуваат за мирот кога синовите ги закопувале своите татковци, во споредба со сега кога татковците ги закопуваат своите синови! Како и да е, агонијата на овој режим ќе биде тешка и за Русија и за нејзините граѓани, но и за нејзините соседи. Прашање на време е кога тоа ќе се случи.

Путин веќе смени голем број високи функционери, веројатно како жртви за своите промашувања. Тој сега веќе никому не верува, оти при ваква состојба, да веруваш некому е исто како да му дадеш меч, со кој не знаеш дали ќе те заштити или ќе те убие! Веќе има гласини дека министерот за одбрана Сергеј Шојгу е осомничен за планирање државен удар! Реално, единствените институции кои изгледаат способни да го соборат Путин се или безбедносните агенции или поверојатно војската. Таму се две елитни дивизии надвор од Москва: Четвртата гардиска тенковска дивизија „Кантемиров“ и Втората гардиска механизирана дивизија „Таман“. Тие не само што се внимателно следени од одделот за контраразузнавање на ФСБ, чија примарна задача е да открие потенцијални знаци на нелојалност, туку се под надзор и од некои други единици во Москва. Националната гарда е паралелна внатрешна армија предводена од поранешниот телохранител на Путин и врвен лојалист Виктор Золотов, и таа има преголема сила. Имаат дури и свои тенкови, артилерија и противтенковски ракети, па сосема е јасно дека нивната функција е да ѝ се спротивстават на армијата, доколку е потребно. Оттука, секој обид на војската да го собори Путин може да биде многу опасен потфат што може да доведе до војна на улиците на Москва.

Друга варијанта е огромното граѓанско незадоволство поради падот на живеачката и огромните жртви од војната. Русите имаат добро искуство со револуции. Дури таквите настани ќе им бидат во прилог на путиновите противници или претенденти за замена на постојниот режим. Но, и тогаш ќе продолжи неизвесноста, оти познато е дека секоја револуција, првин ги јаде татковците, а потоа и синовите!

Најекстремната опција за која некои на Запад отворено разговараат е можноста за атентат. Тоа е малку веројатно поради силните мерки на претпазливост околу самиот Путин, бидејќи се знае дека тој е многу внимателен и се граничи со параноја. Деновиве тој ретко патува, освен меѓу Кремљ и другите палати, а патува во претседателски авион или оклопна лимузина, придружуван од огромна колона мотоциклисти, комбиња полни со тешко вооружени офицери, амбулантни возила и возила за електронско војување. Дури и групата клептократи што сега многу што им се запленува се фатени од Путин, но тие се против неговата крстоносна војна кон целиот свет.

Како и да е, по Путин Русија веќе нема да биде исто. А и светот во целина. Познато е дека, Руско-јапонската војна од 1904-1905 година требаше да биде „мала, убава, победничка војна“, според зборовите на министерот за внатрешни работи Вјачеслав Плехва, и требаше да му ја покаже на светот силата на Русија. Меѓутоа, разочарувањето и срамниот пораз предизвикаа неуспешна револуција во 1905 година. Исто така, економската криза и застрашувачките загуби што ги претрпе Русија во Првата светска војна, доведоа до зголемено незадоволство на елитата што го принуди царот да абдицира. Дебаклот на војна во Авганистан од 1979 до 1989 година, доведе до падот на комунистичкиот руски режим. Историјата продолжува да се повторува, но секогаш со многу повисока цена.

The post Киев – гробот на Путин?! appeared first on plusinfo.mk.

Опасно за Балканот!
Украина со векови беше дел од Царска Русија, а потоа и од Советскиот Сојуз, сѐ до неговото распаѓање во 1991 година, кога Украина мирно се отцепи со повеќето други федерални единки.

Потоа НАТО почна да се прошири кон исток, со што ги внесе во јатото повеќето источноевропски нации кои беа во комунистичката орбита. Во 2004 година, НАТО ги прими поранешните советски балтички републики Естонија, Латвија и Литванија. Четири години подоцна, таа ја објави својата намера да и понуди членство на Украина, процесот бил бевен поради проруската блискост.

На почетокот на 2014 година, почна тнр. „Портокаловата револуција“ со што беше урнат прорускиот претседател Јанукович, оти тој одби да потпише договор за асоцијација со ЕУ.

Како реакција, Русија одговори со анексија на украинскиот полуостров Крим и со поттикнување сецесионистички потези во Донбас. Речиси 14.000 луѓе загинаа во тој конфликт, а околу 1,5 лица внатрешно се раселија.

Русија, проширувањето на НАТО кон нејзините граници со години го смета за „опасност по нејзината безбедност“. Затоа сега го предизвика конфликтот со Украина, најголемата безбедносна криза во Европа од Втората светска војна. Сега Украина е пред капитулација и нуди преговори по желбата на Путин. Но, не се знае дали Путин ќе прифати да преговара со постојната легитимна власт, оти бара свои елементи надвор од постојната власт.

Моментално за стопирањето на конфликтот во Украина не можат ништо да направат ниту НАТО ни ЕУ, ни ОН. За жал, во врска со Украина западњаците направиле почетничка грешка.

Прво, долго време ги хранеа надежите на Украина за членство во НАТО, а воопшто не беа сигурни дали воопшто тоа е добро, оти украинскиот народ е доста близок со рускиот, па со години ја вртеле Украина лево-десно.

Второ, наместо на време да се согласат, па дури и самите да предложат некаква „трајна неутралност“ за Украинана (како што е Финска), со што Путин ќе беше парализиран, тие со главата на облаци или на ѕид мислеа дека Путин блефира, се додека не им се случи втората епизода во Доњецк и Луганск.

А и потоа мислеле дека тоа е само за подобри преговорачки позиции на Путин, за да на крајот видиме дека баш ништо паметно не мислеле! Секој основец и почетник ќе им кажуваше дека Путин сега има потреба за лично истакнување за да продолжи да биде цар во Русија. Диктаторите по своја логика никогаш нема лесно да попуштат. Хитлер до последниот ден не попушташе. И сега Украина е оставена во немилост!

Тоа што светот сега „жали“ за состојбата таму наликуваат на „поздрави и честитки“ или ,,жалопојки“ а тоа ништо не значи и ништо не менува. Путин како болен ум од 21 век, продолжува со логиката на 18 век.

Не случајно, еден мудрец вели – кога би знаеле луѓето што ум го води светот, би умреле од страв!

Европа, веројатно уште мисли дека Путин ќе се задоволи со Украина. Така и за Хитлер мислеле дека ќе се задоволи со Чешкословачка и со Полска, па видовме што пекол се случи во Европа и светот. Западните политичари сега за жал резонираат со логиката на гласачите! Така не бива државник. Со предложењето статус неутралност за Украина од нивна страна, Путин ќе останеше без ниедна карта, а ќе имавме легитимна власт и стабилност.

Сега Украина е окупирана, и тешко власта дека ќе опстои. Украина ќе стане вазална држава на Путин. Ќе згасне демократијата на една голема држава колку што е Франција. Светот веќе не може да биде ист, оти се случи насилна окупација на една голема држава без одлука на ОН. Путин сега силно ќе притиска и на околните држави, кај што има руско малцинство, но и во Балканот. И тие држави сега оправдано стравуваат. Тоа е резултат на ваква плитка западњачка политика!

Зли духови на Балканот!?

Кризата може брзо да се пресели и во фукционирањето на самата ЕУ. Германија која 55% зависи од рускиот гас, веројатно ќе бара потолерантен однос кон Русија. Тука е и Италија која има голем извоз во Русија.

Франција, можно да потпадне под емоции на историско пријателство со Русија. САД сеуште не можат да се отрезнат од штетите што ги создал Трамп. А и никој не знае како ќе игра Кина за Тајван, иако таа е фокусирана повеќе кон трговијата со сите во светот.

Балканот пак ќе се загрее. Особено западниот Балкан игнориран толку долго од ЕУ. Тука рапидно се менува ресположението на луѓето од таквото игнорирање. Самиот Макрон ги спречи преговорите со Македонија и сега „мука ми јежеве“ трпиме со Бугарите! Никој не знае прорускиот Радев како ќе постапи.

Владата на Бугарија, веројатно ќе се повикува на создадената состојба за да не се продолжи понатаму со глупавиот спор, но, тоа сега е равенка со многу непознати внатре во коалицијата. Можно е, нашиот спор сега да стане маргинален. Но, можно е некој со повеќе акал во Брисел или Вашингтон да каже – доста со ваков глупав спор. А вака како што е, уште повеќе ќе ги потхрануваат проруските елементи во државата и регионот. Руските елементи се силни во Србија, Црна Гора и БиХ, така што сега Додик ќе стане посилен и од Вучиќ. А Вучиќ го прави тоа што е можно, оти српската поблика силно навива за Путин.

Сега гледат Полјаците и Унгарците колку глупаво одиграле во ЕУ, а во полза на Путин, ама доцна е! Ако запад се одлучи да возврати со странски мерценари во Украина, како што тоа го прави Путин со Чеченци, тогаш ќе имаме долга војна и криза која економијата ќе ја доведе до катастрофа!

На сето ова, изгледа само Турција испадна попринципиелна, иако малкумина го очекуваа тоа. Тие јасно ја осудија Русија, но и несериозниот Запад за лошата игра. Сега поради бројни грешки, политиката на западот е доведено до тоа – да се спаси што може!

The post Опасно за Балканот! appeared first on plusinfo.mk.

Војна со светски ефекти!?
Со евентуалната руска воена интервенција во Украина, последиците нема да бидат само регионални, а уште помалку билатерални, туку глобални тектонски. Русија сега промовира нова политика, која е јасно обележана со минатите напори на Михаил Горбачов и Борис Елцин за интеграција и соработка со Западот. Сега станува збор за политика целосно дизајнирана според логиката на Студената војна. Во суштина, станува збор за акција меѓу два спротивставени регионални концепти – едниот отворена врата на НАТО и нови проширувања, а вториот – тврдењата на Русија дека таквото проширување на НАТО е спротивно на нејзината национална безбедност, претендирајќи нова геополитичка поделба (Јалта-2)!

Сето ова фрла сериозна сенка на постоечката меѓународна безбедносна политика и нејзината сегашна рамнотежа. Во исто време, тоа е во спротивност со основните принципи на меѓународното право, кои го гарантираат суверенитетот и територијалниот интегритет на секоја суверена држава и на кој било начин забрануваат употреба на сила.

Доколку Русија пристапи кон нова инвазија врз Украина, сигурно би следела силна реакција од голем број држави во меѓународната заедница. Некои земји веќе ја снабдуваат украинската армија со оружје од нова воена технологија. Дополнително, Москва може да очекува нова рунда санкции и речиси сигурен колапс на Балтичкиот „Северен тек-2„ (гасоводот), за кој Русија и Гаспром потрошија десетици милијарди евра. Исто така, енергетската криза во Европа би се влошила со прекинот на испораките на руски гас, но и финансиската состојба во Русија би завршила со колапс поради блокади и санкции.

Рускиот гас сочинува 40 отсто од потребите на европскиот континент. Во Германија е повеќе од 55 отсто, додека руската нафта околу 25 отсто. Во исто време, Русија сè уште многу се потпира на продажбата на енергенси, која сочинува повеќе од 30 отсто од нејзината економија и повеќе од 60 отсто од нејзиниот извоз.

Несомнено е дека Русија сака да има големо политичко влијание врз владата и државата Украина, додека САД со години го стимулираат нејзиното членство во НАТО. Претензиите на Русија се вперени кон православното мнозинство во источна Украина со делумно руското население (источно од реката Днепар), бидејќи западниот дел е населен со мнозинско католичко население.

Познато е дека Русија ги поттикна немирите во Донбас во 2014 година за силно да влијае на украинската влада и нејзината надворешна политика и да го спречи нејзиниот влез во НАТО. По многу жртви и разурнувања, со посредство на ЕУ (особено Германија) беше потпишан мировниот план наречен „Минск 2“, кој не ги даде очекуваните резултати.

Интересите на западните држави се различни. На новата германска влада, не ѝ е лесно да го изгуби рускиот пазар, да се соочи со прекинот на рускиот гас и со парализата на „Северен тек-2“. Претседателот Бајден пред неколку дена изјави дека руската интервенција би значела смрт на „Северен тек-2“. Да не заборавиме дека изградбата на „Северен поток-2“ се правел спротивно со принципите на европската енергетска стратегија. Меркел пред седум години ја осуди Русија за интервенција во Донбас и за анексија на Крим, но истовремено ги спречи тогашните НАТО земји да ја вооружат Украина, а во исто време даде дозвола за изградба на „Северен тек-2“!

Доколку избие војната, Западот би можел да употреби строги економски санкции, особено за руските банки и увозот на клучни технички делови, како што се чиповите итн. САД имаат помала трговија со Русија во споредба со ЕУ, која е најголемиот трговски партнер на Русија.

Турција клучен фактор!

Неодамнешната криза околу Украина, меѓу Русија и западниот блок предводен од САД, ги има вклучено и односите меѓу Турција и другите актери во можниот конфликт. Неодамнешната криза, која се заканува со воена ескалација во Европа, може да отвори нова жешка страница во односите меѓу Турција, САД и НАТО и Русија. Сето ова веројатно негативно ќе се одрази на односите меѓу Анкара и Москва, кои со години бележат напредок.

Турција е во НАТО од 1952 година и во рана фаза аплицираше за членство во ЕУ. Сепак, нејзините односи со овие две организации продолжуваат да бидат чувствителни и сложени, дури и со периодични тензии. Меѓу нив има и некои главни прашања за кои имаат различни мислења. Во првите редови е прашањето за поддршката на САД за Сириските демократски сили, кои Анкара ги смета за терористичка и сепаратистичка организација. Тука е и прашањето за несоработка на американската администрација со Анкара во однос на паралелната организација и нејзиниот лидер Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, потоа во врска со турското купување на рускиот систем за противракетна одбрана С-400 итн.

Како резултат на тоа, притисокот на САД врз Турција постојано се зголемуваше во последните пет години, дури и со некакви економски санкции против турските владини претставници. Џо Бајден дури ја исклучи Турција од проектот за борбени авиони Ф-35 во кој таа беше партнер. Дури и со ЕУ ситуацијата се врати во фазата пред преговорите. Нејзиниот пат до членство е замрзнат веќе долго време, но дури и договорот за репатријација на бегалците, потпишан со турската влада на чело со Ахмет Давутоглу во 2016 година, сè уште не е целосно спроведен.

Ова го користи Русија, која ја фаворизираше Турција во Сирија. Ова ја натера Анкара со години да изгледа поблиска до својот традиционален противник и историски непријател отколку до своите сојузници и партнери во НАТО. Но, се чини дека неодамнешните кризи меѓу Русија и САД, предводени од САД, би можеле да поттикнат некоја сериозна промена во овој поглед. Турција сега е потенцијален конкурент на Русија за голем број прашања и досиеја од Сирија, Либија, Црното Море, Балканот, до Кавказ и Централна Азија. Затоа, доколку САД и НАТО сакаат да ја испровоцираат Москва во некоја од овие арени, Турција дефинитивно ќе им треба. Особено што таа е втора воена сила во НАТО. Турција има извонредна стратешка карта во случај на воена конфронтација со Русија. Тоа се морињата кои се сметаат за клучни за влез во Црното Море, бидејќи Конвенцијата од Монтре (1936) и дава право на Турција да определи кои бродови можат да преминат во случај на вооружен конфликт.

Така, како резултат на овие цели, американската и европската реторика кон Турција во последно време значително се промени. Наместо за закани, притисоци и санкции, сега се зборува за дијалог, соработка и координација. Понатаму, САД ги информираа Грција, Турција и Израел на 10 јануари дека ја повлекле поддршката од проектот „EastMed“, проект за транспорт на природен гас во Европа, во грчко-израелското партнерство, кое ја игнорираше Турција. Турските медиуми го цитираа грчкиот воен магазин дека САД „ја заземаат турската страна, на штета на грчката позиција“. Неколку дена подоцна турските медиуми објавија дека „Грција добила втор удар“ кога американската компанија „Ексон мобил“ и француската „Тотал“ поставиле сеизмички анализи во источниот Медитеран во спорната област меѓу Турција и Грција. Дури и Москва сега е лута на Турција поради продажбата на воените беспилотни летала „Бајрактар“ ​​на Украина. Турција дури и го задржува ставот на НАТО за спречување на каква било руска воена акција во Украина, повикувајќи на дипломатско решение на кризата, иако со помек тон од нејзините западни сојузници.

Ограничена или целосна интервенција?

По падот на Советскиот Сојуз, Русија беше значително ослабена. САД и НАТО станаа покровители на униполарниот свет. Но, сега не станува збор за Русија од 1990-те, која беше принудена да ги повлече воените бази од многу источни земји. Сега Путин мисли дека нешто може да се врати од минатото. Ако ова е точно, тогаш конфликтот ќе биде од големи размери.

Но, ако вистинската цел е Украина да се неутрализира, без право да учествува во воени сојузи, тогаш нема да има потреба од конфликт со многу жртви, туку ограничени интервенции, доволно за да се постават целите. Путин е мајстор да ги принудува другите да прават соодветни потези под притисок. Можни се и други комбинации на хибридни акции, со цел да се собори легитимната влада и да се инсталира некоја марионета во Киев.

Доколку дојде до конфликт од големи размери, тогаш тектонските движења во меѓународната безбедност нема да се однесуваат само за Европа туку и во целиот свет. Светот повеќе нема да биде како што беше вчера!

The post Војна со светски ефекти!? appeared first on plusinfo.mk.