Катерина Блажевска, Author at plusinfo.mk

Како речникот на СДСМ го убива имиџот на партијата
Кој ги креира соопштенијата на СДСМ? Кој сака таков партиски начин на комуникација со јавноста и со другите партии? Дали е тоа вистинскиот комуникациски јазик со кој социјалдемократите ќе ја вратат довербата во нивната партија? Речиси еден месец се поставуваат овие прашања, откако дојде невообичаен комуникациски пресврт од Прес-центарот на СДСМ.

Во почетокот на декември, кога СДСМ почна со иронизирање и козериски пристап во соопштенијата, владееше впечатакот дека партијата малку експериментира во обид да изгради нов, поубедлив начин на комуникација со јавноста. Тоа траеше кратко. Потоа се префрли на „серијал“, со кој, во речиси секој повод за реакција ја ставаше владејачката ВМРО-ДПМНЕ во контекст на т.н. српски свет, но и почна да прозива медиуми и новинари, во пакет со дискредитации.

Резултат на нервоза

„Не знам до каде ќе дотераме со ваква јавна комуникација“, вели за Дојче веле член на партијата. Тој е еден од оние кои не сакаат јавно да говорат за ова прашање и објаснува зошто.

„Не сакам да правам алиби, да бидам ‘виновникот’ дека со моја изјава сум наштетил на партијата, во време кога таа самата си прави најмногу штета со вакви ‘комуникациски’ потези“, вели тој.

Според впечатокот на некои од соговорниците, причината зошто се случува оваа помена во реториката и спуштање на нивото, лежи во нервозата кај партиското раководство заради лошата реакција на јавноста во однос на последните „кадровски освежувања”. Бидејќи имаше големи најави и очекувања за кадровско зајакнување, а новиот тим не беше така доживеан меѓу дел од членството и поддржувачите, впечатокот е дека раководството по секоја цена се обидува да добие внимание од јавноста, но за жал, вниманието што го добива е многу негативно.

Пристојноста не смее да има алтернатива

Јован Деспотовски, член и поранешен функционер на СДСМ, прашан за коментар на оваа тема, потсетува дека градењето политичка култура отсекогаш било во поширокиот фокус на залагањата на СДСМ.

„Во рамки на ваквата култура, едно од клучните места зема токму комуникацијата со јавноста. Во право сте кога забележувате промени во последно време. За жал, не се само новинарите, односно медиумите, тие што генерално го забележуваат тоа, туку и поширок круг на наши сограѓани. Нема да коментирам одделни случаи, изнесени политички ставови, ниту ‘цели’ на овие соопштенија. Но, отворено ќе кажам дека јазикот што сега се користи, помалку личи на оној СДСМ, кој сите искрени членови и поддржувачи, па и пошироката јавност сака да го види повторно“, вели Деспотовски.

Деспотовски не сака да шпекулира за причините за оваа промена и за отстапувањето од поставените рамки на политичка пристојност.

„За сите ставови има и може да се најдат најразлични аргументи и „аргументи“. Но за пристојноста, односно за нивото на култура во комуникациите, навистина не смее да има алтернатива, посебно не за партија како СДСМ. И никако не смееме со сопственото однесување да им даваме дополнителна муниција на сите оние кои сакаат овој СДСМ сега да го анализираат и прикажат во значително полошо светло од СДСМ во минатото, посебно во делот на нивото и на политиките, но и на луѓето и комуникациите“, објаснува тој.

Тоа не е вистинскиот пат

Деспотовски има јасен одговор на прашањето – дали ова е вистинскиот пат на СДСМ за повторно градење на довербата со граѓаните?

„Секако не. Првиот чекор во градење, односно обнова на довербата, е да ги натераме луѓето најпрво да слушнат што имаме да кажеме. А, тоа не се прави со изборот на зборови и пораки какви што може да се сретнат во дел од комуникациите деновиве. Ниту мислам дека ова изгледа на некаква ‘агресивна’ или ‘воена’ реторика, бидејќи и таму отсекогаш постојат стандарди за СДСМ. Токму на тие, можеби високи, но сепак постоечки правила и стандарди, е граден угледот на партијата кај клучните групи наши поддржувачи. Ако сега тоа го менуваме, можеби имаме одреден нов пристап, нови цели, за кои би слушнале од актуелниот партиски врв. Еве, да оставиме време да видиме дали е тоа навистина така“, вели Деспотовски.

Несвојствено за СДСМ

За оваа промена разговаравме и со д-р Јасна Бачовска Недиќ, редовен професор на Правниот факултет на УКИМ. Таа потенцира дека политичките партии се одлучувачкиот фактор за креирање на политичката комуникација на општествено ниво. Начинот на комуницирање (наративите, управувањето со наративите реториката, однесувањето) помеѓу партиите и помеѓу партиите и гласачите, директно влијае на политичката култура, толеранцијата, политичката социјализација на сите граѓани.

„Што се однесува за Социјалдемократскиот сојуз, како лидер на опозицијата, веќе подолго време се забележува изменетиот стил на комуникација, кој не беше својствен за социјалдемократите во минатото. Тоа се забележува во сите аспекти на комуникација – соопштенија за јавноста, пресови, гостувања во емисии, настапите во Собрание, однесувањето на нивните претставници, до автентичноста и невербалните аспекти. Се употребуваат дисквалификации на личност, се употребува директната потпаролска пресметка, се занемарува пристојната дистанца во комуникацијата, како на пример, ‘господинот’, ‘госпоѓата’, ‘претставниците на позицијата’ итн. Ја потикнуваат и поларизацијата во медиумите и новинарите, која постои, но на некој начин ‘се загрева'”, вели д-р Бачовска Недиќ.

Криза на идеолошкиот идентитет

Примери за тоа има во секое соопштение, во пакет со нови „именувања“, како на пример, ВМРО- Ванчовистичка (за ВМРО-ДПМНЕ), или став „наскоро очекуваме ВМРО Ванчовистичка да го додаде и она „СНС“ помеѓу ДПМНЕ”. Не им недостига ниту производство на нови прекари и епитети како „Манасије српски“ или „Манасије АИ” (за портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски) „Фрљо”, „Геро АИ” или „Св. Геро заштитник на сите ВМРО-ботови” (за новинарот Бранко Героски) и други квалификации за медиуми.

Но највидлива промена е – агресивниот тон во комуникацијата.

„Ваквиот начин на комуникација ја зголемува поларизацијата помеѓу граѓаните, ја намалува толеранцијата и довербата, не само во лидерите и политичките партии, туку и довербата во институциите на државата“, укажува д-р Бачовска Недиќ.

„Агресивниот, нетолерантниот стил на комуникација е типичен радикалните политички опции и не е примерен за социјалдемократите. Социјалдемократите не би требало да се нечиј пандан и да дејствуваат акција-реакција, па и во комуникацијата, затоа што мислам дека тоа нема да им донесе поени или да го подобри имиџот. Напротив, наштетува на рејтингот на партијата и говори за криза на идеолошкиот идентитет. Веројатно треба да подразмислат за поинакви комуникациски стратегии, нови и свежи, кои ќе демонстрираат повисок степен на општествена одговорност, толку неопходна во време на кризи и исполитизираност“, посочува професорката.

ЗНМ: Неприфатлив тип на комуникација

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) вчера упати допис до СДСМ по објавеното соопштение со наслов „Фрљо – последната линија на одбрана на ВМРО!“, во која на навредлив, омаловажувачки и деградирачки начин се таргетира новинар.

„ЗНМ изрази сериозна загриженост дека ваквиот тип на комуникација од страна на политички партии е неприфатлив во демократско општество, ја поткопува довербата во медиумите и создава атмосфера на стигматизација и притисок врз новинарската професија. Особено е проблематично кога овие објави доаѓаат од партии со значајно влијание во јавниот простор, бидејќи можат да поттикнат онлајн напади, говор на омраза и небезбедна средина за новинарите“, е наведно во дописот.

ЗНМ потсетува дека евентуални забелешки за работата на новинарите треба да се изразуваат преку постојните механизми за саморегулација, како што се Советот за етика во медиумите и Советот на честа при ЗНМ, а не преку јавни дискредитации. Здружението апелира до политичките партии нивните битки да ги водат меѓусебно, а не на грбот на новинарите. Од ЗНМ бараат да се покаже одговорност во јавната комуникација, партиите да се воздржат од навреди и омаловажување и да го почитуваат интегритетот на новинарите и медиумските работници, како предуслов за слободен, плуралистички и демократски јавен простор.

The post Како речникот на СДСМ го убива имиџот на партијата appeared first on plusinfo.mk.

Големиот „грев“ на Мицкоски
Разбирам дека во едно политички длабоко поларизирано општество темата „премиерот на инаугурација на Трамп“ може да предизвика дебата. Но, никако не разбрав во што е „гревот“ на премиерот.

Бидејќи, само до вчера „пискотници се слушаа од Галичник до Река“, зошто претседателката Гордана Сиљановска Давкова не заминала на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, како ни на отворањето на Олимписките игри, претходно. Аргументите на критичарите беа дека тоа е важно зашто таму ќе присуствуваат значајни личности од целиот свет. А сега, кого погледите на светот беа свртени кон САД, „логиката“ на речиси истите критичари отиде во друг апсурден екстрем – што бара Мицкоски во Вашингтон?

Стара матрица – нова критика

Споредбата со двата примера, покажува дека за разлика од зрелите демократии, кај нас се уште владее надживеаната менталитетска матрица – по дефиниција да се критикува се и сешто. Заминал премиерот во на инаугурација на Трамп во Вашингтон? Критикувај! Критикувај најсилно што можеш. А зошто да не оди? Ни самиот критичар не знае да објасни.

Едно е сосема извесно – Мицкоски ќе беше критикуван и ако не отидеше во Вашингтон, тогаш со „аргументи“ – ете, никој не ја есапи Македонија, каде е таа на мапата на светските збиднувања итн.

Токму затоа „аргументите“ и стожерна точка околу која се вртеа срамните прашања беа – дали навистина имал покана или ја купил, каде седел, дали бил во вистинската сала и во какво светско друштво би бил на инаугурацијата, најчесто со алузија за „несоодветно”. Можеби се ќе беше поинаку ако списокот на гости им беше даден на домашните критичари тие да одобрат – кој смее, а кој не смее да биде поканет во Вашингтон. Менталитетот „со туѓа погача да правиме свадба“, очигледно ушто долго време нема да биде искоренет кај нас. Потоа стана „спорна” салата од каде што премиерот ја следел инаугурацијата, бидејќи таму седел во ложа „само“ до претседателот на Републиканската партија.

„Дајте вино“

Оваа дебата не враќа на едно клучно прашање – каков премиер сметаме дека и треба на Македонија? Премиер што ќе седи дома, што „нема да се меша во своите надлежности“, што нема да воспоставува контакти, кој нема да се труди да го сврти вниманието политичките центри на моќ кон својата земја и кој нема да води разговори за економија, инвестииции и развој со личности со големо корпоративното и политичко искуство? Ако ни треба таков премиер, тогаш навистина е „релевантно“ прашањето зошто Мицкоски би одел во Вашингтон.

Во таков случај би било доволно „како досега“ – да го гледаме премиерот развеселен на некој вински саем, каде ќе ечи „дајте вино сакам лом“, евентуално рутински да претрча во некоја посета во регионот, да ги споредува повремено цените на шпагетите во маркетите и толку. Тоа би било „полна капа“ за очекувањата од еден „стандарден“ македонски премиер.

Станува многу очигледно дека во време кога светот е пред големи промени, ние како општество не сме подготвени ни за милиметар да се поместиме. Не мора политички/идеолошки да се согласувате со премиерот, но навистина е фрапантно кога нема да се покаже минимум почит барем кон неговите обиди да отвори некаков капиџик за земјата – развоен, инвестициски, трговски… Можеби ќе успее, можеби не, но ќе знаеме дека се обидел, наместо да седи со скрстени раце.

Сомнежи, потсмев, потценување

Но, овде како да владее обратна логика. Можноста да се оствари во некаков ефект од тие напори, однапред се ставаат под сомнеж, однапред им се пресудува, се третираат со потценување и потсмев, како да се навива за неуспех, а не за успех, нешто што јавно не би го изговориле ни најголемите недобромерници на земјава.

Второ, многу грда слика е да се омаловажуваме самите како држава (персонифицирано низ неговата посета), во смисла дека сме небитни во тоа опкружување, кога ни „политичари од поголеми земји“ не дошле во Вашингтон. Една земја е голема или мала, не само според територијални, економски, природни, воени и други показатели и ресурси. Во очите на другите се цени, пред сè, според почитта што кон земјата ја искажуваат нејзините граѓани.

Трето, не е лошо да се прашаме како критиките за престојот на Мицкоски во Вашингтон и овдешните рецензии околу листата и „подобноста“ на некои од гостите, ќе бидат протолкувани во земјата која е наш стратешки партнер. Таа има суверено право да одлучува кого ќе покани и во колку и какви објекти ќе се следи инаугурацискиот процес, кој предвидува повеќе свечености, покрај главната во која новоизбраниот претседател положува заклета.

На крајот неколку факти остануваат неспорни. Мицкоски ниту „купил“ можност за присуство, ниту се „шверцувал” на инаугуративните церомонии. Тој не отиде на прошетка во пустински дел од Невада, каде не ќе може да слушне ништо друго освен своето ехо или его, ниту да види нешто повеќе од својата сенка. Беше во политички фреквентниот Вашинтон каде оствари серија средби кои смета дека се значајни за интересите на земјата. Негова обврска како премиер е да го прави токму тоа. И го направи. Ако е тоа неговиот основен „грев“, останува да се надеваме дека и во иднина ќе продолжи да биде „грешен“.

Извор: Дојче веле

The post Големиот „грев“ на Мицкоски appeared first on plusinfo.mk.

АНАЛИЗА НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ Закон за потекло на имот – тропање на отворена врата
Високи функционери, поранешни градоначалници, директори на институции, членови на управни одбори… Многу имиња и нивни непријавени имоти фигурираат во анализата за „Тајни имоти”, афера зад која според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ се кријат имињата на 123 функционери на власта кои сокриле имот вреден 30 милиони евра.

Опозициската партија вчера даде рок од 24 часа институциите сами да ги објават нивните имиња, а во спротивно од денес ќе ги објавуваат поединечно. Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ го вратија на дневен ред прашањето – што се случи со најавуваниот Закон за потекло на имот? На донесување на овој закон вчера повторно повикаа од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која беше прозвана од опозицијата: Зошто постои Антикорупциската, ако точно 123 лица функционери го кријат својот имот?

Од ДКСК повторија дека тие проверуваат дали функционерите точно ги пријавиле своите имоти во анкетниот лист. За ДКСК е проблем што не постои софтвер за директно поврзување со институциите кои располагаат со податоци, за да може да се спореди дали некој нешто крие. За да се утврди дали се работи за таен имот, од ДКСК сметаат дека што поскоро треба да се донесе Закон за потекло на имот, за секој граѓанин да каже од каде му се средствата за да го стекне тој имот.

Сите недопирливи

Од април 2021 година такво решение најавуваше тогашниот вицепремиер за борба против корупција, Љупчо Николовски.

„Подготвуваме Закон за потекло на имот! Имотот и капиталот ќе бидат предмет на проверка, а нелегално стекнатиот имот ќе биде конфискуван! Нема недопирливи!” порачуваше Николовски.

Со експертска и техничка помош од Советот на Европа беше направен првиот чекор – физибилити студија, а веднаш потоа формирана и работна група која почна со подготовка на Законот, по што лани во септември произлезе драфт верзија.

„Законот ќе важи за сите лица кои нема да можат во одреден законски период да го докажат потеклото на имотот. За разлика од сегашната обврска избраните и именуваните лица да поднесуваат анкетен лист за имотната состојба додека трае нивниот мандат, ваквата обврска сега добива поширок опфат во смисла на времетраењето на увидот во имотната состојба. Една од новините во драфт законската верзија е што испитување ќе се врши и доколку имотот е префрлен на трети лица“, рече Николовски.

Во драфт-верзијата било предвидено да има конфискација на имот над 30.000 евра, чие потекло не може да се докаже.

„Функционерите на СДСМ неколкукратно го зголемија својот имот во изминативе 4 години, и тоа за многу повеќе од 30.000 евра. За голем број од нив иако има докази во изобилство ЈО не отвора истрага“, реагираа тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.

Од најавата на законот помина повеќе од една година, драфт верзијата која никој не ја виде падна во заборав, а не се врати „во живот“ дури ни во јули годинава, кога Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција објави дека на Сашо Мијалков во случајот „Империја“ ќе му се конфискува имот во висина од 36 милиони евра, од кои 30 милиони во имот и 6 милиони евра кеш. За илустрација, според првиот имотен лист што Мијалков го поднел до ДКСК во јуни 2007 година, имотот што го поседувал бил во вредност над 1,1 милион евра, а кога се повлече од УБК во 2015 година – околу 1,5 милион евра. Јавноста прашуваше – како со плата од околу 70 илјади денари месечно, во следните години стигнал до имот вреден 30 милиони евра, и уште колку имот поседува што е надвор од лупата на надлежните?

Реприза на „имаш куќа, врати стан“

Дали овој и слични случаи, може да се расветлат единствено со закон за потекло на имот?

„Донесување на закон за испитување на потеклото на имотот добро звучи, посебно за недоволно упатените“, вели поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на ДС, Павле Трајанов.

„Таков закон имаше во времето на СФРЈ, кој ја покажа апсурдноста на имплементација, за на крај да се сведе на флоскулата ‘имаш куќа, врати стан‘. Србија донесе Закон за утврдување на потеклото на имотот, но засега нема позитивен исчекор во борБата против криминалот и конфискација или оданочување на капиталот стекнат на криминален начин. Се отвораат дилеми – кој треба да докажува дали имотот е стекнат на чесен начин: државата, или тој што го поседува имотот? Ако треба да докажува носителот на имотот, тоа е како да те обвинат за тешко кривично дело без докази, а ти да докажуваш дека си невин“, вели Трајанов.

Има дилеми и од кога би важел законот – од денот на донесување или ќе има ретроактивно дејство, кој ќе го детектира скриениот имот, имотот во странство, како ќе се спречи опасноста од селективна примена, партиските влијанија итн.

„Предлагам донесување на Закон за борба против тешки облици на организиран криминал и висока корупција, и формирање на независна Агенција што ќе го спроведува овој закон. На Македонија и е потребен заокружен и ефикасен систем за борба против криминалот“, сугерира Трајанов.

Но, дали и таква Агенција би можела да оствари резултати, ако законот остава отворени прашања? Извори упатени во подготовката на драфт верзијата тврдат дека најголемиот дел од решенијата биле копирани токму од српскиот закон, кој, пак, една и пол година од примената сѐ уште не донел резултати. Tаму, товарот на докажување на зголемениот имот на физичкото лице е на Даночната управа, а товарот на докажување на потеклото на имот е нa даночниот oбврзник за делот во кој зголемениот имот не е во согласност со пријавените приходи. Резултатот во рок од една година од примената на законот е следен: од обработени податоци за имот и приходи зa над 1,2 милиони физички лица (врз основа на системски поврзани информации), Даночната управа идентификувала 13.000 физички лица чиј имот е далеку поголем од пријавените приходи, односно над 150.000 евра, според законскиот праг (кој кај нас бил предвиден за сума од 30.000 евра). Епилог нема, постапките „се во тек“, а од Даночната управа како оправдување го посочуваат податокот дека „и во текот на тригодишната примена на сличен закон во Велика Британија, тамошната даночна администрација поради сложеноста на постапката донела – вкупно три решенија“. Во просек – едно решение годишно.

Политички трик

Во Србија имаше случаи кога актуелни функционери нивниот несразмерно зголемен имот го правдаа со „пари од тетка од Канада“, а за некои преку истражувачкиот проект „Пандора документи“ беа објавени податоци за голем број оф-шор компании. Но, примената на законот нив до денес воопшто не ги засегна. Како оправдување за некои случаи било посочувано дека не постојат електронски податоци пред 2007 година, а за други, дека тешко може да се провери дали роднини од странство давале кеш, па останува впечатокот дека овој закон не е наменет дури ни за „ситни риби“, колку за јавна претстава.

„Законот е целосно непотребен, бидејќи Србија и досега имаше механизми и институции зa утврдување на потеклото на имот. Законот е политички трик за да и се покаже на ЕУ дека Србија сe бори против корупција”, оцени Стеван Дојчиновиќ, главен уредник на КРИК- мрежата за истражување на криминалот и корупцијата во Србија.

Слични се впечатоците и во македонската јавност. И претходно, и денес, правни експерти тврдат дека Закон за потекло на имот значи „тропање на отворена врата“. Имено, исто како што Законот за спречување на корупција овозможува да се испитува имотна состојба, така и во Законот за персонален данок има одредби според кои може да се испитува потеклото на имотот ако има индиции за несрезмерно зголемување на имотот, при што треба да се утврди фактичката состојба и да се докаже од каде му е приходот на граѓанинот. Ако надлежните се откажуваат од постоечките законски алатки, а најавуваат нови законски проекти, тогаш се јавува сомнеж дека е во игра само декларативна промоција на политичка волја за битка со криминалот, а на сцена – најкусиот пат како таа битка да се избегне.

The post АНАЛИЗА НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ Закон за потекло на имот – тропање на отворена врата appeared first on plusinfo.mk.

Софија-Скопје: И подарок и провокација почнуваат на иста буква
Новиот почеток на односите меѓу Софија и Скопје, донесе и неколку скриени или можеби доволно отворени пораки, кои говорат дека и покрај најавите, историјата сепак нема да биде во втор план, наспроти дијалогот за економско, културно и инфраструктурно динамизирање на односите меѓу двете земји, пишува Дојче Веле.

Напротив, датумот кој РСМ го преспа, беше искористен за Бугарија индиректно да испрати пораки, во чиј епицентар повторно е – историјата. Посетата на Кирил Петков на Скопје се реализираше на 18-ти јануари, еден ден откако беше избрана новата македонска влада. Но, дали овој датум е случајно избран и поврзан само со „раѓањето“ на новата влада? Вчерашните настани ќе покажат дека не е, и дека историските прашања само навидум се ставени во втор план, а суптилно се во прв.

„Случајно“ на 18- ти јануари

На вчерашен датум, 18-ти јануари изминаа 160 години од смртта на Константин Миладинов (1830-1862) во Цариград, каде неколку дена подоцна (23 јануари 1862) ќе почине и неговиот брат Димитар Миладинов. И додека во земјава на никаков начин не беше одбележана годишницата од смртта на Миладинов(и), личности кои во националната историја заземаат значајно место како македонски поети, публицисти и собирачи на македонски народни песни, Бугарија тој датум индиректно „го одбележа“ на македонски терен, во просторите на идниот прес-центар на бугарската новинска агенција (БТА) во Скопје, чии први гости беа токму бугарскиот и македонскиот премиер.

Петков му посака на медиумскиот тим многу успешна работа и објективно известување, а Ковачевски упати честитка за претстојното отворање на прес-клубот, истакнувајќи дека тоа е важен чекор во градењето доверба меѓу двете земји и нивните граѓани. Нивните пораки беа и првите запишани во книгата на гости на прес-клубот на

БТА во Скопје. Оттаму и двајца излегоа со подароци: издание на „Симболите на Бугарија“, изданија на обновениот списание ЛИК и фототипско издание на „Бугарски народни песни“ од браќата Миладинови. Јаболкото кое Ковачевски го доби на подарок од бугарска новинарка, надградено со споменатата книга, сега може да добие и друго значење.

„Бугарски преродбеници“

За што станува збор? „Бугарски народни песни“ и „Собрани дела“ се двете изданија со кои Бугарија ја одбележува 160-годишнината од смртта на браќата Миладинови, а двете изданија беа претставени од БТА на 11-ти јануари годинава.

„На почетокот на годината не може да има подобар подарок за бугарскиот народ од оваа книга“, рече на промоцијата пред една недела потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.

„Со бугарскиот фолклор, со бугарските народни песни, браќата Миладинови ѝ ставаат до знаење на целата меѓународна заедница што се случува во овој дел од Отоманската империја веќе во распаѓање, затоа што постои еден голем народ – со свое битие и култура, талент и духовно богатство“, изјави Јотова, потенцирајќи дека „двајцата браќа се вистински примерок на бугарската преродбеничка мисла и нејзини најтипични претставници“.

„Денеска нè обединува едно свето дело – делото на Миладиновци, кое лежи во основата на нашата преродба, на градењето на бугарската свест“, рече Кирил Топалов, автор на воведот во „Бугарски народни песни“ и член на на бугарскиот тим во заедничката бугарско-македонска комисија за историски прашања.

Дали премиерот Ковачевски знаел каков подарок ќе добие, дали неговото прифаќање е само гест на култура или ќе значи многу повеќе – пред се во однос на работатата на историската комисија? Прашањето е легитимно, ако се има предвид дека копретседавачот од комисијата од бугарска страна, Ангел Димитров, по состанокот на Комисијата во октомври лани, изјави дека неговите колеги од РСМ „не дозволиле идеја за постоење заедничка историја, дека не сакале заеднички да слават одредени личности и дека не се воделе од нивните биографии“. Тогаш како пример ги наведе браќата Миладинови, но и Гоце Делчев, личноста за која исто така е врзана јубилејна годишнина во 2022 година.

Од македонскиот тим уште во април лани изјавуваа дека колегите од Бугаријабез најава и претходни консулатации излегле со изненадувачки предлог да биде отворено прашањето за браќата Миладинови, со оглед на 160-годишнината од Зборникот (24 јуни 1861) но тие тогаш не прифатиле да дискутираат за тоа, пред да се затворат тие теми, вклучително и за Гоце Делчев и Григор Прличев.

„Случајно“ на 4-ти февруари

Дали нешто во меѓувреме се сменило, треба да одговорат и од Комисијата за историски прашања. Но, веќе е сигурно дека 18-ти јануари нема да остане единствен датум искористен на македонски терен за промоција на бугарската историска верзија за личности кои ги слави и македонската историја. По вчерашната неформална промоција на прес-клубот на БТА во Скопје, неговото свечено отворање е најавено за 4-ти февруари годинава. Дали е случајно избран тој датум? Можеби, но само за оние кои забораваат дека на тој датум е роден Гоце Делчев (1872-1903), односно дека годинава се одбележува големиот јубилеј – 150 години од раѓањето на македонскиот великан.

Нема информации како РСМ ќе го одбележи тој датум, но доколку „го пропушти“ како вчерашниот за Константин Миладинов, не е исклучено повторно да добие пригоден подарок и на свеченото отворање на прес-клубот на БТА. Ако не е книга, може да биде и бугарска паричка. Имено, еден ден пред посетата на Кирил Петков на Скопје, Бугарската народна банка пушти во продажба сребрена монета, „посветена на 150 годишнината од раѓањето на бугарскиот национален херој Гоце Делчев“. Огромна редица од луѓе на минусни темератури чекаа ред пред БНБ за да купат една од монетите од ограничената серија во тираж од 3.000 примероци.

Сето ова се случува во време кога македонската страна внимава да не го загрози дијалогот со Бугарија и да не направи чекори кои може да испратат погрешни сигнали до Софија. Во таков контекст јавноста го прочита и неодредениот датум за средба на претседателот Стево Пендаровски со претставници на ОМО Илинден, како и изјавата на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, околу македонското малцинство во Бугарија, која предзивика незадоволство во домашната јавност. Покрај вербалните, во низата отстапки од вчера е и една конкретна – издвоено прифаќање на едно од барањата на Бугарија од пакетот „5+1“, кое се однесува на употребата на долгото и краткото име на РСМ. Тој чин беше претставен како нешто „на што Бугарија се согласила“, веројатно заради фактот дека таа отстапка од страна на РСМ не беше следена и со возвратна отстапка и од страна на Бугарија. Според поранешниот вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров, да се сврти приказната во овој случај како Бугарија да направила отстапка, е несериозно и безобразно.

The post Софија-Скопје: И подарок и провокација почнуваат на иста буква appeared first on plusinfo.mk.