Јагнула Куновска, Author at plusinfo.mk

Да не беше националното толку важно…
На нас Македонците кои долго дремеме прегрнати со сопствената немоќ, одамна ни е јасно дека ако сакаме да опстанеме како нација во својата Македонија и да се чувствуваме слободни и горди во сопствената самобитност, не потребен, туку, неопходен ни е и тоа СЕГА, по компактен и политички поцврст национален склоп, и национална свест. Сегашната разлеана и тоа на секнување состојба на свеста, залежана внатре во срцевината на македонската национална кауза, ја поддржуваат и користат за дневнополитички, а најповеќе за долгорочни планирани геостратешки интереси, странските сили, кои, со планирани политички поместувања изразени како контрола и по потреба производство на конфликти, имаат турено рака врз Македонија. Ваквата состојба, со јасна цел ја користат и сите комшиски држави, сѐ повидно и погласно, горделиво и отворено манифестирајќи ги дури од нашата територија своите профашистички претензии, со игнорирање и присвојување на нашата национална самобитност и самоопределба, кое нешто од страна на актуелната власт со евтина демагогија свесно се толерира, а на тој начин и поддржува.

Како да веќе не ни е важно дека токму нашиот идентитет е срцевината на македонската национална опстојба. Како да свесно запоставивме дека раздробеноста на социјалното ткиво води кон планираната разградба на државата, посебно со создавање и поддршка на партии – нации и партии – етноси, кои си обезбедија политичко тло за дестабилизација на организационата поставеност на државата и овозможување на отворена манипулација од надвор.

За нас како да стана срамно и антидржавно да ја поистоветуваме сопствената македонска нација со сопствената македонска држава. Како да ние, само ние на Балканот не треба – немаме духовна и правна потреба од национална држава, па се трудиме тешко извојуваната и добиена АСНОМ-ска Македонија, што побрзо и на брутален начин со одобрување и наше странично подривање, да ја изгубиме. Зар веќе не ни треба? Зар ништо не ни значи фактот што сите наши комшии се воскреваат, придавајќи посебна важност на самобитноста, потенцирајќи нераскинлива врска на држава со нацијата. Незамисливо е еднаш создадена држава Македонија, понатаму да не ја гради националната свест и тоа намерно, во корист на туѓи агенди, а се разбира на штета на својата. Тоа го манифестира синдромот на недораснатоста на нас Македонците кои сами ја демакедонизираме Македонија со отворено сугерирање од актуелната власт за некаква мултинационалност, и мултиконфесионалност како (ре)конститутивни државотворни елементи, која состојба сега е политичка мода со скриена а веќе јавна нагласка да се разводни и уништи македонската нација во државата која планирано се претвора во сечија, со фактички состојби какви што одговараат на другите, но се погубни за Македонците и државата Македонија.

Оваа денес актуелна антимакедонска политичка состојба изрежирана од надвор, а спроведувана од актуелната домашна профашистичка власт под буден странски надзор, е со тенденција да се одвои македонската држава од македонската нација и  како поим да се избрише животворниот дух на Македонецот, за да не постои. Не се работи само за игнорирање на нас како народ, кое има за последица бришење на името и опстојбата не само на нацијата, туку и на државата Македонија, туку, тоа е чин со кој нескриено го манифестираме нашиот поданички менталитет, во основа малограѓански, со што пропуштаме преку нацијата како најзначаен политички фактор демократски да се самоизградуваме и просперираме. Место напредок, го регенерираме синдромот на  експериментирање со самите себе, по прифатени туѓи погубни сугестии и насоки.

Денес во Македонија додека се брише македонскиот јазик и македонскиот народ од картата на светските народи, се продуцира нов конститутивен народ, односно народи, функционирајќи како конгломерат на колективитети кои веќе се промовираа како конституенс во државата. Со тоа забрзано пробива и успева туѓата цел да се асимилираат и збришат Македонците од сите простори на Балканот, почнувајќи од матичната држава. Тука е нашиот допринос во заостанувањето и запоставувањето на сопственото државотворно и политичко самоконститутирање и надградување, политички чин, непоходен во историскиот процес на самоосвестување, кој во моментов насушно ни недостасува. Не се почитуваме самите, затоа никој од надвор не нѐ почитува како нација која знае која е и што ѝ е целта, па кој посака и може, јавно ни манифестира политичка сила со цел да завладее со нас ментално и просторно. Од власта, нема никакви реакции. Сѐ што доаѓа како наметнато од внатре или од надвор, како да е добредојдено.

Повод за предновогодишна „разработка“ на една ваква неблагодарна, непосакувана, ќе рече некој – злонамерно покренувана тема, е дволичниот настап на Србинот Д. Лучиќ, на српски портал, на кој ќе се обидам импровизирано, нафрлено да му дадам важност и тоа во многу скратена форма, само за да потенцирам со какво заслужено омаловажување и игнорирање, амааа… прости ме Боже, во многу што и вистинито(?!) се однесуваат соседите спрема нас. Тој, окоравен Србин кој сем Српството ништо друго не признава, сакајќи да потенцира дека ние не сме Македонци, туку Срби кои живееме во Ј. Србија, вели: – Да се Македонците потомци на Александар Македонски, за какви се кажуваат, не би дозволиле Бугарите да им го заседнат дворот, туку би ги протерале до Црното море… но, тие се добри луѓе кои немаат борбен дух… Тие се РАЈА… Затоа Албанците ги имаат окупирано…

Сето ова кажано од Лучиќ, кој гостувајќи во македонски медиум многу поинаку зборуваше… немаше да ми остави впечаток бидејќи не е единствен Србин кој на јавни настапи на нивни портали не пропушта да потенцира како него, дека и манастирите ни се српски…, дури и Егејците се Срби(?!), со сѐ егејската земја(!), ако во неговиот исказ не нагласи дека ние сме РАЈА…

Да се разбереме – не се работи за навреда… туку за потсетување и размисла дали правилно нѐ трефнал тој збор кој има длабоко психолошко значение и како израз, со причина, од дамнина е вкоренет во нашата свест…

Прашањето кое си го поставив пред себе, е: – Дали не се поклопи мислењето на Лучиќ, со одамна искажаното на Крсте Мисирков, кој во книгата „За Македонцките работи“ потенцирајќи го нашиот – не за фалба менталитет и нашата национална неосвестеност која трае до денес, нѐ „искара“ дека секогаш се однесуваме како што другите сакаат – ниту свој на своето, ниту горд на своето… Еве што вели тој: „Турците ни зедоа земјата и си ја разделија меѓу ниф. Није се примирифме со таја загуба. Зафатија да ни земаат деца наши, да ѝ потурчуваат и да праат од ниф јаничари. И тука молчефме. Турците видоа зор до кога ја покорат Србија и името Србин означувало за ниф разѐбојник. Ние свифме глава и не се велефме Срби, да не го расрдиме агата. Он не сакал да се велиме Бугари, и Бугари не се велефме. Турчинот ќе ни дојдеше во куќата, ќе се најадеше, ќе се напиеше и ќе ни речеше: бре ѓаур! ај донеси ми тоа и тоа! – ќе му одгоорифме, сега беим! Ако не питаше некој Турчин, шчо сме? – ќе му одгоорифме да сме или каури т.е. „неверници“, или „раја на царот“.

ПС. Поздрав до Лучиќ… и да го потсетам на една стара поговорка која во детството ја имам слушнато од Србин – мојот комшија Поткоњак: „Што је Србин све је јунак, од поле иде, кучи сере“.

The post Да не беше националното толку важно… appeared first on plusinfo.mk.

Стоп на качачката наезда
Подолго време во Македонија е нарушен елементарниот принцип на демократијата: волјата на мнозинскиот македонски народ – Македонците, е узурпирана од волјата на малцинството Албанци, кои не само што  ја презедоа сета политичка власт во свои раце и со тешки криминали го опљачкаа имотот  на народот, од позиција, сега  се во фаза кога се гласат за тотална албанизација, односно претворање на Македонија во дел од Г. Албанија. Тоа не е предизборна празна реторика како што некои велат, која се гласи колку да се каже нешто од качачките шупоглави партиски водачи. Тоа е гласило за политичка окупација на македонската земја и отворено непријателство спрема Македонците, кое мора да се сопре, пред да прерасне во отворена пресметка – војна!

Се користи рафинирана, ама простачка и илузорна окупаторска тактика, со стратегија за демакедонизација и на луѓе и на територија, за да ни се уништи – збрише, сѐ што е македонско и тоа во сопствената единствена  држава Македонија,  во историско идеолошки момент во кој Македонците бележиме сериозни заостанувања во историскиот процес на национално самоосвестување и политичко и државотворно  самоконституирање и контролирање.

Подолго време се формираат и отворено, без да бидат сопрени, функционираат познати туѓи геостратешки, но и регионални цели и интереси, со окупаторско – територијални претензии, бележења на македонската  почва со кучешки белези, како „доказ“ за сопственост на територијата.

Веќе не се крие политичката и територијалната експанзија на едни нации и држави во напредувањето на политичкото и територијално освојување и тоа со методи кои се одомаќинија и на некој начин, со толеранција се прифатија како нормални за овој геостратешки простор, третиран како терен во кој може секој да делува спрема своето расположение и идеологија, односно, тврдење дека  има  „право  врз  своето…“. Намерата е да се форсира сѐ што не е македонско за да се совлада последниот бастион на отпор кон насилнички зацртаната туѓа мирнодопска окупаторска стратегија.

Тоа е стратегијата на надворешните сили околу Македонија, а тоа се сите соседни држави, кои на времето ја распарчија и присвоија нејзини делови, која не е битно изменета. Само современо е надоградена. Тие продолжуваат од надвор, а многу успешно и од внатре, да ја негираат територијалната целина на Македонија, заедно со идентитетската припадност на Македонците. Таа постојана негација и постепена асимилација ја доведува во прашање безбедноста, сигурноста и територијалниот интегритет на Македонија, посебно сега,  кога тоа се врши од внатре со помош на самите Македонци кои се во власта, обединети ама како прислужници на бугарските, посебно на качачките орди кои се намножија како стршлени користејќи ја предавничката политика  за (ре)конституирање  на македонската  држава како мултинационална и мултиконфесионална, како фатален чекор наназад во однос на АСНОМ, како и АВНОЈ.

Повеќе пати имам пишувано, и повторувам дека Македонија во тие историски моменти е призната и конституирана како национална држава на македонскиот народ, од чие име произлезе името на Републиката во составот на некогашната СФРЈ, име, кое меѓународно се промовира и официјализира.

Со промената на името, почна да се реализира и политичката тенденција на големите сили, пред сѐ Америка, да се преиначи АСНОМ-ска Македонија од национална држава на мнозинскиот македонски народ, во наплив на државотворни нации, со што се постигнува целта – Македонците да останат без својата матична држава, која состојба е погубна и означува дефинитивно исчезнување од историската сцена не само на Македонија како држава, туку и на македонската нација.

Ова им одговара на фашистичките тенденции на Бугарите кои со засилен чекор, одобрено од Западот, си ја остваруваат својата сега проширена агенда – да ги асимилираат Македонците и во соседна Албанија, како и во Косово, постилајќи ја картата –  до кај што има Бугарин до таму се простира Санстефанија.

Да не останат покусо, дома, распослани по министерски фотелји, со парите на народот во џеб, посебно се накострешија  намножените новопечени качаци, кои своето барање за државотворност како втор државотворен(!?) народ, отворено, како нивно право го форсираат,  користејќи ја „смиреноста“ на Македонците и договорот со македонските предавници од  власта, кои прифатија Македонија како држава и македонскиот народ  како државотворна нација да бидат уништени во корист на Санстефанска Бугарија и Г. Албанија. Тоа е патоказот  на туѓата окупаторска стратегија, преку која Македонците во сопствената држава веќе се евидентираат како граѓани кои чекаат на ред да бидат некаде додадени и припоени. За чудо, остај власта, туку и опозицијата молчи за оваа погубност,  ставајќи  ги  случувањата  под черга, како еуфорија, без  да им даде важност. Напротив, премолчуваат или тивко изустуваат дека со албанската опозиција постизборно ќе ја формираат новата власт, свесни дека таа опозиција се трка со ДУИ во иредентистичките испади и условувања, со заканувања да ги исполнат своите фашистички  цели.

Така надежта на Македонецот  се  губи… и изгледите дека со промена на власта ќе се отвори некоја нова надеж, исчезнува, бар кај мене… Простата замена на една иредентистичка албанска партија од власта или опозицијата, со друга, е само залажување на Македонецот, кое не смее да се случи. А, за да не се случи, треба да се здружат поголем број на помали македонски партии со водечката ВМРО, и заедно да добијат повеќе од 61 пратеник, за да формираат македонска влада, во која ќе има и албанска партија, но, истата нема да биде во можност да уценува делувајќи спротивно на идентитетските и територијалните интереси на државата Македонија и Македонците. Без да ја идеализирам најголемата опозициона партија, ја поддржувам, бидејќи благодарение на неа и нејзиниот дослух  со најголем дел од македонскиот народ, денес, Македонија не е изгубена татковина… Да не беше тврдокорна во штитењето на државата од распад, и идентитетот на Македонците, денеска со Македонија ќе управуваше  бугарско – албанска влада…

Одамна пишувам дека Македонија се косовизира, отворено, јавно… Косово веќе се  прошири во западна Македонија… Армија македонска немаме… Со косовската функционираат под една команда, како војска раководена од НАТО која има свои стратешки интереси кои ги реализира. Не случајно косоварите на своите воени униформи со дозвола на НАТО се закитија со картата на Г. Албанија… Качакот градоначалник на усмрдениот кучкарник Тетово, побрза да се приклучи на желбите… Знамиња на Г. Албанија се развиорија по Тетово, Гостивар, Кичево, Струга… никој,  ништо не реагира.  Затоа е смелоста да се тргне  црковно знаме од македонски манастир на П. Шапка и  да се окачи албанско. И да не редам… само ќе „предвидам“ дека ако продолжиме со ова кукавичко темпо, ќе дочекаме, набргу, и таблата во Собранието напишана на „бетонираниот“ македонски јазик, да ни биде покриена со нова табла, на албански  јазик…

Македонија се распаѓа! Таа ги исполни сите внатрешни услови, а Америка и пропаднатиот Запад го помагаат овој историски чин, кој се прикрива на наивен начин. Бавно се одвива, но, ако продолжи вака, тој е неизбежен… Како што стојат работите, Македонецот е тој кој ја спроведува последната фаза на сопственото самоуништување, овојпат како свој на своето, на демократски и послушнички (не)достоинствен начин, потпомогнат од балистичката албанска орда, а насочуван и следен за довршување на започнатото, од самонаречените традиционални демократи – Европа и Америка, кои своето вековно делување го засноваа и одржуваат врз нацизмот, фашизмот, робовладетелството, колонијализмот, неоколонијализмот кој сега е измоделиран и приспособен…  Тоа се искуства кои ги применуваат секаде каде што оцениле дека се во нивен интерес или интерес на  нивните штитеници.

Нашите стратешки (не)пријатели, се надеваат дефинитивно да ни го решат горливото македонско прашање, со  наше испарување… а, тоа е – сами сме легнале на туѓо брашно, се прпелкаме и со изнудување на кое не сме баш отпорни, се чека да признаеме дека сме вештачка  творба… која не може и не треба да егзистира… За потсмев ќе ни останат како спомен само „црните листи“ со кои ни удрија дијагноза на недоветни… да се занимаваме додека исчезнуваме…

The post Стоп на качачката наезда appeared first on plusinfo.mk.

Мултиетничка Северџанија
Џабе е повикот – „…денес на македонскиот народ му е потребен револуционерниот пркос од 1893 година, за да се запрат ударите врз темелите на државата“. Доцнимеее…! Револуционерниот пркос на нашите предци им послужи за подбив на предавниците Македонци, кои како крлежи вкопани во власта, здружени со качачките изданоци, ја урнисаа државата Македонија и подмолно го обесчестија ликот на Македонецот.

Со бришењето на името на државата нѐ обезглавија како народ – Македонци и нѐ збришаа од картата на народите. Како сираци останавме без национална стратегија и програма, и никакво национално единство… Основните АСНОМ-ски државотворни принципи без кои не се препознава Македонија како матична држава на македонскиот народ, а во неа ниту Македонецот, па колку и да сакаме меѓу себе така да се нарекуваме, ги заборавивме?!

Решението на македонското прашање е најпосле пронајдено, од други, со тоа што, ние Македонците, меко, подзаспано прифативме главниот државен акцент од себе да го насочиме против „македонската тортура врз обесправените, маргинализираните, дискриминирани… и речиси геноцидирани етнички групи, кои во суштина се конститутивни, што значи државотворни – уставотворни народи – нации. „Сето тоа, по брза политичка постапка, благодарение на предавниците од сопствениот род кои најбргу што можеа побрзаа да ги послушаат странските наредбодавци и да ја прифатат како своја туѓата национална доктрина со покорна нагласеност дека не само што со неа се согласуваат, туку и дека ќе ја туркаат „мултиетничката демократија“ како државна политика. Тој антимакедонски концепт, фактички камуфлирана грижа за Албанците, е отворена поддршка на проектот „Г. Албанија“ под протекторат на САД, за која, мнозинскиот народ кој меѓу себе се нарекува Македонец не е во согласност со нејзиниот стратешки интерес за овој регион, ниту во согласност со интересите  на нејзиниот традиционален партнер Грција, ниту на главниот балкански партнер (Г. Албанија), и многу-потребната (поради излезот на Црното море) разјарена Бугарија.

Значи: – замената на светски прифатената вредност – граѓанската демократија, која е цивилизациско достигнување, со некаква наменски измислена мултиетничка демократија, е со јасно пресметана, сега веќе отворена цел: македонската нација да не постои, да ја снема, исто како што не постојат – збришани се, македонски национални малцинства во соседните држави. Тој предавнички туѓ концепт за мултиетничка држава каква (друга) во светот не постои и не се потенцира, односно форсира, од причина што постојат само мултиетнички општества, успешно е спроведуван пред наши очи од комбинираната „наша“ прислужничка власт, преку заканата на наредбодавателите – спроведувајте го концептот кој што сме ви го задале, ако сакате да останете на власт!

Да не се лажеме – после не туку-така објавената Тиранска платформа, на сите (?) ни стана јасно спознанието дека Тирана го изоде планираниот пат и идеолошки ги прибра во своите политички прегратки, значи кон себе, демек братски, раководствата на сите албански партии на Косово и Македонија, а со тоа и јавното гордеење со фактичката траса на „добре дојдовте во Голема Албанија“.

Звучам несериозно (?), но сериозно е дека натурениот концепт за мултиетничка Северџанија кој упорно се спроведува од комбинираната владејачка банда, има многу важна функција за нашите стратешки партнери – Западот, а посебно усогласено со агресорската политика на сите наши соседи. Сите тие имале и имаат територијални претензии со упорно побивање на повеќе од стотици години старата македонска национална програма која за жал самите – ние ја погазивме. Тој брутално туркан експанзионизам беше неуспех сѐ додека ние Македонците самите не се испуштивме од сопствените раце, свесно, спонтано прифаќајќи – мирнодопска неутрализација на македонскиот национален фактор, престорен во некаква мултиетничка творевина, каква не постои околу нас. Таа од уста невадена мултиетничност во суштина е двоетничност, или воспостава како планирана историска фаза на големоалбанската експанзионистичка наезда кон целта – Г. Албанија. Во сето ова, американскиот фактор ја има улогата на покровител, заштитник, миротворец… со класична, модерно продолжена империјалистичка шема, пред која дволично молчиме.

Задоволни сме со декларативната демагогија на САД за поддржување на територијалниот интегритет на престорената држава, со упорна заинтересираност за брзо приклучување кон ЕУ, која претворена во фашистичко дувло, економски ослабена, политички зависна, исчезнува. За тоа време Македонија дреме под комплетно прислужничката власт, каква им одговара на Западот, поточно на НАТО, кој на Балканот ја гради најголемата база – држава, која се простира од Србија (постепено ја ослабнува) – Косово, Македонија и Албанија, со единствена одбранбена НАТО-вска армија.

Значи, по примерот на Европа и Русија, кои во однос на македонското прашање се покажаа со голем и познат респект, треба да ни биде јасно дека и нашиот грижен стратешки партнер кој будно нѐ диригира од Калето, ќе се труди да ја спроведе својата политичка шема. Со помош на мафијашката власт која ја поддржува, ќе му се помогне дефинитивно да нѐ дотолчи…. претворајќи го и последниот остаток од македонството, во безличен „мултиетнички„ географски ентитет, со разнебитена социјала, посебно – национална свест и идентификација, што значи – колонија која ќе се користи (и досега) како средство, полигон, база… за дејствување, по потреба, врз некоја трета земја. Оваа состојба и сега мекамлиски продира и веќе е навлезена во структурата на државата предизвикувајќи тотално рушење и бришење на нашиот национален македонски идентитет.

Предавниците од власта успееја спротивно на волјата на народот државата да ја претворат од граѓанска творба, во тоталитарна. Тука се надоврза како поматена агресија и соседната Бугарија, која усогласена со внатрешно предавничката власт, со наводен добрососедски договор, се нафати да нѐ турка кон Европа, но не како македонски народ во држава Македонија, туку како преобразен надоврзок на Бугарите. Ниту Брисел, ниту Америка не ставија примедба на таквата беспримерна наезда. Напротив, со продолжен притисок, вербална тортура и закана врз нас, која трае и денес, ја поддржаа.

Ете, тоа е големиот македонски национален пораз на народ кој остана без името на својата национална држава, а со тоа и без сопственото име. Народ, кој својата чест со векови достоинствено ја бранеше и со своја борба и жртви успеа да создаде самостојна држава… Тоа е пораз и разочарување од сопствената камелеонска интелигенција која со молк, кукавички покажа дека е загрижена само за власт и привилегии. Тоа е македонскиот национален просторен пораз, наш, кој беше зародиш и промотор на пошироки просветителски и културни придобивки. Пораз на опстанокот и перспективата на македонскиот народ, кој како народен ентитет, во својата прадедова земја си ги прокоцка од себе самиот создадените шанси, да стане национален идентитет.

Народната вели: Лесно е да се справиш со душманот кој ти чука однадвор, на портата. Тешко е да се справиш со душманот кој ти е седнат дома.

The post Мултиетничка Северџанија appeared first on plusinfo.mk.

Мултилајнари!
Како должници трпиме предавничка власт која со политички испади почувствувани како стресови, нѐ уверува дека ги презела принципите на западната демократија и успешно ја води државата по единствениот за нас можен европски пат. На истурени позиции, предничат недоветниот престолонаследник на премиерското место и забеганиот претседател на државата, секој за себе, но, „идејно“ поврзани и раководени од ист центар.

Се покажаа „мулти“ верзирани инструирани манипуланти кои со своите лични политички потези полни со евтина демагогија, бескрупулозни лаги, самоволие – безвластие преплетено во корупција, материјален и духовен грабеж изведуван со невиден цинизам, политичките, па и криминалните случувања во државава настојуваат да ги релативизираат, со намера да се изедначи анархијата која ја практикуваат со демократијата, и крајна цел, измалтретираниот народ (Македонците) да се приволи силум или милум да ги прифати погубните натурени туѓи насоки, за кои имаат преземено обврска да ги исполнат.

Управувани од коалициската албанска владејачка мафија која ги има седнато во  скутот, ја доведоа државата во безизлезна психопатска ситуација. Дозволија со активно работење да го нарушат елементарниот принцип за демократија – волјата на мнозинскиот македонски народ ја узурпираа, предадоа, наметнувајќи им ја волјата на малцинствата, пред сѐ, на Албанците. На ум не им паѓа како власт да преземат лична одговорност за криминално предозираното лудило кое го наметнаа како метода на нивното владеење, од што, на најтрагично срамен начин планирано се распаднаа институциите и комплетниот конститутивен систем на државата.

Надуеното его, никако да им пукне. Напротив, тоа и понатаму се дуе со чудесно неконтролирана искажана недоветност и чудно чувство на сигурност, кое не е случајно. Деновиве бесрамникот – самонаречен премиер, ја искористи трагичната ситуација во распаднатото здравство за да се огласи со несфатлива смирувачка заповед – да не се прави сензација од случајот, бидејќи се работи за криминал кој е мултипартиски, мултинационален, мултиетнички, па дури и мултикултурен…(?!) Мулти, мулти, мулти… мултилајнарот недоветен алудираше на наводни мултиетнички специфичности во државата кои се одразувале и во криминалот, па вината и одговорноста треба претпазливо да се лоцира и споделува, подалеку од него, бидејќи не е од сегашното време и одредени луѓе кои се сега на власт. Да не остане покусо, во косовската амбасада, по него, уште погласно со мулти, мулти… мулти… обраќање од „мултиетничката, мултиконфесионалната, мултинационалната држава…“ се огласи „туѓиот ксмет“ – нашиот забеган претседател на државата, кој полн со љубов и разбирање пред Косоварите гости лицемерно се лигавеше, па играјќи го ороспиското додворување (демек, да помогнат одново да биде избран…), им прозборе и на албански…

Двајцата, искористија одново да ја потенцираат и поддржуваат колективистичката идеологија на ДУИ и како нивни портпароли да го бранат воспоставениот простачки и наметнат мултиколективистички систем во кој живееме – во планирана криминална блокада на секојдневниот практичен живот, со престанок на сите неопходни општествени функции. Блокиран е живот, но не и криминалот кој нѐ битиса. Сакаат широкоградо да го споделат и расеат, иако, како власт, со години го толерираат и „усовршуваат“. Сакаат да се арисаат самите себе, но и балистичките водачи кои раководат со државата, со единствена намера да ја опљачкаат и растурат… да не постои Македонија, да се преобрази…

Како поддржувачи и заробеници на туѓа агенда која силеџиски се обидуваат да ја спроведуваат во македонската држава, продолжуваат името на Македонија и македонскиот народ и во најзначајни прилики намерно да го игнорираат, избегнувајќи да ги споменуваат. Притоа, не пропуштаат со гордост да ја потенцираат и форсираат     „мултиетничноста и мултиконфесионалноста“…, како констититутивни елементи на „мултинационалната држава“, со што, оживеано и разјарено егзистираат колективитети и етнички групи како збирштина на некакви „мултиколективни заедници“, какви има само кај нас.

И овој пат, подопашкарите се ставија во фактичка и идејна одбрана на албанското малцинство во Македонија, чии политички партии со своите криминално способни кадри не само што ја испокрадоа државата и економски зајакнаа, туку успеаја плански да ги раздробат до непрепознатливост сите институции во кои кладоа рака. Фактички, потпомогнати од Македонците во власта ја насочија државата како партнерска, меѓу македонскиот народ и албанското малцинство, со што се брише смислата и се изместува односот на „малцинство“ и „мнозинство“. Со тоа се негира и историскиот факт дека АВНОЈ-ска, односно АСНОМ-ска Македонија е конституирана како национална држава врз основа на мнозинскиот македонски народ, а не, дека е таа некаква мултинационална, во која се губи и смислата на името Македонија и нејзиниот Устав.

Македонија го изгуби името, а Уставот ѝ личи на алваџиски тефтер. Таа не е ниту АВНОЈ-ска, ниту АСНОМ-ска, ниту ОНАА која ја изгласавме како самостојна Р. Македонија…, туку е претворена во намерно натурен конгломерат од нации меѓу кои е и македонската. Разликата е во тоа што само таа останува без своја матична држава, а тоа значи дека ваквата усмерена промена на базичната етничка структура како на конституент на македонската државност, е погубна само за македонската нација. Неминовно води кон нејзино маргинализирање и целосно исчезнување од историската сцена. Тоа е во склад со големоалбанската стратегија, спроведувана од нашите предавници во власта. Тоа е барањето на албанските партии за државотворност, односно, за втор државотворен народ. Тоа е демакедонизација, или, отворена заложба за истиснување на мнозинската македонска нација и нејзино, веќе започнато исчезнување во сопствената националната држава која не го носи името Македонија.

Ова политичко насилство пропратено со криминал и доза на доброволност, кое неминовно води кон распарчување на македонската држава, доведе да се блокира секојдневниот живот. Оваа блокада се случува плански, за да се продуцира нов конститутивен народ на колективистичка база, во „мултиетничка држава“, (нова творба), со бришење на граѓанското општество…

Ова што сега се случува во Македонија, политиката која ја спроведува оваа комбинирана криминална власт, нема врска со европските вредности кои подопашкарите во секоја прилика ги величаат. Власта, предводена од големоалбанските обогатени, ојачани, окуражени криминалци… не само што нѐ трасира, туку го руши секој белег на граѓанско општество, во кое индивидуата – граѓанинот е носител на суверенитетот на државата, а колективните права се во втор план и се регулирани со меѓународни документи.

Оваа ненародна, фашистичка власт, упорно и брзо гради измислена мултиколективистичка – мултиетничка, мултинационална држава, како што во своите излагања со заложба ни потенцираа нашите мултилајнари. Ни потенцираа дека кај нас функционираат етнички клучеви на кои мора да се прилагодиме и да ги почитуваме, подвиниме – применуваме, почнувајќи од образованието, администрацијата, стопанството… па дури и криминалот во здравството кој сега ни се случува, закитувајќи го со нова кованица, дека е и „мултикултурен“?!

Еј, невидена глуперда! Еј предавници на родот свој (а, Македонци се?!). Тие, мултилајнарите отворено ни ја опишаа грдата и опасна слика на политичката и фактичката реалност во која како власт ја втурнаа државата и народот како нивен заробеник, како заробеник на умоболни умови, кои (повторувам за да се свестиме!) упорно ја спроведуваат туѓата, за нас Македонците и македонската држава, погубна и поробувачка политика, која не само сега, туку и во иднина уште потрагично ќе ја доживееме… Тоа е нашиот суден пат за Европа, или…?

The post Мултилајнари! appeared first on plusinfo.mk.

Македонија сама се раздава
Цинично омаловажување и игнорирање на македонската држава и на македонскиот народ деновиве ни приредија Албанците, преку партиите кои се претенденти да бидат партнери со Македонците во идната власт. Проследено со политички фанфари, нѐ потсетија на одамна обележаниот коридор Струга, Дебар, Гостивар, Тетово, Скопје, Генерал Јанковиќ – Приштина, обезбедуван и контролиран од албанските и од американските стратешки политики за западна Македонија, кои постепено се реализираат со помош на Македонците – марионети во власта, за денес, голем дел од територијата на Македонија отворено да се стопува во Голема Албанија, како веќе оформена главна американска база во Европа – Косово, Илирида и Албанија.

Ова е знак за дефинитивно дотолчување од страна на Американците, преку Албанците, на сѐ што остана македонско, со целосна негација на македонската нација и на отворена окупација на територии, со дивеење под растегнатите големоалбански знамиња. Целта е да се прикаже албанскиот национален подем, а македонската нација – редуцирана и обезличена етничка безимена група во исчезнување.

И, во право се.

Откако доброволно ни го натурија „единственото решение“ да се самоукинеме како Македонци во сопствената држава и да нѐ снема во соседството, вирееме како безимен народ – нација за внатрешна употреба, но сега во изменети позиции, со Албанците кои со ветер од зад грб, на наша сметка, користејќи ги нашите политички и национално предавнички отстапки се наметнаа како неконтролирана самодвижечка сила, преземајќи ја целосната фактичка и политичка власт во државата. Денес, тие имаат прилика своето никогаш запоставено големоалбанско прашање – сите Албанци во една држава – успешно да го решат и да го поклопат заборавеното и раскинатото од самите нас – македонското прашање.

Преставувајќи се себе како жртви на српскиот и на македонскиот национализам, потпомогнати од надворешни стратешки интереси, пред се на Америка, окуражени и самосвесни, со добро водената осмислена албанска национална стратегија преточена во големоалбанска, на македонска територија, пред наши очи успешно ни приредија национална експанзија – без војна, мирнодопски да ја реализират Голема Албанија.

Тие, за разлика од нас Македонците, кои досега сме раселувани, протерувани, асимилирани, уништувани, проретчувани, го немаат нашиот срамен „проблем“ за национално помирување и обединување околу една стратешка програма за опстанок на сопствената нација во сопствената држава. Тие имаат „дефинитивна“, концентрирана и насочена агенда од која никогаш не отстапиле, бидејќи во себе ја вкорениле како душевна храна која им дава сила да се борат за тоа што го сакаат.

Тука е разликата и причината зошто Албанците го јакнат својот национален идентитет, кој никогаш не им е доведен во прашање, а ние, без трошка срам, на очиглед на светската јавност, неодговорни за себе, дозволуваме да исчезне нашиот македонски национален идентитет, сосе нас самите. Не нѐ засега ни заканата ваквото наше дереџе да ни се удри од глава, како голем и последен историски пораз на нас – македонскиот народ, кој дал неброени жртви за сопствената национална држава, создадена врз коските на нашите предци, кои за разлика од нас, имале слободарски дух и волја да се борат за добивање на сопствена држава, која ние, денес, ја разоруваме и раздаваме со сѐ вграденото национално чувство и свест .

Сѐ збришавме!

И Илинден. Подопашкарите, откако го испоганија, најавија Декларација за Илинден (?!), која не се осмелуваат да ја обелоденат пред народот… И НОБ и АСНОМ. Талкаме зад Албанците. Откако тие бесправно ги изградија своите балистички споменици, после 20 години од наметнатиот конфликт, на нас отпосле ни текна „да не останеме покусо“, со срамно доцнење и барање дозвола (?!) да градиме спомен-обележја на нашите залудно паднати синови…

Е, ееј, Македонијо немакедонска! Раздавана од непрокопсаните и ненародни „водачи“, како маглина ни исчезнуваш зад хоризонтот на нашиот видик!

А можевме, а требаше, како стар цивилизациски народ со европски и светски просветителски и културни придобивки, како перспективен народен ентитет со пребогат фолклор и со вкоренета традиција и стекнати и надградени културни творења, да не ги погазиме и да не ги раздадеме од себе создадените шанси да станеме – национален идентитет.

Не ни се виновни Албанците што Македонците од власта, во политичка ситуација кои сами ја создадоа, како зависни и сраснати со албанскиот фактор и кауза, постепено, свесно ја промовираа Илирида, надевајќи се дека само така ќе добијат поддршка да останат на власт, од Албанците, а со тоа и од Американците – Калето, кое е заинтересирано за Илирида, а поради неа и за актуелните криминал – коридори кои инсистира да се градат… Нашите подопашкари (и на Албанците и на Американците) не се загрижени за историско-националните последици врз Македонците и опстанокот на државата Македонија чиј политички и територијален суверенитет го раздаваат на Грците, на Бугарите, на Албанците, како да се на задушница исправени пред самоизградената могила – татковината. Затоа, избирајќи го опстанокот во власта како некаков дел од мултиетничка криминална банда, битно (сакаат) да го забрзаат и тоа насилум внесувањето на Бугарите во Уставот, што значи катапултно исфрлање на Македонците од него, а со тоа ќе се забрза и развојот на настаните во врска со почнатото големоалбанско прашање во Македонија и Балканот, пред сѐ Србија, која стенка под фашистичката добронамерност на Хил…

Не е виновен ни НАТО-вскиот телал Курти, кој не случајно, врз окупираната „мултиетничка Македонија“, земја со „мултиетничка демократија“ низ која секој може да крстари и да се изживува кога сака и како сака, „приватно“ се прошета и дочекан како арамбаша ни одржа политички говор. Поосебно нагласуваќји ни да се „држиме“ за Албанја, за Косово, за Бугарија… никако за Србија, ако сакаме да стигнеме во Европа!

Кој сѐ политички слепец не дојде и не ќе дојде да ни ја дрви пред нас својата ништожност како личотија на подмолниот им личен интерес, претставуван пред нас како мудрост или заповед. Но, тоа што се случува на тлото на „националната држава на македонскиот народ“, со отворена соработка на заинтересираниот странски надворешен фактор и на Македонците, кои како послушници на наредбодавците прифатија да ја пресоблечат АСНОМ-ска Македонија со измислено мултиетничко руво, е бележан период на спонтана и мирнодопска неутрализација на македонскиот национален фактор, кој веќе се збрише.

Главната вина и одговорноста се во самите нас, во политичките и во интелектуалните челници, во нивниот предавнички однос, во себичноста, во неукоста и неспособноста, во несовесноста, во немањето визија и желба да се согледа и спаси замаглениот македонски историски хоризонт, за да се присобере растуреното национално добро и да се санира иднината на Македонија и на македонската нација.

Зар може некој поинаку да тврди, кога како незаинтересирани набљудувачи на дрскоста, сега повторена (на Османи му се предадоа клучевите од Тетово?), пред очи, намерно избрано, со славење да ни ја бришат улицата Втора Македонска ударна бригада, со историско и битно значење за македонскиот опстанок, заменувајќи ја со име на Косовар кој се борел за Голема Албанија?

Што е тоа ако не е срамно понижување и игнорирање на македонската борба, со промовирање на косовизација и на Скопје?

Што е тоа ако не послание за двонационалноста на македонското устројство и политичкото ривалство (ако можеш ти, можам и јас), кој каршилук и отворен паралелизам е неминовна фаза на албанскиот експанзионизам и сецесионизам кон Голема Албанија?

Да одговорам на прашањата пред кои, како пред срамен столб нѐ исправија македонските изроди: тоа е задоволување на апетитите на големоалбанските претензии кон Македонија, со растурање на Македонија!

Така, Албанците, со „навала пред гол“, самоуверено и планирано ја заизвадија заглавената историска пречка – вековната македонска национална историска вистина која им пречи на експанзионистичките програми на Америка, исто како и на соседите, со таа разлика што Американците, секаде, па и кај нас ја играат демагошката улога на „отпосле“…  Специјализирани за „мировни“ мисии ширум светот, како спасители се јавуваат да гаснат или смируваат таму каде што претходно запалиле или нафитилиле. Така (мислат) го покриваат своето неоколонијално присуство со модифицирани „демократски“ и покровителски варијанти. Нема кој тоа не го знае, но ние Македонците упорно не отстапуваме да им изразиме секаква благодарност и понизност, во секое време. Во сето тоа, интерес имаат Албанците, а кој е интересот на Македонците, до сега и отсега?

Мој народе! Македонското прашање е сѐ уште отворено и „недокрајчено“… Сѐ уште зависи од нас Македонците, а тоа е готовноста да ја ревитализираме Македонија со враќање кон АСНОМ-ските корени.

Без граѓанска национална држава на Македонците, нема Македонија!

The post Македонија сама се раздава appeared first on plusinfo.mk.

Американците и Европјаните со нас Балканците се справуваат како со Индијанците и со Абориџините
Како комбинирана криминално-владетелска банда во Република Македонија, устоличени и крепени за подопашкари на туѓи интереси, го продадовте името на државата Македонија и македонскиот идентитет, се откажавте од нас Егејците и од Пиринците, сосе деловите на единствената Македонија кои се колевка на нашата македонска бит, се откажавте и од Македонците во Дијаспората… И?

Со намера   дефинитивно да ја поразите македонската самобитна национална идеја – да ја снема Македонија сосе Македонците од светската карта на држави и народи – политички нѐ втеравте во тесна улица од последното парче обезимена македонска земја, за со присила врз нас, да ја дораспарчите и да ја дарувате на големобугарската и на големоалбанската фашистичка кауза.

Еј, идиоти, еј, предавници на родот свој, еј, накази од себе и своите, еј!

Престанете да барате поткрепа за своето национално предавство во македонскиот народ, како и во пајдашите туѓинци кои ни заседнаа врз нашите глави како патрони, и оние кои ги носите од надвор да се глупираат со свои беседи. Барате гаранции и сакате да нѐ ќорите со нив, дека баш тие, место нас, ги штитат македонските цели и интереси, а толерирате „ лапсузи“  кога не го споменуваат името на „оваа земја“, а нас Македонците,    нагласено нѐ нарекуваат како што тие нѐ прекрстија.

Тие ваши заштитници, кои ви овозможуваат да ја пљачкате и да ја уништувате државата, преку вас, со намера нѐ игнорираат и нѐ злоставуваат како Македонци, од првото  нивно стапнување на нашето тло, земајќи си право да ни го насочуваат и да го контролираат социјалниот и политичкиот живот, со модел на западната хипокризија и со двојни аршини – за куќни љубимци и за саланќопеци (Македонци). Слично како што некогаш се практикуваше со Индијанците, и со Абориџините, денеска Американците и Европјаните се справуваат со Балканците. Посебно со нас Македонците.

Блудницата Европа која е измеќар на англо-американските стратешки цели, и самата нагазена и диригирана, зависна и соочена со сопствениот распад, распретана во своето старо и усмрдено буниште, само ги повторува срамните и познати историски рефрени за  уништување на сѐ што е македонско,  со  „безрезервна   поддршка“  – никогаш да не „кукне“ државата Македонија и во неа да се признае постоењето на самобитниот,  цивилизациски, прастар македонски род.

САД  владее со територијата на Република Македонија, намерачена да владее сѐ додека тоа е интерес на нејзините „демократски“ цели. Ја третира за населена и со некоја  неиздиференцирана, сѐ уште мнозинска група на инсан, кои себе се нарекуваат  Македонци,  која ѝ „пречи“,  односно, нејзиното постоење не е во согласност со нејзините стратешки интереси за овој регион. Присуството и интересот за Македонија е единствено како територија, воено – стратешка функција на логистика, како проширена главна НАТО-вска база во Балканот и во Европа, за контрола на опасноста од Русија, од Кина…

Дека е така, потврдува еден краток текст, објавен во „Меѓународна политика“ (01.07. – 01.11.1993, Белград), во кој стои: „ По повод планот за претворање на Кралевина Југославија во социјалистичка република и формирањето засебна федеративна единица, Владата на САД, во Нотата (Circular Airgram  868.014) од 26 декември 1944 година, го изнесе својот став за ‘македонската нација’, македонската ‘татковина’, или ‘македонската национална свест’, како за неоснована демагогија која не ја одразува ниту етничката, ниту политичката реалност“. Во Нотата понатаму се додава дека тој план има „агресивни цели во насока кон Грција…“ (текстот е преземен од книгата „Писма до Македонците“, од Денко Скаловски, во издание на БИГОСС, Скопје, 1997 година).

Во продолжение, Скаловски,  во 1996-1997 година, го поставува прашањето на кое јас, во 2023 година, се придружувам: „Дали имаме аргументи за уверување дека ваквиот американски став во меѓувреме е сменет, во наша полза и наш национален интерес, т.е. дали Американците воопшто решиле да есапат нешто како ‘македонска нација’, штом толку безрезевно им веруваме и сме уверени дека тие, и само тие, во иднина ќе ги штитат нашите национални интереси, и дека заради тоа сѐ треба да се фрли само на една, ‘американската карта’“?

Нека секој од читателите си даде свој одговор, но притоа да не се превиди (намерно, бидејќи е ачик), дека Америте ја признаа државата Република Македонија како спона за саканиот распад на Југославија, но од првиот момент на нивното присуство кај нас, не застанаа ниту зад еден македонски национален интерес. Напротив, го покажаа токму спротивното:

1. Со безобразна присила и закана, застанувајќи на страна на Грците, за кои беше и остана спорно постоењето на македонската нација, уште во раните деведесетти сменето е државното знаме… Со наметнатиот злосторнички Преспански договор сменето е името на државата, а со тоа идентитетот наш македонски ни е одземен и даруван на Грците. Сега тие се Македонци.

2.„Загрижени“ за положбата на Албанците, камуфлирајќи ја поддршката за реализација на стратешката замисла Голема Албанија, ни наметнаа антимакедонски концепт на „мултиетничка држава“(?!) и „мултиетничка демократија“(?!). Поддржувајќи ги, како што ги нарекоа „борци за човекови права“, во 2001 година сестрано, со логистичка и со воена поткрепа им помагаа во криминалното нивно дејствување за територии. Резултат е американскиот со тертип скроен Охридски договор, па промената на Уставот, од кој момент почна рушењето на АСНОМ-ска Македонија: наложија амнестија на сите злосторници на УЧК, „начукување“ во власта на „борците“, за да можат отворено и со одобрение на Калето да продолжат со својата идеолошка борба, која постепено се искомбинира со тежок криминален грабеж на државата, кој денеска ни е познат и толериран од Калето…

Тоа постепено и отворено пљачкање и албанизирање на државата, доведе до распад на сите институции во веќе непрепознатливото македонско општество, пренатрупани со идеолошки опремени, а неспособни  партиски кадри  на ДУИ, која како стратешки американски пулен, денеска раководи по ќор сокак со државата, поддржувајќи ја промената на Уставот, за кое нешто има свои калкулации.

3. Бугарскиот понижувачки договор за некакво добрососедство кој доби во тежина како француски, во кој се бара од нас да се откажеме од македонството, од нашите корени, од самите себе, и тоа заради почнувањето на преговорите со ЕУ (!?)… Тоа фактички е фашистичко-окупаторска реализација на стариот план за поделба на Македонија. За него сум пишувала и ми е одбојно да го споменувам, посебно поради навредата која ја чувствувам, што трпиме осилен качак кој отворено го виши двоглавиот…, ставајќи се на страната на Бугарите, да одлучува за македонскиот идентитет.

Плакнење на очи е повикот и силењето на Анѓа високо од Калето да мораме да ги напикаме Бугарите во нашиот Устав. Пропратено со демагогија и со сто пати слушана лага со декларативни фрази дека САД, како наш стратешки партнер (?), го поддржуваат територијалниот интегритет на нивната северџанија и тоа како фактор на мирот на Балканот, кој окупиран збивтаа под тешката фашистичка глобалистичка чизма.

Таквата фразеологија, натоварена со лаги и со понижувања, денес е нормална меѓународна  дипломатска комуникација, ќе речам – срамна за тие што ја проповедаат од позиција на сила… За нив, ние сме само средство, или маркирана чука во која се намерачиле да го дотолчат остатокот од македонството кое самите не го заштитуваме, иако плачеме по и за него, иако боледуваме што пред наши очи Република Македонија ни се престори во безличен „мултиетнички“ географски орман, без политички национален македонски идентитет, предел со тотално дезинтегрирано социјално ткиво  и со плански растурена македонска свест за национална идентификација.

Ние Македонците не треба да се залажуваме дека нашиот спас е разнебитената Европа, која од нас бара да ѝ се придружиме како „некои други“, ниту по некаквите фондови кои би ни ги доделиле да си го покриваме срамот. Не треба да се надеваме ни на Америте (остајте ги Албанците кои си имаат пазарлук со нив, во чие „шеш – беш“ сме и ние жртва), кои во реализација и одбрана на своите интереси, не се разликуваат од другите наши историски „заштитници“. Калето, нас Македонците веќе нѐ жртвува за исполнување на други балкански национални програми и големодржавни цели.

Не верувај во никого, мој народе! Само во себе… И имај на ум дека сами одлучуваме за сопствената судбина. Само недоветниот неа ја предава во туѓи раце!

П.С. Да ни е честит и вечен нашиот Македонски Илинден. Слава им на сите борци кои се бореа и загинаа за слободна Македонија. Слава му на четата на војводата Васил Чакаларов, во која се бореше и мојот дедо – Костурскиот војвода Никола Христо   Добролитски, кој во 1906 година, во нерамна борба, тешко ранет и сардисан, се самоуби, на 30-годишна возраст. Опеан е како еден од најдобрите стратешки војводи во Илинденското востание, во првото издание на Илинденската епопеја, од Динев: „храбар соборец од илинденските денови“ во Дневникот на Васил Чакаларов; „душман на Грците“ во „Мојата борба за Македонија“ од озлогласениот Костурски владика Каравангелис…

The post Американците и Европјаните со нас Балканците се справуваат како со Индијанците и со Абориџините appeared first on plusinfo.mk.

Бугарскиот слон во стаклената градина Македонија
И трите наречници од Вишеградската епархија испратени од Бордел, ни дојдоа со право да нѐ потценуваат, како многуте до сега, и да нѐ миросуваат: „…Ајдеее, рајо мењај Устав – нема време за губење… Ова е последно барање, од последната шанса! Инакууу, изолацијаа…!“

Качакот ги повика да му помогнат да го заврши започнато копање на гроб за Македонците и Македонија. Виновни сме ние што како алипни дозволивме и трпиме Албанец, кој е политички наклонет на Бугарите и деклариран летач на црноглавиот орел, да одлучува за нашиот национален идентитет, за кој нема појма. Тој, со напињање го реализира ветеното и потпишаното во Протоколите, кое се однесува на самооткажување и подарување на македонската средновековна историја на Бугарите (античката им ја даривме на Грците), признавање на наш бугарски идентитет, со јазик, писмо,…

Заканувачката беседа на душегрижниците затрчани од надвор ни потврди дека налудничавите игри околу судбината на Македонија не само што траат, туку се комплицираат со засилена внатрешна и надворешна антимакедонска политичка пресија посебно врз правно – политичкиот систем, кој одамна, а сега засилено се движи во спротивна насока од стандардните вредности кои се неопходни за постоењето и нормално функционирање на секоја држава. Зацапани во недоодниот честок на безориентираноста, го зацврстивме статусот на внатрешно – политичка нестабилна и надворешно – политички полуколонијална држава, управувана од лицемерни неоколонијалисти декларирани како наши стратешки партнери, преку нивни намесници, наши камшикари од криминалното подземје.

Се работи на засилена политичка насока за национална фрагментација на Македонија со доброволна национална самонегација на Македонците во последниот сопствен национален простор, што значи и конечно постигнување на она што до сега низ историјата со насилни средства не било постигнато, а тоа е разградба на Македонија и дефинитивно исчезнување на Македонците од картата на народите.

Последиците од владеењето на партиите во власта кои се катастрофални на планот национални интереси на Македонскиот народ, нѐ доведоа до намерна безнадежност. Од друга страна, трагедијата да е уште по неизбежна, опозицијата, во овие можеби најкризни моменти, настапува без заедничка платформа за национална обнова. Тотално разединета, се однесува како опозиција на опозицијата, а не на власта. Се добива дојам, дека помалите сакаат да ја рушат најголемата опозициона партија, посебно лидерот, со истите методи како и власта.

Го потиснавме и неопходниот страв за сопствениот индивидуален и национален опстој кој не е без причина, и токму сега, кога треба да нѐ мотивира на борба за себе-опстанок. Не реагираме ни на новиот бугарски премиер кој однадвор ни се закани дека мораме низ отворената уставна врата да го пуштиме бугарскиот Слон да шета по стаклената градина Македонија и да прави ‘ршум, ако сакаме ЕУ… Од друга страна, домашниот криминал – маестро на ДУИ, подбран… наместо да ја свитка опашката, и тој се закани: Алооо! Без Дуии во власта, Македонија ќе ја снема! Има и трета и четврта страна со бунтовни и револуционерни повици, но ние, рестото инсан кои живееме во стаклената градина како разуздани и распеани бекрии, опиени со рамнодушноста, само гледаме и чекаме… Од никого не се плашиме! Свесни сме дека ниту имало, нити ќе имаме поголем душман од самите себе.

А животот си тече покрај нас. Како несекнато извориште на понуди, самиот се обновува и опстојува. Поради себе, за сѐ има адут – алтернатива, како потврда дека без секого се може. Затоа е богат со предизвици. Божјите патишта се честок од правци испреплетени со коридори кои човекот ги открива патувајќи низ времето и осмислено ги прилагодува на себе. Но, не секој! Само одважните и слободоумните кои знаат кои се и што бараат од сопствениот пат по битисувањето, смело чекорат по себеизбрана насока и успеваат да го задолжат животот и обогатат со сопствениот придонес за вечна обнова. Другите, кои живеат за да опстанат прилагодувајќи се и служејќи на туѓите соништа и цели, се погубниот и срамен баласт на сопствениот род. Ние, со ваквите изобилуваме…

Живееме во време кога токму таквите сатанизирани манипуланти како рафиниран расад од домашни криминални банди, по приграбувањето на власта, со помал или поголем успех посегнаа со уцени и заплашувања да ни го уништат живиот човечки дух, преправајќи го во фиброзирана, отворена јама за сечиј отпад. И само се погануваат… Се намерачиле изгнасени во душата, да нѐ носат во Европа, иако сиротата, која самата не знае што се случува со неа, севезден ни повторува дека, вакви какви што сме – неиздиференциран политички субјект кој живее како во 19-ти век под закрилата на сојузи од племиња, шарена маса на етаблирани етнички колективитети со кои се манипулира од надвор како со вазален полу-колонијален експериментален полигон, не прима!

Македонскиот парламент наместо граѓанско собрание претворен е во племенско собиралиште, во кое разни главатари се натпреваруваат кој одвнатре поуспешно ќе ја забрзува националната фрагментација, со смислена тенденција за устоличување на мултиетничка рашомонијада, па, наместо да се развива граѓанска држава и граѓанска демократија, го растеме етничкиот редукционизам и наместо граѓанин – држава, стимулираме поданик – етничка група. Се гордееме со оформената гетоизација и верски фундаментализам. Дефинитивно, тоа е нашето „општество за сите“ со кое трчаме кон Европа. Да не ни фали ништо, закитени сме со граѓанска непослушност со цепење на социјалното ткиво поплочено со беззаконие и самоволно дивеење, и криминал како начин на живот. Тоа е нашата феудална мултиетничка колонија со „мултиетничка демократија“, која за здравиот разум на логиката е мајтапење, во кое се крие замислата за национална фрагментација на Македонија, што значи доброволна самонегација на Македонците, со губење на државата.

Оној, Слонот бугарски, ја користи нашата срамна самонегација и неспремност за отпор, па, од надвор ни чука со сурлата да го пуштиме во стаклената градина преку уставната врата за да се разврти по неа, додека ние како склопена слика од исечоци на разграденото македонско општество трапаво газиме врз себе, размавтани кој од кого посилен и поглупав, пуштајќи ги нашите сурли, до кај што се може.

Има една народна која вели: непријателот, насилникот, будалата, во случајов и Слонот, држи го пред врата. Ако го пуштиш, тешко ќе го истераш од дома.

Да речеме, дека ќе успееме Слонот да го задржиме пред врата, ама што ќе прајме самите со себе во опшеството кое намерно го растураме, претворени во силно, незауздано животно? Која ни е идејата и целта?

Негрижата за себе, не ни е од денес или вчера. Таа продолжува како послан патоказ по недогледот. Немаме намера да се смениме…, затоа, ајдеее народеее, да не должам повеќе… Ништо ново ни паметно не кажувам: мењај Устав и спремај се! – Бугарскиот Слон нека се забавува во нашата стаклена градина, а ние, со електричните возила (тетовски беа?) и „Европскиот фронт“ на Дуистичката промовирана мафијашка зелена агенда која се активира, најбрзо, со ничкум гаранција од две – три години, ќе се најдеме во ЕУ и европските довлет фондови!

Гледајте народе, сѐ е на виделина. Како во небрано се најде државава. Од онде, гласачите на ДУИ напикани преку трупа, како секаде и во Комуналец, со решенија за вработување – седи дома (или во странство) земај плата… Од друга страна, слушаме повик за поклонение на Македонците пред споменикот на УЧК-мачениците во Слупчане…, а жителите организирани во струјна револуција, забарикадирани со огнени топки со повик бараа правдина за неплатената а потрошена струја, или во спротивно – да се уништи државата, да се запали… па да види таа.…

Несериозно звучат овие нафрлани зборови кои ни приближно не ја доловуваат страотната и трагична пред сѐ ментална опсада која ѝ се случува на државата и народот приклештен во неа од глодарската мафијашка група на раководниот тандем и од нив подмирените, вработените таму – ваму, намножени гласачи, со кои се надеваат дека на наредните избори ќе победат и продолжат да владеат до конечно скинатиот конец.

Срамот да биде поголем и народот до коска збунет, не се знае кој по кого вика и обвинува. Дал народот по власта поради насилството и пљачката кои продолжува да ги практикува, или власта по народот што не сака да биде послушен и да смекне за да полесно му се напика уставниот кол, од кој, власта, по промена на Уставот, очекува долго, долго владеење, како што самите велат, по ова долго, долго и топло божје лето.

The post Бугарскиот слон во стаклената градина Македонија appeared first on plusinfo.mk.

Забава за рајата
Баш така – забавааа!

За така релаксирани, на чело со нашите мршојадци, брзопотезно да го смениме Уставот и снабдени со европските „потврди“ за нашето постоење што ќе ги дособереме од ваму – таму и ќе ги окачиме на нашето идентитетско табло, на раат го  доодиме незапочнатиот пат до расштиманото пејачко друштво – гордата Европа.

Некој ќе рече –  ама ние не сме во  хорот! Ако де, бидејќи се сметаме за послушни Европјани, можеме, вакви какви што сме – со разгаќените наши ороводци, додека тие нѐ крадат и се грамадат околу себе – да потскокнуваме околу нив и да им ја олеснуваме макотрпната размисла како, користејќи нѐ како штит, здружени со чекорницата „Европскиот фронт“, побргу си овозможат поврзан проток на криминалот во Европа без граници, а ако можат и да се закачат за некои од европските фондови, каде се цени изверзираниот апаш!

Кој ни брани бе! Здушени во патувачкиот контејнер и ние да се релаксираме, за  да се отргнеме од дијагностицираната трауматофобија, од која сѐ од нови потреси перманентно страдаме во неоградената, отворена психијатрија Македонија?

Нова весела играрија, наречена „црна листа“, токму на време, како терапија или зар фрлен на маса, или како политички фал – дар од  нашата гувернанта Анѓа, нѐ одушеви деновиве. Се разгракавме како свракини посестрими и како опитни сеирџии сами со себе се мезетиме и да уживаме, чекајќи „некој“ да преземе „нешто“ и да им дојт до ака, на тие… Хххммм!

Како чудесно откритие, нашата Анѓа која не се разликува по личотија од нејзините претходници, со посебно потенцирање  ни  покажа едно од местата (а покри друго), во случајов кај што се мрести редок примерок на езерско чудовиште – сом, кој поради  своевидната тимарена грдосија си озакони стравопочит со широки овластувања во личните уживања. Стана велезаповедник со парите, море закитен и со душите на рајата.

Фудул, како од приказните! Зошто да не?  Му се можит! Со години се должи, дебелее под стратешко око на партнерите и мрестаџиите од власта, со „машала“,  поплукуван за да не му фатат урок мустаците. Дури од Косово и Албанија поддржувачи со нишани како благослов, се закотвија во Струга… До ден денес работата е – јади, пиј, сликај се и под маса распореди: енси-менси пјо тандос, на околандос половандос, за будаландос кокаландос.

Како планирана ни се јави Анѓа  и за да нѐ оттргне од намножените гајлиња, ни го соопшти тоа што ние  го знаевме, но како и секогаш, трпевме… Таа, со тоа, убаво ни кажа дека е толку умна колку што нас рајата нѐ прајт недоквакани.

Не прашуј, ни случајно – з’ш? Заборави дека еднаш ѝ помина лагата и дека самата си го оквалификува сопственото однесување, кога здружена со комбинираната, иста, криминална банда, за која, сега, од некои  причини ни даде до знаење дека на нив – на Америте и на НАТО – веќе не им требаат вакви, кави што самите ги створија, за да им служат на нивните цели, а нас народот да нѐ игнорираат и пљачкаат до гола кожа.

Ги „оцрнија“ поради тоа што им излегоа од контрола? Или, планирано се дефокусира многу поголем криминален пробив? Или, се работи за рутинска смена на зајдисонце на веќе истоштен и надминат коџобашија?

Сеедно, бргу ќе се знае! Но, дека тие, „црнилата“, фрлени како анатема, се само евтина фарса и немаат никаква важност,  чепнатите веднаш ѝ одговорија на Анѓа, со контрадарување – и таа доби црна забрана летово да се бања и гоштева во струшкиот довлет. Андеее! Што е поубава Америка од Струга? Секој нека си седи во својот вилает и нека си продолжи да си го живее животот по веќе воспоставениот ред!

Но, нема за што да се лутиме на Америте. Ние самите злосторнички си ги убивме и мајката и таткото и сега како самопрогласени сираци ја прифативме Анѓа за мајка, а НАТО како ментален двигател и замена за ЕУ, за наш татко. Блазе нас: тие кои ни ја наметнаа комбинираната криминална власт, ја устоличија и толерираат во нејзината организационата поставеност, сега, како да ние ништо не знаеме – ни ја откриваат, со   усул, колку што им е потребно. И тоа, со име и презиме….

И? Натаму, што?  Како спас, да го обесиме човекот кој ни пушти кадро со американското знаме како под чадор – итрецот? И да се однесуваме како да е само тој, или уште двајца, тројца, па „обештетени“ да престанеме да гракаме, фатени со новофрлената Анѓина јадица?

Еееј, дејгиди рајо неименувана! Ај прибери се! Знаеш дека во ограбенава и поробена држава нема ни кој да ја обвини криминалната власт, ни кој да ѝ суди, ниту имаме во затворите апартмани за нив, милионерите! Во која било од овие градби да подотвориш врата, ќе те пречека и фати за јака некој од избраните и именувани проследувачи на здружената, со тертип организирана, уште подобро заштитена и  како цветен букет искомбинирана апашка клапа.

Не ги читајте мераклиите за пишување кои не сакаат да се отвори Уставот! Тие не си ја сакаат државата и нејзиниот европски пат, па се гласат како одјасани критизери, клеветејќи ја и вадејќи ѝ ифтирии на оваа, фала му на Господ, демократска мафија! Продолжете си „како до сега“. Прајте се глуви и будалинки, какви што сте. Но, и повеќе од тоа – паразити на сопствениот организам. Јадете се, сами себе и меѓу себе! Со наметнатото слепило, останете  незаинтересирани посматрачи на својот  живот, но не и протагонисти. Со препознатливата колонијална свест, без осет за саморезил, продолжете од надвор да барате, преку оние кои што дома ве игнорираат и ве избришаа, тоа што никој до сега не барал и добил – некакво тапијско идентитетско признавање за јазикот, културата, националната припадност… Дури и за вашата свест и совест! Може и за сексуалната ориентација…

Завалии ние… Со пештемали да се плачиме од дереџето врз кое сами си легнавме. Кој стигне нѐ гази, згора на тоа и недоветни нѐ прават, како од дома, така и од надвор. А ние и сме… Затоа бараме писмена потврда од Европа, за кои сме и што сме. Европа, која е штроено фашистичко мандало, со потполно дезаволуирани основни егзистенционални вредности за себе, а ич за нас…

Тоа што го дочекавме, е поради нашата историска ретардираност. Гледано реалполитички, им се додворуваме на оние кои ги напаѓаат и ги игнорираат нашите  егзистенционални интереси. А и своите ги немаат! Ги отфрлија како износени гаќи, за  да со гол газ полесно го консумираат протокот на лудилото. А ние трчаме по нив и на цел глас им велиме дека сме нивни сојузници. Им се фрламе во прегратките и како благодарност го работиме тоа што ќе ни се каже.

Зоштооо!?

Зар  забораваме од немајкаде дека да бидеш нечиј сојузник, не значи да му бидеш вазал. Како ние! Ама, власта, таа наша несреќа, има свои ботоксирани сфаќања – таа се гордее со своето предавство, зашто како противуслуга им е дозволено и озаконето да ја пљачкаат државата и народот. Инаку, како пред опулените ни очи ќе се намножеа милијардери во фамилијарни кланови? Дали ни е јасно? Овозможено им е како на туѓи послушници, а ни парите, ни народот не се нивни, ни Анѓини, ниту на некој европски потрчко, кој тоа што му фали во умот доаѓа нас да ни го продава.

Нас, на рајата, ни останува да се гордееме и фалиме што имаме мултимилионери и тоа „нашинци“! Сами, и тоа за тие безкруполозни оварди, си ги жртвувавме  животните принципи и сега не ни се потребни политички објаснувања туку психијатриски. Немаме држава, ама нашата разбојничка банда, составена од комплет властодршците, имаат своја држава и во неа егзистираат врз основа на кодекс кој го поттурна Уставот на државата и раководи со неа врз основа на јавно–тајните воспоставени нивни правила, на кои, свесно, сите ние недоветните се потчинивме. За да им угодиме, се откажавме од личните и поединечните ставови и веќе ги немаме. Свесно, поради слабокрвност на умот, се препуштивме за нас да размислуваат величествените политичко бизнис криминалци – плачкаши!

Тие ни нудат време во кое како народ треба да живееме преку нив. Ќе го искористиме нивното, или нашето време?

The post Забава за рајата appeared first on plusinfo.mk.

Само Македонците ги дрочат своите изроди!
„Благодарност кон будалите. Да ги нема, (ние) другите не би успеале!“

Јасна е констатацијата. Прашањето е – кој е  будалата?

Читам во македонски портал ударна вест: „Единицата на АРМ Леопарди однесена на Косово и принудена да се поклони пред споменик на УЧК. Понатаму се објаснува дека  „тоа се случило во рамките на воената вежба „Дефендер“, која се одржа во Македонија, кога елитната единица на АРМ Леопарди била однесена во Косово. Настанот се случил во меморијалниот центар во местото Меја. Таму, пред војниците од АРМ се пееле песни со кои се велича УЧК, Призренската лига, настаните на Диво насеље – Куманово…

Toлку! Од никаде никакаков коментар. Демант, ич! Бар да се јавеше некој… макар, да го поздрави настанот. Не се чудам…, но не можам да ги разберам и прифатам зборовите – „однесена“, „принудена да се поклони…“ , кои не се нормален воен жаргон кога се работи за воена единица и тоа елитна, во случајов, во склоп на армијата на РМ.

Мене ми е јасно, но сепак се прашувам – кој ја „однел“, во кое својство, кои се –  „шо фара војници“, или стока биле „поклонувачите“? И… зар е можно – ако биле навистина припадници на македонска армија, така да постапат и да се однесуваат како – предавници? Заробеници? Или… нешто по мизерно од – будали!? Или, се однесувале „нормално“, во духот – „ние сме една армија…“? А, аа? Што да речеме за ова последното?

Без објаснување, настанот се препокри со молк. Можно е, како „известувач“ одново да бидам напаѓана дека ширам омраза…. без да се оспорат фактите  кои секогаш  ги истакнувам со образложено појаснување.

Повеќе пати имам предочено дека во државата Македонија, немаме македонска армија. Под диктат и интерес на НАТО за која сме само тренинг територија, со предавство од Македонци офицери, генерали и министерка  – бумбар лепешкар, главена да служи како дел од марионетската предавничка власт, нашата армија е косовизирана, или албанизирана! Под натовска команда, така „обединета“ служи за стратешката база, Бонстил – Криволак, која поради воените случувања е од особен интерес за Америка.

Дека армијата не е македонска, горделиво го потврди и „наш“ министер кој, дур ние го плаќаме и му овозможуваме да го шета светот, отворено работа против македонската држава и Македонците. Тој, албански неоначистички екстремист, ширејки ја албанската фашистичка кауза за чии преземени конкретни дејствија со трагични последици по Македонија кривично се одговара во салам држава, на јавен албанско-партиски  собир, се пофали дека „армијата работа со албански печат“! Треба додатно објаснување?

Како резултат на таа превласт, е, и последеното случувањата во здраството, каде од поодамна е изразена албанската агресисија за завладување со истото и потиснување на македонските кадри, на чие место како врз узенгии стапнуваат Албанци. Арогантниот новопечен министер, раскомотен и здивен, си го вработи зетот блиску до него… Во консултација со својот партиски шеф познат како потрчкало по странските амбасади, кој имаше чест да биде претходен министер (единствено што направи за здраството – ги окачи таблите на албански јазик на влезот од клиниката и ја пополни стручната и административната фела, со албански кадар…), продолжи да ја спроведува  партиската окупаторска политика, по теркот „кај застанав, ти продолжи…“.

Како што се одвиваат работите – тој што треба, нема мадиња да го смени! А, здраството продолжува да се уништува. Не е ни куче да однесеш… Кој не ги шетал тие ходници, нека зборува поинаку.

Така е и ќе продолжи да биде, кога надмена, кусогледа личност (какви што наредени ќутуци ги имаме во власта), се докопа до функција од која дирекно и без кочници почна да ги менува брзините на возниот ред во државата.

Само што „седна“, предупреди дека – „одлуките на министерот не се коментираат…“.

Бре мајката! Значи, што смисли, ќе оствари! Во тој ранг е и неговата објава: – „граѓаните на Косово и Албанија не се странци и ќе се лекуваат со истите цени како македонските државјани“. Неговото политичко напаствие е јасно, заедно со тврдењето дека „сме едно“ со тие комшии. Без должење – овој неписмен кицарош, оптеретен со себе и сопственото бунило, треба под итно, вака или онака – да се макне! Здраството треба да го водат  авторитетни  и способни кадри, а  не, ојлевци – дојлевци, за уши доведени од надвор да спроведуваат антидржавни партиски програми.

Истото се случува и во судството кое е комплетно растурено и блокирано, со доминација на албански партиски судии, обвинители… колку уки, повеќе неуки, а главени на најраководните места да го штитат криминалот на газдите кои ги именуваја. Пред било што да се коментира, треба секогаш да имаме на ум, дека самостојно судство може да вирее само во самостојна држава. Македонија не е самостојна држава! Таа е плен на Албанците – Апархејд! Затоа и министерот за правда кој низ работа не го осетил здивот на судството,  како партиски извршител, без правна скрупула се обиде да ги ослободи затворениците од Диво насеље, со образложение дека „тука“  биле злоставувани! Да му завидиш на дрскоста!

А, што да се рече за образованието каде намерно се „нема“ македонски учебници по историја, географија, македонски… затоа што министерот Албанец чека на Бугарите, да ја сменат образовната програма на македонските деца…? А, што чекаме ние заутените!? – Да се случи „настанот“? Треба да се каже дека за албанските деца неважи чекалната, бидејќи за нив одамна има заеднички усогласени учебници, од Косово, преку Македонија, до Албанија.

На ништо не се реагира, ниту се помислува некој да сноси одговорност за комплетниот намерен допринос за распад на системот. Македонците јаничари, третирани од Албанците како дудуци, уживаат во  самозалажувањето како можност што подолго да лешкарат под сенката на сопствената безвредност и погубност. Македонија со сѐ судбината на Македонците, ја предадоа во туги раце. Срам невиден, од нив, а повеќе од нас, кои ги трпиме и дрочиме. Што чекаме…? Без пориви за државничка и национална самозаштита, прифативме одбранбена стратегија која му доликува само на кутрото животно, да се преправа дека е мртво за да куртули кога се наоѓа соочено со уништувачка сила. А, треба да сме свесни поради самите себе дека, условите на човековата слобода лежат во неговата заложба, или способност, да ги разграничува илузиите од вистината, со исти аршини како добрината од будалштината.

Платени и поставени да спроведуваат туѓ интерес, Македонци од власта  станаа пропагандистички слуги. Облечени во црвени елеци како мајмуни,  се сложија да бидат послушници и предавници на својот род. Познато е, и во песните опеано дека Македонија и Македонците страдаале и страдаат од своите предавнички изроди: – „Плати на некои од нашите Македонци, тие ќе работат против себе“.

Е, Бога ми, тоа кај Албанците го нема! И во колку има некој таков, нема да го остават како богата наказа да се шепури меѓу нив. Тие би го ликвидирале! Тие, за  сопствената стратегија која за разлика од нас ја имаат и сложно ја бранат и развиваат, последниот касај од устата се готови да го дадат. Ќе голтаат плунка додека те гледаат како ти го јадеш и ќе те прашуваат – слатко ти е? Тие, меѓу себе знаат да дадат и да одржат „беса“! Јас, со почит им завидувам….

Како и да е! Факт е дека на големоалбанскиот налет потпомогнат од надвор, со наше аминување му дадовме можност да се престројува и да продолжи да го легализира планот, кој од стратешка точка бил и е против македонската држава, насочен за дирекно уривање на истата. Албанците во Парламентот и во клучните места во институциите на државата, ама баш ништо друго не ги инересира што е надвор од „албанското прашање“ , било во локалната самоуправа, вработувањето, школството, здраството, одбраната и последното – промените во уставот! Осилени, поради отстапките и молчењето со набиен страв?! на Македонците, отворено, како мравки раздвижени, тула по тула го градат бастионот на сопствената стратешка сепарација и тоа во  државата која безмилосно, од внатре, ја разградуваат. Тивко, невидлив  зид, од ден на ден сѐ повисоко се крева среде Македонија, пред очите на Македонците. Тоа е европскиот пат на Македонија!

Добивме одговор на прашањето – кој е тука будалата?

Чаре? Нови избори и тоа најбргу што може, додека,  како однесено по вода не го изгубиме и тоа што ни останало….од нас и нашето!

The post Само Македонците ги дрочат своите изроди! appeared first on plusinfo.mk.

Чувај се од бесот на стрпливиот!
Тешко поднослива непристојност, во продолжение се случува кај нас и со нас. Институциите на системот, поаѓајќи од здравството, судството, образованието, социјалата… ни се распаднаа, а правната држава постои само во устата на власта. Единствено затворите како посебни тврдини, виреат. Во нив, контролираните македонски бранители се показ за срамот на режимскиот затворски образ на правдата. Злосторниците и убијците се привилегирани жители. Опремени и со студија, се обраќаат на кого сакаат, за тоа што сакаат. Под странски надзор вирее и државата претворена во затворска – психијатриска ќелија, со народ на кој му е одземена деловната способност и ставен под старателство на накострешени, повремени и одомаќинети туѓински  насилници, осојузени со домашните криминално изобличени политички ликови.

Затекнати сме во мат позиција: не сме во можност да сe штитиме ни самите себе од здружените пљачкаши – качачки орди дерикожи и нивните јаничари подопашкари. Власта е во нивни раце. Ги направивме господари на нашата свест и совест. Дојде ред да се браниме и од Македонците во власта, кои се главени за наклоци да нѐ тркалаат по „патот за Европа“, со право, по сопствен избор да нѐ заловат како куче кое ги каснало за нога додека фајронски го лажат и плачкосуваат народот.

Затоа, чувајте се народе од „своите“ Македонци во власта. Тие добиваат пофалби за злосторствата врз сопствениот род од коалиционите партнери и од надворешните „стратешки партнери“, со гаранции дека ќе останат на власт сѐ додека не ја доуништат Македонија и ги збришат Македонците.

Не само од дома што сме изместени од умот поради ваквото комплетно насилничкото однесување на криминалната власт која цинично се исмејува и со нашата трпеливост, туку, од белиот свет, на нечиј повик подолго време ни нагрнуваат ојле-дојле визитари, и како од исто пусулче да читаат, ни се обраќаат со една иста бескомпромисна програмска наредба… Страшен и веќе неподнослив притисок е нивниот хорски пев – шатката, па шатката…! Со задача, ни дозираат хаос во нашата сеопшта актуелна состојба, а потоа ги снемува, оставајќи нѐ да се чудиме на нивната дрскост и да се прашуваме: дали тие луѓе – сенатори, комесари, амбасадори, претседатели!, специјални…?, водат сметка за својот личен углед, кога, како на недоветни ни се обраќаат, бесрамно наложувајќи ни како треба покорно да се однесуваме кога се во прашање нивни акутни интереси, сосема занемарувајќи ги и газејќи по нашите?

Почитувам дека ниту во овој момент на – нож до коска, не треба да им се спротивставуваме со однесување како нивното – уличарско, многупати досега видено. Ама, што е многу, многу е… , па нека е и од Америте со сѐ нивната – наша амбасадорка, други амбасадори…  или НАТО, Брисел…! Пристојноста треба да е обострана… Помеѓу нас има едно „но“, како услов – никој никого да не прави будала служејќи се со насилството како орудие! А, во случајов, будалата сме ние… Значи, да ги расчистиме основните постулати за меѓусебното однесување, а претходно, да престанеме сами во себе и меѓу себе да ја задушуваме интелектуалната борба – борба за слободата на сопствен живот и мисла, со еден збор – да не живееме како робови со илузија за слобода. Премолчувајќи ја потребната критика за вистината на нивното – туѓото, себично и без почит кон нас однесување, ја прифаќаме само покорноста и послушноста кои нѐ прават обезличени луѓе – без самопочит, некорисни за себе, а искористени наменски од нив, па отфрлени.

А трагањето по вистината макар каква да е, треба да е обврска на сите нас кои сме засегнати, а, пред сѐ на интелектуалците, се разбира ако не ја обликуваат макар и  против себе, а во интерес на силниот кој го „обесштетил“ нивниот углед. Кај нас се случува токму тоа: вистината се преиначува и истата се прикажува како неопходна и дозирана заблуда, искажана со зборови кои добиваат друго значење, кои ги штитат интересите на познатиот центар на моќта – туѓ контролор на нашиот материјален и духовен свет, кој нѐ владее преку од нив поставената и куражена марионетската власт, онака, како што кај нив дома не би било дозволено.

Има еден проверен факт: во Македонија нема место за вистина и надеж, се додека светските силеџии и поробувачи, приморани, не го променат својот понижувачки, диктаторски однос спрема нас, а претходно, и ние не го промениме односот кон самите себе, а потоа и спрема нив. Дотогаш ќе трпиме да се подигруваат со нашата трпеливост, прифаќајќи  нашиот личен и сеопшт стремеж за слобода да ни биде ропството. Згора на тоа и не смее да се зборува за стапицата со која ни е склештена ногата…! А, зошто е тоа страшно и недозволено јавно да се каже, кога за никого не е тајна дека поробувачката туѓинска политика е факт кај нас и на Балканот? Пострашна и од Хитлеровиот фашизам, како закотвено сидро на нашето тло, не наидува на отпор, што значи дека ќе трае и ќе продолжи да се шири како чума. До кога? Додека не му прекипи на трпеливиот народ и свесен за сите ризици, не стане и викне – Доста! Тогаш, тогаш… надојдената вода ќе го прелие коритото и само Бог знае што ќе се случи.

Ситуацијата и во светот е во сѐ полоша морална состојба, дури и полоша од времето на Виетнамската војна кога реагираше Раселовиот трибунал за воени злосторства. Денеска, моралот кој е основен вредносен белег на човековиот карактер, нематеријално богатство кое ја крепи чистотата на свеста и ја одржува душевната тековина, за жал – веќе не важи! Живееме во време кога сѐ се плаќа и потплатува. Парата го надвладеа разумот. Со неа Америка секаде до каде ѝ се може, прво стапнува и уништува по свој наод и потреба, а потоа, спасува…

Се сеќаваме дека така нѐ спасуваше преку Робертсон, кој при скорешното ни гостување нѐ нарече „Северномакедонци“. Тој, после извлекувањето на балистите од Арачиново во наменската војна од 2001 и наметнатиот Охридски, именувајќи се себе како „спасител на Македонија“, во свое обраќање во институтот „Винстон Черчил“ во Лондон, изјави: „Јас и Солана ја спасивме Македонија. Заедно работевме на запирањето на кризата меѓу етничките и верските заедници, кои станаа крвава трагедија. Успеавме“! Навистина успееја, но да нѐ разнебитат. Нѐ „спасуваа“ откако претходно нѐ шокираа и фрлија во заледена вода за да се давиме и пак на нив да им подадеме рака за да нѐ извадат и остават на суво, како бродоломници, преобразени заточеници на нивните „демократски“ интереси. Фала им што сфативме дека политиката која Американците ја тренираат врз нас, нема ништо заедничко со моралот и правдата и дека токму посакуваната политичка слобода која и сега од нив ни е спречувана, без наша развиена свест и волја е само идеја, а не факт. А, факт е дека ние навикнавме врз нас да се врши – се врши „неопходен“ притисок и пред ширум отворени очи, на јаве, црното да ни се прикажува како бело, а белото како црно. Навикнавме и веќе не го препознаваме и вештачкиот вриеж кој во временски планирана  дистанца намерно го создаваат и ни го даваат како терапија, по старо сценарио кое се повторува секогаш одново, и сега…, во некоја изменета форма, за да предизвика иста суштина.

Ете, во една таква „готова“ ситуација се јавуваат странските западни „наши пријатели“ како спасувачи, или, како беше…? – олеснувачи, фактички безобзирни диктатори, кои поврзани со домашниот пљачкаши тим, нагрнуваат поединечно или групно и со не бирани средства, заменувајќи ни ги термините „демократски сили“ со „окупаторски сили“, слободата и слободоумниот идеал, ни го претвораат во апстракција.

Затоа, човек може единствено да констатира дека оваа шизофрена влада, е туѓинска – окупаторска. Згора на тоа и предизвикувачки силеџиска! Преокупирана е со програмата на „меѓународната“… , третирајќи ги нивните, за нас злонамерни интереси, како приоритетни. Но, ние, не мораме… Оваа влада чиј легитимитет не извира од граѓаните, која надмено дивее поддржана и раководена од Калето, и натаму упорно ќе работи против интересите и опстојбата на државата Македонија, посебно на Македонците. Ние тоа го знаеме и упорно се спротивставуваме, додека не ја детронизираме.

О, народе! – Предметите никогаш немале свое „јас“, но сега го немаат ниту  Македонците – политички подопашкари, бидејќи се претворија во нечии предмети. Но, ние Македонците кои често низ историјата, и сега, се обидуваат да нѐ третираат како предмет, не сме тоа!

Предметот има цена, а човекот има вредност!

The post Чувај се од бесот на стрпливиот! appeared first on plusinfo.mk.