Фатмир Бесими, Author at plusinfo.mk

Време на големи предизвици и европска трансформација
Вчера во Вашингтон, Бордот на директори на ММФ ги одобри Извештајот за артикл 4 и Извештајот за ПЛЛ (Заемот за ликвидност и претпазливост) со констатација дека успешно се остваруваат целите од програмата и справувањето со кризите. Со тоа се дозволува пристап за дополнителни 200 милиони евра буџетска поддршка за политиките за фискална консолидација и продолжување со успешното економско закрепнување после Ковид пандемијата и енергетско и ценовните шокови предизвикани од војната во Украина.

Во однос на градење здрави економски перспективи и напредок во нашата европска агенда, наредната недела ќе се случуваат и два големи настани. Едниот ќе се случи во Вашингтон каде што очекуваме Бордот на директори на Светска Банка да ја одобри петгодишната рамка, рамката за партнерство со земјата 2024-2028 за поддршка на приоритетните области за економски раст и развој на нашата економија. Другиот настан ќе биде во Скопје, каде ќе присуствуваат премиери и претседатели, заедно со министри на финансии и министри за европски интеграции од земјите од Западен Балкан со високи претставници од Европска Комисија и меѓународни финансиски институции и нашите стратешки партнери САД за да се дискутираат следните чекори за успешна имплементација на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.

Одлична можност за нашата европска перспектива и просперитет. Ова исклучително важно во услови на големи предизвици на глобалната геостратешка сцена, во услови на „новата нормалност“ на неизвесности. Мора паметно да ги искористиме сите можности и нашиот дел од работата да си ја завршиме, навреме!

Пропуштените можности стануваат идни ризици. Тркачот кој нема да забрза, ќе заостане и ќе ја изгуби трката. Годинава и светот и ние се наоѓаме на крстопат, кој ќе ја одреди патеката на посткризното економско закрепнување и долгорочниот развој. Упатените политиколози укажуваат дека 2024 година е најголемата изборна година, со изборни процеси кои ќе се одржат во над 50 земји ширум светот, во кои живее половина од светското население. Оттаму, ова е година на нови избори, но и неизвесност, во која светот очекува забавување на растот во однос на лани, натамошно намалување на инфлацијата и олабавување на монетарната политика на големите централни банки.

Во оваа колумна, сакам на јавноста да ѝ ја претставам сложената слика на светската економија со сите ризици и можности, а во контекст на градењето просперитетна иднина за нашата земја. Ќе се осврнам на новите модели за раст, соодветните стратегии и планови за нивна реализација, впишувањето во мапата на глобалните инвеститори, како да го искористиме тековното окружување и да ги надминеме внатрешните структурни предизвици. Ќе се обидам да бидам сеопфатен и разбирлив, да обезбедам суштинско четиво, кое ќе повика на национална свест и широк консензус. Без национален консензус за долгорочна економска стратегија, која ќе обезбеди конзистентност во реформите и политиките, за жал не би можеле да очекуваме позначаен долгорочен напредок. Само заедно и со знаење можеме да одиме побрзо и да стигнеме подалеку. Секако во тој пат има доволно простор за натпревар на идеи и решенија. Со посветеност кон единствена стратегија за долгорочен одржлив раст, промените во следните десет, а понатаму и дваесет години ќе бидат огромни. Зборуваме за побрз раст на животниот стандард (раст на БДП по глава на жител за 70%), позначајно намалување на нивото на сиромаштијата (од 6,1% на 0,4% лица со дневен доход од 2,15 САД долари) и градење попросперитетно модерно европско општество.

Воедно, со оваа колумна го завршувам циклусот на колумни во кои ги презентирав хронолошки предизвиците со кои се соочувавме како влада и лично како министер за финансии, како и политиките и реформите коишто ги спроведовме во изминатиот период. Со оглед дека влегуваме во фаза на предизборен период, а со цел колумните да не добијат белег на предизборен маркетинг, сметам дека ова е соодветен момент да се заокружи овој циклус со анализа и ставови во однос на важни прашања за развојот и економијата.

Мултиполарен свет со мултилатерални предизвици

Според „Глобалниот извештај за ризици 2024“ на Светскиот економски форум како главни ризици на кус рок, се посочуваат дезинформациите, екстремните климатски услови, општествената поларизација, сајбер-нападите, вооружените конфликти, недостатокот на економски можности, инфлацијата и др., додека на долг, како главни ризици се лоцираат екстремните климатски случувања, критични промени во земјините системи, колапс во биодиверзитетот и екосистемот, значајни кусоци кај природните ресурси, дезинформации, како и потенцијални негативни исходи од примената на вештачката интелигенција (AI). Извештајот, кој се базира на очекувањата на 1.500 глобални лидери од академската јавност, бизнис заедницата, владите и граѓанското општество, покажува доза на загриженост на кус и на долг рок, каде повеќе од половина од испитаниците предвидуваат извесна нестабилност и умерен ризик од глобални катастрофи. Промените во климата, демографијата и технологијата, растечките регионални конфликти, зголемената геополитичка конкуренција и нејзиното влијание врз синџирите на снабдување, покажуваат повеќе точки на рефлексија. Светските лидери во Давос порачаа дека во мултиполарниот свет со мултилатерателни предизвици, потребно е „повторно да се изгради довербата“ и да се адресираат заеднички предизвиците кои одделните држави и региони нема да можат самите да ги решат.

Светот измина повеќе од половина пат до крајниот рок од Агендата 2030 на Обединетите Нации, додека прогресот по седумнаесетте цели за одржлив развој (SDGs) покажува слаб и недоволен напредок за повеќе од 50% од целите, додека кај 30% дури има стагнација и назадување. Како што посочува генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, „ако не се делува сега, Агендата 2030 може да стане епитаф на она што светот можеше да биде“. Разликите помеѓу земјите во развој и развиените земји се заострија по пандемијата и шоковите кои следеа по неа, имајќи предвид дека развиените економии можеа да си дозволат пообемен антикризен пакет, кој им помогна да се вратат на предпандемискиот раст, додека тоа беше потешко за земјите во развој. Дополнително, со заострување на финансиските услови, каматите за земјите во развој беа неколку пати повисоки во однос на оние за развиените економии. Ранливите економии не добија олеснување за исплата на нивните долгови. Средствата за финансирање на климатските потреби беа под утврдениот таргет од 100 милијарди САД долари годишно, додека за развојна поддршка се издвојуваа под предвидените 0,7 проценти од бруто националниот доход. Имајќи предвид дека целите за одржлив развој се универзално усвоени аспирации за надминување на економските и геополитичките јазови, нивното неисполнување ќе значи дека нееднаквоста ќе продолжи да се продлабочува, додека ризиците за сè повеќе фрагментиран свет ќе растат.

Потребен е нов бретонвудски момент, и пред сè, обезбедување на потребните финансии за реализација на целите (SDGs), мудри и кохерентни економски политики и одлуки кои ќе ги стават на прво место благосостојбата на човештвото и планетата и реориентацијата кон ниски јаглеродни емисии и отпорен, одржлив и инклузивен раст. Остануваат приоритетите за намалување на сиромаштијата и намалување на нееднаквоста преку социјална заштита и креирање на нови работни места, надминување на предизвиците во образовниот процес, родова еднаквост и подобрување на дигиталната инклузија. Овие реформи треба да бидат поддржани со зајакнати институции, унапредување на отчетноста, ефективни регулаторни рамки и појака дигитална инфраструктура и капацитети.

Зелена трансформација

Главниот фокус на дискусиите во Давос беа климатските предизвици и вештачката интелигенција. Тие се главниот извор на ризици, но и можности на иднината.

Изминатата 2023 година била најтоплата година забележана во историјата, со 2°C повисоки температури во просек во однос на прединдустриските нивоа. Според „Извештајот за глобалните ризици 2024“ на СЕФ, климатските промени се заслужни за половина од потенцијалните економски ризици. Во изминатите половина век, согласно податоците на Обединетите нации, климатската криза предизвика економски штети во износ од 4,3 трилиони САД долари, како и уништување на природните екосистеми. Состојбите понатаму можат само да се влошуваат, ако се земе предвид дека климатските промени влијаат на ресурсите од витално значење за човековиот опстанок – водата и храната.

Потребна е долгорочна стратегија за климата, природата и енергијата, долгорочна системска акција, како што беше посочено и од лидерите во Давос, кон исполнување на таргетите за јаглеродно-неутрален свет до 2050 година, со инклузивен пристап до енергија, храна и вода за целото човештво. Зелената транзиција има потенцијал да биде шанса за многу бизниси и економии, можност за инвестиции и отворање на нови работни места. Инвестициите во обновлива енергија (соларна, хидро-енергија и енергија од ветер) може да доведат до поставување на сосема нова енергетска инфраструктура, отворање на нови пазари и работни места, нови можности. Енергетската ефикасност ќе влијае врз намалување на производствените трошоци, а со тоа и одржување на ниски стапки на инфлација. Други економски можности се одржливото земјоделство, зелените финансии, еко-туризмот, услугите поврзани со климатската адаптација (управување со водни ресурси, отпорност на инфраструктурата и сл.) и консултантските услуги поврзани со зелената транзиција. Со усогласување со климатските активности, бизнисите не само што придонесуваат кон поодржлива иднина, туку можат да напредуваат во променлив економски пејзаж поттикнат од еколошката свест и регулаторните промени.

Дигитална трансформација

Дигиталната трансформација по својата природа е можност за зголемување на продуктивноста, подобрување на процесите, забрзување на економскиот раст, но исто така може да биде причина за продлабочување на нееднаквоста и раст на стапките на сиромаштија во светот. Четвртата индустриска револуција (Индустрија 4.0), која се состои во интеграција на напредните технологии, како на пример вештачката интелигенција и синтетичката биологија (Мустафа Сулејман, 2023), веќе придонесуваат кон зголемување на продуктивноста кај различни индустрии, забрзување на процесите и намалување на оперативните трошоци. Подобрената конективност, исто така, ги оптимизира синџирите на снабдување кон пореспонзивен и поагилен економски еко-систем. Пристапот до големите бази на податоци (big data) за аналитичките процеси и носење на информирани одлуки, веќе ја подобрува алокацијата на ресурси и стратешко планирање. Роботиката и автоматизацијата ги поттикнаа производствените процеси, но отворија и нови можности во здравството и логистиката. Генеративната вештачка интелигенција забележува исклучително брз напредок притоа очекуваните ефекти сè уште се дискутираат. Секако дека ќе има позитивни импликации, но за да се спречат злоупотреби исклучително важно е да на меѓународно ниво се регулира оваа област во однос на примена и развој.

Но, има и друга страна на медалот, онаа која ја истакна неодамна претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева. Студијата која ја има направено ММФ укажува на потенцијалното негативно влијание на вештачката интелигенција на глобалниот пазар на труд. Иако вештачката интелигенција би ја зголемила продуктивноста, таа би ги засегнала 40% од работниците во светот нивните работни места. Оттаму, потребна внимателно балансирана политика и стратегија за мудро користење на технолошкиот потенцијал. Спектакуларниот технолошки развој го зголемува придонесот на вкупната факторска продуктивност, една од поважните детерминанти на економскиот развој. Од тие причини, сосема кратко ќе ја консултираме економската теорија, пред да извлечеме заклучоци за иднината.

Економски модели за одржлив економски раст

Економската теорија препознава повеќе пристапи за обезбедување на економски раст преку вклучување на политики за општествена и економска одржливост, како што се одговорноста кон животната средина, социјалната заштита и долгорочната отпорност.

Еден од попознатите модели е циркуларната економија, која се заснова на повторно користење на веќе искористените ресурси, преку дизајнирање на производи за нивна пренамена и повторно користење. Друг пример е регенеративната економија која е фокусирана на обнова на екосистемите и унапредување на природниот капитал. „Економијата на крофната“ е интересен концепт на економистката и професорка на Оксфорд, Кејт Раворт, чиј модел претполага балансирање на човековите потреби без да се пречекорат еколошките лимити. Социјалната и солидарната економија предлага модели на социјални претпријатија, кои ќе ги адресираат истовремено социјалните и еколошките прашања преку нивните економски активности. Природниот капитализам се залага за одржливо користење на ресурсите преку вреднување на природниот и човековиот капитал и предлага да се инкорпорираат еколошките и социјалните трошоци во сметководствените трошоци, за да се охрабрат одговорните практики од страна на компаниите. Формирање на Б корпорации е уште еден модел кој претполага компаниите да исполнат строги социјални и еколошки стандарди, преку земање предвид на влијанието на нивните активности врз најголем број од нивните засегнати странки (стеикхолдери). Локализам и децентрализација се однесува на фокусирање на локално производство и потрошувачка, со цел намалување на јаглеродните емисии поврзани со транспортот на стоката и зголемување на отпорноста на локалната заедница. Зелен раст е моделот кој промовира инвестиции во зелени технологии, обновлива енергија и еко-пријателски практики, како двигател на економскиот раст и минимизирање на еколошкиот импакт.

Голем број на овие современи или популарни модели се преклопуваат и може да се адаптираат на специфичниот регионален или секторски контекст. Сепак, основата не секој од нив е синергија на владите, бизнис секторот и локалните заедници за побалансирана и поотпорна економија.

Патот на „економските чуда“ на денешницата

Ќе се осврнам кон едно истражување кое го правев за економиите кои станаа „економски чуда“ на денешницата. Станува збор за 15 економии, кои имаа извонредно закрепнување од крупни потреси, или пак огромен раст за само неколку децении. Компаративната анализа е извршена врз Германија, Ирска, Холандија, Шпанија, Турција, Израел, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Хонгконг, Тајван, Сингапур, Јужна Кореја, Јапонија, Кина и Индија. Секоја од овие економии тргна од негативни околности, на пример германската, шпанската и јапонската економија беа уништени во периодот по Втората светска војна, Ирска беше најсиромашната економија во Европа цели два века, Турција, Израел, Катар, Хонгконг, Тајван и Јужна Кореа започнаа да се развиваат во 60-тите и 70-тите години од минатиот век, економијата на Сингапур беше уништена по прогласување на независност од Малезија, Индија го започна својот развоен пат дури во 90-тите години.

Што е заедничко за сите овие економии? Кои беа факторите за нивна трансформација? Како најчести фактори, или најмал заеднички содржател (НЗС) на успехот на овие економии, се човечкиот капитал, стабилната макроекономска политика, странските директни инвестиции, иновациите и конкурентноста. Се разбира, секоја од овие економии е различна по големина и структура, така што, за развојот кај секоја од нив улога имаат и други фактори, меѓутоа горенабројаните се јавуваат кај сите нив.

Како до 5% просечен раст во следните две декади?

Кога зборуваме за домашната економија, релативно млада пазарна економија во подем, сметам дека горенаведените фактори би придонеле кон забрзување на растот, како и обезбедување на неговата одржливост. Попрецизно, зборувам за инвестиции во човечкиот капитал и водење на демографски политики за одржливост, одржлива фискална политика, континуиран раст на јавните инвестиции во приоритетните области и развој на инфраструктура, државна поддршка за развој на конкурентноста на приватниот сектор, понатамошно олеснување на административните процедури за водење на бизнис, градење на партнерства, позиционирање на мапите на инвеститорите преку водење на одговорни политики и поволна инвестициска клима, користење на придобивките од евроинтегративниот процес, поддршка за рамномерен регионален и локален економски развој, зелена и дигитална трансформација.

Годишниот раст во изминатите две декади во просек е околу 2,5% од БДП. Според сценаријата за раст на економијата во наредните дваесет години се проектира просечен годишен реален раст на БДП за 2,6%. Но, овој раст може скоро двојно да го забрзаме до потребните 5% за побрза конвергенција кон европската економија, преку дејствување кон следните области, кои се дел од Националната развојна стратегија: 1. Одржлива, иновативна и конкурентна економија, 2. Одржлив локален и регионален развој, кој обезбедува кохезија, 3. Демографска ревитализација и социјален и културен развој, 4. Владеење на правото и добро управување, 5. Сигурно, безбедно и отпорно општество, и 6. Зелена и дигитална трансформација.

Спроведувањето на Националната развојна стратегија претполага имплементација на повеќе секторски стратегии и програми со акциски планови по области и приоритети кои се ревидирани и подготвени во последните две години: Стратегијата за развој на човечкиот капитал, Стратегијата за паметна специјализација, Стратегијата за унапредување на извозот, Стратегијата за одржлив развој, Стратегијата за развој на енергетиката, Стратегијата за дигитализација и сајбер безбедност, Стратегијата за локален и регионален развој Стратегијата за управување со јавните финансии, Стратегијата за формализација на неформалната економија, како и стратегии во областа на развојот на земјоделството и безбедноста на храна, стратегии во областа на социјалната заштита, здравството, образованието, културата, туризмот, поддршката на млади и спорт, безбедноста и одбраната.

Прво и најважно, најдрагоцениот ресурс кој го имаме и во чиј развој треба да вложуваме е човечкиот капитал. Според индексот на човечкиот капитал на Светската банка нашите деца користат само половина од нивниот потенцијал кога ќе ја достигнат работоспособната возраст, односно за 25-30% помалку во однос на децата кои живеат во развиените земји. Иако во текот на изминатите неколку години забележуваме подобрување по основ на овој индекс, тоа не е доволно. Суштински е да се продолжи со реализација на Стратегијата за развој на човечкиот капитал, бидејќи ова не се краткорочни политики и потребна е повеќегодишна политичка волја, посветеност и конзистентност за да се постигнат соодветни резултати. Со развојот на човечкиот капитал оди и паметната специјализација за креирање и преструктурирање на кадрите кои ќе одговорат на потребите на стопанството, на пазарот на трудот. Задржувањето на кадрите во земјата е уште една алка во синџирот, преку создавање на подобри услови за живот, па дури понатаму и привлекување на стручни кадри од други држави (глобалните номади) или таканаречено привлекување на интелектот („brain gain“). Поддршката на развојниот фактор продуктивност може да се засили преку дигитализацијата, односно паметно користење на вештачката интелигенција и технологијата за унапредување на процесите.

Вториот фактор на кој треба да делуваме e капиталот, односно инвестициите. Едно од клучните прашања е како да се позиционираме подобро на мапите на странските инвеститори. Одговорот на ова прашање лежи во политиките за поддршка на инвестициите (транспарентни, со даночни поволности и едноставни процедури), владеење на правото, развој на инфраструктурата, инвестициите во човечкиот капитал и обезбедување на стручни кадри, стабилно политичко окружување, пристап до пазарите и трговски договори, инвестирање во економските зони и глобално поврзување. Еднакво важно е стимулирањето на домашните инвестиции, поттикнувањето на претприемништвото и иновативноста, особено во нови технологии кои вообичаено носат многу поголема додадена вредност. Во контекст на развојот на вториот производствен фактор, финансиите, ќе го истакнам Планот за забрзување на растот, кој преку иновативни решенија има за цел да го мултиплицира капиталот, и јавниот и приватниот, и да го стави во функција на развојот.

Како што видовме претходно од глобалниот контекст, фокусот во иднина ќе биде на иновативноста, претприемништвото, изнаоѓањето на нови решенија на ризиците кои ќе се акумулираат на долг рок. Мудрото користење на технолошките откритија и зачувувањето на планетата ќе бидат во фокусот на глобалните лидери. Но, тие може да донесат придобивки и за нашата економија, преку негување на култура на поврзување, градење на партнерства и поддршка на иновативноста.

Третиот, последен и не помалку важен фактор е одржливоста, како на природното окружување, така и на политиките. Водењето на конзистентни и одговорни политики засновани на докази е од суштинско значење за економскиот развој.

Нашата европска трансформација

Каква економија, повеќето од нас, сакаат да видат во 2030 година? Пред сè, сакаме да ја видиме државата како членка на Европската унија, како рамноправна членка, која ги ужива сите права и одговорности, каде БДП по жител дотогаш ќе се приближи до 12 илјади евра, а стапката на невработеност ќе падне на околу 6%. Оптимизација и дигитализација на јавниот сектор, кој ќе биде вистински сервис на граѓаните и стопанството. Конкурентно, иновативно, отпорно, извозно ориентирано стопанство, вмрежено во глобалните и европските синџири на вредност.

Верувам дека со спроведување на реформите врз база на добропоставените стратегии ќе успееме да ја донесеме „Европа дома“, уште пред да станеме полноправна членка. Европа ни ја понуди шансата, наше е да ја искористиме за доброто на сегашните и идните генерации.

Секој изминат ден надвор од ЕУ е испуштена можност за нас. Некогаш доволно е да се гледа наоколу за да разбереме што пропуштаме. Каде се Хрватска и Словенија денес, кои по членството во Европска Унија направија значаен економски напредок. Отидоа многу понапред од нас, а во тој пат искористиле значителна економска поддршка од ЕУ преку разни структурни и развојни фондови, зголемени се инвестиции и намалена е невработеноста. Истото важи и за земјите од Централна и Југоисточна Европа, односно поранешни земји во транзиција, кои со членството во ЕУ веќе имаат пристап на околу триесет пати повеќе фондови по глава на жител во однос на ИПА кои ни стојат на располагање на нас пред членството во ЕУ, исто така имаат пристап на единствениот европски пазар и многу други поволности, меѓу друго и предност во однос на странски директни инвестиции како земји членки на ЕУ.

Тоа можеме да бидеме и ние, без многу да чекаме и да не губиме време, туку заедно да го изодиме патот на Европска трансформација!

The post Време на големи предизвици и европска трансформација appeared first on plusinfo.mk.

Борбата со кризите исцрпе од македонскиот буџет 2,7 милијарди евра
На почетокот на новата година, сметководителите почнуваат со составување на финансиските извештаи, во кои ќе бидат прикажани компаниските резултати, а статистичарите ги подготвуваат годишните национални сметки. Во демократски амбиент, носителите на јавните функции прават осврт на постигнатото, негувајќи ги принципите на транспарентност и отчетност.

Оваа демократска и цивилизациска придобивка бездруго отвора можност за критики, но овозможува и подобрување на идните перформанси. Тоа е општо правило и во животот, не случајно и во различните култури во нашата цивилизација низ историјата постојат празничните периоди кога после интензивни и бурни времиња во текот на годината во вид на консензус се прави една општа пауза за одмор и рефлексија на тоа што сме поминале и што сме научиле, со цел подобро да ја проектираме иднината.

Во тој поглед и оваа колумна во овие празнични периоди ја искористив за рефлексија на тоа што ни се случуваше во овие години на повеќе кризи од глобални размери предизвикани од пандемијата и геостратешките турбуленции на глобално ниво, но и војната на европскиот континент со сериозни безбедносни, енергетски и економски ризици и последици. Сведоци сме дека и во поблиската историја имаше многу случувања без преседан во овие години за што има многу да се каже, но и да се научи.

И покрај желбата да пренесам што сѐ сме поминале и направиле во овие години на кризи, особено во делот на јавните финансии, со ограничен простор во оваа колумна, а и со почит кон времето на читателите, решив да пишувам само за дел што сметам дека сепак ќе биде корисно како искуство, но во исто време и можност за критика и дебата како во иднина подобро да се справиме со слични предизвици.

СМАРТ Финансии

За СМАРТ финансии, или паметен систем на управување со јавните финансии, се залагам од првиот ден кога ја презедов функцијата министер за финансии. Овој систем се базира на јасна стратегија, одржливост, одговорност, реформи и транспарентност (S-strategical, M-maintainable, A-accountable, R-reform-oriented, T-transparent). Кога се спроведува еден обемен реформски процес со кој се поставува нов систем како фундамент на јавниот сектор, економијата и општеството, добро е во тек на процесот да се навратиме, да видиме од каде сме тргнале, што сме постигнале и дали сме се на вистинската патека за остварување на целите. Впрочем, во менаџментот, контролата е суштински дел од процесот на раководење.

Во изминатите три години спроведени се повеќе системски реформи во јавните финансии, односно поставен е скелетот за стратегиско, одговорно, одржливо, ефикасно, отчетно и транспарентно управување со јавните финансии. На ова се надоврзуваат реформите за забрзување на растот и јакнење на конкурентноста и отпорноста на домашната економија. За релативно кус период поставена е нова среднорочна рамка за буџетирање, утврдени се правилата за прудентно фискално управување, мерки за оптимално распоредување на ресурсите во функција на одржливост, како и механизми за унапредување на реализацијата на буџетот.

Поставени се системски законски решенија за праведно утврдување на минималната плата и усогласување на платите во јавниот сектор, како и усогласување на пензиите соодветно на растот на просечната плата и трошоците за живот. Утврдена е стратегиската рамка за даночната политика за поправедно, поефикасно и поефективно оданочување, кое исто така е во функција на фискалната одржливост. Утврдена е стратегија, план и мерки за намалување на сивата економија.

Донесени се реформи за унапредување на процесот на фискалната децентрализација, придружени со поголема отчетност и поттикнување на доброто управување. Воведени се нови финансиски инструменти за диверзифицирање на должничкото портфолио и мобилизирање на капиталот во земјава во функција на растот и развојот. Утврдени се механизми за поттикнување на зеленото финансирање за справување со климатските промени. Се спроведуваат повеќе проекти во насока на подобрување на јавните услуги, преку дигитализација на процесите.

Во време додека се реализираше овој крупен реформски процес во јавните финансии, глобалната и домашната економија поминаа низ неколку кризи, кои се надоврзуваа една на друга, па дури и преклопуваа. Министерството за финансии имаше активна улога во справувањето со кризите преку непречено финансирање на сите функции на државата, преку учество во конципирање и спроведување на антикризните мерки, како и спроведување на политиките за одржување на макроекономската стабилност. Реформската агенда, рака под рака со најголемите турбуленции кои се случиле во глобалната економија во изминатиот половина век, се огромен предизвик за која било институција, не само кај нас, туку воопшто во меѓународни рамки.

Ќе се обидам накусо да дадам контекст во кој се случуваше најголемиот реформски процес во јавните финансии во изминатите две децении.

Глобален и домашен економски контекст

Во првото тримесечје од 2020 година започна најголемата криза со која глобалната економија се соочилa во изминатите сто години, позната како Ковид-19 криза или „Големото затворање“. Во текот на 2020 година кризата ги зафати сите економии во светот со остар пад на цената на нафтата и колапс на повеќе индустриски гранки, кои се најдоа директно изложени на здравствените мерки, како на пример најголем дел од услужната индустрија. Целосното запирање на економската активност во одделните гранки влијаеше на брз раст на невработеноста, потоа на потрoшувачката, резултирајќи со глобален економски резултат во 2020 година од -2,8% БДП.

Како резултат на пандемијата во 2020 година, нашата економија забележа намалување на БДП за 4,7%, што е еднакво на просекот во регионот на Југоисточна Европа, економии, кои ни се географски, институционално, културно и структурно блиски. Сепак, доколку изостанеше силниот фискален одговор, во вид на шест пакети антикризни мерки (од вкупно девет донесени пакети антикризни мерки), проценките на меѓународните институции се дека падот ќе беше скоро двојно повисок. Владината реакција придонесе кон зачувување на работните места, ликвидноста на компаниите, социјалната сигурност и макроекономската стабилност.

Следната година, со спроведување на процесот на имунизација и отворање на економијата, глобалната економска активност забележа солидно опоравување. Нашата економијата во 2021 година забележа раст од 4,5%. Владата продолжи со финансиската поддршка за граѓаните и компаниите, со цел задржување на социјалната и економската стабилност и заздравување на економијата.

Сепак, патот на економското заздравување беше исполнет со пречки, кои главно потекнуваа од нарушувањето на пазарниот еквилибриум поради остриот пад на страната на понудата и побарувачката на ниво глобална и национална економија. Како резултат на нарушувањето на пазарните односи предизвикани од Ковид-кризата, кон крајот на 2021 година настапи енергетската криза. Карантинот во текот на претходната година и ограничувањата за патување, влијаеа на значајно намалување на побарувачката на горивата, како и на нивните цени, кои паднаа на најниско ниво во последните неколку децении.

Но, кога се отстранија ограничувањата, побарувачката за енергија се врати, и додека употребата се зголемуваше, испораките продолжија да заостануваат, што влијаеше на цените. Сумарно, енергетската криза беше резултат на глобалниот недостиг на енергија, што се преточи во висок раст на цените.

На почетокот на 2022 година, со почетокот на војната помеѓу Русија и Украина, состојбите со понудата на енергентите дополително се влоши. Имајќи предвид дека цените на енергентите се инпут во речиси секој производ, нивниот раст изврши притисок за раст на инфлацијата. Кон ценовната криза, исто така придонесе и растот на цените на храната, како резултат на војната во Украина, еден од најголемите извозници на житни култури во светот.

Реакцијата на нашата Влада преку антикризни мерки продолжи за целиот овој период. Се делуваше преку субвенционирање на цената на електричната енергија и ублажување на последиците од високите цени на храната, преку мерки за замрзнување на цените на основните производи, зголемување на минималната плата, пензиите, платите во јавниот сектор, како и еднократни финансиски додатоци кон најранливите категории на граѓани.

Во 2022 и 2023 година заздравувањето на економијата продолжи, иако не со посакуваните стапки на економски раст, што во најголема мерка се должи на надворешното окружување, на кое како мала и отворена економија (со трговска изложеност од 140% од БДП) ние сме подложни.

Борбата со кризите го чинеше буџетот 2,7 милијарди евра

Во неколку наврати во досегашниот период е презентирано како одговоривме кон кризите со повеќе мерки и политики како и посебни пакети на антикризни мерки, кои вкупно го чинеа буџетот околу 2,7 милијарди евра дизајнирани во девет пакети. Тие содржеа различни мерки, во зависност од екстерните шокови и категориите на граѓани и фирми кои беше најнеопходно да се заштитат.

Сетот на мерки за одговор кон пандемијата вкупно чинеше околу 1,2 милијарди евра, со главна насока да се спасат животите и заштити здравјето на граѓаните, да се зачуваат работните места и да се одржи во живот економијата која хибернира. Втората група на мерки, односно сетот на мерки како одговор на енергетската и потоа ценовната криза го чинеше околу 760 милиони евра во главно за апсорбирање на ударот на кризата врз социјално ранливите категории на граѓаните и стопанството. Последниот пакет на мерки достигна 662 милиони евра, главно, е одговор на продолжениот ефект на ценовната криза која се состои со мерки за заштита на стандардот на граѓаните, помош за најранливите категории на граѓани, но и поддршка на стопанството со поволни кредити во услови на високи каматни стапки, клучно за ликвидноста, но и за инвестициите во стопанството со развојна компонента за одржлив раст, зелена транзиција и дигитална трансформација.

Со оглед на фактот дека кризите беа повеќекратни и испреплетени со различни импликации во повеќе области, а со самиот факт дека непредвидливоста стануваше сѐ поактуелно и се зголемуваше, а притоа фискалниот простор се стеснуваше, стратегијата на дизајнирање на антикризните мерки се одвиваше од општи и брзи интервенции, кон селективни, потаргетирани и попретпазливи интервенции, за да не се нарушат пазарните принципи и да се зачува фискален простор, за во иднина да се одговори на непредвидливи кризни состојби, но во исто време да се поддржат инвестициите и структурните реформи за постигнува одржлив и забрзан економски раст на среден и долг рок.

Стратешки пристап кон фискална консолидација

Но, да се вратам на главната тема, а тоа се спроведените реформи во јавните финансии и нивните ефекти. Кризите донесоа повеќе предизвици во економијата, од кои дел бараа поскоро спроведување на реформскиот процес. Како последица на пандемијата и агресивниот одговор за одржување на економската активност и работните места, кај најголем дел од економиите во развој дојде до продлабочување на јавниот долг. Со почетокот на енергетската криза и инфлацијата, трката на владите се претвори во маратон, додека фискалниот простор за реакција стануваше сѐ потесен.

Преку конзистентен план за фискална консолидација вграден во фискалните стратегии, стратегиите за управување со јавниот долг, но и план за фискална одржливост (со конкретни мерки на приходната и расходната страна), успеавме да ја задржиме стабилноста за целиот период на кризата, како и постепено да го намалуваме фискалниот дефицит и јавниот долг. Имено, од 2021 година јавниот и државниот долг се постојано во опаѓање, за, според последните податоци за третиот квартал од 2023 година, тие да се сведат на 55,3%, односно 47,8% од БДП, што е за 4,4, односно 3 процентни поени помалку во споредба со пандемиската година. Истовремено, буџетскиот дефицит е намален од 8% во 2020 година на 4,6% во 2023 година.

Заложбата за понатамошна фискална консолидација продолжува и со Буџетот за 2024 година. За годинава буџетскиот дефицит е проектиран на 3,4% од БДП, односно е намален за речиси една третина во однос на минатата година. Мора да се нагласи дека половина од дефицитот оди за плаќање на каматите за долгот акумулиран од минатото. Согласно среднорочните проекции опфатени во Фискалната стратегија до 2028 година, буџетскиот дефицит во 2025 и 2026 година треба да се сведе на 3% од БДП или во согласност со Мастришките критериуми, додека во 2027 и 2028 година да падне и под 3%, односно на 2,8% и 2,5% од БДП, респективно.

Би сакал да нагласам дека спроведувањето на фискалната консолидација, не е само во насока на рационализација на расходната страна на буџетот, туку и преку подобрување на наплатата на приходната страна. Тука ќе ја спомнам даночната реформа за проширување на даночната основа со која се подобри наплатата на приходите без притоа да се зголеми било кој данок. Во насока на подобрување на приходната страна на буџетот е и борбата за сузбивање на сивата економија, која се врши стратешки и плански, системски, преку низа мерки, кои вклучуваат дигитализација на процесите, како и јакнење на даночниот морал.

Намалување на каматните трошоци и покрај заострување на финансиските пазари

Една од клучните реформи кои се спроведени во јавните финансии во насока на фискалната одржливост е воведувањето на фискалните правила и на Фискален совет кој ќе го надгледува нивното спроведување. Со носењето на реформскиот Закон за буџети во 2022 година, утврдени се нумерички правила за висината на јавниот долг и буџетскиот дефицит согласно Мастришките критериуми. Инаку, Парламентот ги избра членовите на независното тело коешто го надгледува спроведувањето на фискалните правила, односно Фискалниот совет, и тој е целосно оперативен во моментов.

Фискалниот совет во своето мислење за Буџетот за 2024 година, даде многу значајна опсервација, која е уште еден показател за ефектите од управувањето со јавниот долг. Имено, тие посочуваат дека „сите анализи поврзани со цената на финансирање на тековните дефицити како и исплата на втасаните долгови и камата, покажуваат дека во последните 2-3 години е забележано подобрување, и покрај влошените состојби и кризните прилики на пазарите на капитал, што е охрабрувачки индикатор за прудентна фискална политика и одговорно управување со јавните финансии“.

Со одговорно управување се намалува каматниот трошок кој државата го плаќа. Тоа е всушност нашата стратегија за одржливост на долгот – од една страна, сѐ повеќе да се намалува јазот помеѓу приходите и расходите во буџетот кој треба да се финансира, како и истовремено да се оптимизира цената на задолжувањето и рочноста.

Тука значаен придонес имаат историски најниската каматна стапка на еврообврзница издадена во 2021 година со 1,65%, како и и портфолиото на буџетска поддршка со програмите склучени со меѓународните финансиски институции, како што се Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, Германската банка за развој, ОПЕК, Банка на Советот на Европа, како и Макрофинансиската рамка од Европската Унија и финансирање на инфраструктурни проекти со поволни заеми од ЕБРД, ЕИБ, Светска банка и други институции. Сличен пристап се користеше за обезбедување поволни заеми за стопанството преку нашата Развојна ванка со заеми од горенаведените меѓународни финансиски институции.

Промена на буџетската структура: одржливост и развој

Третиот аспект за фискалната одржливост е за што се трошат парите. Од исклучително значење за развојот е јакнењето на инвестициска компонента на буџетот, односно промената на неговата структура. Имено, последните два буџета се скроени според златното правило во јавните финансии, задолжувањето да биде само за инвестиции, кои потоа ќе донесат додадена вредност во економијата. Значително е зголемена сумата за капитални владини инвестиции, односно удвоена во однос на периодот три години.

Капиталните расходи минатата година ја надминуваат сумата на буџетскиот дефицит, додека нивната реализација е 707 милиони евра, што е всушност историски највисока реализација и како номинален износ и како релативен износ. Реализацијата во однос на планот е 97%. За споредба, низ годините, реализацијата на капиталните расходи се движела околу 70% (на пример, во 2005 година, изнесувале 69%, во 2016 година 76%). Во однос на 2022 година, капитални расходи се повеќе за 52% и достигнуваат ниво од 4,9% од БДП за разлика од претходниот просек од 3% од БДП.

Подобрувањето на реализацијата на капиталните инвестиции, како развоен дел од буџетот, се должи на повеќе механизми кои ги воведовме изминатите три години. Еден од тие механизми е „казнувањето“ и „наградувањето“ на институциите, согласно успешноста во реализацијата на капиталните расходи, попознат како КАПЕФ. Со овој механизам се премости еден значаен проблем кој со години постоеше во буџетирањето, односно капитални расходи „само на хартија“. Овој проблем дополнително се решава и преку среднорочното буџетирање кое го воведовме со усвојувањето на новиот Закон за буџети, со кој се зајакнува процесот на планирање според индикаторите за успешност, што е особено важно кај крупните капитални проекти, кои се реализираат во повеќе фискални години. Зајакнувањето на реализацијата на капиталните расходи се должи и на воведувањето на единиците за планирање и контрола на јавните инвестиции, односно Единицата за оценување на јавните инвестиции (ПИМА), како и Комитетот на ниво на Влада за утврдување на приоритетни проекти.

Над 1 милијарда евра буџетска поддршка за компаниите

Кога зборуваме за структурата на буџетот, а во контекст на развојната компонента, би сакал да нагласам дека значајна поддршка за приватниот сектор и приватните инвестиции, се дава и преку директна буџетска поддршка, која во изминатите три години изнесува 550 милиони евра. Тука спаѓаат мерките и активностите на Развојната банка, на Фондот за иновации, Дирекцијата за ТИРЗ, како и поддршката според Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Со овие средства во изминатите три години се поддржани 11.491 компании со 119.000 вработени. Со тоа се поттикнати инвестиции од 2,1 милијарди евра од страна на стопанството во нашата економија. Кога на ова ќе се додаваат и средствата предвидени со буџетот на 2024 година и последниот пакет на антикризни мерки, поддршката за компаниите од буџетски средства и поволни заеми надминува 1 милијарда евра.

Ќе истакнам и дека со издавање на нови финансиски инструменти на пазарот на капитал, се мобилизираат дополнителни средства во различни фондови (како на пример Фоднот за зелени инвестиции и слично) кои ќе се наменат за поддршка на инвестициската активност на приватниот сектор. Исто така, поддршка за приватниот сектор имаше во континуитет и преку други програми владини програми, како и активните мерки на пазарот на работна сила преку Агенцијата за вработување.

Одржлив систем за плати и пензии

Во насока на одржливоста на јавните финансии, во изминатите три години направени се многу важни, системски реформи, за утврдување на минималната плата, како и систем за усогласување на пензиите и платите во јавниот сектор. Овие системи се поставени на здрави основи, за да обезбедат одржливост, а воедно и праведност и заштита на стандардот на граѓаните. Како резултат на нив, гледаме во континуитет зголемување на минималната плата, пензиите, а исто така во повеќе наврати секторски, како и со последното минатогодишното линеарно покачување, се обезбедува постојан раст и на платите на вработените во јавниот сектор. Тоа што не смее да се испушта во оваа прилика, е фактот дека клучно е во иднина да се поддржат структурни реформи кои ќе придонесат во зголемување на продуктивноста, а со тоа и конкурентноста на нашата економија со цел овие политики за подобрување на стандардот на граѓаните да бидат одржливи на среден и долг рок.

Унапредување на фискалната децентрализација

Една од значајните реформи, кои ја оставив за заокружување на ова излагање е унапредувањето на фискалната децентрализација, која игра значајна функција во економскиот развој. Реформата се состои од три столба – подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините, зголемување на фискалната дисциплина, како и на транспарентоста и отчетноста во нивната работа.

Во рамки на реформата е зголемување на средствата коишто им се распределуваат на општините од наплатените давачки во централниот буџет, но и зголемување на сопствените приходи на општините, како и фондови коишто го поддржуваат добриот перформанс, осносно Фонд за перформанси и Фонд за воедначување. Општините коишто покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи ќе добијат средства од Фондот за перформанси, а од Фондот за воедначување ќе се обезбедат средства за општините коишто имаат пониски приходи, но истите покажуваат фискален напор и добри резултати во прибирањето на сопствените приходи.

Со буџетот за годинава и претходните две години по основ на планирано зголемување на процентот на приходите од ДДВ за општините, сумата е зголемена од 4,5% на 6% од сумата на наплатениот ДДВ во претходната година. Истиот пристап за зголемување на приходите за општините се примени и за Данокот на личен доход каде што уделот што оди за општините во последните три години се зголеми од 3% на 6%. Тука се и структурните обврзници за општините, со кои се олеснува управувањето со ликвидноста и општинските долгови.

За да ги сумирам пошироко сите реформи спроведени во изминатите три години во јавните финансии, ќе треба навистина многу повеќе простор. Но, целта а оваа колумна и не беше сумирање на се што е направено, туку разгледување на тековните ефекти од реформи кои требаат да дадат долгорочен придонес кон економскиот развој и фискалната одржливост.

Ниту 2024 година не навестува „мирна пловидба“

Живееме во многу непредвидливи времиња за глобалната економија, која, како што се констатира во Проспектите за 2024 година на Обединетите нации, „под превезот на ранливата отпорност, се соочува со ризици и ранливости“. Во извештајот се предупредува на ризиците од подолготрајните заострени кредитни услови, слабите инвестиции, и геофрагментацијата наспроти глобализацијата, поради што глобалната трговија ја губи улогата на придвижувач на економската активност. Фискалниот простор кај голем дел од земјите е доста стеснет, што ги прави ранливи на евентуални потреси. Економистите ги лоцираат ризиците во продолжувањето на војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток, кризата која потекна од пазарот на недвижности во Кина, германската индустрија, претпазливоста на централните банкари, иновациите во артифициелната интелегенција, нуклеарната енергија  и други предизвици вклучително изборите во повеќе земји меѓу кои и изборите во ЕУ и САД.

Сето ова ни кажува дека ниту во 2024 на глобален план не може да очекуваме „мирна пловидба“, а дополнително кај нас, во мај имаме и парламентарни и претседателски избори, кои секако ќе имаат свие влијание врз динамиката на економските активности.

Постојано ги спомнуваме стапките на економски раст од 5% за нашата економија побрзо да ја постигне конвергенцијата кон европската економија и повеќето граѓани да ги почувствуваат придобивките на тој раст. Тие стапки не се недостижни, напротив сметам дека доколку глобалниот контекст беше поинаков и доколку не се соочивме со кризи без преседан, какви што се гледаат можеби еднаш во едно столетие, многу веројатно ќе беше дека тие стапки ќе беа испорачани.

Во оваа колумна ги дадов основите, а во следната ќе се надоврзам на градењето на економија која испорачува забрзан, инклузивен и одржлив развој, кој ни е потребен за обезбедување на попросперитетен живот за граѓаните. Евалуација, добра стратегија, солиден план, инклузивен пристап, детално конструирани мерки и реализација. Тоа е патеката кон економскиот развој.

The post Борбата со кризите исцрпе од македонскиот буџет 2,7 милијарди евра appeared first on plusinfo.mk.

Фискално одржлив и таргетиран – деветти пакет антикризни мерки за поддршка на најранливите и стопанството
„Економијата не е егзактна наука, таа е комбинација на научни елементи и уметност“, рекол таткото на модерната економија, американскиот нобеловец, Пол Семјуелсон, потенцирајќи дека „првата и последната лекција која треба да ја научиме за економијата е дека нејзината цел не е да се приближиме кон егзактноста, туку кон подобрувањето на базите на податоци и начинот на расудување согласно нив“. Јас ќе додадам дека крајната цел на секоја економска политика, секогаш, треба да биде мотивирана од обезбедувањето подобри услови и просперитет за граѓаните. Макроекономистите се водат според логиката од најдобриот интерес за најголем број на луѓе, политики што го зголемуваат општото добро за сите, познат во економската теорија како „Парето оптимум“.

Минатата недела го објавивме новиот, деветти, владин пакет антикризни мерки. Граѓаните и фирмите ги очекуваа овие мерки. Мерките беа внимателно дизајнирани, согласно конкретните потреби на нашата економија и таргетирани кон оние категории на кои навистина им е потребна поддршка. Новиот пакет антикризни мерки е обемен, содржи 23 мерки во вкупна вредност од 662,4 милиони евра, од кои 123,7 милиони евра се со директни фискални импликации, додека останатите со индиректни, а распоредени се во две фискални години, внимавајќи на фискалната одржливост. Притоа, три претходно донесени системски мерки, или подобро кажано политики, во 2023 и 2024 година го чинат буџетот дополнителни 516,3 милиони евра.

Во услови на глобална неизвесност, затегнати финансиски услови и забавување на економскиот раст, фискалната политика, а воедно и овој пакет на антикризни мерки, го насочивме кон поддршка на економскиот развој и поддршка на ранливите категории на граѓани. Лично бев изненаден од некои изјави по објавата на пакетот, дека мотивот зад него е политички маркетинг, дека ќе се разгорела инфлацијата затоа што ќе се поддржат ранливите категории, односно студентите преку поддршка за јавен превоз, учениците од семејствата со ниски примања, поддршка на пензионерите со ниски пензии преку додаток, или компаниите, главно мали и средни компании, со ликвидносни инјекции. Треба да имаме предвид дека глобалната економска активност, сепак, забавува, вклучително и кај нашите најголеми трговски партнери, а тука се и очекувања за намалување на побарувачката. Во таа насока, во ова четиво, сакав да направам една куса анализа, со детален приказ на мерките, за да добијат граѓаните целосна слика која е целта и придобивките од мерките од социјален и економски аспект. Во економијата, секогаш треба да ја гледаме целосната, односно големата слика, бидејќи многу лесно може да се манипулира со одделни податоци

Доследност на политиките за фискална консолидација

Најпрво, би сакал да се осврнам на карактерот на фискалната политика. Препораките на меѓународните финансиски институции и експертите се дека додека инфлацијата е на високо ниво, треба да се внимава да нема експанзивна фискална политика. За волја на вистината, од пандемијата наваму, кај нас буџетскиот дефицит се стеснува континуирано, согласно проектирана патека на фискална консолидација, па дури и побргу (од 2020 година од околу 8%, дефицитот годинава е скоро преполовен на 4,6%, а веќе догодина се проектира на 3,4%, со очекувања за понатамошно намалување и на среден рок).

Второ, ММФ јасно упатува на тоа дека фискалните мерки треба да бидат таргетирани, односно насочени кон одредени категории, каде е потребно да се обезбеди социјална заштита, но и поддршка за економската активност. Мерките кои ги донесовме се јасно таргетирани – кон ранливите категории, за поддршка на фирмите (главно секторот на мали и средни претпријатија), како и системски мерки за справување со кризата. Најголем дел од мерките се со временски ограничен карактер, за да се осигури фискалната одржливост.

Антикризните мерки придонесоа за двојно подобар економски резултат во време на криза

Пред да навлезам во елаборирање на мерките од последниот пакет, би се навратил кон претходните пакети за да одговорам на многу важно прашање – „Дали досега владините мерки вродиле со резултати?“. Одговорот е „ДА“, а тоа ќе го поткрепам со податоци и аргументи.

Во таа насока ќе направам мала дигресија кон случувањата во изминатите неколку години. По забрзување на растот на економијата во 2019 година, следните четири години, како резултат на надворешни шокови, нашата економија се соочи со неколку последователни кризи. Во 2020 година, економијата беше силно погодена од пандемијата Ковид-19, на што Владата навремено реагираше со серија од шест пакети антикризни мерки во 2020 и 2021 година. Фокусот беше да се зачуваат работните места, ликвидноста на компаниите, социјалната сигурност, но и закрепнување на домашната економија и создавање основа за забрзан економски раст на подолг рок.

Под влијание на глобалната пандемија, економската активност се намали за 4,7% во 2020 година, но процените на домашните институции, но и на меѓународните е дека доколку изостанеше брзиот и силен одговор на фискалната политика, падот на БДП во 2020 година би изнесувал над 8%.

По ублажување на ефектите од пандемијата, економијата забележа солидно закрепнување во 2021 година од 4,5% на годишна основа и покрај продолженото влијание на Ковид-19. На почетокот на 2021 година продолживме со носење нов пакет на мерки со кои се продолжи со поддршката од претходните пакети преку државна финансиска поддршка на плати за вработените во првиот квартал, бескаматни кредити за компаниите од погодените дејности, финансиска поддршка за радиодифузери, и ослободување од надоместокот за мултиплекс фреквенција, финансиска поддршка за граѓаните преку продолжување на мерката за одложување плаќање данок на личен доход, финансиска поддршка за меѓународните транспортери, кредитна гарантна шема, поддршка за спортски клубови, укинување на царинските стапки за дел од суровините, поддршка на микро, мали и средни претпријатија, како и за приватните здравствени установи, бришење камати на граѓаните кон јавни институции и претпријатија итн.

Сепак, кон крајот на 2021, домашната економија беше погодена од нови глобални шокови со енергетската криза, која ескалираше на почетокот на 2022 година со ефектите од руско-украинскиот конфликт. Неповолните движења на пазарите на енергенси и руската инвазија врз Украина влијаеа на силен раст на глобалната инфлација, преку раст на цените на енергенсите и храната. Владата повторно реагираше брзо и навремено преку нови пакети антикризни мерки. Мерките на почеток беа насочени кон ублажување на ценовниот шок од растот на цените на енергенсите врз населението и компаниите, преку субвенционирање на цената на електричната енергија преку директна финансиска поддршка на ЕСМ, како и преку повластена стапка на ДДВ за електричната енергија, а подоцна и кон ублажување на последиците од високите цени на храната, мерки за замрзнување на цената, зголемување на минималната плата, пензиите, платите во јавниот сектор, како и еднократни финансиски додатоци/исплати кон најранливите категории на граѓани, односно примателите на социјална помош и пензионерите со ниски пензии. Целта беше да се задржи куповната моќ на населението и ликвидноста на компаниите, со постепено таргетирање кон најранливите категории граѓани и истовремена поддршка на инвестициите. Мерките овозможија да се забави преносниот ефект од увезената инфлација, да се обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија и да се спречат ценовните шокови. Благодарение на мерките насочени кон ограничување на порастот на цените, инфлацијата е во постојан пад 12 месеци по ред и достигна 3,1% во ноември 2023 година, откако во октомври 2022 година ги достигна највисоките 19,8%.

Во овој четиригодишен период со повеќе испреплетени кризи, со цел да одговориме на ефектите врз економијата и животниот стандард на граѓаните пристапивме кон дизајнирање на девет пакети антикризни мерки, покрај тековните приспособувања со ad hoc мерки други политики и системски решенија. За време на пандемијата на КОВИД-19 се пристапи кон мерки за заштита на животот и здравјето на граѓаните, заштита на работните места, како и поддршка на ранливите категории на граѓани, но во исто време и силна финансиска поддршка за стопанството, кое хибернираше поради административните ограничувања, согласно здравствените препораки за заштита од пандемијата. Тоа го чинеше буџетот околу 1,2 милијарди евра.

Пред целосно да заврши пандемијата, заради прекинот на синџирите на производство, но и високата побарувачка, се креираше ценовен притисок. Потребите за интензивирање на економската активност во постпандемискиот период ја зголеми побарувачката за енергенси и на тој начин се предизвика зголемување на нивните цени, кои станаа дополнителен притисок за цените на инпутите во производството на храна, како и други производи. Во вакви околности на загреани цени на пазарите, особено во ЕУ, како наш најзначаен економски партнер, и во услови на фиксен девизен режим со еврото, ценовниот шок се пренесуваше целосно и во нашата економија. Состојбите станаа уште покомплицирани со воената агресија кон Украина, како најголем извозник на основни прехранбени производи. Но, исто така енергетската зависност на ЕУ од Русија, предизвика уште подлабока криза, која бараше координиран пристап во повеќе сфери: краткорочни мерки на страната на побарувачката, среднорочни мерки за намалување на енергетската зависност од Русија, и на долг рок мерки што ќе создадат услови за зелена транзиција и одржлив развој. Исто така, монетарните власти пратија јасни пораки за борбата со инфлацијата, што на меѓународните финансиски пазари се рефлектираше со повисоки каматни стапки. Тоа влијаеше на забавување на економскиот раст во 2022 година и 2023 година во однос првичните проекции за раст. Антикризните пакети, како одговор на енергетската и ценовната криза, беа насочени кон заштита на најранливите категории на општеството, како и поддршка на стопанството со цел намалување на трошоците и обезбедување на потребната ликвидност. Фискалните импликации на овие пакети мерки за заштита од енергетската и ценовната криза изнесуваа 760 милиони евра.

Значи претходните осум пакети на антикризни мерки достигнаа ниво од околу 1,96 милијарди евра. Со тоа е намален економскиот пад во 2020 година, кој беше компензиран во растот во 2021 година, за потоа растот во 2022 година, 2023 година и проектираниот раст во 2024 година да бележи забрзана нагорна динамика.

Поддршка за 600.000 домаќинства и 70.000 фирми

Во насока на продолжување на таргетираната поддршка кон ранливите домаќинства и компаниите во 2023 година, новиот пакет мерки има за цел поддршка на млади лица (ученици и студенти) од ранливи категории на семејства, најранливи категории на граѓани (пензионери со ниски пензии, лица и деца со посебни потреби, самохрани родители приматели на ГМП, итн.), земјоделците за стимулирање на производството на храна, како и поддршка на компаниите во процесот на зелена транзиција (земајќи предвид дека климатските промени се еден од факторите кои можат да имаат ефект врз ценовните притисоци во иднина). Ако подетално анализираме, секоја од овие мерки има за цел обезбедување на социјална и економска одржливост.

Со мерките од деветтиот пакет се опфаќаат 120.000 млади лица, околу 74.000 социјално ранливи категории на граѓани, околу 187.000 пензионери, 40.000 земјоделци, 540.000 корисници на апликацијата МојДДВ, 600.000 домаќинства, како и 70.000 компании. Ако се земат предвид и системските мерки, зборуваме за 338.000 пензионери и 106.000 вработени во јавниот сектор. Истовремено, преку прудентната политика ќе се зачува фискалниот простор и ќе се осигури одржувањето на макроекономската и фискална стабилност.

Новиот пакет на мерки е поделен во следните категории: 1) Мерки за поддршка на граѓаните и домаќинствата (поддршка на учениците и студентите од семејствата со ниски примања, поддршка на ранливите категории граѓани, пензионери и домаќинствата со пониски примања, поддршка на земјоделците); 2) Мерки за поддршка на стопанството (поповолни кредити за ликвидност и инвестиции, субвенционирање на придонеси за повисоки плати); 3) Мерки за поддршка на јавниот сектор (општини и јавни претпријатија); и 4) Системски мерки кои придонесуваат за ублажување на ефектите од ценовната и енергетската криза.

Финансиска помош за учениците од семејства со ниски примања и студентите

Во деветтиот пакет мерки предвидовме средства за поддршка на ученици од основни и средни училишта, чии семејства имаат ниски примања (до две минимални плати, до 50.000 денари вкупни месечни приходи). Предвидено е да се исплати финансиска поддршка од 1.200 денари месечно, за период од 6 месеци, за 70.000 основци од вкупно 185.000 ученици во 1-9 одделение, кои ги исполнуваат овие услови. Бидејќи потребите на учениците во средно образование се поголеми, предвидовме финансиска поддршка од 1.800 денари месечно, за период од 6 месеци, за 35.000 ученици од средно училиште. Предвидена е и финансиска поддршка за студентите преку доделување ваучер за превоз, за 15000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање, во вредност од 600 денари до 1.200 денари за студент, во зависност од местото на живеење и студирање.

Сумарно, ќе се додели финансиска поддршка за вкупно 120000 корисници – млади лица, ученици од основно и средно образование, чии семејства имаат ниски примања, како и студенти од државните универзитети, во вкупна вредност од 16,4 милиони евра.

Поддршка на над 200000 лица од ранливите категории и пензионери со ниски пензии

Во услови на висока инфлација, препораките на меѓународните финансиски институции се преку фискалната политика да се заштитат ранливите категории граѓани, оттаму предвидовме повеќе мерки во деветтиот пакет.

Предвидовме мерка за поддршка на граѓаните кои користат право на надоместок заради попреченост (10103 корисници), самохрани родители – приматели на гарантирана минимална помош (610 корисници), родители на деца со попреченост до 26 години, кои користат посебен додаток (6028 корисници), кои ќе добијат финансиски средства од 2.000 денари месечно, за период од 5 месеци, со цел надминување на проблемите во услови на зголемени трошоци на живот. Вкупните средства за оваа намена се проценети на 2,7 милиони евра.

Подготвивме мерка за поддршка на пензионерите кои имаат пониска пензија (до 19.000 денари) за надминување на тешкотиите во услови на продолжените ефекти од енергетската криза и стабилизирање на ценовната криза. Примателите на пензија до 14.000 денари ќе добијат финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од 5 месеци (околу 92200 приматели на пензија). Пензионерите со пензија од 14.001 денари до 16.000 денари ќе добијат финансиска поддршка од 2.000 денари месечно, за период од 5 месеци (42253 приматели на пензија). Оние чија пензија изнесува од 16.001 денари до 19.000 денари, ќе добијат финансиска поддршка од 1.500 денари месечно, за период од 5 месеци (52798 приматели на пензија). Вкупните фискални импликации за поддршката на оваа ранлива категорија од 187263 лица ќе изнесуваат 35,8 милиони евра.

Продолжува и мерката за директна финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на електрична енергија, субвенции за електрична енергија за домаќинства со ниски приходи, како што се корисниците на ГМП и социјална пензија. Се продолжува и со мерката за поддршка на домаќинствата за поттикнување енергетска ефикасност и обновливи извори (за инсталација на фотонапонски панели, за инсталација на соларни системи и за инсталација на ПВЦ).

Со мерките, предвидовме и авансна исплата на субвенциите за растително производство – полјоделски, градинарски култури, лозови и овошни насади и сточарство (говеда, овци, кози). Финансиската поддршка што се реализира преку постојните програми на ИПАРД, е наменета за околу 40000 земјоделци.

Поддршка на конкурентноста на фирмите, зелената транзиција и женското претприемништво

Вториот сегмент од мерките од деветтиот пакет се однесуваат на поддршка на приватниот сектор, пред сè кон поддршка на конкурентноста (претежно на секторот на мали и средни претпријатија-МСП), зелената транзиција и поддршка на женското претприемништво. Вкупната поддршка е проценета на околу 492 милиони евра, кои главно се обезбедени преку поволни кредитни линии од меѓународни институции.

Една од мерките се однесува на зајакнување на кредитната линија за поддршка на МСП секторот за енергетска ефикасност и зелена транзиција, преку издавање зелена обврзница (во 2023 година Министерство за финансии ја издаде првата зелена обврзница во износ од 600 милиони денари). Со оваа мерка се овозможува кредитирање на малите и средни претпријатија со цел да се поттикнат да инвестираат во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија преку Фондот за енергетска ефикасност и комерцијалните банки под поволни услови.

Се планира проширување на опсегот на компании кои се корисници на гарантната шема од гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање. Кредитно-гарантната шема е инструмент во рамки на Развојната банка, преку кој се издаваат гаранции како обезбедување на дел од залогот на кредити, одобрени од страна на комерцијалните банки и штедилниците, кои се даваат на компаниите кои имаат недостиг на залог за осигурување на заемот.

Уште една од мерките која ќе донесе значителна ликвидност кај фирмите е седмата кредитна линија за зелена транзиција на ЕИБ, во вредност од 100 милиони евра, со која ќе се поддржат инвестициите на фирмите во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Новата кредитна линија од ЕИБ ќе се реализира преку комерцијалните банки, со поволни услови на кредитирање на компаниите за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, од кој еднакви делови од заемот ќе обезбедат комерцијалните банки и РБСМ. Кредитната линија ќе покрие 30% инвестиции во проекти со енергетска ефикасност и обновливи извори, 70% за други намени.

Обезбедена е кредитна линија со поволни кредити за фирмите во вредност од 50 милиони евра, преку Француската агенција за развој за поддршка на инвестиции, за поддршка на проекти со позитивен придонес врз животната средина и проекти за намалување на негативните ефекти од климатските промени и адаптација и поддршка на женското претприемништво и финансирање процеси за дигитализацијата. Женското претприемништво и зелените инвестиции ќе се поттикнат и преку кредитната линија од банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за финансирање микро, мали и средни претпријатија за создавање и зачувување на работни места во износ од 50 милиони евра. Преку инструментот за зелено финансирање (во соработка со Европската банка за обнова и развој, Програмата за развој на Обединетите нации и комерцијалните банки) ќе се обезбеди пристап до т.н. „зелено финансирање“ за малите и средни претпријатија и поединци и домаќинства за инвестиции во обновливи извори на енергија и иновативни решенија за енергетска ефикасност во износ од 40 милиони евра.

Важна мерка за фирмите, но и вработените во приватниот сектор, е ослободувањето од плаќањето на придонеси за постојни вработени заради зголемување на нивните плати од 3.000 денари до 9.000 денари (според последно исплатена плата, за вработени со плата до ниво на просечна месечна плата на национално ниво). Основата за споредба е просекот од исплатените 3 последни месечни плати. Работодавецот ќе плати данок на личен доход, а ќе биде ослободен од плаќање на здравствено и пензиско осигурување за делот за зголемувањето, во период од 12 месеци. Мерката има за цел намалување на даночната евазија и сивата економија, како и поддршка на приватниот сектор за исплата на повисоки плати.

Една од мерките во пакетот е насочена и кон справување со евентуална млечна криза, преку дозвола за користење дехидрирано млеко како основа за производство на млеко и млечни производи, заради намалување на нивната цена.

Систем и одржливост

Третиот и четвртиот сегмент од деветтиот пакет мерки се однесуваат на одржливоста во јавниот сектор, како и системски мерки за ублажување на ефектите од ценовната и енергетската криза.

Во рамки на мерките насочени кон одржливост се предвидува продолжување на мерката за кредити за енергетска ефикасност во јавниот сектор, преку Светската банка. Исто така, ќе се операционализира Фондот за енергетска ефикасност во Развојната банка, со поддршка на Светската банка, преку кој ќе се финансираат проекти во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, а со цел полесен пристап до капитал на јавните субјекти.

Системските мерки се насочени кон обезбедување системски одговор на потребите на граѓаните чии приходи се врзани за буџетот, соодветно на макроекономските движења, а повторно во насока на фискална одржливост. Овие системски политики за заштита на стандардот на пензионерите и вработените во јавниот сектор кои треба да „вратат“ со поголема ефикасност на јавните услуги и повисока професионалност на администрацијата во 2023 година го чинеа буџетот 189 милиони евра, а во 2024 година расходите на буџетот за овие политики ќе изнесуваат околу 327,3 милиони евра. Тука ќе го спомнам зголемувањето на платите во јавниот сектор преку усогласување со порастот на просечна

плата, како и редефинирање на системот на плати во јавниот сектор преку креирање системско решение. Оваа мерка треба да започне следната година и треба да воспостави една добра структура на платите во јавниот сектор, што е нешто што претходно го немало, а ќе овозможи достоен живот, праведност и поголема мотивираност кај вработените. Ова решение ќе се надоврзе кон системот кој веќе го воспоставивме кај зголемувањето на пензиите, согласно кое во март повторно ќе има ново усогласување на пензиите со растот на просечната плата и трошоците за живот по принцип 50%-50%.

Нема единствен рецепт за заздравување – туку постојано усогласување и надградување на политиките

На крајот би сакал да посочам дека ефектите од овие мерки најдобро ќе се видат кога ќе започне нивната реализација и кога ќе почнеме да ги анализираме понатаму макроекономските податоци, како што тоа се прави сега за претходните пакети. Понатаму и за овој пакет мерки, меѓународните финансиски институции и економистите ќе можат да дискутираат за нивната успешност. За ефектите многу порано ќе можат да судат граѓаните и фирмите кои ќе ги ползуваат мерките.

На крајот ќе истакнам дека нема универзален рецепт за побрзо заздравување и забрзување на растот, тоа ќе биде процес на постојано усогласување и надградување. Моделот треба да се скрои согласно економската структура, окружувањето и очекувањата, да се има целата слика при кроењето на стратегијата и секогаш прва и последна точка треба да биде благосостојбата на граѓаните. Тоа е економската формула која ќе даде успех.

The post Фискално одржлив и таргетиран – деветти пакет антикризни мерки за поддршка на најранливите и стопанството appeared first on plusinfo.mk.

Буџетот за 2024 година: високи капитални расходи, натамошно намалување на дефицитот
Државниот буџет е најсеопфатниот програмски документ, предложен од Владата, а дискутиран и усвоен од народните избраници. Тој е приказ на сите политики, мерки и активности кои се спроведуваат од страна на државата во еден фискален период. Како таков, буџетот заслужува големо внимание во јавноста, особено во време исполнето со предизвици и глобални економски кризи. Во „новата реалност“, претставена низ поликризното глобално окружување, добрата стратегија и соодветниот план, ќе нѐ направат поотпорни, а нашата економија поефективна.

Препознавајќи ги предизвиците на глобалното окружување и развојните потреби на домашната економија, минатата година го зајакнавме стратегиското планирање преку воведување на среднорочното буџетирање и буџетирање според успешност во реализација, мерено преку индикатори (Key performance indicators). Тоа е дел од големата реформа во јавните финансии, од која дел е и Законот буџети, кој ги вклучува најдобрите практики на меѓународните финансиски институции и директивите на Европската Унија. Реформата во процесот на планирање и спроведување на буџетот е препознаена како суштински напредок во управувањето со јавните финансии од страна на меѓународните институции, вклучително и од Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Покрај унапредување на процесот на буџетирање, насочени сме и кон подобрување на структурата на буџетот преку зголемување на развојната компонента (капиталните расходи) согласно Планот за забрзан економски раст и Планот за јавни инвестиции, додека паралелно остануваме на правецот на фискална консолидација или постепено намалување на јазот помеѓу приходната и расходната страна на буџетот, согласно Планот за фискална одржливост. Нашата цел е секој иден буџет да има изразена развојна компонента, а воедно да биде и фискално одржлив, односно буџети скроени според златното правило во јавните финансии (инвестиции повисоки од дефицитот).

Врз основа на заложбата за поттикнување на економскиот развој и зачувување на стабилноста го конципиравме и Предлог-буџетот за 2024 година. Пред една недела предлог-буџетот го претставивме во јавноста, откако истиот беше усвоен од Владата. Буџетот за 2024 година проектира повисок раст во однос на годинава (3,4% во однос на 2,3%), пониска инфлација (3,6% наспроти 9,2%) и буџетски дефицит (3,4% наспроти 4,8%), повисоки приходи (без притоа да се зголемуваат јавните давачки), повисоки капитални инвестиции во однос на дефицитот, повисоки плати (за 160 милиони евра), пензии (за 170 милиони евра) и социјални надоместоци (за 60 милиони евра), повеќе средства за активни мерки за вработување, како и средства за здравствена заштита, повеќе средства за студентите за стипендии и студентски оброк, реформи во субвенциите во земјоделството и повеќе средства за општините. Приота, се проектирани околу 60 милиони евра за антикризни мерки. Накусо, овој буџет е конципиран да обезбеди поддршка за забрзување на растот преку изразена инвестициска компонента, поддршка на стандардот на граѓаните, унапредување на јавните услуги и обезбедување на фискална одржливост, а со тоа и на макроекономската стабилност.

Поликризно глобално окружување

Во изминатите три години скоро сите економии во светот се соочија со шоковите поврзани со пандемијата, Руската инвазија во Украина и двоцифрената инфлација, како и стеснетиот фискален простор, заострените финансиски услови, зголемената геополитичка и геоекономска фрагментација, како и климатските промени. Сепак, имајќи ги во предвид сите овие околности, глобалната економија покажа висока отпорност – растот забави, но не запре. Според есенските проекции на ММФ растот на глобалната економија се очекува да забави од 3,5% во 2022 година на 3% годинава и 2,9% во 2024 година, со посилни негативни ефекти кај развиените во однос на економиите во развој. Економската активност во ЕУ во 2023 година се очекува да остане слаба и да забележи раст од 0,7%, додека во 2024 година растот е проектиран на 1,5%, со тоа што кај нашиот најголем трговски партнер СР Германија, се очекува раст од 0,9% во 2024 година, по проектираниот пад од 0,5% во 2023 година.

Очекувањата за инфлацијата се дека таа ќе продолжи да се намалува понатаму, но кај европските земји не се очекува постигнување на целната инфлација од 2% пред 2025 година.

Домашната економија покажува висока отпорност

И покрај предизвиците од надворешното окружување, домашната економија покажа високо ниво на отпорност и остана на патеката на растот. Во првата половина од 2023 година БДП забележа раст од 1,6%, при што производствениот раст беше на широка основа, со најголем придонес од услужниот сектор, но и позитивни резултати кај индустриското производство. Според расходната страна, растот во првото полугодие од 2023 година се должи на позитивниот придонес на нето извозот, со намалување на домашната побарувачка, при раст на приватната и пад на јавната потрошувачка, како резултат на политиката за кратење на неприоритетните трошоци.

Во услови на економска стагнација на Европа, кај нас, во 2023 година се очекува помал, но позитивен економски резултат со раст на БДП од 2,3%. Притоа, стапката на инфлација во 2023 година значително се намали, до 3,5% во октомври и се очекува до крајот на годината просечно годишната инфлација да остане на едноцифрено ниво (9,2%). Стапката на невработеност, исто така, се намалува, додека се забележува и реален раст на платите од вториот квартал годинава наваму.

Забрзување на економскиот раст во 2024 година

Во 2024 година економскиот раст во земјата се очекува да забрза и да изнесува 3,4%, во услови на зголемување на инвестициите, раст на потрошувачката на солидно ниво и закрепнување на надворешната побарувачка. Најголем придонес кон растот во 2024 година се очекува да имаат бруто-инвестициите со раст од 8,4%, главно како резултат на интензивирањето на реализацијата на големите државни инфраструктурни проекти (Коридорите 8 и 10, автопатот и железницата, преносната мрежа за гасификација и др.), заедно со мерките за поголема реализација на капиталните инвестиции предвидени со Планот за забрзан економски раст. Државната поддршка за унапредување на приватниот сектор и зајакнување на конкурентноста, иновативноста и технолошкиот развој на претпријатијата, преку обезбедување на алтернативни извори и инструменти за финансирање, како и најавените инвестиции за проширување и изградба на нови капацитети во технолошко-индустриските развојни зони се очекува да придонесе кон раст на приватните инвестиции, а исто така пристапниот процес кон ЕУ, ќе ги зајакне реформските процеси во земјата и ќе обезбеди зголемена поддршка за инвестиции. Дополнителен потстрек за раст на инвестициите ќе обезбеди зелената агенда.

Позитивен придонес кон растот ќе има и приватната потрошувачка при намалени инфлациски притисоци, натамошен реален раст на платите и вработеноста, раст на кредитирањето и одржување на солидно ниво на дознаките од странство. Закрепнување на економската активност кај нашите најголеми трговски партнери и на глобалните синџири на производство ќе придонесат кон динамизирање на надворешно-трговската размена и раст на извозната активност на домашните компании.

Стапката на инфлацијата во 2024 година се очекува да се стабилизира и е проектирана на 3,6% во услови на одржување на стабилно ниво на цени на енергенси и храна на меѓународните пазари, како и понатамошно забавување на базичната инфлација.

Позитивните движења на пазарот на труд се очекува да продолжат во 2024 година, со раст на бројот на вработени за 2% и раст на просечната нето-плата за 8,4% на номинална, односно 4,8% на реална основа.

Контурите на буџетот за 2024 година

Развој и одржливост – тоа се двата клучни збора кои го опишуваат буџетот за 2024 година. Буџетот за 2024 година е развоен, поради силниот инвестициски циклус во инфраструктурата кој продолжува следната година. Буџетот е одржлив, бидејќи и покрај високата инфраструктурна компонента, како што истакнав и на почетокот, продолжуваме со фискалната консолидација. Буџетскиот дефицит е намален за скоро третина во однос на проектираното ниво за годинава на 3,4% од БДП (од тоа само половина е примарниот дефицит, односно 1,7% од БДП, додека остатокот од дефицитот оди за плаќање на каматите за долгот акумулиаран од минатото до сегашниот период). Ова ниво соодвествува со среднорочните проекции во Фискалната стратегија до 2028 година, буџетскиот дефицит во 2025 и 2026 година да се сведе на 3% или согласно Мастришките критериуми, додека во 2027 и 2028 година да падне и под 3%, односно 2,8% и 2,5%, респективно.

Приходите во буџетот се проектирани на 310,1 милијарди денари и истите се за 10% повисоки во однос на 2023 година, додека расходите се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или за 5,8% повисоки во однос на 2023 година. Вака планираните приходи и расходи резултираат со намален буџетски дефицит во 2024 година во однос на 2023 година за 9,2 милијарди денари што ќе значи помалку задолжување за 150 милиони евра.

Повисоки приходи во буџетот без зголемување на јавните давачки

Проекциите за приходите на Буџетот за 2024 година ги засниваме на реализацијата на приходите во 2023 година, очекувања за економскиот раст и подобрување на ефикасноста и ефективноста на системот за наплата на јавните приходи. Тука би сакал да ги истакнам и мерките и активностите кои ги спроведуваме и кои и во иднина ќе ги спороведуваме за намалување на даночната евазија преку мерките за формализација на неформалната економија, воведувањето на напредни технологии, модернизација и автоматизација на работните процеси, зајакнувањето на капацитетите на институциите за зголемена и поефикасна наплата на даночните приходи, како и зајакнувањето на институционалната координација.

Притоа, вкупните даночни приходи во Буџетот за 2024 година се проектирани во износ од 178,1 милијарди денари, што е за околу 10% над износот на приходи планиран за 2023 година и истите учествуваат со 18,1% во БДП за 2024 година, што е приближно еднакво на учеството во претходната година. Проекцијата ги содржи и очекуваните фискални ефекти од имплементација на даночните реформи кај данокот на додадена вредност, данокот од добивка, данокот на личен доход, акцизите и данокот на моторни возила. Исто така, во предвид се земаат и макроекономските проекции за номиналниот БДП, финалната потрошувачка, пораст на бројот на вработени и на просечната плата, зголемениот увоз и профитабилност на приватниот сектор. Најголем пораст кај даночните приходи е проектиран кај приходите од данокот на личен доход во однос на годинава, согласно очекувањата за зголемување на бројот на вработени, порастот на платите и зголемувањето на даночната основа и можноста за доброволно приклучување во системот од страна на дел од привремено вработените. Се очекува подобро остварување кај данокот на добивка, но и на данокот на додадена вредност, што се должи на проектираниот пораст на финалната потрошувачка.

Главната цел на даночната политика останува фер наплатата на јавните давачки со цел обезбедување на средства за поддршка на економскиот раст и обезбедување на квалитетни јавни услуги. Притоа, приоритети остануваат праведност, ефикасност и продуктивност на даночниот систем, висока даночна транспарентност, подобар квалитет на услугите и зелено оданочување.

Социјалните придонеси се планирани на ниво повисоко за 11% во однос на 2023 година, како резултат на сите причини кои ги наведов и кај данокот на личен доход.

На што ќе се троши буџетот за 2024?

Економско заздравување и забрзан раст; редовно и непречено извршување на сите законски обврски; непречено спроведување на изборните активности; спроведување на обврските кои произлегуваат од членството во НАТО;  поддршка на приватниот сектор и граѓаните;  зголемена и забрзана реализација на инфраструктурните проекти; привлекување на странски инвестиции и иновативност на домашните компании – кон ова ќе биде насочена расходната страна на Буџетот за 2024 година.

Со Буџетот за 2024 година се планирани расходи за исплата на плати на ниво од 41,2 милијарди денари, односно за 18% повисоко во однос на иницијалниот буџет за 2023 година  или 10% во однос на одлуката за прераспределба. Со овие средства ќе се овозможи целосно спроведување на одредбите на Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор. Притоа, мора да нагласам дека оваа сума е проектирана на ниво на постојниот број на вработени во јавната администрација, односно нови вработувања може да се реализираат првенствено преку мобилност и преземање на вработени од други институции од јавниот сектор или преку пополнување на испразнети работни места по сите основи, согласно владините мерки за рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор.

Расходите за стоки и услуги учествуваат со еднакво ниво во вкупните расходи со околу 7,5%, а притоа се обезбедуваат средства за непречено функционирање на институциите, како и неопходните средства за исполнување на обврските кои произлегуваат од  НАТО стандардите.

За исплата на пензии планирани се 83,6 милијарди денари, или повисоко за 170 милиони евра, согласно воспоставената методологија на пресметка на пензиите (50% раст на трошоци за живот, 50% раст на просечна плата).

Обезбедени се средства за исплата на социјална заштита на најранливите слоеви на населението повисоки за 60 милиони евра (гарантиран минимален приход, социјална сигурност, социјални трансфери). Обезбедени се и повисоки средства за активните мерки за вработување (2 милијарди денари), но и за исплата на паричен надоместок во случај на невработеност.

Здравствената заштита е планирана е исто така на повисоко ниво за околу 45 милиони евра во однос на лани, со што ќе се обезбедат средства и за лекот Трикафта и други програми за лекови, за здравствените услуги, за исплата на обврски на јавните здравствени установи, како и обезбедување на средства за зголемени плати за сите вработени во јавното здравство согласно Општиот колективен договор.

Во текот 2024 година ќе се спроведуваат новите модели за субвенционирање на земјоделството со нови критериуми на доделување на субвенции (основна субвенција и дополнителна поддршка), со цел зголемување на производството на храна, која ќе се базира на остварениот принос. Со новиот модел се дава приоритет на стратешки важните култури и производи за државата.

Во рамки на субвенциите за приватниот сектор предвидени се средства  за поддршка на мали и средни претпријатија, зголемување на конкурентноста, иновативна дејност, технолошки развој и истражување, нови инвестициски вложувања, поддршка на извозот и освојување на нови пазари, поддршка за создавање на нови вработувања и слично.

Предвидени се и зголемувања на трансферите до единиците на локална самоуправа (ЕЛС),  по основ на планирано зголемување на процентот на приходите од ДДВ кои се распределуваат на општините (од 4,5% на 6% од наплатениот ДДВ во претходната година). Обезбеден е пораст на општата дотација кон општините за 15,5% во споредба со 2023 година, со цел зголемување на фискалниот капацитет на општините. Истите ќе се распределуваат во три дела и тоа: основен дел – 4,5%, дел за перформанси – 0,75% и дел за вооедначување – 0,75%. Ќе се обезбедат и средства за зголемување на платите во општините преку блок дотациите.

Предвидени се средства за антикризни мерки во висина од 60 милиони евра со цел поддршка на најраливите категории на граѓани и поддршка на стопанството. Средства за оваа намена обезбедени се и во други програми на министерствата, како што се Програмата за енергетска сиромаштија во министерство за екномија и Програмата за гарантиран минимален приход во министерство за труд и социјална политика. Исто така, покрај Владините програми за поддршка на инвестициите и економскиот развој, обезбедени се поволни кредити од Европска Инветициска Банка (ЕИБ), Банката на Советот на Европа (ЦЕБ) и Француската Развојна Агенција (АДФ) во висина од 200 милиони евра, кои ѓе се реализираат преку Развојната Банка и Комерцијалните Банки кои ќе обезбедат дополнителни 200 милиони евра од своите средства за овие кредитни линии за стопанството и тоа за зелена транзиија, дигитализација, ликвисност и инвестиции. Тоа се 400 милиони евра поволни кредити за стопанството наредната година. Овде секако би ги требало да се спомнуваат и системските мерки што веќе се применуваат во тековната а ќе продолѓат и во наредната година и потоа, односно законските решенија со методологија за континуирано усогласување на минималната плата, пензиите и платите во јавниот сектор согласно движењата на цените и растот на екномијата, а со тоа се обезбедува подобар животен стандард на нашите граѓани. Средсва што буџетот во 2023 година го чинеше околу 190 милиони евра, додека во 2024 година тој износ ќе биде околу 330 милиони евра.

Капитални расходи според „златното правило“ во јавните финансии

Во текот на 2024 година со буџетски средства во износ од околу 15,1  милијарди денари, или за 5,9 милијарди денари (95,9 милиони евра) повисоки во однос на буџетскиот дефицит, согласно златното фискално правило. Планирани се значајни инвестициони вложувања во областа на патната инфраструктура, поврзани со проектирање и изградба на дел од Коридор 8, и тоа проширување на автопатот Тетово-Гостивар,  изградба на нов автопат Требеништа – Струга – Ќафасан, изградба на делницата Гостивар-Букојчани. На Коридорот 10 д планирана е изведбата на делницата Прилеп–Битола. Планирана е и подготовка на физибилити студија за изградба на патот Тетово-Призрен.

Планирано е и да продолжи изградбата на источниот дел од патниот Коридор 8, делницата Ранковце-Крива Паланка, финансирана со заем од Светска банка и делницата Крива Паланка до границата со Бугарија, со средства од ЕБОР и грант од ВБИФ. Ќе се финансира и западниот дел од патниот коридор 8 преку изградба на автопатска делница Кичево-Букојчани, со заем од ЕБОР и делницата Кичево-Охрид, со заем од ЕКСИМ банка. Исто така, со заем од ЕБОР ќе се финансира изградбата на автопатската делница Скопје-Блаце, додека подобрувањето на патната инфраструктура на општините ќе се реализира преку Проектот за поврзување на локални патишта на Светската банка. Продолжуваат и активностите за реализација на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан.

Во текот на 2024 година предвидени се средства за продолжување на реализацијата на првата и втората фаза од проектот за изградба и рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридор 8, вклучително, а во 2024 ќе започне реализацијата на третата фаза за изградба на источниот дел од железничката пруга на Коридор  8. Во рамки на железничката инфраструктура, во 2024 година во соработка со ЕБОР ќе се подготвува и спроведува проектот со кој е предвидено изградба на заеднички железнички граничен премин со Република Србија, односно изградба и опремување на железничка станица Табановце. Преку ИПА средства се имплементира проектот за изградба на патната делница Градско – Дреново, како дел од патниот правец на Коридор Xd.

Во областа на комуналната инфраструктура и управување со отпад ќе се продолжи со интензивирана динамика на изградбата на водоводните и канализационите системи во општините, а значајани капитални проекти во оваа област се Регионалниот проект за цврст отпад како и Пречистителната станица за отпадни води во Скопје.

Во 2024 година во соработка со Светска банка ќе започне новиот проект за одржлив развој на општините, преку кој ќе продолжи поддршката на Владата на општините, а ќе продолжи  реализацијата на  Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор.

Ќе се продолжи со уредување на технолошко индустриските развојни зони, а планирани се и значајни капитални инвестиции во здравствениот и образовниот сектор, детската заштита и спортот. Би ја истакнал набавката на медицинска опрема и реконструкција на Општа болница во Кичево, иако е долг списокот на проекти.

Во насока на поддршка на земјоделскиот сектор предвидени се значителни капитални инвестиции кои се наменети за рурален развој, изградба на хидросистеми и инвестиции за подобрување на конкурентноста и модернизација на земјоделските стопанства.

Ќе се спроведуваат и активности за воведување на Интегрираниот систем за управување со финансиски информации, Интегрираниот систем за управување со даночни информации и Системот за управување со информации за државна помошкако дел од концептот на SMART Finance.

Финансирање на дефицитот и отплата на долг

Проектираниот дефицит за 2024 година, како и отплатата на долгот кој доспева во износ од 45 милијарди денари ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување. Домашното задолжување е предвидено преку државни хартии од вредност (ДХВ) и/или домашен заем, под поволни услови, користејќи ги поповолните каматни стапки.  Задолжувањето во странство може да се реализира со издавање на должнички хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал, преку повлекување на заем од ЕУ за макрофинансиска поддршка, од банката за развој при Совет на Европа и преку повлекување на средства од поволни кредити од странски финансиски институции и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти и буџетски дефицит. Изборот на извор за финансирање ќе се темели на поволните тековни состојби на меѓународните пазари на капитал.

Со цел да се управува прудентно со јавните финансии, Министерството за финансии ќе ја разгледа можноста за активно управување со должничкото портфолио и примена на иновативни финансиски инструменти.

Значителен дел од странското финансирање на буџетот веќе е обезбеден со репрограмирање на старото задолжување и обезбедување на програмско финансирање на буџетот базирано на реформи и политики со поволни кредити од меѓународните финансиски институции. Во текот на 2022 година склучивме Програма за претпазливост и ликвидност со Меѓународниот Монетарен Фонд во износ од 530 милиони евра од кои 260 милиони евра се за ликвидност (100 милиони евра во 2022 година и 160 во 2023 година), тоа беше основа за дополнителни средства од 100 милиони евра за Макрофинансиска поддршка од Европска Комисија, потоа 150 милиони евра за Програма за развојни политики од Светската банка и ОПЕК, 90 милиони евра од Германската развојна Банка (КФВ) и се очекуваат уште 50 милиони евра на првиот квартал од 2024 година од Баката на Советот на Европа (ЦЕБ). Вкупното портфолио достигнува 650 милиони евра пакет за буџетско финансирање со поволни услови, со рок на доспевање над 10 години и грејс период на исплата до 5 години, и со камати пониски во просек за 4 процентни поени од приносот на нашата еврообрзница на светските финансиски пазари. Само по основ на камата заштедите во буџетот од овој пакет достигнуваат иснот од 260 милиони евра за период од десет години колку што е бриближно рокот на доспевање на овој пакет. Тука само ќе додадам дека гаранциите за заемите обезбедени за инфраструктурните проекти спомнати погоре носат уште поповолни кредити за долгорочно финансирање на инфраструктурните проекти за развој со рок на доспевање од 20 години, грејс период од 5 години и уште поповолни каматни стапки.

Важно за напоменување во финансирање на нашиот економски раст и развој, е ново-најавениот План за раст на Западен Балкан од страна на Европската Комисија 2024-2027, која за регионот ќе обезбеди 6 милијарди евра, од кои 2 милијарди ќе бидат грант и 4 милијарди поволни заеми со период на доспевање од 20 до 40 години. Средствата ќе бидат распоредени во износ од 3 милијарди евра за буџетска поддрка за реформи и развојни политики и 3 милијарди евра за инфраструктурни развојни инвестиции.

Доследност на буџетската реформа

Доколку треба да ги сумирам видувањата за буџетот за догодина, ќе истакнам дека сум задоволен што останавме доследни и со овој буџет на она што сакавме да го постигнеме со реформата со Законот за буџети. Тука пред се, ќе го истакнам обезбедувањето на фискална одржливост, како предуслов за макроекономска стабилност и економски развој Остануваме доследни и на сите останати системски документи кои се дел од реформите на јавните финансии – Планот за забрзување на растот, Планот за јавни инвестиции, Даночната реформа (од аспект на проширување на даночната основа, а не зголемување на даноците), Стратегијата за формализација на неформалната економија итн. Во економијата и менаџментот, доброто поставување на цели, стратегија и акциски план, е суштинско за понатамошната реализација. Фискалната транспарентност, пак, е највисока форма на контрола, соодветно се надевам на плодна дискусија во домот на демократијата во наредните денови.

Најдобар опис на „новата нормалност„ што го поминуваме во овој мултикризен период заликува на народната поговорка: „Лошите работи доаѓаат брзо и неочекувано, додека добрите работи доаѓаат полека со многу труд и трпение“.

The post Буџетот за 2024 година: високи капитални расходи, натамошно намалување на дефицитот appeared first on plusinfo.mk.

План за раст на Западен Балкан и побрза интеграција во ЕУ
Европската перспектива на нашата земја е јасна и извесна. Планот за раст на Западен Балкан е препознаен од страна на фунционерите, политичарите и аналитичарите, кај нас, во регионот, и во Европа, како брза лента на патот за евроинтеграција на земјите од регионот. Овој план е значаен политички и финансиски влог на Европската унија во регионот. Една многу важна порака од ЕУ кон РС Македонија е дека ние сме стартната точка од каде започнуваат активностите за реализација на планот. Вчера во Владата беше оддржан првиот Регионален министерски состанок на земјите од Западен Балкан, посветен на презентација на планот на ЕУ за раст на регионот. Заедно со вицепремиерот за европски прашања бевме домаќини на генералниот директор на Директоратот за соседска политика и проширување, Јан Копман, како и на министрите од Србија, Црна Гора, БиХ, Косово и Албанија и главните преговарачи за евроинтегративниот процес во регионот. Ова е исклучително охрабрувачка порака во поглед на нашата европска перспектива.

Започнуваме нов циклус за забрзана социо-економска конверегенција на земјите од регионот кон Европската унија. Исклучително сум задоволен што со колегите од регионот го делиме истиот порив за побрзо ефектуирање на планот, преку подготовка на реформските агенди и ставање во функција на планот од почетокот на следната година. Ни претстои многу работа, но напорната работа секогаш се наградува. Се потсетив на оној познат цитат на Едисон „некој не ги препознава шансите, бидејќи се облечени во работно одело и личат на работа“. Затоа потенцирам, овој план е шанса – многу работа, висок влог и очекувања и на крајот соодветна награда. Како што спомна г-динот Копман на вчерашниот состанок, по спроведување на Планот за раст на Западен Балкан, БДП-то по глава на жител треба да се удвои, односно од просечни шест илјади евра по глава на жител во регионот, на просечни 12 илјади евра по глава на жител во следните десет години. Ова е одлична, всушност една од најреалните можности за да се забрза растот во регионот и конверегенцијата кон ЕУ за релативно брз период.

Јавноста досега беше информирана за Планот за раст на Западен Балкан. Првпат беше спомнат пред пет месеци од претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Можноста да се ползуваат придобивките од ЕУ, уште пред да станеме членка на ЕУ, веднаш ги заинтригира политичките и економските аналитичари. Зборуваме за регионална економија со нешто малку над 100 милијарди евра БДП и 17 милиони жители, која претендира да се приклучи на пазар од 450 милиони жители, со БДП над 15 трилиони евра, односно БДП на земјите од регионот во однос на ЕУ е само 0,6%.

Што нуди Планот за раст на Западен Балкан?

На 8 ноември Европската комисија го усвои новиот План за раст на Западен Балкан, со кој на земјите од регионот ќе им биде дадена можност да користат дел од придобивките на ЕУ, уште пред да станат членки, со цел да се поттикне економскиот раст и да се забрза социо-економската конвергенција. Исто така, донесена е и Регулативата за воспоставување на Финансискиот инструмент за реформи и раст на Западен Балкан, преку кој ќе се ефектуира финансиската поддршка во износ од 6 милијарди евра, која е дел од овој план. Целта е да се поддржат земјите кои се кадидати за членство или аспиранти за кандидатски статус да ги забрзаат реформите и да се зголеми нивниот економски потенцијал за да напредуваат побрзо во евроинтегративниот процес.

Планот се состои од четири столба: 1) Зголемување на економската интеграција со единствениот пазар на Европската унија; 2) Поттикнување на регионалната економска интеграција на Западен Балкан; 3) Забрзување на структурните реформи и поддршка на евроинтегратиовниот процес на Западен Балкан, подобрување на одржливоста на економскиот раст, привлекување на странски инвестиции и зајакнување на регионалната стабилност и 4) Зголемување на финансиската поддршка за реформи и раст на земјите во регионот преку Фондот за реформи и раст.

Отворање на Единствениот европски пазар за Земјите од Западен Балкан

Интеграцијата во Единствениот европски пазар беше движечката сила за забрзување на економскиот раст кај сите нови земји членки. Да бидам сликовит, ако ЕУ беше возило, единствениот европски пазар ќе беше моторот. Приближувањето на земјите од регионот кон единствениот пазар на ЕУ би значела придобивка за сите граѓани од регионот. Всушност, ова е најсуштинскиот дел од Планот за раст на Западен Балкан. Во Планот се идентификувани седум првични приоритетни области, кои може да се отворат за земјите од Западен Балкан: 1) слободно движење на стоки, 2) слободно движење на услуги и работници, 3) пристап до Единствената европска платежна област, 4) интегрирање на патниот транспорт, 5) интегрирање на енергетските пазари, 6) дигитален единствен пазар и 7) интеграција во индустриските синџири на снабдување. Принципот на отклучување на овие сегменти е кога земјите од ЗБ ќе постигнат одредено ниво на подготвеност да им биде отклучен одделен сегмент од ЕУ пазарот, односно тоа ќе зависи од усогласеноста со директивите и регулативата на ЕУ (европските acquis). Притоа, мора да се нагласи дека добар дел од работата ќе биде завршена преку активностите кои се преземаат во контекст на Заедничкиот регионален пазар, чие унапредување е повторно предуслов за пристап кон Единствениот европски пазар. Како што наведуваат и од страна на Европската комисија – „партнерите кои не се целосно посветени кон заедничкиот регионален пазар, нема да можат да очекуваат да ги ползуваат придобивките од Планот за раст и можностите за интеграција во Единствениот европски пазар“. Она што е исто така важно, е дека ниту една од земјите нема да може да ги блокира останатите пет за пристап до Европскиот единствен пазар.

Малку подетално за пристапот до Единствениот европски пазар

Бидејќи е најважната придобивка од Планот за раст на Западен Балкан, ќе се осврнам малку повеќе на тоа што значат седумте приоритетни области од првиот столб. Планот на Унијата за првиот столб ги опфаќа четирите слободи на Единствениот европски пазар, односно, слободно движење на стоки, услуги, работници и капитал, како и одредени подсегменти на пазарот.

Кај слободното движење на стоки, планот вклучува договори за отклучување на Единствениот европски пазар за стоки произведени во регионот на Западен Балкан, по усогласување со релевантното законодавство на ЕУ. Понатаму, предвидена е подобрена царинска и даночна соработка за да се намали времето на чекање на границите, што ќе придонесе кон намалување на извозните трошоци (Светска банка во една своја студија дојде до податок дека намалувањето на времето на чекање за три часа е еднакво на намалување на тарифите за 2%). Исто така, се предвидува вклучување на земјите од регионот во Конвенцијата за заеднички транзит.

Можноста за слободно движење на услуги вклучува услуги поврзани со е-трговија, како што се услугите за испорака на пакети, но и туристичките услуги. Дополнително, во однос на слободното движење на работници од ЕК го темелат својот план врз основа договорите за мобилност на Заедничкиот регионален пазар, вклучувајќи го и признавањето на професионалните квалификации на лекарите, стоматолозите, ветеринарните хирурзи, фармацевтите, медицинските сестри и акушерки, како и слободата за движење со лични карти во Западен Балкан.

Учеството во Единствената европска платежна област (СЕПА) ќе биде огромна придобивка за граѓаните и бизнисот преку зголемување на прекуграничната трговија. Преку понатамошно усогласување на националната регулатива, но и техничките карактеристики, ќе се овозможи пристапување кон СЕПА за земјите од Западен Балкан.

Олеснувањето на патниот сообраќај се однесува на поддршката на земјите од Западен Балкан за понатамошно интегрирање во регионот преку усвојување на релевантното законодавство на ЕУ и давање пристап до соодветните информациски системи на ЕУ. ЕУ би можел понатаму да го олесни транспортот со Западен Балкан преку посебен договор, кој ќе биде дополнување на договорите за стабилизација и асоцијација.

Интеграцијата на енергетските пазари е замислено преку интеграција на регионалниот пазар на електрична енергија со оној на ЕУ.

Интеграцијата кон единствениот дигитален пазар на ЕУ беше еден од сегментите на Единствениот европски пазар за кој уште на почетокот беше посочено дека ќе биде отворен за земјите од регионот. Ќе се разгледа можноста за продолжување на договорот помеѓу регионот и ЕУ за намалување на трошоците за роаминг, а исто така, ќе се зајакне соработката кај сајбер безбедноста, но и интегрирање на европскиот пазар за дигитални доверливи услуги, како дигитален иденитет и сл.

Интеграцијата во индустриските синџири на снабдување, се состои во развој на стратешки партнерства кај синџирите на вредност на одржливи суровини (вклучувајќи батерии), како и во снабдувањето со одредени критични лекови.

Регионална интеграција за дополнителни 10% економски раст

Иако повеќе простор посветив на образложувањето на поволностите од Единствениот европски пазар, мора да се напомене дека исклучителен потенцијал за раст носи и регионалната интеграција, која е всушност вториот столб од Планот за раст на ЗБ. Според една студија која ја направи Светската банка, БДП на регионот може да се зголеми во просек за 10%, како резултат на регионалната интеграција. Исто така, Заедничкиот регионален пазар се заснова на правилата и стандардите на ЕУ, оттаму е значаен механизам за напредок во пристапните преговори. Наједноставно речено, ЕУ ќе ни обезбеди можности за интеграција кон Единствениот европски пазар, доколку прво ја завршиме задачата кај регионалната економска интеграција.

Финансиски пакет од 6 милијарди евра

Тука веќе се надоврзуваме на третиот и четвртиот столб од Планот за раст на Западен Балкан, односно реализацијата на реформите и соодветната финансиска поддршка која ќе се отклучи со реформите. Имено, ЕУ ќе обезбеди финансиска поддршка од 6 милијарди евра во периодот од следните четири години од кои 2 милијарди евра во форма на неповратни грантови и 4 милијарди во форма на заеми со поволни услови, кои ќе се обезбедат со ребаланс на повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ. Од овие средства, 3 милијарди евра ќе бидат достапни како директни заеми за националните буџети, додека 3 милијарди евра ќе бидат наменски за поддршка на инвестициони проекти преку Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), од кои 2 милијарди евра во вид на грантови и 4 милијарда во вид на заеми. Овие средства ќе бидат насочени кон инвестиции во транспортот, енергетиката, дигитализацијата, едукацијата и развојот на вештини, додека 37% од грантовите ќе бидат насочени кон зелени проекти, односно за исполнување на климатските цели. Исплатите ќе бидат извршувани два пати годишно, согласно исполнувањето на социо-економските реформи од страна на земјите.

Реформска агенда

Реализацијата на третиот и четвртиот столб кај нас ќе ги следи Министерството за финансии, кое ќе биде координатор на Реформската агенда. Реформската агенда ќе се однесува на структурните реформи од најновата Програма за економски реформи (ЕРП) и поврзаните Заеднички заклучоци договорени на Економско – финансискиот дијалог, како и ревидираната методологија за проширување и најновиот пакет за проширување и Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан. Таа ќе идентификува приоритетни реформи, кои ќе служат како услови за ослободување на финансиски средства од ЕУ, според однапред утврдена временска динамика.

По усвојување на Реформската агенда од страна на ЕК, на секои 6 месеци, Министерството за финансии ќе поднесува барање до ЕУ за повлекување средства, додека ЕУ ќе следи дали се исполнети условите за траншата согласно што целосно или делумно ќе ослободува средства, според степенот на исполнување на условите.

Се очекува за Северна Македонија да бидат доделени 860 милиони евра, од кои околу третина треба да бидат неповратна поддршка за инфраструктурни инвестиции.

Ветер во грб за економиите во регионот

Поддршката од ЕУ преку овој План за раст е значаен ветер во грб за економиите на Западен Балкан, економии во развој, кои не така одамна го минаа транзицискиот период, а потоа и голем број на кризи од глобален карактер и геополитички кризи, кои дополнително го оптоварија процесот на конверегенција.

Сепак, овие економии се покажаа како жилави. Последните кризи, од пандемијата наваму, земјите од Западен Балкан успеаја успешно да ги пребродат и да се задржат на патеката на раст и приближување кон поразвиените економии (иако поспоро од посакуваното). На пример, во 2023 година пазарот на труд во регионот продолжи да зајакнува со нови 103000 работни места од средината на 2022 и 2023 година. Но, структурните пречки потојат и тие треба да се адресираат, вклучително и на пазарот на труд (значаен родов јаз и се поголем недостаток на работна сила). Тука се и климатските промени и нивното влијание врз повеќе економски гранки, фискалната одржливост, дигитализацијата и унапредувањето на државниот апарат, како дел од структурните предизвици кои треба што поскоро соодветно да се одговорат.

На крајот, би сакал да истакнам дека сега имаме историска шанса и од аспект на напредување во евроинтеграцискиот процес и од аспект на обезбедување на социо-економски услови согласно ЕУ примерот и во нашата земја. Треба да работиме напорно и да имаме општа свест за да ја искористиме оваа шанса. Секој функционер, државен службеник, политичар, општествен чинител, граѓанин треба да ја препознае својата улога и одговорност во создавањето на подобро утре во оваа држава. Тоа значи носење на ЕУ дома, односно општество и економија кои ќе функционираат според европски вредности и правила и тоа значи станување дел од ЕУ што е можно побргу. Европа дома – Побрзо!

The post План за раст на Западен Балкан и побрза интеграција во ЕУ appeared first on plusinfo.mk.

Зелена и конкурентна економија за подобар квалитет на живот
„Предизвикот на одржливоста е да се создаде нова глобална економија, нов начин на стопанисување, еколошки одржлив и економски ефикасен, кој на сите им дава можности за подобар живот“, посочува економистот и нобеловец, Џозеф Стиглиц. Изминатата недела направени се два системски значајни чекора кон развојот на зелена економија кај нас, а тоа се усвојувањето на законот со кој се овозможува формирање на Фондот за енергетска ефикасност и издавањето на првите зелени обврзници како извор за финансирање зелени проекти.

Зелената економија е систем чии приоритети се еколошката одржливост, социјалната правда и економскиот раст. Транзицијата кон обновливи извори на енергија, одржливо земјоделство и производство на храна, ефикасност во управувањето со ресурсите, инклузивен раст преку социјална еднаквост, иновации и еколошки технологии, зелени финансии и инвестиции во одржливи проекти и јакнење на климатската отпорност, се целите на зелениот развој. Поконкретно, зелена економија е отпорна економија, која пружа подобри услови за живот за сите граѓани.

Накусо за зелениот фонд и обврзниците

На предлог на Министерството за финансии, минатата недела Собранието даде „зелено светло“ за основање Фонд за енергетска ефикасност (ФЕЕ). Фондот преку издавање на грантови, поволни кредити и гаранции ќе поддржува проекти за енергетска ефикасност и заштита на животната средина од јавниот и приватниот сектор. Фондот ќе функционира како организациска единица во рамки на Развојната банка на Република Северна Македонија и тој е дел од усогласувањето со ЕУ директивите. Почетниот капитал е во износ од 15 милиони евра, од кои 5 милиони евра се преку Проектот за енергетска ефикасност од Светската банка и 10 милиони евра од издадените зелени обврзници. Во иднина Фондот ќе се надополнува од нови емисии на зелени обврзници и други извори (како развојни грантови, заеми и мултипликација на основачкиот капитал). Основањето на Фондот е планирано за следната година, додека од 2025 година се очекува проширување на неговиот опсег кон резидентниот сектор. Очекуваните ефекти од проектите коишто ќе ги поддржи ФЕЕ се поголема отпорност кон поскапувањето на енергијата, сигурност и континуитет во снабдувањето со енергија за домаќинствата и компаниите, како и подобрување на условите за живеење, зголемување на енергетските заштеди, намалувањето на емисиите и заштита на јавното здравје и општо позитивно влијание врз животната средина.

Во текот на седмицата беше одржана и првата аукција на зелени обврзници. Станува збор за државни хартии од вредност чија намена е поддршка на зелените проекти во земјава. Рочноста на обврзниците е на две години, додека купонската камата 4,75%. На аукцијата учествуваа банки, финансиски институции, но и физички лица, додека интересот за зелените обврзници беше скоро три пати поголем од понудената и запишаната сума од 600 милиони денари. Како што посочив, овие средства, ќе влезат во Фондот за енергетска ефикасност. Нивната намена е преку финансирање проекти од енергетската ефикасност и животната средина, да го забрзаат зелениот раст, но и да го развијат пазарот на капитал во земјава, преку диверзификација на понудата со нови инструменти.

Финансиите се крвотокот на економијата, оттаму поставувањето на институционални механизми за мобилизација на средства и финансирање зелени проекти, имаат значаен придонес во развојот на зелениот систем. Притоа, ова е само дел од спектар мерки и политики кои се преземаат и ќе се преземаат кај нас за зазеленувањето на економијата. Зелениот раст е дел од структурните реформи, односно реформи коишто се предвидени за зајакнување на нашата економија и зголемување на нејзиниот потенцијал, како дел од евроинтегративниот и развојниот процес. Зелените инвестиции, финансии и регулатива се дел од повеќе државни стратегии, а тука секако не смее да се заборави и улогата на меѓународните финансиски институции, билатералните партнери на земјава, како и приватниот сектор.

До 30% пад на глобалниот БДП како резултат на климатските промени

Јакнењето на зелената свест, како почеток на зелената агенда и целите за одржлив развој на Обединетите нации, започнува некаде на почетокот на седумдесетите години од минатиот век, со Конференцијата на ОН во Стокхолм, понатаму Самитот на ОН во Рио де Жанеиро и Кјото протоколот во дведесетите до Парискиот договор во 2015 година во поново време. Од тогаш досега, светската популација е удвоена (од 3,7 милијарди жители во 70-тите, на над 8 милијарди во 2020-тите), односно светот стануваше помал, позагаден, со исцрпени ресурси и се поизразени ефекти од климатските промени.

Многу интересно обраќање пред неколку години имаше сегашната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, која посочи на големината на последиците од климатските промени следните децении, доколку не се преземат мерки. Таа за пример ја зема својата тогаш деветгодишна внука и истакна дека климатските промени се толку интензивни што додека девојчето да наполни 20 години, климатските промени ќе турнат во сиромаштија 100 милиони луѓе во светот, додека да наполни 40 години – 140 милиони жители ќе мигрираат поради влошените климатски услови, додека доколку ја доживее возраста од 90 години, температурата на планетата ќе биде за 3-4 целзиусови степени потопла, а условите за живот скоро неподносливи. Ова е доста добар, пластичен приказ од она што може понатаму да се случува не толку далеку во иднината, на нашите деца и внуци, доколку сега не преземеме решителни чекори.

Процените на Меѓународниот монетарен фонд се дека секоја година климатските непогоди предизвикуваат висока економска и еколошка штета, додека само во изминатата деценија овие штети ги процени на 1,3 трилиони долари (или околу 0,2% од глобалниот БДП годишно). Различни студии на релевантни светски организации, агенции, тинк-тенкови даваат катаклизмични предвидувања за ефектите на климатските промени врз глобалната економија. Светскиот економски форум во 2020 година ги карактеризираше климатските промени, како најголема закана за економијата и општеството. Студија на Оксфорд од пред три години покажува дека при високи карбонски емисии, растот на температурата до 2050 година би бил за два степена, додека глобалниот БДП би се намалил за 2,5-7,5%, а до 2100

година за четири степени и глобалниот БДП би се намалил за 30% во најлошото сценарио. Емпириските анализи укажуваат на ефекти од климатските промени врз инфлацијата и економскиот раст преку повеќе канали како намалување на земјоделското производство и раст на цените на храната, намалување на продуктивноста на трудот, намалување на потрошувачката и инвестициите, транспортот итн. Притоа, интензитетот на ефектите во голема мерка ќе зависи од структурата и развојот на економијата.

Економска теорија: пониска развиеност – помала свест за климатските закани

Економската теорија се интересира за ефектите на екологијата врз економијата и растот. Притоа, ќе се осврнам кон неколку теории, како еколошката крива на Кузнец, која го покажува соодносот на приходот и животната средина во форма на превртена буква „U“, односно во раните фази на економскиот развој на една економија деградацијата на животната средина се зголемува, но како што приходите продолжуваат да растат, општествата стануваат посвесни за животната средина, а политиките и технологиите се подобруваат како и животната средина. Концептот на одржлив развој, пак, ја нагласува потребата да се балансира помеѓу економскиот раст, социјалната благосостојба и заштитата на животната средина, односно за одржлив се смета економскиот раст кој ќе ги задоволи потребите на сегашните без да се загрозат идните генерации. Теоријата на зелен раст се заснова на постигнување на економски раст, а при тоа минимизирање на ефектите врз животната средина, преку инвестиции во „чисти“ технологии, енергетска ефикасност и одржливи практики. Еколошката економија, како интердисциплинарно поле, во традиционалните економски модели ги внесува еколошките принципи, додека методите за валоризација на животната околина преку cost-benefit анализата им помага на креаторите на политиките да ги пресметаат придобивките и заштедите од заштитата на околината. Теориите на одржлива транзиција и инклузивен зелен раст, пак, се посветени на улогата на иновациите, политиките и инвестициите во транзицијата кон социјална и еколошка одржливост.

Зелениот раст, познат и како одржлив или инклузивен раст е модел на економски развој, кој се обидува да го усогласи економскиот просперитет со одржливоста на животната средина, односно идејата е дека економскиот раст не треба да доаѓа на сметка на квалитетот на животната средина и социјалната благосостојба. Зелениот раст е одговор и на глобалните предизвици, односно климатските промени, зачувување на биодиверзитетот, јакнење на отпорноста на глобалната економија и креирање работни места.

Зелена транзиција на домашната економија

Зелената транзиција на домашната економија е една од реформите кои се адресираат во Програма за економски реформи на земјава, системски документ кој е дел од нашиот евроинтегративен процес. Европската комисија во својата оценка на ПЕР 2022-2024 година посочува дека сме енергетски интензивна економија каде треба да се работи кон обновливи извори на енергија и унапредување на енергетската ефикасност, при што зајакната е регулативата во оваа сфера преку новите закони за енергетика и за енергетска

ефикасност коишто содржат мерки за ублажување на климатските промени главно поврзани со енергетскиот сектор. Како земја потписничка на светските протоколи и резолуции, нашата земја презема редовни активности за намалување на емисиите на стакленички гасови и ограничување на глобалното затоплување, каде позначаен напредок е постигнат и во усогласувањето на законодавството на земјата со правото на ЕУ, особено во воспоставувањето на надзори и механизми за известување во врска со стакленичките гасови. Некои од останатите видувања во однос на животната средина се дека е постигнат делумен напредок во циркуларната економија, односно во рециклажата (РС Македонија тековно произведува 456 кг комунален отпад по глава на жител, што е помалку од просекот на ЕУ од 492 кг по глава на жител, но се забележува одредено зголемување во изминатата декада).

Квалитетот на воздухот е предмет на расправа долг период и иако квалитетот е подобрен во изминатата декада, економијата сè уште има еден од највисоките степени на загаденост на воздухот во Европа, особено во зимските месеци. За адресирање на овој проблем усвоен е План за чист воздух за 2019 и 2020 година, чии главни цели се зголемување на јавната свест за потребата од подобрување на квалитетот на воздух и намалување на емисиите на ПМ честичките, првенствено преку воведување мерки за енергетска ефикасност во домаќинствата и јавните установи. Друг проблем е системот за водоснабдување и санитација и потребата од изградба на нови пречистителни станици вклучително и во главниот град.

Мерки за обновлива енергија и ефикасност, циркуларна економија, квалитетна вода и воздух

Како мерки кои ги идентификувавме како потребни за спроведување на зелената транзиција во Програмата за економски реформи од 2023-2025 година се диверзификација на изворите за снабдување со енергија, а притоа зголемување на учеството на обновливите извори на енергија и забрзување на мерките за подобрување на енергетската ефикасност. Понатаму, се предвидува воспоставување платформа за вклучување на сите поврзани субјекти во развојот на кружна економија, како и подобрување на координацијата помеѓу единиците на локална самоуправа и централната власт и зајакнување на меѓусекторската соработка за спроведување дополнителни мерки за зголемување на квалитетот на воздухот и управувањето со отпад. Предвидени се мерки и во насока на подобрување на системот за собирање, одведување и третман на отпадни води преку зголемување на бројот на пречистителни станици и примена на принципите за одговорност на корисниците на вода и загадувачите. Секоја од овие мерки содржи голем број проекти што се проектирани за овие три години. Така, на пример, во рамки на мерката за подобрување на енергетската ефикасност е предвидено основањето на Фондот за енергетска ефикасност, но и низа други проекти, како подготовка на инвентар за енергетски карактеристики на јавните објекти и стратегијата за реконструкција на згради до 2030 година итн.

Паметно зелено оданочување

Интересно е и дека во климатска економија се нагласува економската оправданост за наплатување на даноци на емисиите на јаглерод за да се ублажат климатските промени. Имено, покрај стимулативните мерки за зелената транзиција преку инвестиции и субвенции, рестриктивните мерки, исто така се докажани како значаен механизам во постигнувањето на овие цели.

Еден од приоритетите во стратегијата за даночна реформа е зеленото оданочување, со цел стимулирање на даночните обврзници да го намалат своето однесување и активностите кои придонесуваат за загадување. Главна цел во овој приоритет не е да се зголемат фискалните приходи, туку зеленото оданочување да биде „паметно“ оданочување, со премин од трудово кон оданочување според загадувањето, со што се добиваат еколошки, социјални и економски бенефити. Но, со оглед на тековните економски услови дома и надвор, оваа мерка е одложена за извесен временски период.

Темата е доста широка и може да навлеземе во многу сегменти, како финансискиот сектор, стабилноста на банките и фондовите, социјалата, улогата на зелените технологии и иновации, интеграциите од аспект на решавањето на климатските проблеми итн. Во секој случај, ова е тема за која е потребен холистички пристап за постигнување на целните резултати.

Последна генерација која може да преземе нешто …

Ќе посочам дека „светот не ни е оставен од татковците, туку ни е позајмен од нашите деца …“ и така и треба да се однесуваме со него. Водењето на зелена економија и постигнувањето зелен развој, не е само постигнување бројки на хартија, туку видливо подобрени услови за живот за сите граѓани. Сите го дишеме истиот воздух, пиеме иста вода и јадеме храна од иста почва и како што кажа претседателката Лагард, „ние сме првата генерација која ги чувствува ефектите од климатските промени и последната генерација која може да направи нешто во врска со нив“.

The post Зелена и конкурентна економија за подобар квалитет на живот appeared first on plusinfo.mk.

На патот кон ЕУ: Поставени се здрави фундаменти во јавните финансии и функционална пазарна економија
Честопати, патувањето е еднакво важно со дестинацијата. Патот кон полноправното членство во ЕУ, преку градењето на демократско општество и одржлива пазарна и конкурентна економија, е еднакво значаен како и самото членство. На членството во ЕУ гледам како на признание и врата кон нови можности за нашата земја и граѓани, откако претходно ќе ја завршиме главната задача, односно „ќе ја донесеме Европа дома“ и ќе ги спроведеме реформите кои ќе осигураат економски и општествен развој. „Развојот е трансформирање на животот на граѓаните, не само трансформирање на економијата“, ќе каже познатиот економист Џозеф Стиглиц. Членството во ЕУ и пристапниот процес кон ЕУ е за унапредување на структурата на економијата и конвергенција кон развиените ЕУ економии, градење на функционален општествен систем преку владеење на правото и подобрување на јавните услуги и сѐ друго што ќе обезбеди подобар живот за нашите граѓани.

Пред десетина дена Европската комисија го објави првиот нацрт-извештајот од скринингот на нашата земја, кој се однесува на група поглавја, односно Кластер 1 – Фундаменти. Инспириран од неговата содржина, но и самото значење на овој документ за понатамошниот евроинтеграциски процес, сакав да дадам еден осврт во однос на дадените оценки и насоки од Европската комисија и идните чекори.

Сосема кусо за ЕУ пристапниот процес

За да му стане појасно на секој читател за каков извештај станува збор – сосема накусо за процесот за пристапување кон Унијата. Земјата која е аспирант за членство во ЕУ поднесува апликација до Советот, кој се состои од сите земји-членки. Европската комисија составува мислење по основ на апликацијата, за кое по принцип на едногласност на сите земји-членки, се гласа и се носи одлука.

Откако условите за кандидатски статус се исполнети, се отвораат преговорите, по дадена согласност на земјите-членки. Европската комисија потоа предлага рамка за преговорите. За време на преговорите, кои се структуирани во повеќе поглавја поделени во кластери, земјите-кандидати се подготвуваат за имплементирање на законите и стандардите на Унијата. Откако преговорите во сите области ќе се финализираат, Комисијата го дава своето мислење за подготвеноста на земјата да стане членка. Врз основа на мислењето на ЕК, членките носат одлука за затворање на преговорите, за што согласност треба да даде и уште едно важно тело во Унијата – Европскиот парламент. Пристапниот процес завршува со ратификување на пристапниот договор од страна на земјите членки.

Преговорите се водат по основ на поглавја поделени во 6 кластери (Фундаменти; Внатрешен пазар; Конкурентност и инклузивен раст; Зелена агенда и одржлива поврзаност; Ресурси, земјоделие и кохезија; Надворешни односи). За секој кластер преговорите започнуваат поединечно, по исполнување на одредниците (популарно познати како бенчмаркови).

Кластерот Фундаменти (Основи) се отвора прв, а ќе се затвори последен и напредокот по основ на фундаментите, всушност го одредува целиот тек на преговорите. Оттаму и високото значење на нацрт-извештајот на ЕК за овој кластер. Под „фундаменти“ се подразбира функционирањето на демократски институции, реформа на јавната администрација (вклучително и управувањето со јавните финансии), владеењето на правото и почитувањето на човековите права, прекугранична контрола, функционална пазарна економија, јавни набавки, статистика финансиско управување и контрола.

При објавувањето на овој извештај, јавноста кај нас можеби повеќе се фокусираше на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, човековите права и реформата во јавната администрација. Но, подеднакво е важна и економијата и доброто владеење со јавните финансии. Соодветно, оваа колумна ја посветив на анализата и препораките за овој дел од Кластерот – фундаменти.

Значаен напредок во јавните финансии

Да почнам со мојот ресор – управувањето со јавните финансии. Европската комисија во Извештајот посочува дека Владата има постигнато значаен напредок во областа на подготовка, спроведување и известување за буџетот. Имплементацијата на Програмата за реформи во јавните финансии се карактеризира со високо ниво на транспарентност, додека усвојувањето на Законот за буџети, овозможува да се спроведат најважните реформи во буџетирањето со што се зголемува фискалната одржливост (среднорочното буџетирање, единствениот информациски систем за управување со јавните финансии – ИФМИС, воведување фискален совет и фискални правила). На тие реформи им треба уште поголема брзина, a за да се постигне сеопфатната и амбициозна реформа вградена во новиот Закон за буџети, нашата земја треба да усвои акциски план и да го забрза воспоставувањето на новите институционални структури предвидени во рамките на Законот за буџети и навремено да се обезбеди соодветен кадар во клучните реформски единици во Министерството за финансии, УЈП и Царинската управа.

Да дадам кус осврт кон реформите во јавните финансии. Програмата за реформи во јавните финансии или „СМАРТ јавни финансии“ е поставена така за да ги адресира сите предизвици утврдени преку дијагностиките на меѓународните организации (ПЕФА, ПИМА, ТАДАТ, СИГМА). Оваа стратегија вклучува реформи во јавната внатрешна финансиска контрола, јавните набавки, ревизијата и управувањето со јавни финансии, односно сите аспекти кои ги евалуира Европската унија. Покрај усвојувањето на системскиот Закон за буџети, кој е носител на голем дел од реформскиот процес во јавните финансии, подготвени или во подготовка се и други законски решенија, како суштински измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за јавни претпријатија, Законот за финансиска дисциплина итн.

Една од најголемите реформи во јавните финансии е имплементацијата на единствениот информациски систем за управување со јавните финансии – ИФМИС, која ќе ја подобри ефикасноста, преку поврзување на фрагментираните системи во јавните финансии, ќе донесе поголема предвидливост и контрола во спроведувањето на буџетот. Функционалната и техничката документација за проектот се подготвени и обезбедени се средства за изведба, додека Министерството за финансии во соработка со Светската банка, е во финална фаза на подготовка на јавната набавка за развој и имплементација на ИФМИС.

Исто така, сметководството и известувањето се силни страни на системот на управување со јавните финансии, додека транспарентноста на извршувањето на буџетот е зголемена преку платформата Отворени финансии и истата може да се унапреди.

Од другите заклучоци, кои се во сферата на надлежности на Министерството за финансии, ќе спомнам дека ЕК оценува дека правната рамка кај јавните набавки има високо ниво на усогласеност со правото на ЕУ. Правната рамка за Јавна внатрешна финансиска контрола е во најголем дел соодветна, но потребно е усвојување на новиот закон, кој е подготвен од страна на Министерството за финансии.

Исто така, вреди да се забележи и оценката во Извештајот за официјалната статистика на земјава, која има постигнато високо ниво на усогласеност со европското законодавство и меѓународните стандарди, на која координатор е Државниот завод за статистика, но каде и Министерството за финансии придонесува со продуцирање податоци.

Подобрување на фискалната дисциплина

Низ годините вкупната фискална дисциплина се подобрува, додека плановите за јавните приходи и расходи се кредибилни. Во делот за економски критериуми, односно функционирањето на пазарната економија, а од аспект на макроекономската стабилност, Европската комисија оценува дека јавните финансии се солидни, како резултат на подобрувањата кај фискалното управување во изминатите години. Владата работи на реформи за да се подобрат буџетските приходи и подобро да се таргетираат на расходите, како и зголемување на учеството и реализацијата на капиталните во вкупните расходи.

Се нотира и тоа дека покрај турбулентниот период, исполнет со крупни предизвици како резултат на неколку глобални кризи, успеавме да останеме на патеката на постепена фискална консолидација. ЕК укажува дека иако Владата обезбеди значајна буџетска поддршка за време на енергетската криза, дефицитот (4,5% од БДП), беше на ниво кое е и пониско од владините проекции (во 2022 година). Неколкуте последователни кризи придонесоа кон зголемување на долгот, како и кај повеќето земји, но ќе посочам дека како Влада сме посветени да ја спроведеме фискалната консолидација и со тоа да обезбедиме долгорочна фискална одржливост која е основа за одржлив економски раст (во краj на јули 2023 година јавниот долг е околу 55% од БДП, при што државниот долг е под 50% од БДП). Од 2020 година наваму секоја година се намалува буџетскиот дефицит и јавниот долг и покрај континуираните екстерни шокови во економијата.

Во извештајот се нотира и дека низ години се издадени 9 еврообврзници, по конкурентни каматни стапки, што сведочи за доброто позиционирање на земјата на пазарите на капитал.

За време на енергетската криза во 2022 година, која произлезе од руската агресија врз Украина, фискалната и монетарната политика дадоа соодветен и добро координиран одговор, кој се базираше на значајна фискална поддршка и монетарно затегнување. Макроекономската стабилност е одржана. ЕК укажува и на важноста на Законот за финансиска стабилност, со кој се регулира улогата на Комитетот за финансиска стабилност и се поставува рамката за макропрудентни мерки. Финансиската стабилност е одржана, додека во изминатите десет години нивото на нефункционални кредити се намалува, се забележува во извештајот.

Борба против неформалната економија и пазар на работна сила

Во однос на другите структурни предизвици, во извештајот се укажува на соочувањето со сивата економија. Од аспект на борбата против сивата економија, вреди да се спомнат податоците изнесени за време на скринингот, а согласно проценките на меѓународните институции (ММФ, УНДП, ГИЗ). Според проценките, станува збор за намалување од 37,6% од БДП во 2016 година на 21-29% од БДП во периодот 2019-2021 година. Сепак, стапката е останува висока и потребно е да се преземат понатамошни чекори за намалување на сивата економија. Преку активната стратегија и акцискиот план за борба против сивата економија, веќе има соодветни ефекти во делот на формализирање на вработувањата, преку намалување на стапката на неформалност од 18,6% во 2018 година на 12,1% во 2021 година.

Кај пазарот на работна сила, се забележуваат одредени подобрувања. Европската комисија оценува дека за време на пандемијата, владините мерки ги одржаа работните места, преку субвенционирање на платите и поддршка на ликвидноста на фирмите. Ова се огледа и кај работните места во индустријата, кои не го сменија својот удел во вкупните, и покрај економските резултати во секторот. Стапката на невработеност и понатаму се намалуваше, побрзо во однос на работната сила. Сепак, структурните предизвици се уште присутни и треба и понатаму да се адресираат, како родовиот јаз кај вработените, и невработеноста кај младите. Европската комисија забележува дека Младинската гаранција придонесе кон намалување на невработеноста кај младите. Активните мерки за вработување, кои се во насока на развој на соодветни вештини за пазарот на труд и поддршка на ранливите категории за наоѓање работа мора да продолжат, со цел да се надмине и овој структурен предизвик.

На добар пат во развојот на функционална пазарна економија

Економскиот раст е движен од домашната побарувачка. Приватната потрошувачка е поттикната од стабилните приходи, поддржани од владините мерки, како индексирање на платите и пензиите, поддршка на работните места, зголемувања на минимална плата, даночни олеснувања, се наведува во извештајот. Економијата трговски е високо отворена (2022: надворешната трговија достигнува 171% од БДП), со ЕУ како најголем трговски партнер. Индустрискиот производен сектор, вклучително и извозно ориентираниот е високо увозно изложен. Уделот на производи со повисока додадена вредност во извозот континуирано се зголемува.

Дигитализацијата напредува, но се оценува дека преку владина поддршка и е-услуги може да се придонесе тој процес да се забрза.

Во извештајот се наведува и заложбата на земјава за усогласување со стандардите на ЕУ во делот на енергетиката и транспортот. Енергетската криза во 2022 година и увозот на струја ја нагласи итната потреба од спроведување на реформи во овој сектор. Тука ќе ги нагласам плановите за спроведување на зелената агенда со цел зголемување на енергетската одржливост и енергетската ефикасност.

Севкупно, ЕК смета дека Северна Македонија е на добар пат во развојот на функционална пазарна економија, но и дека треба да се продолжи со реформите кои се усвоени при Економскиот и финансиски дијалог помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан и Турција. Значен дел од потребните реформи се направени, но има уште реформи што треба да се направат во текот на преговорите, но и како членка на ЕУ во иднина. Со други зборови, како што ја почнав и оваа колумна „патувањето е еднакво важно со дестинацијата„ – Пристапните преговори нѐ подготвуваат да ја стекнеме реформска кондиција која ни е потребна не само за влез во ЕУ, туку и потоа како членка на ЕУ.

Вистински момент за ЕУ и план за развој

Пред неколку дена, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен даде силна порака од Мадрид, на состанокот по повод преземањето на шпанското претседателство, кога истакна дека иднината на ЕУ не може да се замисли без земјите од Западен Балкан. И премиерот на Шпанија ја поддржа оваа изјава, но исто така поддршка има и од Франција и Германија, како и реафирмацијата на берлинскиот процес за Западен Балкан. Ова се јасни сигнали за моментумот во евроинтеграциите, поволната поставеност иницирана од геостратешките превирања, кој треба да се искористи.

Актуелната поддршка и благонаклонетоста кон земјите од Западен Балкан од страна на ЕУ се гледа и од најавата за дополнителни средства и други поволности во насока на развојот на земјите од регионот. Согласно најавата на претседателката на Европската комисија, новата иницијатива за поддршка на земјите од Западен Балкан се базира на четири столба: Приближување до единствениот пазар на ЕУ; Регионална економска интеграција; Забрзување на фундаменталните реформи и Стимулирање на економскиот раст преку зголемување на пристапните фондови. Земјите од Западен Балкан ќе имаат можност многу порано да ги почувствуваат бенефитите од главниот двигател на економскиот успех на Унијата – заедничкиот пазар. Заедничкиот регионален пазар може да помогне многу во забрзување на процесот на пристапување кон ЕУ, но и да ги направи земјите поатрактивни за странските инвеститори. Забрзувањето на реформскиот процес е исто така добар сигнал кон инвеститорите, додека зголемувањето на пристапот до фондовите ќе придонесе кон реализација на инфраструктурни развојни проекти.

Во меѓувреме, реформската агенда мора да продолжи, со што е можно посилно темпо, исто како и реализацијата на домашната стратегија за забрзување на економскиот раст – Планот за забрзување на економскиот раст. Нашата перспектива е европска и тука не треба да има никакво двоумење. Патот кон ЕУ и ЕУ се оние кои можат да придонесат кон нашата највисока цел – благосостојба и подобар живот за нашите граѓани со пошироки перспективи.

The post На патот кон ЕУ: Поставени се здрави фундаменти во јавните финансии и функционална пазарна економија appeared first on plusinfo.mk.

Солидарност е прераспределба на дополнителната добивка за поддршка на граѓаните и стопанството
Генералното Собрание на Обединетите Нации, на 22 декември 2005 година, со Резолуцијата 60/209 ја дефинира солидарноста како една од основните и универзални вредности што треба да бидат во основата на односите меѓу луѓето во 21-от век, и во тој поглед одлучи да го прогласи 20 декември секоја година меѓународен Ден на човековата солидарност. Во декември 2022 година, по коинциденција, ние ги почнавме јавните дебати и консултации за данокот за солидарност.

Концептот на данокот на солидарност се заснова на тројството заедништво, општествена одговорност и правичност. Тоа се три принципи или три столба на кои се темели решението.

Заедништво: Речиси две милијарди евра од државниот буџет во изминатите три години беа насочени за мерки за стопанството и за граѓаните кои имаа потреба од поддршка. Тоа беа средства од сите нас, даночните обврзници, за оние на кои им беше најпотребно. На тој начин се зачува куповната моќ и се подобри кредитната и платежната способност на многу наши граѓани, а на ранливите категории на фирми им се овозможи да продолжат со секојдневните деловни активности. Во спротивно, рецесијата ќе беше многу подлабока, а невработеноста ќе отстапеше од сегашниот надолен тренд и ќе беше на многу повисоко ниво. Данокот на солидарност ја има истата намена – да обезбеди средства за П1 програмата во буџетот (или уште позната во јавноста како антикризна програма), преку која се исплаќаа и ќе се исплаќаат сите антикризни мерки. Иако според економската теорија, даноците се недестиниран (општонаменски) приход, сепак приходот од данокот на солидарност како вонреден и еднократен данок ќе го овозможи финансирањето на антикризната програма.

Општествена одговорност: Во криза, секогаш има одредени дејности, сектори, фирми, кои имаат бенефит од состојбите и заработуваат повеќе. Да се врати дел од профитот, за да се поддржи економијата, развојот и социјалата, претставува општествена одговорност. Општествена одговорност е да го поддржиш општеството, кое ги создава условите за да функционираш и за да бидеш успешен.

Праведност: Сите треба да го плаќаме својот праведен дел од давачките, за да може целата економија и општество да просперираат. Во суштина, секој даночен систем се темели на придонес сразмерен на заработката/добивката. Оние кои се најуспешни треба да влечат напред и да придонесуваат кон општото добро.

„Солидарност“ е морална појава која се однесува на заемна помош или соработка помеѓу поединци и групи, особено во тешки околности и кризи. Оттаму, сметам дека името „Закон за данок на солидарност“ многу добро му прилега на законското решение кое го дискутираме во Собранието, а чие работно име првично беше Закон за данок на дополнителна добивка (екстра профит).

Низ економската историја, понова и подалечна, гледаме повеќе примери за данок на солидарност. Франција во осумдесеттите, Германија во деведесеттите години на минатиот век, а во поново време повторно Франција, Шпанија, Хрватска, Унгарија, Италија, Полска, Чешка, Белгија итн. Данокот на солидарност или солидарниот данок е давачка пропишана од државата за финансирање  проект или цел која ги обединува општите интереси. Така, во Франција со данок на солидарност се оданочуваат високите приходи или високата вредност на имотот. Во Германија данокот на солидарност бил воведен за да се обнови источна Германија и да се собере фонд за економска поддршка. Со наглиот раст на цените во енергетскиот сектор минатата година, повеќе европски земји најавија и спроведоа закони за солидарност, а засегнати беа компаниите кои просперираа во тој период (но, за овие примери ќе елаборирам подолу во текстот). Тоа што сакам да го истакнам е дека даноците за солидарност се применувале низ историјата и се применуваат сѐ уште, од повеќе земји. Тие имаат за цел да се помогне и поддржи одредена кауза поврзана со подобрување на ситуацијата во економијата и општеството.

За спроведување на целите за фискална одржливост преку фискална консолидација, која меѓу другото значи и подобрување на наплатата на приходите, минатата година, по широка консултација со деловната, експертската и меѓународната јавност, започнавме со спроведување на даночната реформа, која се заснова на проширување на даночната база. Даночната реформа е еден обемен процес којшто ќе се реализира во повеќе фази, но кој главно се заснива на принципите праведност. За тоа сум пишувал во моите претходни колумни.

Усогласување на европската регулатива и следење на препораките од ММФ

Данокот на солидарност, кој е еднократна давачка, е дел од овој процес. Истиот како предлог произлезе од Стратегијата за даночна реформа, но и Регулативата на Советот на ЕУ (2022/1854), донесена на 6 октомври 2022 година за решавање на проблемот со високите цени на енергијата. Регулативата предвидува носење вонредни и временски ограничени мерки, вклучително, задолжителен привремен придонес за солидарност од страна на профитабилните компаниие во енергетскиот сектор. Повеќе земји-членки на Унијата согласно донесената регулатива, пристапија кон законски измени за дополнителни еднократни давачки за субјектите од енергетскиот сектор со екстра-профити. Но, исто така, како резултат на ценовната криза, многу земји од ЕУ воведоа дополнителни давачки на екстра профит и за компании од други дејности (Хрватска, Унгарија и други). Во однос на кризните околности од времето на Ковид и енргетската криза препораки за данок на солидарност имаше и во неколку студии и анализи на ММФ:

Инклузивен процес: Консултации со бизнис-заедницата и опозицијата

По дизајнирањето на предлог-решението за Данокот на солидарност, согласно примерот на дел од земјите од ЕУ, во текот на декември минатата година, Министерството за финансии спроведе инклузивен консултативен процес со деловната заедница. Нацрт-текстот на предлогот на закон, прво го доставивме на разгледување до коморите, а на 23 декември 2022 година, во Министерството за финансии беше одржана средба со претставниците на најголемите коморски здруженија. На средбата од наша страна беше презентирано нацрт-решението и причините за предлогот, а беа објаснети и основите на Регулативата на Советот на ЕУ и хрватскиот предлог-закон за солидарност, кој е најсличен на нашиот. Претставниците на стопанските комори, пак, искажаа разбирање за состојбите во земјава, земајќи ги предвид и пакетите на мерките за поддршка на економијата со кои Владата интервенираше во изминатиот период, а беше посочено и дека големите компании треба да покажат солидарност со буџетот и помалите стопански субјекти во вакви тешки околности. Претставниците на деловната заедница беа вклучени во процесот на дизјанирање на законското решение. Тие дискутираа, пред и по средбата изнесуваа предлози за подобрување на предлогот на закон. Покрај деловната заедница, во интерес на комуникација на законот со сите општествени чинители, одржавме и средба со најголемата опозициска партија.

Кој и колку е засегнат од данокот на солидарност?

По завршување на консултативниот процес, ги разгледавме предлозите и голем дел од нив ги вградивме во законското решение. Согласно решението, данокот на солидарност го плаќа обврзникот за данок на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615 милиони денари (10 милиони евра). Притоа даночна основа за данокот на добивка е добивката после сите ослободувања, вклучително и ослободувањата за реинвестирана добивка. Даночната основа за данокот на солидарност е добивката после ослободувањата остварена за 2022 година или просекот од 2021 и 2022 година (се зема поволната варијанта за претпријатието) доколку истата е повисока од просекот на добивката во претходни три години зголемена за 20%, почнувајќи од 2017 година, без да се земе предвид пандемиската 2020 година. Данокот на оваа сума е 30% и ќе се плати само еднаш, односно само годинава. На пример, ако препријатието во 2022 година има остварена добивка од три милиони евра, притоа реинвестира еден милион евра, даночната основа за добивката е два милиони евра. Доколку просекот за 2021 и 2022 година на даночната основа за добивката по ослободувањата за истото претпријатие е четири милиона евра, тогаш за пресметка на данокот на солидарност се зема пониската даночна основа, односно два милиона евра добивка после ослободувањата остварено во 2022 година. Според методологијата во Законот за данок на солидарност, со избор на 2022 година, за споредба се зема просекот на добивката после ослободувањата за три години (2021, 2019 и 2018 година) зголемен за 20%, односно ако просекот на добивката во 2021, 2019 и 2018 година изнесува милион евра за пресметка ќе се зема 1,2 милиони евра. Даночната основа за данокот на солидарност е разликата од 800 илијади евра (2.000.000-1.200.000=800.000), при што данокот на солидарност ќе изнесе 240 илијади евра (800*30%=240.000) и истиот ќе се смета за расход во финансиските биланси за 2023 година.

Олеснувачка одредба

Можноста за избор на поповолна опција за пресметковен период е олеснувачка одредба за даночните обврзници при пресметка на даночната основица да го земат предвид даночниот период кој за нив е поповолен, што не е предвидено во хрватскиот закон. Согласно најновите проекции на фискалниот ефект, спроведени врз основа на реални податоци од даночните биланси за 2022 година, државата со внесувањето на оваа одредба се откажува од дополнителни приходи во износ од околу половина од вкупната сума која можеше да ја наплати од обврзниците, односно околу 3 милијарди денари. Ова е доказ дека како Влада слушаме, отворени сме за сугестии, но и правично постапуваме.

Самиот факт дека фискалниот ефект од предложеното решение, согласно даночните пријави за 2022 година ќе изнесуваше 5,5 милијарди денари, доколку не беше предвидена олеснителната одредба, говори за висок раст на приходите минатата година. Согласно законското решение обврската за пресметување и плаќање на данок на солидарност опфаќа 160 даночни обврзници, чии вкупни годишни приходи се над 10 милиони евра. Притоа, зголемена добивка во 2022 година за повеќе од 20% во однос на просекот од даночните периоди од 2017 до 2019 година (со исклучок на 2020 година) е забележана во сите сектори на економијата.

Доколку се земат предвид остварените профити само од 2022 година, најголемо учество во данокот на солидарност би имале токму компаниите во дејноста „производство и трговија со електрична енергија“ со удел од околу 40%, околу 40% се дејностите финансии, трговците на мало и големо и игри на среќа и остатокот од 20% се други сектори. И согласно структурата на дејности е видливо дека енергетската и ценовната криза имале удел во високиот раст на приходите. Со Законот за данок на солидарност се прави извесна редистрибуција на доходот од оние кои најмногу заработиле кон оние кои биле најмногу погодени за време на кризата преку издвојување на дел од профитот за антикризни мерки.

Редистрибуција за корекција на дисторзиите

Би сакал да истакнам, посочив и претходно, дека не е невообичаено во исклучителни состојби, кризи, земјите да воведуваат даноци од привремен карактер за да ги коригираат дисторзиите на пазарот. Економската теорија и политика вели дека ваквите даноци се алатка за редистрибуција на дел од неочекуваните високи приходи кои одредени компании ги стекнуваат заради невообичаени случувања на пазарот или вонредни состојби. На крајот на декември, Шпанија предвиде воведување дополнителен данок на енергетскиот и банкарскиот сектор и привремен данок на солидарност за физички лица. Кон средината на 2022 година Италија, воведе еднократeн данок за „солидарност“ за компании од енергетскиот сектор кои имаат зголемување на нето-продажбите за најмалку 5 милиони евра. Минатата година и Унгарија објави дополнителен данок на добивка во енергетскиот сектор, финансискиот сектор, телекомуникацискиот сектор, комерцијалните авиокомпании и трговијата на мало за периодот 2022-2023 година. Согласно Законот за дополнителен данок на добивка усвоен во декември 2022 година, Хрватска воведе данок на екстра добивка според кој компаниите со зголемена добивка ќе бидат обврзани за овој данок без оглед на дејноста со која се занимаваат, а собраните средства првенствено ќе одат за поддршка на крајните корисници на енергија, особено за ранливите домаќинства.

Нова нормалност: Спас и раст

Живееме во време на повеќекратни кризи континуирано неколку години по ред, Ковид-пандемијата, енергетската криза, ценовната криза, војната во Украина и геополитичките превирања, високи технолошки промени, преструктуирање на глобалните синџири на вредности, како и климатските промени. Во услови на потребни реформи за подобрување на конкурентноста на нашата економија и интеграција кон европскиот пазар, во време на кризите од 2020 до 2022 година само за антикризни мерки беа извдвоени околу две милијарди евра и дополнителни 225 милиони се обезбедени за 2023 година или вкупно околу 18% од просекот на БДП во последните четири години. Според извештајот на Светска Банка тоа се смета за највисоката финансиска поддршка од сите држави на Западниот Балкан со што меѓу друго се заштитија над 80.000 работни места за време на Ковид во над 15.000 претпријатија. Исто така, финансиска поддршка имаше за над 180.000 работни места, разни финансиски стимули беа користени за целото стопнаството, како и за ранливите категории на граѓани, и тоа над 330.000 пензионери, над 80.000 корисници на социјална помош, студенти и други категории на граѓани, како и субвенционирање електрична енергија за околу 610.000 домаќинства и 70.000 мали потрошувачи од стопанството, како и поддршка со други антикризни мерки во однос на заштита на животниот стандрад на граѓаните и сузбивање на инфлацијата, која во јуни успеавме да ја симнеме на едноцифрена бројка од 9,3% и со тоа да се преполови во однос на истата  во октомври 2022 година кога изнесуваше 19,8%.

„Новата нормалност„ во која живееме бара и нов пристап на економските политики со симултан фокус на приоритетите за поддршка на растот на среден рок и агилен одговор за ублажување на ефектите од кризите, а притоа да со одржи макроекономска стабилност. Спас и раст во исто време.

Солидарноста на ЕУ и препораките на ММФ

На крајот би сакал да посочам дека покрај солидарноста и правичноста, што секако се најважни во носењето на овој закон, ова решение е нешто што од нас се очекува. Меѓународниот монетарен фонд во заклучоците од својата последна мисија посочува дека јавните финансии се на вистинска патека, но дека одложувањето на носењето на даночната реформа и данокот на солидарност можат да влијаат негативно на приоритетните расходи. Како што наведуваат, даночната реформа треба да биде усвоена без оддолжување, имајќи го предвид долгиот консултативен процес, а истото се однесува и на данокот на солидарност.

Солидарноста е еден од основните принципи и на Европската Унија кон која се стремиме. Во знакот на таа солидарност, ЕУ ни додели 80 милиони евра грант за антикризни мерки и 100 милиони евра кредит со поволни услови за макрофинансиска поддршка. Исто така, поддршка добивме и од Европската инвестициска банка. Доколку солидарноста постои од страна на нивните даночни обврзници, кои не се дел од нашето општество, зошто не би постоела меѓу нашите даночни обврзници, во овој случај од успешни компании кои ја натфрлиле добивката за 20% изминатата година во однос на нивниот просек од претходните три години. Тоа е одговорност кон нашето општество, или општествена одговорност, како што спомнав на почетокот на текстот.

За резиме, ќе посочам дека како прв финансиер се борам и ќе продолжам да се борам за здрав и праведен систем на јавни финансии, кој е одржлив и кој ќе биде база за економскиот раст. Тука ја вклучувам и борбата за сузбивање на сивата економија, која се наметнува секогаш кога пишувам за даночниот систем. Потребни се само фер однос и фер придонес, ако сакаме доверба во Владата и стопанството и чекор напред. Сите ние сме дел од ова општество и оваа економија и ако тие отидат чекор напред, тоа ќе биде голем скок за секој од нас одделно.

На крај, би истакнал дека нема простор за стигматизирање на данокот на солидарност,  затоа што тие што ќе го платат овој данок заслужуваат големо признание како чин на општествена одговорност.

The post Солидарност е прераспределба на дополнителната добивка за поддршка на граѓаните и стопанството appeared first on plusinfo.mk.

Граѓански обврзници – придобивки за граѓаните и економијата
Следниот месец домашниот пазар на хартии од вредност ќе се збогати со нов инструмент – граѓанските обврзници. Навистина ме радува фактот што оваа вест во текот на изминатата недела предизвика големо внимание во јавноста, оттаму оваа колумна ја посветив на оваа тема, но и намерите за развој на пазарот на капитал во земјава.

Граѓанските обврзници се долгорочни државни хартии од вредност наменети за граѓаните, кои имаат за цел да ја поттикнат инвестициската активност кај граѓаните, да влијаат на понатамошно развивање на пазарот на капитал во земјава и последно, но најважно – да им донесат приноси на имателите. Исто така, граѓаните ќе можат да ги инвестираат своите готовински заштеди во граѓанската обврзница, со што преку банкарскиот систем ќе се мобилизира, односно ќе се намали готовината во оптек, што е еден од начините за сузбивање на сивата економија и тоа со целосно почитување на постојните законски прописи и меѓународните стандарди за заштита од перење на пари. Придобивките се повеќекратни, како за економијата, така и за граѓаните – особено за нив, бидејќи во време на висока инфлација, тие ќе ја заштитат вредноста на своите пари, преку солидна камата која ќе ја добијат од државата. Држaвните хартии од вредност се сметаат за безризични финансиски инструменти, односно кај инвеститорите се познати како најсигурни инвестиции. Рочноста на овие хартии од вредност ќе биде на две години, a минималниот износ за инвестирање ќе биде 10.000 денари, додека каматната стапка дополнително ќе се утврди, соодветно на финансиските пазарни услови.

Издавањето на Граѓанската обврзница е повеќегодишна, стратешка одлука

Издавањето на граѓанската обврзница не е тековна одлука, ниту одлука на годишно ниво, ова е стратешка одлука. Таа е дел од повеќегодишни стратегии, како Стратегијата за развој на финансискиот пазар и Стратегијата за управување со јавниот долг, но и Планот за забрзување на економскиот раст. Проширувањето на пазарот на капитал, односно збогатувањето на пазарот на хартии од вредност со нови финансиски инструменти, е пред се насочено кон зголемување на капацитетите на национално ниво за мобилизација на средства, како и поттикнување на инвестициите и забрзување на економскиот раст. На повеќе наврати сум пишувал за „Јункеровиот план“, за раздвижување на економската активност во ЕУ по рецесијата предизвикана од Глобалната финансиска криза преку мобилизација на приватни и јавни средства. Мобилизацијата на приватните средства преку нови финансиски инструменти, а во насока на финансирање на јавните потреби, препорачува и Светската банка, која ја истакнува потребата од диверзификација на изворите за финансирање.

Улогата на финансиските пазари во сите земји е многу важна за економскиот раст. Тие го насочуваат капиталот од инвеститорите кон барателите и притоа го оплодуваат постоечкиот капитал преку креирање нови вредности во економијата. За подобро да се разбере потребата за воведување нови финансиски инструменти и диверзификација на пазарот на капитал, би дал кус осврт на финансискиот пазар во државава, односно платформата каде се сретнуваат понудата и побарувачката за обезбедување финансии.

Пазар на капитал својствен за економија во развој

Нашата држава не е исклучок од повеќето земји во развој каде финансискиот сектор е банкоцентричен, односно пристапот до финансии се сведува на банките, додека пазарот на капитал е се уште недоволно развиен. Средствата на банките претставуваат над 80% од вкупната актива во финансискиот сектор, додека активностите на другите сегменти од финансискиот систем, со исклучок на задолжителните капитално финансирани пензиски фондови, се прилично скромни. На Берзата се забележува изразена концентрација на прометот на неколку акции, кус период за време на светската и регионална економска експанзија (2005 – 2007 година) имавме берзански бум, но глобалата финансиска криза го зема својот данок и по неа се забележа драстично намалување.

На пазарот на обврзници кај нас доминираат државните обврзници, додека побарувачката е концентрирана на институционалните инвеститори, пред се поради ограничената понуда на инструменти, како и недоволната информираност на општата јавност. Имено вложувањата на физичките лица во државните хартии од вредност речиси и да ја нема. Секундарниот пазар, исто така, е неразвиен, што се должи на доминацијата на финансиските институции. Пазарот на корпоративни обврзници е многу мал, додека општински обврзници досега не се издадени (иако имаше обиди).

Развој на пазарот на државните хартии од вредност

На пазарот на државни хартии од вредност, по осамостојувањето, постојат структурни и континуирани обврзници. Структурните обврзници се оние кои имаат за цел надоместување на определени физички и правни лица по различни основи, како обврзниците за денационализација, за старо девизно штедење, за селективни кредити и за приватизација на Стопанска банка. Од друга страна, континуираните се наменети за мобилизирање на средства од приватниот сектор, односно тие се домашен извор на финасирање на јавните потреби. Како дел од тогашната Стратегија за развој на пазарот на државни хартии од вредност, првите континуирани државни хартии од вредност беа издадени во јануари 2004 година, преку издавање на 3-месечни записи на домашниот пазар. За издавање на овие државни хартии од вредност беше избран аукцискиот механизам, како најтранспарентен и најпазарен начин на продажба, а со цел минимизирање на трошоците за финансирање на буџетскиот дефицит.

Аукцијата на првите издадени државни записи наиде на огромен интерес кај инвеститорите, што е очекувано имајќи предвид дека беше претставен нов безризичен финансиски инструмент на пазарот. Набргу потоа беа издадени 6-месечни записи, додека во 2005 година беа издадени 12-месечни записи и двегодишна обврзница. Со ова беше воспоставен примарниот домашен пазар на државни хартии од вредност. Инаку, примарниот пазар е од големо значење за тековното сервисирање на ликвидносните потреби во Буџетот и тој е уште еден брз, транспарентен и квалитетен извор за пристап до капитал за финансирање на буџетските потреби.

Во однос на државните хартии од вредност наменети за странскиот пазар, во декември 2005 година, нашата држава го имаше своето прво претставување на меѓународниот пазар на капитал со емисијата на првата еврообврзница, со чие издавање првпат бевме забележани на мапата на светските инвеститори.

Во изминативе 18 години домашниот пазар на државни хартии од вредност се развиваше преку понуда на краткорочни и долгорочни инструменти, од едномесечни записи до 30-годишни обврзници, додека на меѓународниот пазар настапивме со вкупно девет еврообврзници.

Креирање на нови можности на финансискиот пазар за домашните инвеститори

Во функција на развој на финансискиот пазар во нашата земја, креирање повеќе можности и за инвеститорите и за компаниите за пристап до капитал за финансирање на проекти, а со тоа поттикнување на креирање на нова вредност и на иновативноста, по предлог на Министерството за финансии, од страна на Владата беше усвоена Стратегијата за развој на финансискиот пазар. Стратегијата e подготвена преку инклузивен процес на размена на идеи и консултации во рамките на Советот за развој на пазарот на капитал, со кој претседава Министерството за финансии.

Основните цели на Стратегијата се зголемување на придонесот на пазарот на хартии од вредност во БДП на земјата, зајакнување и задржување на стабилноста и сигурноста на финансискиот систем, поддршка за развој и имплементација на дигиталните решенија за зголемување на достапноста на инструментите на пазарот на капитал, како и подигнување на ефикасноста на процесите што се одвиваат во него. Со оваа Стратегија се предвидува зголемување на понудата на различни типови обврзници, но и поттикнување на побарувачката преку инструменти со поволни услови; зголемување на понудата на сопственички хартии од вредност, преку стимулирање на иницијалните јавни понуди и целосна или делумна приватизација преку берзата со цел развивање на примарниот пазар на акции; зголемување на искористувањето на потенцијалите на институционалните инвеститори во функција на развој на пазарот на капитал; промена на архитектурата на небанкарската финансиска регулација и организиран (институционален) пристап во подигнување на финансиската едукација во доменот на пазарот на капитал.

Преку реализација на Стратегијата се очекува брзо раздвижување на пазарот на капитал и приближување на просекот во ЕУ.

Интересот за инвестиции кај домашните инвеститори е евидентен. Најочигледен пример е брзорастечкиот тренд на инвестирање во криптовалутите, кои се високоризични. Оттаму, неминовно е воведување нови финансиски инструменти на домашниот пазар, кои се регулирани, не носат ризик (што е особено важно кога станува збор за средствата на граѓаните), за да го апсорбираат овој инвестициски капацитет. Во насока на развој на финасиските пазари пристапуваме стратешки преку подигнување на учеството на индивидуалните и институционалните инвеститори и зголемување на побарувачката на домашните хартии од вредност; понатаму преку зголемување на инвестициските алтернативи преку зголемување на понудата на сопственички и должнички хартии од вредност; унапредување на регулативата за усогласување со европските директиви и подигнување на свеста и финансиската едукација на корпоративниот и на секторот домаќинства.

Поттикнувањето на побарувачката е планирано да се постигне преку повисоки приноси како резултат на мерки за намалување на трансакциските, информациските и даночните трошоци, како и промени во регулаторните ограничувања на достапноста на значајни информации. Од аспект на понудата, како што посочив и претходно, предвидени се нови инструменти од државата во рамки со целите на Планот за забрзан раст, како и олеснување на процедурата, преку значителни регулаторни и даночни олеснувања и стимулации за зголемување на бројот на котирани компании на Берзата и извршување иницијални јавни понуди, вклучително државни компании. Предвидени се (дел се и имплементирани) значаен број законски измени и нови законски решенија со цел олеснување на функционирањето како Законот за финансиски инструменти, Законот за проспекти и транспарентност, Законот за инвестициски фондови, законски решенија во областа на алтернативните инвестициски фондови, Законот за платежни услуги и платни системи, Законот за финансиски друштва, Законот за финансиска стабилност и др.

Новите инструменти помеѓу државните хартии од вредност

Како што споменав и погоре, диверзификација на пазарот и портфолиото на државни хартии од вредност е во функција и на прудентното управување со јавниот долг, соодветно е дел од Стратегијата за управување со јавниот долг. Граѓанската развојна обврзница е само еден од новите претставени модели на обврзници во Стратегијата. Имено, Министерството за финансии работи на воведување нови видови финансиски инструменти, со различна примена како развојни обврзници, зелени обврзници и проектни обврзници.

Развојните обврзници ќе имаат за цел да го поттикнат финансирањето на развојните проекти во земјата. Овие обврзници ќе бидат индексирани и ќе носат купонска камата, а ќе бидат наменети за банките, пензиските фондови и други институционални и правни инвеститори, но и за физички лица.

Зелените обврзници ќе бидат наменети за поттикнување и поддршка на проекти за унапредување и заштита на животната средина и финансирање еколошки проекти. За разлика од постојните обврзници, зелените обврзници ќе се користат само за инвестициски проекти за зелен развој.

Проектните обврзници ќе бидат алтернативен начин за финансирање проекти поврзани со инфраструктура. Тие ќе им понудат можност на институционалните инвеститори да учествуваат во инфраструктурни проекти преку котирани хартии од вредност, кои можат да се тргуваат и кои можат да понудат супериорни приноси прилагодени на ризикот.

Развојни обврзници за граѓани или граѓанските обврзници, како што беше спомнато на почетокот на оваа колумна ќе бидат наменети исклучиво за граѓаните и ќе имаат за цел да мобилизираат капитал, кој е во форма на готовинска заштеда кај граѓаните, но и средства кои ги имаат слободни како депозити во банките. Со нив, ќе се постигнат тројни ефекти, односно намалување на готовината како една од мерките за намалувањето на неформалната економија, приноси кон заштедите, додека средствата ќе се стават во функција на развојот. Со други зборови ќе се заштити вредноста на заштедите на граѓаните и ќе се поддржи развојот на земјата.

Придобивки

На крајот да ги сумирам придобивките и од новите инструменти, но и од вкупната Стратегија за развој на финансиските пазари во земјава.

Безризични инвестиции и приноси – имателите на државните хартии од вредност добиваат соодветна камата, како надоместок за нивната инвестиција. Воедно државните хартии од вредност се познати како најбезбедни финансиски инструменти.

Справување со инфлациските притисоци – преку инвестирање во новите финансиски инструменти на државата, граѓаните ќе ја заштитат вредноста на заштедите со кои располагаат. Дополнително, ќе се намалат притисоците кај потрошувачката, а со тоа и инфлациските притисоци.

Економски раст – инвестициите се составен дел од економскиот раст. Новите инвестициски инструменти ќе ги придвижат инвестициите, јавните и приватните, а со тоа ќе го забрзаат растот со бенефитите што ги носи, како отворање нови работни места и подобрување на животниот стандард.

Крупни капитални проекти – голем број од новите инструменти се врзани со реализација на крупни инфраструктурни проекти, што ќе придонесат кон креирање подобри услови за живот во земјата.

Прудентно управување со долгот – стратегијата за претпазливо управување со јавниот долг е преку портфолио кое е диверзифицирано по рочност, трошок и инструменти, да се дојде до најмал ризик по однос на одржливост и сервисирање на долгот. Со граѓанските обврзници каматниот трошок за буџетот ќе биде понизок од задолжувањето на меѓународните финансиски пазари. Ова е во контекст и на заложбите на државата за фискална консолидација, преку трошоците и останатите услови за финансирање.

Намалување на готовината во оптек во функција на справување со сивата економија – готовината е еден од двигателите на сивата економија, преку ангажирање на готовината во инвестициските инструменти, се делува и на овие ризици. Притоа, ќе се применат сите постојни законски регулативи и меѓународни стандарди за заштита од перење на пари.

Бенефитите се многубројни, а има многу простор за иновации на финансискиот пазар. Со јасна и добропоставена стратегија, верувам дека допрва ќе зборуваме за резултатите и придобивките од овие мерки.

The post Граѓански обврзници – придобивки за граѓаните и економијата appeared first on plusinfo.mk.

Одржување на растот во услови на забавување на глобалната економија, инфлација и редистрибуција на доходот
Овој месец заедно со гувернерката на Народната банка учествувавме на пролетните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд. Станува збор за еден од двата најголеми годишни економски и финансиски настани, на кој креаторите на политики од целиот свет, меѓународните финансиски институции, инвеститорите, невладиниот сектор, дискутираат, дебатираат, мултилатерално и билатерално, за предизвиците, проектите и насоката во којашто се движи и треба да се движи економијата. Многу теми, како градење отпорност на економиите, генерирање раст, ефективно управување во време на криза, инвестиции во човечки капитал, забрзување на зелената транзиција и дигитализацијата, беа дел од дискусијата на овогодишните средби. Сепак, фокусот остана на справувањето и процената на ефектите од неколкуте кризи коишто се случија за кус период врз глобалната економија, како и ризиците коишто се сè уште присутни и кои можат да ја изместат од патот на закрепнување. Ја надминавме пандемијата, научивме многу, но пред светот се нови предизвици.

Глобално забавување на економскиот раст и инерцијата на инфлацијата

Тоа впрочем го отсликуваат и последните проекции на меѓународните финансиски институции за светската економија и регионот. „Отежнато заздравување“ (Rocky Recovery) – вака ММФ го наслови априлскиот „Светски економски преглед“, во којшто констатира дека процесот на закрепнување од повеќето напоредни кризи никогаш не се очекувало да биде „пловидба по мирни води“. „Слаб раст, висока инфлација и криза предизвикана од трошоците за живот“, поописна во своите оценки е Светската банка, во насловот на последниот регионален економски преглед за Европа и Централна Азија. Сите процени укажуваат на тоа дека иако навидум светската економија заздравува, заканите се сè уште присутни, вклучително и од новите превирања во финансискиот сектор.

Согласно последните, пролетни проекции на Меѓународниот монетарен фонд, растот на глобалната економија годинава ќе забави на 2,8% споредено со минатата година кога беше остварен раст од 3,4%. Следната, 2024 година, се очекува скромно забрзување на глобалната економија од 3%. Ова е впрочем најниската среднорочна проекција од 1990 година, како што нагласи и шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева, непосредно пред пролетните средби. Забавувањето на економскиот раст се должи на развиените економии, особено еврозоната и Обединетото Кралство. Инфлацијата се намалува, иако поспоро од она што иницијално се очекуваше, согласно проекциите од 8,7% во 2022 година ќе се намали на 7% годинава и 4,9% во 2024 година. Сепак, последните случувања со банките во САД и Европа нè потсетија колку е чувствителна ситуацијата. Исто така, инфлацијата се покажа многу „потврдоглава“ од очекувањата. Алтернативното сценарио на ММФ, со претпоставка за нови стресови во финансискиот сектор, предвидува раст на глобалната економија за 2,5% во 2023 година, што е најслаб економски резултат од 2001 година, исклучувајќи ја пандемската 2020 година и Глобалната финансиска криза во 2009 година. Силното затегнување на финансиските услови е потенцијален ризик за кредитите и јавните финансии, особено за земјите во развој. Исто така, затегнувањето на финансиските услови ќе влијае на намалување на глобалната активност, поради намалената доверба и помалата потрошувачка и инвестиции. Тука се присутни и ризиците од активната војна во Украина и растечката геоекономска фрагментација.

Слични се и априлските проекции на Светската банка, која, исто така, очекува забавување на економската активност во 2023 година, како резултат на затегнатите финансиски услови и скорешните случувања во банкарскиот сектор во САД, што донесоа дополнителни ризици, вклучително и за еврозоната. Можните прелевање, како и поголемата претпазливост, се закана за пазарите и економиите во развој и за понатамошно забавување на економската активност. Услужната дејност изгледа дека е стабилизирана, што се огледа и од Индексот на менаџерите за набавка (Purchasing Managers‘ Index – PMI) којшто во февруари 2023 по шест месеци се врати во позитива, главно поради силната активност во услужниот сектор. Сепак, ПМИ покажува дека активноста во производствениот сектор заостанува зад услужниот сектор. Се очекува дека реотворањето на кинеската економија ќе го поттикне глобалниот раст, но ефектот врз глобалната трговија ќе биде поскромен.

Забавување на економијата во регионот

Проекциите на Светската банка за регионот на Европа и Централна Азија, доколку се исклучат Русија и Украина, како и Турција каде се случи катастрофален земјотрес, се дека растот ќе забави на 1,8%. Забавувањето на растот се должи на очекувањата за помала приватна потрошувачка и инвестиции, како резултат на дополнително затегнување на глобалните финансиски услови, помала надворешна побарувачка, како и на поупорната инфлација. Намалената надворешна побарувачка ќе влијае на извозот, бидејќи активноста во еврозоната продолжува да успорува, додека ефектите од реотворањето на кинеската економија се скромни. Очекувањата за раст на приватните инвестиции и странските директни инвестиции во земјите во развој не се преоптимистички. Од друга страна јавните инвестиции ќе бидат ограничени од потребата за фискална консолидација. Фискалната консолидација ќе биде приоритет за да се поврати фискалниот простор за повеќе земји во регионот, по значајната фискална поддршка која беше дадена од владите за надминување на енергетската и ценовната криза. Потрошувачката досега беше еден од двигателите на растот во регионот, но со оглед дека инфлацијата останува висока, а тука е и потребата за фискална консолидација, тешко дека таа ќе остане силна на краток рок.

И за регионот на Западен Балкан се проектира забавување на економската активност како резултат на прелевањето на ефектите од руската инвазија на Украина, пониската приватна потрошувачка, затегнатите глобални финансиски услови и намалената побарувачка од земјите од Европската Унија. Светската банка очекува растот да забави на 2,5% во 2023 година, од 3% раст во 2022 година. Растот ќе забрза умерено на 3,4% во периодот 2024-25 година. Сепак, изгледите за овие проекции се надолни имајќи го предвид ефектот на инфлацијата врз реалните приходи и однесувањето на потрошувачите, како и забавувањето на економската активност во еврозоната која е најголемиот трговски партнер на Западен Балкан. Ризик е и понатамошното затегнување на глобалните финансиски услови кои ќе го отежнат пристапот до финансии. Послабиот раст во еврозоната ќе ги намали и паричните дознаки од странство, што повторно ќе има влијание врз приватната потрошувачката кај земјите каде дознаките се традиционално високи. Со постпандемиското враќање на туристите во економиите кои традиционално зависат од туризмот, услужниот сектор зајакнува и во регионот на Западен Балкан.

Очекувања за домашната економија

Кога станува збор за нашата земја, по брзото и успешно закрепнување од пандемијата, енергетската криза и војната во Украина влијаеја на забавување на економскиот раст. Енергичниот одговор на Владата преку субвенционирање на цената на електричната енергија за домаќинствата и дел од малите и средни компании, како и растот на минималната плата, амортизираа дел од овие глобални негативни ефекти. Во извештаите на Светската банка и на ММФ, се поздравува соодветниот одговор на инфлацијата преку спроведување на фискалната консолидација, како и преку затегнувањето на монетарната политика за да се закотват инфлациските очекувања. Соодветните политики беа основа и за подобрување на кредитниот рејтинг на земјава, односно на изгледите (од негативен во стабилен изглед), за првпат во изминатите четири години (според Агенцијата ФИЧ кредитниот рејтинг се оцени на ББ+ со стабилен изглед).

Како резултат на глобалните фактори, поврзани со инфлацијата и борбата со инфлацијата, Светската банка, исто како и владините проекции, очекува извесно забавување на растот во 2023 година во однос на 2022 година (раст 2,4%). Растот понатаму ќе забрзува со реализација на планираните крупни капитални инвестиции на државата, како и приливот на странски директни инвестиции, додека инфлацијата се очекува да опаѓа оваа и следната година. Сепак, натамошните случувања за нашата мала и отворена економија ќе бидат и понатаму тесно поврзани со нашите главни трговски партнери – Европската Унија. Светската банка согледува дека евроинтеграциските процеси ќе бидат ветер во грб за реализација на структурните реформи, како и забрзување на економскиот раст. Во оваа насока се спомнуваат и даночните реформи, насочени кон зголемување на даночната основа, зголемување на енергетската одржливост, активности за понатамошното поедноставување на регулативата за водење бизнис, зголемување на конкурентноста, зголемување на вклученоста на пазарот на труд, зајакнувањето на независноста на јавните институции и зелената транзиција.

Во насока на забрзување на економскиот раст во земјава е и Планот за заздравување и забрзување на економскиот раст, кој го користи мултипликативниот ефект за мобилизација на приватниот капитал, покрај јавните инвестиции. Преку нови инструменти и форми за финансирање, планирано е од година во година да се зголемуваат инвестициите, како јавните, така и приватните, што ќе креира додадена вредност во економијата и ќе влијае на забрзување на економскиот раст на посакуваните стапки од околу 5%.

Сиромашните и нискодоходните домаќинства – најпогодени од кризата заради зголемените трошоци на живот

Откако дадов преглед на тековните глобални и домашни случувања, би се навратил на генезата на проблемот – инфлацијата, која се преклопи со енергетската криза, но и сè уште видливите ефекти од пандемијата. По долг период на ниска инфлација нееднаквото пост-пандемиско закрепнување на пазарот – понудата и побарувачката, како и руската инвазија на Украина, резултираа со висок раст на цените. Просечната годишна инфлација во регионот на Европа и Централна Азија во септември 2022 го достигна највисокото ниво во изминатите 23 години, додека домаќинствата се соочија со сериозна криза поврзана со трошоците за живот и негативното влијание врз реалниот доход. Значајно повисоките трошоци за храна, енергенти, домувањето и услугите, влијаеја на влошување на животниот стандард на многу домаќинства, додека домаќинствата што претходно не беа сметани за сиромашни беа втурнати во сиромаштија.

Сепак, најпогодени од ценовната криза беа сиромашните и нискодоходните домаќинства. Светската банка укажува на тоа дека во земјите во развој домаќинствата што се наоѓаат во долните децили во дистрибуцијата на потрошувачката за два процентни поени почувствувале посилна инфлација од оние што се во високите децили. Во некои економии оваа разлика оди до 5 процентни поени. Кај поразвиените економии оваа разлика помеѓу најсиромашните и најбогатите домаќинства е сепак помала (околу 1,6 процентни поени). Кај нас, според извештајот на Светската банка за Западен Балкан, најсиромашните домаќинства ја почувствуваа инфлацијата посилно за 3,8 процентни поени во однос на просекот или за 6,6 процентни поени повеќе во однос на највисоките децили во дистрибуцијата на потрошувачката. Причината за ваквите разлики е бидејќи домаќинствата со помали приходи својата потрошувачка ја концентрираат на помалку стоки и услуги, во однос на подоходовните домаќинства. Доколку се разгледа потрошувачката на домаќинствата со најниски приходи, таа е концентрирана на прехранбени производи и домување, согласно тоа, последните ценовни притисоци врзани со основните прехранбени производи и енергентите имаа најголем ефект кај нив. Од аспект на прераспределбата на приходите, оваа криза придонесува кон понатамошно продлабочување на јазот помеѓу богатите и сиромашните.

Инфлацијата како причина за редистрибуцијата на доходот и богатството

Инфлацијата влијае на редистрибуција на доходот и богатството. Инфлацијата ги зголемува трошоците за живот и со тоа повеќе ги погодува домаќинствата со понизок доход и сиромашните, бидејќи основните намирници имаат поголемо учество во нивниот семеен буџет. Притоа, кај семејствата со повисок доход, учеството на основните намирници има помало учество во нивниот семеен буџет. Од друга страна, вредноста на капиталот во недвижни средства се зголемува, бидејќи побарувачката за нив за време на криза расте, како „заштита“ на вредноста на парите во услови на инфлација, односно во услови на раст на цените. Со тоа богатите семејства кои имаат капитал во недвижности стануваат уште побогати. Преку оваа редистрибуција на доходот, средствата се алоцираат од помалку имотните семејства, кои би ги потрошиле средствата за своите животни потреби, кон семејствата кои имаат повеќе и би ги штеделе тие средства или како што ќе каже нобеловецот Џозеф Стиглиц „ги реалоциравме средствата од оние кои би ги потрошиле, кон оние кои нема да ги потрошат“. Ова придонесува кон понатамошно продлабочување на јазот помеѓу социјалните слоеви во општеството. Во 2020 година, согласно последните расположливи податоци објавени од Државниот завод за статистика се забележува зголемување на стапката на сиромашни како процент од населението за 0,2 процентни поени, односно од 21,6% на 21,8% (Лаекенски индикатори). Тоа е резултат од пандемијата кога се забележува раст на оваа стапка после неколку години опаѓање (во суштина во последните прикажани десет години стапката е значајно намалена за скоро 6 процентни поени). Инаку, во контекст на тврдењето погоре, во 2020 година стапката на невработеност продолжи да опаѓа, но затоа индексот на нееднаквоста (Џини коефициентот) порасна за 0,7 процентни поени. Инаку, вреди да се потенцира и дека за време на кризните години, во периодот од 2020-2023 година, како резултат на силните политики на Владата за задржување на работните места и отворање нови, невработеноста продолжи да опаѓа и го достигна најниското ниво досега (14,4%). Споредено со ЕУ (последните дадени податоци за 2021 година) стапката на сиромаштија е блиску до нивната медијана (21,7%), со тоа што интервалот помеѓу земјите членки кај нив е голем и се движи од 34% во Романија до 10% во Чешка. Покачување на процентот на стапката на сиромаштија се случува во 2020 година. Џини коефициентот на ЕУ, исто така, е околу 30%, додека стапката на невработеност согласно последните податоци за февруари годинава е на најниско ниво во последните 15 години од 6%.

Редистрибуцијата се случува и помеѓу економиите. Повисоката инфлација ги прави помалку конкурентни цените на производите, соодветно опаѓа нето-извозот со повисокиот раст на инфлацијата. Доколку пак стоките што се произведени од друга економија имаат пониска цена, тоа би значело дека увозот би растел. Од микроекономски аспект, со растот на цените растат и приходите на компаниите, но едновремено растат и трошоците за инпутите, што влијаат на профитот што го остваруваат. Во однос на економската активност и инвестицискиот циклус, инфлациските очекувања влијаат врз бизнис циклусот. Кога се очекува раст на цените во идниот период, се зголемуваат инвестициите заради придобивките што стопанствениците ќе ги имаат во разликата на цената од набавна до продажна (кај трговците) или инпутите и готовите производи (кај производителите). Тоа влијае и врз порастот на профитните маржи, што кај трговците се забележува повеќе заради побрзиот обрт на капиталот. Според статистиката кај нас, тоа се гледа преку зголемените инвестиции (за околу 7%) во втората половина од 2022 година, додека се очекува забавување на темпото во првиот квартал на 2023 година, како резултат на зголемени резерви минатата година, кога инфлацијата имаше нагорен тренд. Во 2023 година веќе трендот е надолен и стопанствениците очекуваат тоа да продолжи и во иднина, ги намалуваат резервите, со тоа и инвестициите, што се одразува на економската активност и растот на БДП. Исто така, во текот на 2022 година гледаме континуиран раст, од квартал во квартал на странските директни инвестиции којшто делумно се објаснува со реинвестирана добивка и зголемени резерви, но секако тоа е резултат на зајакнување на инвестицискиот циклус после ковид-кризата и привлекување нови странски директни инвестиции.

Инаку, скоро прочитав една многу интересна анализа за корелацијата на инфлацијата со профитните маржи, која се базира на податоци од Евростат и аналитичкиот центар на „Блумберг“, во која се поврзува дека земјите каде се установени највисоките профитни маржи, забележуваат и највисока инфлација во Европа, како на пример Литванија, Ирска итн. Ова впрочем беше забележано и од страна на Европската централна банка, дека високите профити на компаниите ги туркаат нагоре цените, како и платите. Секако, ваквата поставеност на темите е генерализирање на исклучоците, но интересно е за научна дебата и за носителите на економските политики. Притоа големо признание треба да се даде на бизнис заедницата за покажаната отпорност кон кризата и храброста за инвестициски зафати, како и иновативноста во нивните деловни решенија. Кризата секогаш е и нова можност.

Инфлацијата, исто така, врши дисторзија на релација кредитори и доверители, со тоа што при неочекувана инфлација, вредноста на долгот реално се намалува во однос на првичната вредност, а исто така и реалниот каматен трошок се намалува во услови на фиксни каматни стапки. Во насока на покривање на овој ефект банките ги компензираат евентуалните загуби заради обезвреднување на средствата во сооднос на обврските во нивните биланси преку повисоки активни каматни стапки во однос на пасивните каматни стапки на депозитите, со што остваруваат повисоки профитни маржи на краток рок. Според податоците на Народната банка во првиот квартал од 2023 година банките оствариле пораст на нивните профити во однос на претходната година.

Инфлацијата има и други финансиски, економски и социјални трошоци, како што се ризикот од шпекулации врз девизниот курс, високи трговски маржи, зголемување на неизвесноста за инвестиции, зголемена сиромаштија и многу други аспекти, но заради ограничениот простор тие ќе останат за некоја следна колумна. Во продолжение ќе дадам краток осврт на меѓународните и наши искуства, препораки и планирани економски политики и мерки за управување со кризата и одржување на економскиот раст.

Препораки и искуства на економски политики за управување со кризата и одржување на растот

Имајќи ги предвид негативните ефекти на инфлацијата, очекувањата за следните неколку години во глобалната економија се дека креаторите на политиките ќе бидат насочени кон борбата со инфлацијата по секоја цена – сè додека не се постигне целната инфлација. Главниот потег во борбата против инфлацијата е сузбивање на инфлациските очекувања и намалување на инфлациска спирала преку затегнување на монетарната политика со повисоки каматни стапки, како и фискална консолидација преку намалување на јавната потрошувачка. Цената на овие политики е забавениот економски раст на краток рок. Но, во исто време, здравите фискални и монетарни политики во комбинација со структурните реформи ќе значат воспоставување стабилна макроекономска основа за одржлив економски раст на среден рок.

Со цел ублажување на ефектите од кризата во услови на фискална консолидација се продолжува со таргетирана помош кон ранливите категории и субвенционирање на цената на електричната енергија за домаќинствата. Зголемувањето на минималната плата и воведувањето на механизам за приспособување, согласно трошоците на живот, и порастот на просечната плата е системско решение за заштита на нискодоходните категории на граѓани од инфлацијата. Наскоро, со две минимални плати ќе може да се наполни една минимална потрошувачка кошничка, додека на пример пред неколку години беа потребни три минимални плати. Сличен механизам воведовме и со измените на законот за пензиите, како и законот за државна администрација за приспособување со минималната плата. Се работи и на ново законско решенија за регулирање на платите на цел јавен сектор на начин што системски ќе се регулира заштита на животен стандард и следење на растот на економијата. Друг механизам на заштита на ранливите категории е гарантираниот минимален доход, како и други мерки како што се програмата за намалување на енергетска сиромаштија и други мерки. Исто така, се зголеми поддршката за стратешките земјоделски производи со цел обезбедување доволно домашно производство. Поддршка имаше и за малите и средни претпријатија и тие што се најпогодени од ценовната и енергетската криза во однос на цената на електрична енергија како и поволни кредитни линии за ликвидност и енергетска транзиција. За оваа година во имаме буџетот обезбедено околу 225 милиони евра (1,5% од БДП) како резерва за антикризни мерки кои ќе се користат според потребата.

Наша цел, покрај управување со ефектите од кризата, останува економскиот раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Притоа продолжува трендот на намалување на невработеноста и зголемување на платите во економијата, при што порастот на продуктивноста останува важен предизвик. Се зголемува поддршката за активни мерки во пазарот на трудот за поддршка на нови работни места и нови мерки за поддршка на младите во работниот процес, како што е успешната мерка „Гаранција за младите“. Продолжуваме со здрави економски политики и реформи со цел зајакнување на конкурентноста на домашната економија, преку подобрување на инфраструктурата, деловната клима, владеењето на правото, дигитализација, зелената транзиција и енергетската независност, како и зајакнување на човечкиот капитал како клучна компонента на растот и развојот на економијата.

Во услови на нарушени глобални синџири на додадена вредност и геоекономски фрагментација се отвора можност за привлекување нови странски директни инвестиции што ќе има дополнителен ефект врз економскиот раст во иднина. Тука продолжуваме со програмите за поддршка на домашните и странските инвестиции со фокус на тие што имаат поголема додадена вредност во производството, но и повеќе работни места со повисока образовна и професионална квалификација.

На крај, но сепак од исклучителна важност за развојните перспективи на земјата останува нашата цврста определба за ЕУ интеграција, која ќе има дополнителен импулс врз нашиот економски раст и развој во иднина.

The post Одржување на растот во услови на забавување на глобалната економија, инфлација и редистрибуција на доходот appeared first on plusinfo.mk.